конвој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 09:11:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конвој – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН се надева дека денеска втор конвој со хуманитарна помош ќе влезе во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-se-nadeva-deka-deneska-vtor-konvoj-so-humanitarna-pomosh-ke-vleze-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-se-nadeva-deka-deneska-vtor-konvoj-so-humanitarna-pomosh-ke-vleze-vo-gaza/#respond Sun, 22 Oct 2023 09:11:34 +0000 https://kurir.mk/?p=891839

Шефот на ОН задолжен за хуманитарна помош  Мартин Грифитс изјави дека се надева дека на вториот конвој со хуманитарна помош ќе му биде дозволено да влезе во Појасот Газа денеска. Грифитс рече дека постои можност да помине уште еден конвој, пренесува Би-Би-Си. - Можеби дури и малку поголем, до 30 камиони, појасни Грифитс. Дваесет камиони со хуманитарна помош влегоа вчера во Појасот Газа преку преминот Рафа со Египет. Ова беа првите камиони кои влегоа во Појасот Газа откако Израел воведе блокада пред две недели по нападот на Хамас. Во меѓувреме, Светската програма за храна при ОН, соопшти дека цивилите во Газа се „на работ на катастрофа“ поради акутен недостиг на храна, вода и медицински материјали. Агенцијата соопшти дека и се потребни 74 милиони долари за итни потреби во Појасот Газа во следните 90 дена, пренесува Си-Ен-Ен. Се вели дека продавниците во Појасот Газа имаат резерви на храна за помалку од една недела и оти има сериозен недостиг од прехранбени производи. Агенцијата на ОН апелира за „заштита на виталната инфраструктура и заштита на цивилите, за да можат да пристапат до точките и услугите за хуманитарна помош“. Три камиони на Програмата за храна беа дел од конвојот од 20 камиони со помош што вчера влегоа во Газа преку граничниот премин Рафа. Уште 40 камиони на Светската програма за храна чекаат во Египет за да го преминат граничниот премин Рафа и да влезат во Газа, се вели во извештајот на оваа агенција.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-se-nadeva-deka-deneska-vtor-konvoj-so-humanitarna-pomosh-ke-vleze-vo-gaza/feed/ 0
Се очекува нов конвој на ОН за евакуација на цивилите од „Азовстал“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-nov-konvoj-na-on-za-evakuacija-na-civilite-od-azovstal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-nov-konvoj-na-on-za-evakuacija-na-civilite-od-azovstal/#respond Fri, 06 May 2022 07:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=672693

Нов конвој на ОН се очекува денеска да ги евакуира последните цивили од фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важното пристаниште, без гаранција за прекин на борба. Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, синоќа соопшти дека нов конвој се движи кон градот, кој стана симбол на руската инвазија која започна на 24 февруари. - Конвојот е на пат кон Азовстал каде што ќе пристигне утре наутро, надевајќи се дека ќе ги собере последните цивили од тој пекол во кој живееја толку многу недели и месеци и ќе ги донесе на безбедно, рече Грифитс вчера во Варшава. Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврди дека е дел од операцијата. Минатиот викенд, околу стотина цивили го напуштија „Азовстал“ во евакуација организирана од ОН и Црвениот крст. Се уште се контрадикторни информациите за состојбата во челичарницата во Мариупол каде што има и цивили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во видео-порака рече дека руските сили продолжуваат да ја напаѓаат фабриката и покрај ветувањето на Русија за тридневен прекин на огнот што требаше да започне во четврток наутро. Руското бомбардирање продолжува „и цивилите, жените, децата сè уште треба да бидат евакуирани“, рече тој во пораката објавена на неговиот фејсбук-профил. „Замислете го тој пекол! Таму има деца! „Повеќе од два месеци континуирано бомбардирање, смртта е постојано близу“, додаде тој. Рускиот претседател Владимир Путин вчера вечерта потврди дека „руската армија се уште е подготвена да обезбеди евакуација на цивилите“ од „Азовстал“, кои би можеле да бидат уште двеста, заробени во комплекс заедно со украински борци. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека руската армија го почитува прекинот на огнот околу фабриката и оти „функционираат“ хуманитарните коридори околу „Азовстал“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ochekuva-nov-konvoj-na-on-za-evakuacija-na-civilite-od-azovstal/feed/ 0
ОН: Првиот конвој цивили од Азовстал пристигна во град под контрола на украинските сили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-prviot-konvoj-civili-od-azovstal-pristigna-vo-grad-pod-kontrola-na-ukrainskite-sili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-prviot-konvoj-civili-od-azovstal-pristigna-vo-grad-pod-kontrola-na-ukrainskite-sili/#respond Tue, 03 May 2022 15:33:04 +0000 https://kurir.mk/?p=671238

