координација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 30 Aug 2022 05:15:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png координација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Координација во Собранието за следните активности на пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-vo-sobranieto-za-slednite-aktivnosti-na-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-vo-sobranieto-za-slednite-aktivnosti-na-pratenicite/#respond Tue, 30 Aug 2022 05:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=725750

Претседателот на Собранието Талат Џафери се очекува денеска да одржи средба со потпретседателите на Парламентот и со координаторите на пратеничките групи на која треба да се договори динамиката на работа за деновите до петок и периодот што доаѓа. Со ова и официјално завршува летниот одмор за парламентарците. На веб страната на Собранието закажани се само две активности на претседателот на Собранието Џафери и тоа за утре (31 август) со претседателот на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг Михаел Рот и во четврток (1 септември) проштална средна со амбaсадорот на ОБСЕ Клемент Која. Меѓу првите активности во Собранието се очекува да биде продолжување на работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за изборот на уставните судии за да може што поскоро да се пополнат испразнетите места во Уставниот суд. Според најавите од пред одморот може да се очекува да бидат закажани и продолженија на веќе започнати седници. Првата нова седница е најавена за 13 септември. Пратениците на одмор заминаа официјално по илинденските празници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-vo-sobranieto-za-slednite-aktivnosti-na-pratenicite/feed/ 0
Координација во Собранието за францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-vo-sobranieto-za-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-vo-sobranieto-za-francuskiot-predlog/#respond Mon, 11 Jul 2022 05:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=703022

На редовната координација во Собранието денеска ќе се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година. Претседателот на Собранието Талат Џафери пред неколку дена за МИА изјави дека за тоа ќе се разговара на редовната координација на која како владин претставник ќе присуствува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. – Во понеделник имаме координација на која ќе присуствува и владиниот претставник и ќе разговараме. Ќе се направи проценка. Материјалот е дојден во Собранието, но во понеделник треба да почне седницата за ребалансот на Буџетот, изјави Џафери. Како што појасни, доколку има потреба седницата може да биде прекината и да се закаже нова на која на дневен ред би била Информацијата испратена од Владата. Пратениците од опозицијата побараа од претседателот на Собранието да ги врати материјалите назад во Владата со забелешка дека е испратена само Информација, без ниту еден документ. Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски вчера во дневникот на телевизија „Сител“ најави дека ќе бидат присутни во Собранието бидејќи почнува дебата за ребалансот на Буџетот и дека ќе направат се што треба за да го претстават мислењето на граѓаните за францускиот предлог. Од СДСМ, пак, сметаат дека одговорноста е на законодавниот дом да донесе натамошни заклучоци, согласно собраниските процедури. Претседателот на Собранието со став дека сите документи се веќе јавно достапни и секој може да ги види. Во меѓувреме, во земјава продолжуваат протестите против францускиот предлог, кои се поддржани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Протестен марш се одржа вчера од Владата преку Министерството за правда до Собранието, а протест е најавен и за денес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-vo-sobranieto-za-francuskiot-predlog/feed/ 0
По координацијата со Џафери појасна слика за натамошната работа на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-koordinacijata-so-dzaferi-pojasna-slika-za-natamoshnata-rabota-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-koordinacijata-so-dzaferi-pojasna-slika-za-natamoshnata-rabota-na-sobranieto/#respond Tue, 13 Oct 2020 05:39:00 +0000 https://kurir.mk/?p=415518

