конвенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 May 2022 13:30:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конвенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЦБИ прослави пет години од своето постоење (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cbi-proslavi-pet-godini-od-svoeto-postoenje-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cbi-proslavi-pet-godini-od-svoeto-postoenje-video/#respond Mon, 23 May 2022 13:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=680507

Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ) во саботата на 21 мај 2022 година одбележа пет години од своето постоење. -По повод пет години од основањето на Центарот за безбедносни истражувања, минатиот викенд го одбележавме овој значаен јубилеј со организација на Годишна конвенција. На конвенцијата беа присутни претставници од државните органи, претставници од странските дипломатски претставништва, градоначалници, пратеници, претставници на невладини организации и експерти, информираат од ЦБИ. Курир во живо го пренесуваше одбележувањето на годишнината на ЦБИ, а истата можете и во продолжение да ја погледнете: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cbi-proslavi-pet-godini-od-svoeto-postoenje-video/feed/ 0
Републиканците ја почнуваат Националната конвенција за номинирање на Трамп за втор претседателски мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-ja-pochnuvaat-nacionalnata-konvencija-za-nominiranje-na-tramp-za-vtor-pretsedatelski-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-ja-pochnuvaat-nacionalnata-konvencija-za-nominiranje-na-tramp-za-vtor-pretsedatelski-mandat/#respond Mon, 24 Aug 2020 06:00:11 +0000 https://kurir.mk/?p=394381

Од синоќа во Шарлот почнаа да се собираат делегати за Националната конвенција на Републиканската партија, која официјално почнува вечерва со говорот на актуелниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, јави ДПА. Планирано е претседателот Доналд Трамп пред делегатите да зборува секоја вечер, а врвот на конвенцијата ќе биде во четврток кога во Белата куќа и официјално ќе ја прифати номинацијата. Поради пандемијата со коронавирусот, конвенцијата е поскромно организирана, но истата ќе биде придружена со виртуелни настани. Демократите, минатата недела, на нивната конвенција тврдеа дека одлуките и постапките на Трамп ги влошија и состојбата со пандемијата и расните протести. Националните анкети во моментов покажуваат дека демократскиот кандидат Џо Бајден има преднбост од девет поени. Но, меѓу републиканците, Трамп е се уште популарен со рејтинг во целата земја од 42 проценти, што е за еден поен повисока популарност од пред една година, пренесува „Гласот на Америка“. Бајден ја избра сенаторката од Калифорнија Камала Харис за свој потпретседател. Таа е првата црна жена со азијатско потекло што е кандидат за една од двете најголеми партии и се верува дека може да придонесе за привлекување гласови од жените. Околу салата каде се одржува конвенцијата има силни безбедносни мерки. Конвенцијата не завршува во Шарлот, бидејќи 336 делегати се поканети во четврток во Белата куќа да го следат во живо настанот кога претседателот Трамп и официјално ќе ја прими номинацијата на неговата партија за новиот претседателски мандат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-ja-pochnuvaat-nacionalnata-konvencija-za-nominiranje-na-tramp-za-vtor-pretsedatelski-mandat/feed/ 0
Почна гласањето, делегатите на ВМРО-ДПМНЕ бираат меѓу деветте кандидати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-glasanjeto-delegatite-na-vmro-dpmne-biraat-megju-devette-kandidati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-glasanjeto-delegatite-na-vmro-dpmne-biraat-megju-devette-kandidati/#respond Sat, 16 Feb 2019 15:11:15 +0000 https://kurir.mk/?p=164747

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ почнаа да гласаат за избор на еден од деветте пријавени кандидати за претседател на државата. На гласачките ливчиња кандидатите се испишани по азбучен ред, според првата буква од презимето. На конвенцијата во Струга што почна напладне, дадена е пауза од два часа, додека трае гласањето, по што, во 18:00 треба да продолжи. Во трката за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ се Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков. Тие имаа 15-минутни обраќања во кои ги изнесоа своите визии и програми. -Тоа што сум денеска тука го покажува реформскиот и демократски капацитет на ВМРО-ДПМНЕ да отвори порта на еден натпартиски кандидат. Не е доволно само да се нарекувате реформска партија, туку треба да посегате по истите. Во 2001 година ни се вкрстија патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, потоа во Струга во 2004, потоа за Преспанскиот договор и на крај за Законот за јазици, рече Силјановска. Најави дека ќе формира експертски тим на домашни и странски професори по меѓународно јавно право. – Да го отвориме прашањето за името на Република Македонија. Тоа не е затворено. Пред меѓународните судови и институции, нагласи Силјановска. И Ѓорчев фокусот на обраќањето го стави на името на државата, откако директно побара доверба од своите сопартијци. -Веќе ги вадат таблите кај што пишува „Република Македонија“. Ако треба нека ни ги дадат нам, ќе ги чуваме и по подруми, и по тавани. Ќе дојде време кога повторно ќе ни требаат. Тоа е нашиот аманет – Република Македонија, нагласи Ѓорчев. Во врска со неговата програма, напомена дека во првите три месеци планира да оствари средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, да појде во Европската Комисија, во Брисел, во Берлин. – Секаде ќе ја кажам вистината за Македонија. Јас сум кандидат и на врмовското срце, дополни Ѓорчев. Според кандидатот Шекутовски, претседателот на државата треба да сочува барем дел од вековното име на Републиката и оние 140 држави што не признаа под уставното име да ги извести за непочитување на нанесената неправда. Илија Димовски вети дека ќе се заложи за реформи во повеќе сфери меѓу кои во образованието, Васко Костов најави заложби за благосостојба, мир и безбедност, но и непочитување на Преспанскиот договор, додека Кутлешоски потенцира дека не се согласува со промената на уставното име и порача да се најде начин да се промени, како што рече, историската грешка и да се зајакне борбата против криминалот. -Не е целта кој ќе победи на конвенцијата, целта е ВМРО-ДПМНЕ убедливо да победи и да се врати на чело на политичката сцена, истакна Манасков. Во своето обраќање на конвенцијата Филип Петровски посочи четири тези за кои ќе се залага: Поништување на Преспанскиот договор и двојазичноста, враќање на илинденските и асномските принципи и предвремени парламентарни избори. -Освен овие тези, нема да потпишам ниту еден закон на Заев, рече Петровски. На конвецијата учествуваат 523 делегати. Ја отвори лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој во обраќањето порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да избере човек кој ќе биде претседател на сите граѓани, што ќе ја води државата бестрашно и непоколебливо, човек кој ќе биде гаранција за квалитетот во носењето одлуки, кој ќе се обрзе да ги почитува Уставот и законите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-glasanjeto-delegatite-na-vmro-dpmne-biraat-megju-devette-kandidati/feed/ 0