Првиот конвој цивили кои со денови беа блокирани во челичарницата Азовстал во Мариупол пристигна денеска во блискиот град Запорожје, кој е под контрола на украинските сили, информираа Обединетите нации. ОН соопштија дека 127 цивили пристигнале во Запорожје, евакуирани од Азовстал, последното украинско упориште во Мариупол, кој од 21 април е под блокада на руските сили. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека неколку стотици цивили останале во Азовстал. Во меѓувреме, украинските борци во Азовстал наведуваат дека руската армија и проруските сили денеска започнале офанзива врз челичарницата. Откако руските сили го зазедоа Мариупол, рускиот претседател Владимир Путин на 21 април и нареди на армијата да не ја напаѓа железарницата, туку да ја држи под блокада. Заменик командантот на украинскиот полк Азов, чии борци се во Азовстал, потврди дека руските сили денеска започнале напад врз железарницата. Претходно денеска, полицискиот службеник во Мариупол, Михаил Вершинин изјави дека руската армија „почнала да ја напаѓа фабриката на неколку места“. Командантот на бригадата на Националната гарда на Украина, кој исто така се наоѓа во Азовстал, изјави дека „непријателот се обидува да упадне во фабриката со значителни сили користејќи оклопни возила“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-prviot-konvoj-civili-od-azovstal-pristigna-vo-grad-pod-kontrola-na-ukrainskite-sili/feed/ 0
Пентагон не е сигурен дали рускиот конвој кај Киев „сè уште постои“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-ne-e-siguren-dali-ruskiot-konvoj-kaj-kiev-se-ushte-postoi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-ne-e-siguren-dali-ruskiot-konvoj-kaj-kiev-se-ushte-postoi/#respond Fri, 01 Apr 2022 05:12:32 +0000 https://kurir.mk/?p=656654

Пентагон вчера соопшти дека не знае дали рускиот конвој со воени возила што се приближува кон Киев, кој се протегаше на околу 65 километри, „сè уште постои во овој момент“. – Помина долго време. Тие всушност никогаш не ја исполнија својата мисија, рече портпаролот Џон Кирби. Како што јави Би-Би-Си, Кирби рекол дека „закочениот конвој никогаш не бил повторно снабден и правел мал напор да напредува кон главниот град дури и пред Москва да ги објави своите планови за репозиционирање на војниците“. – Ние не мислиме дека тие правилно ја планираа логистиката и одржување на силата со таква големина на терен во борбени услови, рече Кирби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-ne-e-siguren-dali-ruskiot-konvoj-kaj-kiev-se-ushte-postoi/feed/ 0
Украинската војска објави видео од уништен руски конвој (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-vojska-objavi-video-od-unishten-ruski-konvoj-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-vojska-objavi-video-od-unishten-ruski-konvoj-video/#respond Tue, 15 Mar 2022 12:31:30 +0000 https://kurir.mk/?p=647546

Украинските сили објавија снимка од пат полн со уништени и напуштени руски возила. Снимката трае три минути, а возењето е цело време по каллив и заледен пат. Според описот на видеото, станува збор за регион околу Харков, град во источна Украина кој со недели е сцена на жестоки борби. На снимката се гледаат многу напуштени и уништени руски тенкови. Украинската армија денеска го објави видеото на своите страници на социјалните мрежи, но не е јасно кога е снимено и кога камиони и возила биле уништени и оставени. Во секој случај, се работи за голем конвој и големи загуби за Русите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskata-vojska-objavi-video-od-unishten-ruski-konvoj-video/feed/ 0
Украина: Русија пукаше кон хуманитарен конвој со жени и деца, има загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-rusija-pukashe-kon-humanitaren-konvoj-so-zeni-i-deca-ima-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-rusija-pukashe-kon-humanitaren-konvoj-so-zeni-i-deca-ima-zaginati/#respond Sat, 12 Mar 2022 19:30:42 +0000 https://kurir.mk/?p=646104