Како ќе се одвива работата во Собранието по откривањето во јавноста дека двајца пратеници се позитивни на Ковид-19 и имајќи предвид дека владејачките партии со нивното отсуство на пленарните седници немаат мнозинство, веројатно ќе се знае по денешната координативна средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и со почетокот на седницата закажана за напладне. Од Кабинетот на Џафери нема информации како ќе постапи тој имајќи го предвид ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да и прават кворум на власта, и прашањето дали во Собранието ќе бидат пратеници од Алијансата на Албанците и Алтернатива. Од друга страна, собраниски извори брифираат дека спикерот нема да ја откаже седницата, ниту која било друга во иднина се додека може да се собере доволен број пратеници за работа на Собранието односно кворум или најмалку 61 пратеник, без разлика дали тие се од власта или од опозицијата. Од таму потенцираат дека опозицијата треба да има предвид дека ова се специфични услови за работа и дека треба да преземе одговорност и да придонесе за функционалноста на институцијата. Во однос на гласањето за точките на дневен ред, велат дека демократски е секој да се изјасни онака како што смета, но дека во случајов опозициските пратеници и од македонскиот и од албанскиот блок треба да учествуваат во работата на Собранието. Првата појасна слика за тоа како ќе се одвива работата во Собранието треба да даде исходот од средбата на координаторите на пратеничките групи со претседателот на парламентот Џафери, а на која се очекува да присуствува и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески за МИА изјави дека седницата не е откажана и дека како ќе функционира Парламентот ќе се знае по координативната средба со спикерот. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека пратеничката група утре ќе има координација по што и официјално ќе се знае дали ќе присуствуваат на седниците. Нивниот став претходно искажан, беше дека нема да му прават кворум на владејачкото мнозинство во Парламентот. Позитивни на Ковид-19 се пратениците Лазе Таневски од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Таневски се тестирал бидејќи сакал да патува во странство, а Јахоски имал симптоми на Ковид-19 и беше хоспитализиран. По направените епидемиолошки анкети, од Центарот за јавно здравје информираа дека нема потреба од изолација на други пратеници, бидејќи мерките во Собранието се почитувале. Владејачкото мнозинство во Собранието брои 62 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и коалициските партнери, а опозицијата 58 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Алијанса на Албанците и Алтернатива. Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 15. седница на која на дневен ред се Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Северна Македонија, по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на укажувачи, на Законот за судските такси, на Законот за автокамповите и на Законот за скијалишта, сите во прво читање. Седница треба да одржи и Законодавно-правната комисија на која на дневен ред е Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Северна Македонија, по скратена постапка. Неделава односно на 15 октомври во среда, во Собранието треба да почне и дебатата за ребалансот на Буџетот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-koordinacijata-so-dzaferi-pojasna-slika-za-natamoshnata-rabota-na-sobranieto/feed/ 0
Со соседните земји ќе се координираат мерки за патувањата во летните месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-sosednite-zemji-kje-se-koordiniraat-merki-za-patuvanjata-vo-letnite-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-sosednite-zemji-kje-se-koordiniraat-merki-za-patuvanjata-vo-letnite-meseci/#respond Mon, 04 May 2020 15:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=341507

