конзервативци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Jun 2022 08:50:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png конзервативци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конзервативците денеска ќе гласаат за доверба на британскиот премиер Борис Џонсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konzervativcite-deneska-kje-glasaat-za-doverba-na-britanskiot-premier-boris-dzonson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konzervativcite-deneska-kje-glasaat-za-doverba-na-britanskiot-premier-boris-dzonson/#respond Mon, 06 Jun 2022 08:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=687164

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе се соочи со гласање за доверба што го побараа членовите на владејачката Конзервативна партија, изјави претседателот на партискиот Одбор 1922, Сер Грејем Брејди. Тој најави дека е надминат потребниот праг, 15 отсто од пратениците на парламентарната партија да побараат да се гласа за доверба на премиерот, постапка што ќе биде спроведена во текот на денот. „Согласно правилата, денеска од 18 до 20 часот ќе се гласа за доверба. Веднаш потоа ќе се пребројат гласовите. Соопштението ќе биде објавено дополнително“, изјави Брејди. Доколку Џонсон ја изгуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција. Гласањето за доверба на премиерот Џонсон ќе биде можност да се стави крај на повеќемесечните шпекулации за неговото владеење, изјави портпаролот на Џонсон. „Вечерва е можност да се стави крај на повеќемесечните шпекулации и да и се дозволи на владата да повлече линија и да продолжи понатаму“, се посочува во изјавата на портпаролот. Тој додаде дека премиерот Џонсон ја поздравил можноста што ќе му овозможи да ги изнесе аргументите пред пратениците. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konzervativcite-deneska-kje-glasaat-za-doverba-na-britanskiot-premier-boris-dzonson/feed/ 0
Британските конзервативци својот годишен конгрес ќе го оддржат во виртуелна форма https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-konzervativci-svojot-godishen-kongres-kje-go-oddrzat-vo-virtuelna-forma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-konzervativci-svojot-godishen-kongres-kje-go-oddrzat-vo-virtuelna-forma/#respond Tue, 07 Jul 2020 19:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=371287

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон денеска им се приклучи на другите партии во земјата со одлуката годишниот партиски конгрес да го оддржат виртуелно, поради пандемијата на коронавирусот. По лабурустите и либералните демократи, денеска и конзервативците одлучија конгресот во октомври да им биде организиран во виртуелна форма. Копретседателите на владеачката партија, Аманда Милинг и Бен Елиот, испратија писмо до членовите на партијата во кое изразија надеж дека барем некои од настаните на конгресот, закажан во Бирмингем, сепак, ќе се одржат со физичко присуство, доколку тоа го дозволат санитарните услови. Велика Британија е земја со најголем број смртни случаи од коронавирусот во Европа. Во земјата, каде што умреа повеќе од 44.000 лица, веќе се олеснети карантинските мерки што беа воведени на 20 март, откако во саботата беа отворени пабовите, рестораните, хотелите и кината. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-konzervativci-svojot-godishen-kongres-kje-go-oddrzat-vo-virtuelna-forma/feed/ 0
Се зголемува предноста на конзервативците над лабуристите во Велика Британија пред изборите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zgolemuva-prednosta-na-konzervativcite-nad-laburistite-vo-velika-britanija-pred-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zgolemuva-prednosta-na-konzervativcite-nad-laburistite-vo-velika-britanija-pred-izborite/#respond Sun, 24 Nov 2019 08:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=268217