Украинските служби соопштуваат дека руските сили вчера пукале кон конвој кој евакуиран, во најголем дел, жени и деца од село во Киевската област. Загинати се седум лица, од кои едно дете. Бројот на повредени засега не е познат. -По нападот, останатиот дел од конвојот ги натерале да се вратат кон селото и не ги пуштаат од таму, стои во соопштението. Русија нема коментар за овие случувања.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-rusija-pukashe-kon-humanitaren-konvoj-so-zeni-i-deca-ima-zaginati/feed/ 0
ФОТО: Објавени нови сателитски снимки од руски конвој во близина на Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-objaveni-novi-satelitski-snimki-vo-ruski-konvoj-vo-blizina-na-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-objaveni-novi-satelitski-snimki-vo-ruski-konvoj-vo-blizina-na-kiev/#respond Wed, 09 Mar 2022 07:12:24 +0000 https://kurir.mk/?p=643731

Американската компанија „Maxar Technology“ објави нови сателитски снимки кои покажуваат движење на руски конвој. Како што пишува „Скај њуз“ се вели дека на снимките се гледа руски конвој во близина на аеродромот Антонов, недалеку од Киев. На една од снимките се гледа и срушениот мост во Ирпин. Според „Скај њуз“ овие снимки би можеле да сугерираат дека Русија продолжува со притисокот врз Киев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-objaveni-novi-satelitski-snimki-vo-ruski-konvoj-vo-blizina-na-kiev/feed/ 0
НА -50 СТЕПЕНИ: Конвој камиони заглавен во Сибир, им снемува храна и гориво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-50-stepeni-konvoj-kamioni-zaglaven-vo-sibir-im-snemuva-hrana-i-gorivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-50-stepeni-konvoj-kamioni-zaglaven-vo-sibir-im-snemuva-hrana-i-gorivo/#respond Sat, 25 Dec 2021 10:10:11 +0000 https://kurir.mk/?p=612934

Група падобранци од спасувачка служба полетала денеска за да достави гориво на конвој од 12 камиони на истокот на Сибир. Конвојот е заглавен во снег и голем мраз, возачите немаат телефонски сигнал, а им се снемува храна и гориво. Камионите се наоѓаат на околу 30 километри од селото кон кое се упатиле. Во оваа област измерените температури се до -50 степени Целзиусови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-50-stepeni-konvoj-kamioni-zaglaven-vo-sibir-im-snemuva-hrana-i-gorivo/feed/ 0
ПРВАТА ГРУПА ОД КОНВОЈОТ ПРИСТИГНА: Австрија испрати 136 лица и 40 возила да и помогнат на Македонија во борбата со пожарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvata-grupa-od-konvojot-pristigna-avstrija-isprati-136-lica-i-40-vozila-da-i-pomognat-na-makedonija-vo-borbata-so-pozarite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvata-grupa-od-konvojot-pristigna-avstrija-isprati-136-lica-i-40-vozila-da-i-pomognat-na-makedonija-vo-borbata-so-pozarite/#respond Fri, 06 Aug 2021 05:18:53 +0000 https://kurir.mk/?p=546996

Во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки. Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата. Досега во земјава помош за гаснење на пожарите е пристигната од Србија, Словенија и Бугарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvata-grupa-od-konvojot-pristigna-avstrija-isprati-136-lica-i-40-vozila-da-i-pomognat-na-makedonija-vo-borbata-so-pozarite/feed/ 0
Македонски државјани од Словенија со уште еден конвој се враќаат дома https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzavjani-od-slovenija-so-ushte-eden-konvoj-se-vrakjaat-doma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzavjani-od-slovenija-so-ushte-eden-konvoj-se-vrakjaat-doma/#respond Fri, 17 Apr 2020 09:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=333490

Конвој со вкупно 50 македонски државјани доцна синоќа тргна од Словенија за Северна Македонија, јави дописникот на МИА до Љубљана. Во конвојот има 13 македонски државјани кои немале свои возила и 19 државјани со 11 возила. На нив им се придружија уште 19 македонски граѓани од Австрија кои исто така сакаат да се вратат дома. За лицата без автомобили беше обезбеден автобус. Сите тие поради коронавирусот и затворањето на границите беа затекнати во Словенија и Австрија. И овој конвој го организираа Министерствата за надворешни работи на Македонија и Словенија, со директна асистенција на македонската амбасада во Словенија. Според планот, сите граѓаните уште денеска ќе стигнат во нашата земја по што ќе бидат сместени во државен карантин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-drzavjani-od-slovenija-so-ushte-eden-konvoj-se-vrakjaat-doma/feed/ 0