КОП27 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Nov 2022 10:00:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png КОП27 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На КОП27 конечно договорен долго бараниот фонд за компензација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kop27-konechno-dogovoren-dolgo-baraniot-fond-za-kompenzacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kop27-konechno-dogovoren-dolgo-baraniot-fond-za-kompenzacija/#respond Sun, 20 Nov 2022 10:00:25 +0000 https://kurir.mk/?p=763671

Преговарачите на глобалната климатска конференција во Египет денеска се согласија да создадат фонд за компензација на земјите погодени од климата кој долго време се бараше. Исплатата на репарации на посиромашните земји за штетите предизвикани од климатските промени беше едно од најтешките прашања на двонеделната конференција. Договорот се смета за голема победа за земјите со ниски приходи кои често го носат товарот на климатските промени, иако тие најмалку придонесуваат во нивното предизвикување, јави ДПА. Одобрувањето на финансирањето се случи на последната пленарна седница и наиде на аплауз од делегатите. На КОП27 делегатите ја ратификуваа конечната декларација за време на сесијата што се одржа денеска во раните утрински часови во египетското летувалиште Шарм ел Шеик. Одлуката да се создаде фонд за климатски штети веднаш беше поздравена. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека тоа е важен чекор кон правдата. – Ја поздравувам одлуката да се формира фонд за загуби и штети и да се операционализира во наредниот период, рече тој во видео снимка објавена на неговиот профил на Твитер. – Јасно е дека ова нема да биде доволно, но тоа е многу неопходен политички сигнал за обнова на скршената доверба, додаде тој. Извршниот секретар на ОН за климатски промени Сајмон Стил го нарече исходот од КОП27 „историски“. Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри, кој претседаваше со конференцијата, им рече на делегатите дека исходот е доказ за фактот дека „мултилатералната дипломатија сè уште функционира“. Пакистанската министерка за клима, Шери Реман рече дека фондот е „аванс во инвестицијата во нашата заедничка иднина“. Пакистан годинава беше погоден од разорни и смртоносни поплави. Сепак, највисокиот функционер за климата на Европската унија, Франс Тимерманс, беше критичен за исходот. – Она што го имаме пред нас не е доволен чекор напред за луѓето и планетата, рече тој на последната седница. Тој додаде дека исходот не се однесува на „огромниот јаз меѓу науката за климата и нашите климатски политики“. Осврнувајќи се на намалувањата на емисиите на стакленички гасови, Тимерманс рече дека „ЕУ дојде овде за да се договори силен јазик и ние сме разочарани што не го постигнавме тоа“. Создавањето на фондот беше „важен“ чекор за обнова на довербата со ранливите земји, рече претседателката на еколошки тинк-тенк World Resources Institute, Ани Дасгупта. – Во историскиот пробив, богатите нации конечно се согласија да создадат фонд за помош на ранливите земји кои се борат со разорните климатски штети, рече Дасгупта. – Овој фонд за загуби и штети ќе биде спас за сиромашните семејства чии куќи се уништени, земјоделците чии полиња се уништени и жителите на островите принудени да ги напуштат домовите на своите предци, додаде таа. Земјите во развој долго време вршат притисок за создавање финансиски механизам за справување со штетите предизвикани од климата во земјите со низок приход. Одлуката за формирање на фондот е „обележје“, според Climate Action Network (CAN), групација на невладини организации. – Ова е прв чекор во процесот за отстранување на системската неправда кон милијарди луѓе, особено во глобалниот југ, кои се најмалку одговорни, но се во првите редови на климатската криза, се вели во соопштението на КАН. Во завршната декларација, речиси 200 земји ја потврдија претходната одлука за постепено исфрлање на јагленот, фосилно гориво кое и штети на климата. Меѓутоа, во документот не се споменува нафта и гас. Пропустот доаѓа и покрај повиците од неколку земји и активисти за заштита на животната средина за постепено укинување на употребата на сите фосилни горива кои произведуваат големи количини на јаглерод диоксид што ја задржува топлината. Употребата на фосилни горива беше причина за големи несогласувања на двонеделната конференција. Состанокот требаше да заврши во петокот, но беше продолжен до денеска поради големите разлики за главните прашања. Разговорите предводени од ОН се одржаа во услови на геополитички тензии и повеќекратни глобални кризи. Настанот се случи и во време на големи климатски катастрофи во неколку делови на светот. Обединетите Арапски Емирати ќе бидат домаќини на КОП28 следната година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-kop27-konechno-dogovoren-dolgo-baraniot-fond-za-kompenzacija/feed/ 0
Шукри: Самитот за климата КОП27 во Шарм ел Шеик продолжен за еден ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shukri-samitot-za-klimata-kop27-vo-sharm-el-sheik-prodolzen-za-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shukri-samitot-za-klimata-kop27-vo-sharm-el-sheik-prodolzen-za-eden-den/#respond Fri, 18 Nov 2022 17:56:12 +0000 https://kurir.mk/?p=763121