Предноста на Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон над опозициските лабуристи е зголемена на три недели пред вонредните парламентарни избори, закажани за 12 декември и сега таа е најголема од 2017 година, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мненние на агенцијата Опиниум (Opinium), направена за неделникот „Обзервер“. Според денеска објавените резултати, за торивеците во моментов би гласале 47 отсто од Британците, што е три отсто повеќе во однос на минатата недела, додека за Лабуристичката партија се определиле 28 отсто од избирачите во земјата. Проевропските Либерални демократи изгубиле два отсто поддршка, и сега се на 12 проценти доверба, додека Партијата Брегзит опаднала за три отсто. Британските медиуми пренесуваат дека ПР агенцијата наведува дека растот на поддршката за Конзервативната партија се должи на одлуката на Партијата Брегзит да ги повлече своите кандидати за изборите во окрузите кои ги држат ториевците, чиј лидер, премиерот Борис Џонсон, се залага за излез на земјата од Европската унија, со или без договор. Анкетата била спроведена онлајн од 20 до 22 ноември, по објавувањето на изборната програма на лабуристите. Конзервативците својата изборна програма ќе ја обелоденат денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-zgolemuva-prednosta-na-konzervativcite-nad-laburistite-vo-velika-britanija-pred-izborite/feed/ 0
Конзервативни пратеници разговараа за смена на Меј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/konzervativni-pratenici-razgovaraa-za-smena-na-mej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/konzervativni-pratenici-razgovaraa-za-smena-na-mej/#respond Wed, 12 Sep 2018 08:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=99733

Околу 50 конзервативни пратеници кои се против планот за Брегзит на британската премиерка Тереза Меј, одржаа состанок за да разговараат како и кога можат да ја примораат премиерката да си замине од функцијата. Пратениците, членови на Европската истражувачка група (ЕРГ), анти-ЕУ групација во Конзервативната партија на Тереза Меј, се состанаа синоќа за да разговараат за иднината на премиерката како лидерка на партијата, јави Би-Би-Си повикувајќи се на неименуван извор. Дел од пратениците на состанокот рекле дека веќе предале писма за гласање недоверба на Меј. Според правилата на конзервативците, избори за лидер можат да се одржат ако 15 отсто од пратениците на партијата побараат гласање за недоверба. ЕРГ ги осуди плановите на Меј Британија да остане во зоната за слободна трговија со ЕУ, откако ќе ја напушти Унијата кон крајот на март наредната година, но и самата група се соочи со критики затоа што не понуди конкретна алтернатива. Инаку евроскептиците од британската Конзервативна партија изминативе денови не постигнаа согласност за алтернативен план за Брегзит и документот кој го подготвија нема да биде објавен. Приврзаници на Брегзит во партијата на премиерката Тереза ​​Меј, кои не сакаат блиски односи со Европската унија, поделија документ од 140 страници кој содржел алтернативен план за излез на Велика Британија од ЕУ. Конзервативниот пратеник Џејкоб Рис-Мог сепак рече дека документот нема да биде објавен. - Вистината е, ќе размислиме, изјави Рис-Мог. Поранешниот заменик-министер за Брегзит Стив Бејкер завчера изјави дека Конзервативната партија на британската премиерка Тереза ​​Меј се соочува со „катастрофална поделба“ во врска со планот на Меј за излез од Европската унија, изјави. Според него, околу 80 пратеници од Конзервативната партија ќе гласаат против предлозите на Меј, познати како планот од Чекерс. Стив Бејкер во јули поднесе оставка од фунцкијата заменик-министер за Брегзит, изразувајќи незадоволство од визијата на Меј за излезот на Велика Британија од Унијата. Тој истакна дека не сака смена на лидерката на Конзервативната партија, но предупреди дека Меј би можела да се соочи со сериозен проблем на партиската конференција која ќе се одржи од 30 септември до 3 октомври. Бејкер смета дека Меј треба да се бори за договор за слободна трговија, под условите што претходно во март ги зацрта претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, но условите за нејзин излез се уште не се јасни поради недостигот на сеопфатен договор за Брегзит. И Лондон и Брисел велат дека сакаат договорот да биде готов до 18 октомври или најдоцна до крајот на годината. Евентуален договор меѓу ЕУ и Велика Британија треба да биде одобрен од британскиот Парламент, кој на 20 декември оди на колективен божиќен одмор, и ќе продолжи да работи на 7 јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/konzervativni-pratenici-razgovaraa-za-smena-na-mej/feed/ 0