копање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Sep 2022 13:25:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png копање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија со закон ќе го забрани копањето криптовалути?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-so-zakon-kje-go-zabrani-kopanjeto-kriptovaluti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-so-zakon-kje-go-zabrani-kopanjeto-kriptovaluti/#respond Wed, 07 Sep 2022 13:25:23 +0000 https://kurir.mk/?p=729961

Да не се копаат криптовалути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна, апелираше денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност. Тој рече дека Владата размислува со закон да го забрани копањето криптовалути. „За тоа ќе треба законско решение да се донесе. Се додека не се донесе, мора да се оди со апел, а доколку се работи за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови. Во овој период не треба да се прави поради недостигот на електрична енергија. Јас сум во комуникација со систе соседни држави, меѓутоа секој има свои специфики. Косово е во најтешка ситуација. Таму веќе има рестрикции и сите во нашите можности помагаме колку што можеме, бидејќи на крајот на денот соседите се тие кои што први треба да си помагаат“, рече Ковачевски. Пред осум месеци, косовската влада го забрани копањето на криптовалути за да ја намали потрошувачката на електрична енергија во време кога земјата се соочува со енергетска криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-so-zakon-kje-go-zabrani-kopanjeto-kriptovaluti/feed/ 0
Копањето КРИПТОВАЛУТИ стана уште полошо за животната средина, Кина е виновна за тоа?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kopanjeto-kriptovaluti-stana-ushte-polosho-za-zivotnata-sredina-kina-e-vinovna-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kopanjeto-kriptovaluti-stana-ushte-polosho-za-zivotnata-sredina-kina-e-vinovna-za-toa/#respond Thu, 03 Mar 2022 09:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=639988

Копањето криптовалути со помош на обновлива енергија падна од 41,6 отсто во 2020 година на 25,1 отсто во август минатата година бидејќи копачите престанаа да користат кинеска хидроцентрала и се преселија во САД, каде што гасот обезбедува голем дел од нивната енергија. Истражувачите проценуваат дека копањето на најголемата криптовалута стана многу повалкано и испушта приближно исто количество CO2 годишно како земја со големина на Грција. - Гледаме дека мрежата станува помалку зелена од кога било досега - вели Алекс де Врис, еден од авторите на рецензираната студија објавена во списанието „Џоул“. Индустриските групи беа пооптимистички настроени за употребата на обновливите извори на енергија. Претходно Советот за копање биткоини процени дека одржливиот спој на електрична енергија на глобалната индустрија порасна на приближно 58,5 отсто. Копачите на биткоини ќе се обидат да се преселат на места каде што има евтина електрична енергија со цел да го максимираат својот профит. Специјализираните компјутери кои ги потврдуваат крипто-трансакциите трошат големо количество електрична енергија. Во минатото копачите на биткоини во Кина се преселувале од провинции со евтина електрична енергија произведена од фосилни горива до оние со изобилство на хидроенергија. Но, по забраните во клучните провинции, копањето беше повеќе или помалку елиминирано во Кина до јуни 2021 година. Копачите се преселија во земји како САД и Казахстан. Истражувачите велат дека ова е причината зошто биткоинот станал помалку еколошки. Преселбата во САД го зголеми процентот на користени фосилни горива, особено природен гас. - Американската мрежа има само мал дел од целиот нејзин систем кој се добива од обновливи извори на енергија - вели Де Врис. Тој додаде дека многу од државите популарни кај копачите на криптовалути, како Тексас, Кентаки и Џорџија, имаат полоши резултати од националниот просек во однос на количината на енергија генерирана од обновливи извори. Кога станува збор за Казахстан, во оваа земја има електрани на јаглен кои се поголеми загадувачи од нивните кинески колеги. Истражувањето покажува дека копањето биткоини произведува повеќе од 65,4 мегатони јаглероден диоксид годишно. За споредба, Грција произведе 56,6 мегатони јаглероден диоксид во 2019 година. - Јаглеродниот отпечаток по една трансакција со биткоин ќе биде околу 669 килограми јаглерод диоксид - вели Де Врис. Тој и неговите колеги велат дека нивното истражување ја нагласува потребата крипто-индустријата да ги забрза напорите за декарбонизација. Крипто-климатскиот договор е една таква иницијатива. Но, како што велат авторите, брзо решение за јаглеродниот отпечаток на биткоинот не е на повидок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kopanjeto-kriptovaluti-stana-ushte-polosho-za-zivotnata-sredina-kina-e-vinovna-za-toa/feed/ 0
Криптовалути копаат и поповите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kriptovaluti-kopaat-i-popovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kriptovaluti-kopaat-i-popovite/#respond Thu, 20 Jan 2022 19:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=621454