За стратегија за годишните одмори и патувања во време на пандемијата во летните месеци ќе се зборува откако ќе има координација со соседните земји, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на прашање дали има препораки до граѓаните каде да летуваат, со кои превозни средства и дали се водите безбедни за капење. Соопшти дека се координира и разменува информации за активности со министри од соседните земји и треба, рече, да направат заедничка конференција. -Има сè уште многу отворени прашања. Како што ме информираше грчкиот колега, тие планираат отворање на границите во јуни. Сè уште ништо во мај. Но мислам дека многу ќе постигнеме со овој заеднички состанок и координација поради тоа што може да донесеме некакви мерки коишто ќе ги почитуваат сите граѓани, од сите околни земји, ако патуваат било каде. Сметам дека само тоа може да биде една успешна приказна. Зашто непочитување на мерките, не само кај нас, туку и во која било друга земја, е загрозување на јавното здравје – дома или таму во странство, истакна Филипче. Во однос на Словенија, која им препорачала на своите граѓани да патуваат со автомобили до блиски дестинации и да не користат авиони и бродиви, министерот смета дека има логика во тоа, но се поставува прашање, рече, дали и странците би ги почитувале тие препораки. За утре е закажан состанок на Светската здравствена организација за нашиот регион, а и на самит на ЕУ во среда, исто така, на агендата е дискусија за т.н. излезна стратегија од КОВИД-19. -Една од темите на двата состанока, утре и задутре, ќе биде како ќе се координира отворањето на границите и кои мерки ќе ги преземе секоја од земјите. Затоа што нема да можеме, не само ние, туку која било земја, да има успешна национална стратегија ако во одреден момент без контрола се пуштат патници од странство. И затоа е секоја земја свесна и затоа се овие координативни состаноци, истакна министерот Филипче. Во однос на отворање на базените, одговори дека како и за сите други спортски објекти, работата и организацијата на тренинзите и натпреварите е предмет на мерките што ќе ги официјализираат до крајот на оваа недела. За сугестиите од некои пливачки клубови дека хлорот во водата не влијае на ширење на вирусот, Филипче одговори дека проблем може да предизвика самото собирање на луѓето и користење на соблекувалните во базените. Филипче посочи и дека според историски податоци за сите други респираторни вируси кои се појавувале, експертите и за овој респираторен вирус очекуваат дека во летните месеци ќе се префрли во Јужната хемисфера. Повторно постои ризик, за кој не може да се предвиди со колкав интензитет, рече тој, да се врати наесен на Северната хемисфера. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-sosednite-zemji-kje-se-koordiniraat-merki-za-patuvanjata-vo-letnite-meseci/feed/ 0
Зајакната координација на финансиските регулатори за одржување на финансиската стабилност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajaknata-koordinacija-na-finansiskite-regulatori-za-odrzuvanje-na-finansiskata-stabilnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajaknata-koordinacija-na-finansiskite-regulatori-za-odrzuvanje-na-finansiskata-stabilnost/#respond Sat, 04 Apr 2020 08:52:52 +0000 https://kurir.mk/?p=327119

Финансиските регулатори склучија Меморандум за меѓуинституционална соработка со кој што ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. Во околностите коишто ги наметнува корона-кризата, со максимална посветеност на секој регулатор во рамки на неговите надлежности, координирано ќе се одржува финансиската стабилност. Како што соопшти Народна банка, ова е пораката којашто ја упатија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Крсте Шајноски, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Максуд Али и директорот на Фондот за осигурување депозити, Борче Хаџиев. Тие склучија нов Меморандум за меѓуинституционална соработка заради одржување на финансиската стабилност, изготвуван во текот на изминатите неколку месеци, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. -Меморандумот се склучува со цел преку поголема меѓусебна координираност на регулаторите, и натаму навремено и ефикасно да се идентификуваат системските ризици и навремено и усогласено да се преземаат активности заради спречување и намалување на нивното влијание врз финансискиот систем. Со активностите коишто се предвидени со меморандумот, отпорноста на нашиот финансиски систем на шокови ќе биде дополнително зајакната и надлежните институции со уште поголема подготвеност ќе управуваат со предизвиците за системот, се наведува во соопштението. Меѓу другото, се посочува, согласно со одредбите на Меморандумот се унапредува улогата и се проширува составот на Комитетот за финансиска стабилност, по примерот на Европскиот одбор за системски ризици. -Досега Комитетот го сочинуваа само претставници на Народната банка и на Министерството за финансии. Отсега, во работата на Комитетот учествуваат сите регулатори на финансискиот систем, а негов национален координатор е гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Во рамки на Комитетот ќе функционираат и два поткомитетa, како оперативни тела – Поткомитет за следење на системските ризици и предлагање макропрудентни мерки и Поткомитет за подготовка за управување со финансиска криза. Заради остварување на поставените цели, давање препораки и преземање соодветни активности, преку Комитетот координирано ќе се следат анализите за состојбите во финансискиот систем, како и регулативата којашто може да има влијание врз финансиската стабилност, стои во соопштението. Во натамошниот период, посветено ќе се работи на зајакнување на макропрудентната рамка, заради што, како што се најавува, ќе се пристапи и кон унапредување на регулативата, со што едновремено се следат и препораките од Програмата за проценка на финансискиот сектор на ММФ и Светската банка, спроведена во 2017 и 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zajaknata-koordinacija-na-finansiskite-regulatori-za-odrzuvanje-na-finansiskata-stabilnost/feed/ 0
Координација на партиските лидери со Владата за состојбата со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-na-partiskite-lideri-so-vladata-za-sostojbata-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-na-partiskite-lideri-so-vladata-za-sostojbata-so-koronavirusot/#respond Thu, 12 Mar 2020 06:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=315364

