Копаница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 11:33:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Копаница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсен жител на скопска Копаница, кај него бил пронајден пиштолот со кој негов роднина извршил убиство во Струмица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-skopska-kopanitsa-kaj-nego-bil-pronajden-pishtolot-so-koj-negov-rodnina-izvrshil-ubistvo-vo-strumitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-skopska-kopanitsa-kaj-nego-bil-pronajden-pishtolot-so-koj-negov-rodnina-izvrshil-ubistvo-vo-strumitsa/#respond Thu, 26 Jan 2023 11:32:17 +0000 https://kurir.mk/?p=792251

На 25.01.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, од Секторот за насилен криминал и од Единицата за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје бил лишен од слобода И.Б.(57) од с.Копаница, скопско. Имено, по претходно добиена судска наредба за претрес од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршиле претрес во домот на И.Б., при што пронашле еден пиштол „Стаер“ со две соодветни рамки и 61 куршуми калибар 9 мм. Од спроведената истрага утврдено е дека пиштолот потекнува од кражба извршена на 20.01.2023 во домот на М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.(25) од Струмица, кој на 23.01.2023 е лишен од слобода поради нејзино убиство и веќе издржува мерка притвор од 30 дена. Воедно, во координација со Управата за извршување на санкции вчера во вечерните часови извршен е претрес и во КПУ Идризово каде се пронајдени дополнителни докази во врска со извршеното кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Од страна на СВР Скопје по комплетно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик до надлежното ОЈО Скопје.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapsen-zhitel-na-skopska-kopanitsa-kaj-nego-bil-pronajden-pishtolot-so-koj-negov-rodnina-izvrshil-ubistvo-vo-strumitsa/feed/ 0
Се изгласа проектот за систем за водоснабдување во Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-izglasa-proektot-za-sistem-za-vodosnabduvanje-vo-rashche-kopanica-bojane-bukovikj-i-laskarci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-izglasa-proektot-za-sistem-za-vodosnabduvanje-vo-rashche-kopanica-bojane-bukovikj-i-laskarci/#respond Wed, 31 Aug 2022 14:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=726814

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество за изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето во селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци во општината Сарај. Решавањето на деценискиот проблем со водоснабдувањето во населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци е меѓу приоритетните проекти што ги најави градоначалничката Арсовска на прес-конференцијата одржана пред една недела, а на кои во наредниот период ќе се посвети Градот Скопје. - Сегашната состојба на системот за водоснабдување на селата Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци не ги задоволува основните потреби на жителите на овие населени места за снабдување со вода за пиење. Ова е горлив проблем со кој локалните жители секојдневно се соочени и затоа заедно во соработка со Општина Сарај, пристапуваме кон решавање на овој децениски предизвик. Со цел да се надмине сегашната состојба и да се овозможат поквалитетни услови за живеење, Град Скопје и Општина Сарај пристапуваат кон изработка на урбанистичко планска документација за подобрување на водоснабдувањето, според која се планира да се отпочне со изградба на нов систем за водоснабдување – објасни градоначалничката Арсовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-izglasa-proektot-za-sistem-za-vodosnabduvanje-vo-rashche-kopanica-bojane-bukovikj-i-laskarci/feed/ 0