Се поголем е интересот за копање и тргување со криптовалути во Босна и Херцеговина. Според „Независне новине“, преед компјутерите се повеќе се седнати попови, наставници и пензионери. Но, според експертите, оваа заинтересираност не е од скоро, туку трае веќе пет –шест години. Во БиХ не постои законска регулатива што ја дефинира оваа област, но тоа не значи дека трговијата со оваа валута не подлежи на други законски прописи. Во Босна и Херцеговина има неколку фирми кои сериозно се занимаваат со копање на криптовалути, но на свестко ниво тие не влегуваат во некој голем рејтинг. Според екпертите, пазарот на Босна е мал, па и покрај заинтересираноста, тоа е мала трговија, каде луѓето имаат најмногу две машини за рударење, а тие трошат колку мала кварцна греалица и луѓето се греат на овие машини во текот на зимата. Во Македонија во тек е законска легислатива за криптовалутите што беше ставено во програмата на новата влада. Инаку, во државава беа откриени многу кражби на струја која била користена за копање на криптовалути. Најпознат беше примерот со ГТЦ каде синовите на Амбди Бајрам имаа поставено машини за криптовалути, но полицијата не преземаа ништо бидејќи тие тврдеа дека струјата не била крадена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kriptovaluti-kopaat-i-popovite/feed/ 0
Прв дел: Владини функционери и криптовалути! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-del-vladini-funkcioneri-i-kriptovaluti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-del-vladini-funkcioneri-i-kriptovaluti/#respond Tue, 29 Jun 2021 11:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=529337