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот, како што најавија од Владата ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот. Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Билал Касами, Мендух Тачи, Зијадин Села и Африм Гаши го потврдиле присуството на состанокот, а тие со нив ќе понесат уште еден партиски претставник. Политичките партии до денеска на 12 на полноќ треба да ги достават изборните листи за шестте изборни единици за претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 12 април, согласно роковникот, кој го објави Државната изборна комисија за активностите во пресрет на изборите. Од Владата на брифинг со медиумите завчера порачаа дека во врска со состојбата со коронавирусот не треба да профитира политички. – Врв на неодговорност е да разговарате со министер за здравство и за еден час да му поднесувате кривична пријава дека го загрозува здравјето на луѓето е политика што сакаат да ја пласираат. Во овие услови на ваква криза секој оној кој ќе калкулира за политика, за политички поени, за сензационализам и за што било на грбот на граѓаните и нивното здравје, некој да гради своја среќа на туѓа несреќа е осудено на пропаст, истакнуваат од Владата. За лидерската завчера потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Лидерска средба за состојбата со коронавирусот ќе се одржи в четврток во 13 часот, информира завчерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки, по седницата на Централниот комитет на која беа објавени кандидатите за пратеници и носителите на листите за претстојните предвремени парламентарни избори. Тој рече дека на средбата ќе биде придружуван со некој од сопартијците кои се одговорни за ресорот здравство. Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање, нагласи дека не може да се каже дали ќе се одржат изборите. Согласно роковите изборната кампања треба да почне на 23 март. Лидерот на СДСМ Зоран Заев не гледа причина за одложување на изборите. Според него тоа е целта и не е добро да се одложат изборите, туку тие треба да се одржат, а можеби само кампањата треба да биде поинаква. – Јас лично не гледам на ниту еден начин, ниту која било причина за изборите да се одложуваат. Тоа е целта која сакаме да ја постигнеме и не е добро да се одложат изборите, тие треба да се одржат. Сите државни ресурси се подготвени, екипирани и парламентот е распуштен, веќе е подготвено се она што е претходна постапка и е завршено. Сега можеби корона вирусот ќе не стави во позиција на некаков вид поинаква кампања, секако електронските медиуми се на располагање, интернет можностите се на располагање, видео стримови и така натаму, можеме да ги поставиме и верувам дека ќе допреме до граѓаните, изјави вчера Заев одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за коалиција. Важно е, според него, граѓаните да знаат за што ќе гласаат, да знаат што ќе бираат и како да изберат. – Важно е да ги промовираме сите наши поединци и пратеници, програми, визии и детали околу целата работа за да може да излезат, затоа што важно е граѓаните да излезат. Успешноста на изборите не е исто дали ќе биде со 45 отсто или со 75 отсто, рече Заев. Целта на повикот од премиерот Спасовски, како што кажа Заев, е препораката од Министерството за здравство, лидерите на поголемите политички партии да разговараат околу моделите на водење на кампањата. – Веројатно да ни укаже на нас лидерите, а да пренесеме и на коалициските партнери каков вид кампања е дозволива и што е препорачливо како да се придржуваме до сите задолженија, како и оние препораки што се од страна на државните институции за да можеме да го исполниме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати, визии и слично, а притоа да се испочитуваат сите задолженија и препораки од државните институции, тоа е целта, посочи Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-na-partiskite-lideri-so-vladata-za-sostojbata-so-koronavirusot/feed/ 0
ЕУ и Западен Балкан се координираат во врска со мигрантите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-i-zapaden-balkan-se-koordiniraat-vo-vrska-so-migrantite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-i-zapaden-balkan-se-koordiniraat-vo-vrska-so-migrantite/#respond Mon, 02 Mar 2020 15:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=311099