Глобалната климатска конференција КОП27 (COP27) во Египет е продолжена до утре со цел да се решат несогласувањата за клучните прашања, јави ДПА. Двонеделната конференција за климата, позната како КОП27, требаше да заврши денеска во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик, но египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, претседавач со конференцијата, кажа дека таа ќе биде продолжена за да се овозможи повеќе време за разговори во услови на поделби меѓу преговарачите собрани во градот на Црвеното Море. -Денеска мораме повторно да ја смениме брзината. Времето не е на наша страна, рече Шукри. „Останувам посветен конференцијата да заврши утре “, додаде тој. Шукри кажа и дека „глобалната заедница бара од нас да бидеме храбри и амбициозни“. -Ни претстои многу работа. Затоа, брзо да се вратиме на проблемите, додаде тој. Трнливото прашање во фокусот на разговорите предводени од ОН е плаќањето на компензација за штетата предизвикана од климатските промени во посиромашните земји. Делегатите на конференцијата веќе се согласија за првпат на дневен ред да се стави и ова прашање, познато како финансирање загуби и штети. Земјите во развој долго време бараат создавање на финансиски механизам за компензација на климатските штети во земјите со ниски приходи. Европската унија ја сигнализираше својата подготвеност за компромиси за финансирањето на ранливите земји. -Формирањето фонд за климатски штети не е преферирана опција за ЕУ, но тоа е чекор кон исполнување на барањата на земјите во развој, изјави денеска највисокиот функционер за климата во Унијата, Франс Тимерманс. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shukri-samitot-za-klimata-kop27-vo-sharm-el-sheik-prodolzen-za-eden-den/feed/ 0
КОП27: Венецуела и Колумбија одлучни да ја спасат амазонската прашума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop27-venecuela-i-kolumbija-odluchni-da-ja-spasat-amazonskata-prashuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop27-venecuela-i-kolumbija-odluchni-da-ja-spasat-amazonskata-prashuma/#respond Wed, 09 Nov 2022 10:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=757874

Претседателите на Колумбија и Венецуела, Густаво Петро и Николас Мадуро на климатскиот самит КОП27 (COP27) повикаа на формирање сојуз за заштита на Амазонија, најголемата тропска шума на планетата, јави агенцијата Анадолија. – Одлучни сме да ја преродиме амазонската прашума како би му пружеле на човештвото важна победа во борбата против климатските промени, истакна Петро на климатскиот самит на Обединетите Нации, што се одржува во Шарм ел-Шеик во Египет. Мадуро посочи дека е потребно итно дејствување. – Ние во Јужна Америка имаме одговорност, а тоа е да го запреме уништувањето на Амазонија и да воспоставиме координиран процес на закрепнување, подвлече Мадуро. Петро истакна дека неговата земја ќе издвојува 200 милиони долари годишно во наредните две децении, за да се паси Амазонија и апелираше на солидарност на мултилатералните организации и големите држави во светот. Единствените латиноамерикански лидери кои присуствуваат на самитот КОП27 се Мадуро и Петро. Амазонската прашума или Амазонија зазема околу една третина од Јужна Америка околу реката Амазон. Воедно, станува збор и за областа со најголема биолошка разновидност во светот. Површината на прашумата се протега низ девет држави, а најголем дел, околу 60 отсто е во Бразил. Поради неконтролирана сеча доаѓа до проблеми како што се ерозија, поплави и климатски промени и се уништува живеалиштето на многу растенија и животни. Самитот КОП27 се одржува од 6 до 18 ноември. На него присуствуваат повеќе од 100 лидери и шефови на држави и разговараат за начини за намалување на негативните влијанија на климатските промени и за прилагодување на нивните последици. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop27-venecuela-i-kolumbija-odluchni-da-ja-spasat-amazonskata-prashuma/feed/ 0
КОП27: Формирана група за контрола на исполнувањето на ветувањата за запирање на уништувањето на шумите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop27-formirana-grupa-za-kontrola-na-ispolnuvanjeto-na-vetuvanjata-za-zapiranje-na-unishtuvanjeto-na-shumite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop27-formirana-grupa-za-kontrola-na-ispolnuvanjeto-na-vetuvanjata-za-zapiranje-na-unishtuvanjeto-na-shumite/#respond Mon, 07 Nov 2022 16:03:31 +0000 https://kurir.mk/?p=757001

Повеќе од 25 земји на климатскиот состанок КОП27 во Египет формираа група во рамките на која меѓусебно ќе се надгледуваат дали го почитуваат ветувањето дека ќе го запрат уништувањето на шумите во 2030 година, а истовремено најавија и милијарди долари помош за спас на шумите. Првиот состанок на новото партнерство со кое претседаваат Гана и САД се одржа една година откако повеќе од 140 светски лидери во Глазгов ветија дека ќе стават крај на уништувањето на шумите до крајот на деценијата. Оттогаш, има мал напредок бидејќи само неколку земји воведоа построги контроли на уништувањето на шумите. Во новата група спаѓаат Јапонија, Пакистан, Република Конго, Обединетото Кралство и други земји кои заедно сочинуваат 35 отсто од шумите во светот. Тие планираат да се состануваат двапати годишно. Бразил и Демократска Република Конго, не се приклучија на групата. – Ова партнерство е клучен следен чекор за колективно исполнување на тоа ветување и помагање да се одржи целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени, истакна Британецот, Алок Шарма, претседател на минатогодишниот КОП во Глазгов. Групата соопшти дека досега се исплатени околу 22 отсто од 12 милијарди американски долари јавни пари ветени за шуми до 2025 година, одобрени во Шкотска. Германија оваа година соопшти дека ќе го удвои своето финансирање на шумите на две милијарди евра во 2025 година. Приватните компании најавија дополнително финансирање од 3,6 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kop27-formirana-grupa-za-kontrola-na-ispolnuvanjeto-na-vetuvanjata-za-zapiranje-na-unishtuvanjeto-na-shumite/feed/ 0