концертна сала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 10:34:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png концертна сала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со концерт на „Ју-ту“ во септември се отвора најмодерната концертна сала во Лас Вегас https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-kontsert-na-ju-tu-vo-septemvri-se-otvora-najmodernata-kontsertna-sala-vo-las-vegas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-kontsert-na-ju-tu-vo-septemvri-se-otvora-najmodernata-kontsertna-sala-vo-las-vegas/#respond Wed, 05 Jul 2023 10:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=852957

Технолошко-забавните компании „МСГ“ и „Сфер ентертејнмент“ почнаа со тестирање на салата „Сфер“, што ќе има 17.600 седишта и најсофистицирани концертни ефекти. Изградбата на куполата почна во 2019 година, а пандемијата и технолошката сложеност ѝ ја зголемија цената до 2,3 милијарди долари. Ова е најскапата градба во Лас Вегас досега, бидејќи стадионот на рагби-клубот Рајдерс чинеше 1,9 милијарди долари. И надворешноста на куполата, според многумина, изгледа привлечно и спектакуларно, но главната атракција е всушност нејзината внатрешност. Можеби најзанимлив елемент е внатрешниот „16К-ЛЕД“ екран што го опкружува просторот. Зданието е наменето „за забава во живо со затворен екран“ и има за цел - ново ниво во концертните искуства и кино-ефектите. Џејмс Долан и Дејвид Дибл од „МСГ“ за списанието „Ролинг стоун“ изјавија дека целта е да се создаде виртуелно-реално искуство „без очила“. Дел од куполата е и уникатен систем од 164.000 звучници, што ќе може да издвои одредени звуци, или дури и да ги ограничи на делови од публиката. Така, на пр., еден дел од публиката ќе може да слушне дијалог само на шпански јазик. Како и 4-Д киното, и „МСГ сфер“, т.е. околу 10.000 седишта ќе имаат „сетилни ефекти“, како што се тн. хаптика (виртуелен допир), ладен и топол ветер, како и ефектите на мириси. Во случај на „виртуелно патување“ на Арктикот, на пр., така, додека трае содржината ќе се почувствува и студот. „МСГ сфер“ официјално ги отвора вратите на 29 септември. Ирската рок-група „Ју-ту“ ги почнуваат своите 25 настапи во своја продукција, а сите тие се веќе распродадени. Што по концертите на „Ју-ту“ - засега сѐ уште не се знае, но можно е во куполата да се одржуваат и турнири во е-спорт и боречки вештини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/so-kontsert-na-ju-tu-vo-septemvri-se-otvora-najmodernata-kontsertna-sala-vo-las-vegas/feed/ 0