„Биткоин“, „Етериум“... се само мал дел од криптовалутите кои во моментов се светски тренд, но и брза и лесна заработувачка, со мало вложување. Овој светски тренд не ги одмина ниту македонските граѓани, кој во оваа прилика видоа начин да заработат, но и да се збогатат. Во светот Кина важи за владетел. Повеќе од 66 проценти, таканаречените фарми за копање на криптовалути се наоѓаат во Кина, „Биткоинот“ е главна криптовалута, но Кинезите копаат и останати. Пред неколку месеци, кинеската држава воведе забрана за вршење на оваа дејност, поради како што рекоа, преоптереност на електричната мрежа. Ако го земеме периодот пред септември минатата година, ќе видиме драстична промена и на цените на графичките картици, ако една графичка картица тогаш чинеше 300 евра, од септември минатата година до денес ќе забележиме драстичен скок, па така истата денес чини меѓу 1300 и 1500 евра. Но не секоја графичка може да ви користи за копање на криптовалути. Имено, се користат графички карти кои се над  6 gb, па зависно од ова се регулира и цената. Во Македонија графички карти нема ни за лек. Доколку појдете во некој продажен центар кој продава IT опрема и побарате да купите повеќе од една графичка картица тоа нема да ви биде дозволено. Едноставно можете да купите само една, но и таа ќе мора да ја комбинирате со купување на компјутер кој ви ве чинел над 70.000 денари. Па така, доколку купите компјутер од 70.000 денари и појака графичка би ве чинело повеќе од 120.000 денари, а една графичка картица не ви врши работа доколку сакате да се занимавате со копање на криптовалути. Според статистиките, за да почнете да се занимавате со овој бизнис, би ви требале најмалку четири графички карти, а истите би ве чинеле околу 4.000 евра. Проценките и досегашните статистики велат дека инвестицијата која ќе ја направите, би ја вратиле најмалку за 7 месеци, ако се оди како што треба. Во скопските населби Чаир, Ченто и Шуто Оризари, како и во Тетово и Арачиново, забележана е зголемена потрошувачка на електрична енергија што укажува дека се работи за „копање“ криптовалути. Компјутерите од последна генерација наменети за копање на криптовалути трошат многу електрична енергија и сериозно ја оптоваруваат мрежата, а од ЕВН велат дека потрошувачката особено скокнала пролетва. „Едно домаќинство, ако има потреба од одредена потрошувачка, доколку инсталира компјутери што копаат криптовалути, тоа значи дека може да потроши енергија за 20 или за 30 домаќинства, што го нарушува напојувањето на сите соседни корисници на таа напојна точка“, вели Ленче Карпузовска, менаџерка на Оддел за комуникации во ЕВН. Има и диви приклучувања кон електричната мрежа со цел е да се избегнат високите сметки. „Прават паралелни диви приклучоци, со паралелни кабли со многу поголеми пресеци и така ја крадат и дистрибуција и ја нарушуваат целата околина. Штета трпиме сите, и компанијата и граѓаните. Дополнително можат да настанат проблеми и од типот на пожар или да се запали инсталација што не е соодветна за таа потрошувачка“, додава Карпузовска. Но ова не е СЕ Во Старата скопска чаршија има и менувачница за овој вид на бизнис, па така доколку почнете да се занимавате со овој бизнис криптовалутите може да ги уновчите овде. Според кажувањата на луѓе кои се занимаваат со овој бизнис, во оваа менувачница можете од еднаш да добиете и до 2.5 милиони евра. „Бонбона бизнис“ Бонбона бизнис за оние кои имаат многу пари, политичарите. Ќе прашате зошто „Бонбона бизнис“? Одговорот е едноставен! Овие валути не се контролирани од никого, нивниот траг е невозможно да го следите. Доколку го следиме случајот на српскиот мафијаш Вељко Беливук, познат како Веља Невоља ќе видиме дека српската полиција има сознанија, но не може да стигне до 10 милиони евра кои српскиот мафијаш ги има во криптовалути. Па оттука можеме да заклучиме дека политичарите во светот, но и во Македонија во ова гледаат „Бонбона бизнис“. Дали македонските политичари копаат криптовалути? Ќе прочитате во вториот дел...     Р.З.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-del-vladini-funkcioneri-i-kriptovaluti/feed/ 0
ВИДЕО: Копањето на Водно продолжи на државен празник https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-kopanjeto-na-vodno-prodolzi-na-drzaven-praznik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-kopanjeto-na-vodno-prodolzi-na-drzaven-praznik/#respond Thu, 11 Oct 2018 16:09:08 +0000 https://kurir.mk/?p=113789

Иако беа запрени со привремена одлука поради нерегуларности поврзани со обележување на теренот каде се копа, но и поради дозволите кои АД Македонски енергетски ресурси (МЕР) требаше да ги обезбеди, градежните активности на Водно продолжија и денеска, пишува Република. Планинар кој случајно минувал низ парк-шумата Водно ги известил активистите од иницијативата „Го сакам Водно“ и кажал дека се ископани околу 500 метри. Оттаму истакнуваат дека се особено револтирани поради одлуката да се продолжи со копање, посебно за време на државен празник. Забелешките, кои претходно се дадени до надлежните институции сѐ уште не се отстранети, тврдат од иницијативата, бидејќи, просторот каде се вршат градежни работи се уште не е обележан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/video-kopanjeto-na-vodno-prodolzi-na-drzaven-praznik/feed/ 0