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано изјави дека контактите и координацијате на Брисел со земјите од Западен Балкан се подразбираат кога станува збор за одговорот на новиот бран мигранти кои се обидуваат да влезат во Европа преку Турција. – Во контакт сме и се усогласуваме со земјите од Западен Балкан, особено со оние што се во процес на пристапување, рече Стано. Тој потсети дека земјите од Западен Балкан беа меѓу првите кои беа погодени од мигрантскиот бран во 2015 година и оти од тогаш до денес е развиена добра координација и соработка, и дека земјите од регионот редовно добиваат поддршка од ЕУ. Портпаролот на ЕУ, исто така, рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ неделава ќе се состанат на вонреден Совет во Брисел за да разговараат за понатамошните чекори на ЕУ, пред се во обидите да се запрат воените акции во северозападна Сирија и сириското прашање да се врати на дипломатска маса под покровителство на ОН. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eu-i-zapaden-balkan-se-koordiniraat-vo-vrska-so-migrantite/feed/ 0
Координација во Собранието за телото за помирување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-vo-sobranieto-za-teloto-za-pomiruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-vo-sobranieto-za-teloto-za-pomiruvanje/#respond Tue, 06 Nov 2018 07:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=123941

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи, со една точка на дневен ред – формирање  „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во телото за помирување, затоа што сметаат дека правдата не треба да биде селективна, туку сите што се вмешани во настаните од 27 април 2017 да бидат амнестирани. Тоа беше и еден од заклучоците на координацијата на нивната пратеничка група која ја одржаа вчеравечер. -Нема да учествуваме во Коодинативното тело за помирување затоа што  сè уште немаме содржина на она што би требало да се случува, и според нас тоа е селективноста во правдата која во изминатиот период ја гледаме. Доколку тоа координативно тело донесе заклучоци, одлука или каков било начин за ослободување или решение на проблемите на сите инволвирани од 27 април, ние како пратеничка група ќе го поддржиме тој процес, одлука, закон или што било, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во Собранието  утре ќе почнат и комисиските расправи за нацрт-амнадманите за измени на Уставот, и за предлогот за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој според судско решение најдоцна  задутре треба да се јави за издржување двегодишна затворска казна по пресудата за „Тенк“. Нацрт-амандманите за уставни измени, кои Владата во петокот ги утврди и му ги достави на Собранието, утре се на дневен ред на Комисијата за уставни прашања. По однос на ова, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти нивниот координатор Мицевски, „ќе дебатираат жестоко за да ги разобличат сите уставни амандмани и она што се случиува во Македонија“. За предлогот за одземање на мандатот на Груевски, пак, утре ќе заседава Комисијата за деловнички и мандатно-имунитени прашања. Неговите сопартијци сметаат дека процесот е политички и својот став ќе го искажат во Собранието. -Согласно законот, се знае кога и како се одзема мандатот на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ утре ќе го соопшти својот став по однос на оваа комисија. Ќе видиме како ќе настапат и другите пратенички групи, додаде вчера Мицевски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koordinacija-vo-sobranieto-za-teloto-za-pomiruvanje/feed/ 0
Иванов, Мицкоски, Заев и Ахмети утре ќе ја разгледуваат рамката од Нимиц https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-mickoski-zaev-i-ahmeti-utre-kje-ja-razgleduvaat-ramkata-od-nimic/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-mickoski-zaev-i-ahmeti-utre-kje-ja-razgleduvaat-ramkata-od-nimic/#respond Fri, 26 Jan 2018 09:54:19 +0000 http://kurir.mk/?p=15201

Државно-политичкиот врв утре ќе одржи координативен состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името меѓу Македонија и Грција, што ја предложи медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк. Состанокот се одржува на иницијатива на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници во 18 часот. На состанокот, како што соопшти МНР, ќе учествуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Посредникот на ОН Метју Нимиц, како што е најавено, следната недела ќе ги посети Грција и Македонија. Нимиц ќе биде во Атина на 29 и 30 јануари, а во Скопје на 31 јануари и 1 февруари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-mickoski-zaev-i-ahmeti-utre-kje-ja-razgleduvaat-ramkata-od-nimic/feed/ 0