копенхаген – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Jul 2022 11:41:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png копенхаген – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фредериксен за нападот во Копенхаген: Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-za-napadot-vo-kopenhagen-nashiot-ubav-i-inaku-bezbeden-glaven-grad-beshe-promenet-vo-del-od-sekundata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-za-napadot-vo-kopenhagen-nashiot-ubav-i-inaku-bezbeden-glaven-grad-beshe-promenet-vo-del-od-sekundata/#respond Mon, 04 Jul 2022 11:41:31 +0000 https://kurir.mk/?p=699666

Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди пукањето во трговскиот центар во Копенхаген, нарекувајќи го „ужасен напад“, јави ДПА. Таа ја повика јавноста да застане заедно и луѓето да си понудат поддршка едни на други. -Сите ние бевме брутално растргнати од светлото лето што штотуку започна. Неразбирливо е. Срцепарателно. Бесмислено. Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата, изјави премиерката. Фредериксен им се заблагодари на полицијата, спасувачите и на сите други кои помогнаа за нивните напори. Три лица беа убиени а три други се во критична состојба по вчерашниот напад. Уапсен беше 22-годишен Данец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-za-napadot-vo-kopenhagen-nashiot-ubav-i-inaku-bezbeden-glaven-grad-beshe-promenet-vo-del-od-sekundata/feed/ 0
Три жртви и тројца во критична состојба по пукањето во трговскиот центар во Копенхаген https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-zrtvi-i-trojca-vo-kritichna-sostojba-po-pukanjeto-vo-trgovskiot-centar-vo-kopenhagen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-zrtvi-i-trojca-vo-kritichna-sostojba-po-pukanjeto-vo-trgovskiot-centar-vo-kopenhagen/#respond Mon, 04 Jul 2022 06:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=699395

Загинаа три лица при вчерашното пукање во трговскиот центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Убиени се двајца млади, чија возраст не е прецизно наведена, како и машко лице во своите четириесетти години. Има повеќе повредени, од кои тројца се во критична состојба. Осомничениот, 22-годишен Данец, кој при апсењето не пружеше отпор, на полицијата ѝ е познат, но, „само површно“, појасни главниот инспектор на полицијата во Копенхаген, Сорен Томасен. Неговите мотиви за нападот сè уште не се целосно јасни. Сведоци тврдат дека осомничениот се обидел да ги намами жртвите да му се приближат, велејќи им оти неговото оружје не е вистинско. – Беше доволно психопат за да лови луѓе, но, не трчаше, сведочеше очевидец за телевизијата ДР. Во трговскиот центар имаше голем број луѓе, бидејќи во близина требаше да се одржи концерт на британската ѕвезда Хари Стајлс, што подоцна беше откажан. „Јас и мојот персонал се молиме за сите настрадани во трговскиот центар во Копенхаген. Згрозен сум“, напиша Стајлс на Снепчет. Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди „суровиот напад“ во трговскиот центар, каде биле „возрасни, млади и деца“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-zrtvi-i-trojca-vo-kritichna-sostojba-po-pukanjeto-vo-trgovskiot-centar-vo-kopenhagen/feed/ 0
Неколку застрелани во трговски центар во Копенхаген https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-zastrelani-vo-trgovski-centar-vo-kopenhagen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-zastrelani-vo-trgovski-centar-vo-kopenhagen/#respond Sun, 03 Jul 2022 19:14:48 +0000 https://kurir.mk/?p=699345

Неколку лица се застрелани, а едно е уапсено денеска во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција. Полицијата на Твитер објави дека пристигнала во трговскиот центар „Филдс“ по пријави за пукање. Таа ги советувала оние кои се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата. Локалните медиуми објавија фотографии од вооружени полицајци на местото на настанот, како и луѓе кои бегаат од центарот. Британскиот пејач Хари Стајлс треба да одржи концерт во блиската сала во 20 часот по локално време. Организаторот на концертот се уште не одговорил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nekolku-zastrelani-vo-trgovski-centar-vo-kopenhagen/feed/ 0
Копенхаген е најбезбедниот град во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kopenhagen-e-najbezbedniot-grad-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kopenhagen-e-najbezbedniot-grad-vo-svetot/#respond Sun, 19 Sep 2021 08:10:57 +0000 https://kurir.mk/?p=565378

Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од лондонската Economist Inteligence Unit (ЕИУ), која рангира 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, што е нова категорија воведена годинава. Главниот град на Данска за првпат е прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100. -Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија, изјави градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс. „Копенхаген, исто така, се карактеризира со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството. Тоа е мешан град, каде и асистентот за чистење и директорот се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште “. Канадскиот град Торонто го освои второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени. Иако Сиднеј заврши на четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град е на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му се доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место. Амстердам од Холандија е шести, додека Велингтон од Нов Зеланд е на седмо место. Мелбурн е на осмото место, додека шведската престолнина Стокхолм е на десетто место. На дното на листата се нигериски Лагос, египетски Каиро, венецуелски Каракас, пакистански Карачи и Јангон во Мјанмар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kopenhagen-e-najbezbedniot-grad-vo-svetot/feed/ 0
„Монокл“: Копенхаген е најубав град за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/monokl-kopenhagen-e-najubav-grad-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/monokl-kopenhagen-e-najubav-grad-za-2021-godina/#respond Thu, 24 Jun 2021 08:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=527359

Списанието „Монокл“ го прогласи главниот град на Данска, Копенхаген – за најубав град за живеење за оваа година. Пандемијата на Ковид-19, се вели, ги направи дискусиите за зелениот простор, подоброто домување и привлекувањето нови таленти – поважни од кога било. – Копенхаген е еден од оние градови каде што постои вистинска амбиција да се обезбеди подобар квалитет на живот за сите. Стремежите за создавање почиста околина се најдобри тука, а градот ги бележи придобивките од повеќегодишните урбани инвестиции, вели главниот уредник на „Монокл“, Ендрју Так. По Копенхаген, следат Цирих, Хелсинки, Стокхолм, Токио, Виена, Лисабон, Оукланд, Тајпеј, Сиднеј, Сеул, Ванкувер, Минхен, Берлин, Амстердам, Мадрид, Мелбурн, Кјото, Бризбејн и Лос Анџелес. Ова се градовите кои ја искористија изминатава година, како што се наведува, за подобро да ги изградат своите улици, просторот за живеење, стопанството, културната сцена… Истражувањето и рангирањето на „Монокл“ е објавено во изданието за јули/август 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/monokl-kopenhagen-e-najubav-grad-za-2021-godina/feed/ 0
Градоначалникот на Копенхаген поднесе оставка поради обвинувања за сексуално вознемирување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-kopenhagen-podnese-ostavka-poradi-obvinuvanja-za-seksualno-voznemiruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-kopenhagen-podnese-ostavka-poradi-obvinuvanja-za-seksualno-voznemiruvanje/#respond Mon, 19 Oct 2020 14:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=418189

Градоначалникот на Копенхаген, Франк Јенсен, кој го обвинуваат за сексуално вознемирување, денеска си поднесе оставка од функцијата како и од местото потпретседател на владејачката Социјалдемократска партија. Јенсен (59) претходно им се извини на две жени кои го обвинија дека ги „допрел на несоодветен начин“ во 2012 и во 2017 година, но тогаш тврдеше дека не планира да се повлече од функцијата. Претставничка на огранокот на младите во Социјадемократската партија вчера изјави дека уште осум лица пријавиле дека градоначалникот или ги вознемирувал или биле сведоци на вознемирување. Јенсен,кој е градоначалник на Копенхаген од 2010 година, за време на викендот доби поддршка од својата партија, но денеска сепак поднесе оставка. – Тоа ќе фрли сенка на целата политичка рабоѕта, што сакам да ја работам и затоа одлучив да поднесам оставка од местото градоначалник… Со тоа и давам доволно време на мојата партија да најде моја замена пред следните локални избори, истакна Јенсен. Тој исто така поднесе оставка од потпретседателското место во Социјалдемократската партија, на кое беше од 2015 година. Премиерката на Данска од Социјадемократската партија, Мете Фредриксен денеска „повика на промена на менталитетот“. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradonachalnikot-na-kopenhagen-podnese-ostavka-poradi-obvinuvanja-za-seksualno-voznemiruvanje/feed/ 0
Копенхаген сака да забрани продажба на алкохол по 20 часот во зоните на ноќен живот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kopenhagen-saka-da-zabrani-prodazba-na-alkohol-po-20-chasot-vo-zonite-na-nokjen-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kopenhagen-saka-da-zabrani-prodazba-na-alkohol-po-20-chasot-vo-zonite-na-nokjen-zivot/#respond Tue, 15 Sep 2020 10:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=403439

Градоначалникот на Копенхаген Франк Јенсен денеска предложи забрана за продажба на алкохол по 20 часот во деловите на градот каде се одвива ноќниот живот, а таа одлука не е поврзана со пандемијата на коронавирусот, туку со насилство. Јенсен преку соопштение наведува проблеми во одредени делови на Копенхаген, особено во центарот на градот, како што се „зголемена бучава, пијани луѓе на улиците и неприфатливи епизоди на насилство“. Тој предлага забрана за продажба на алкохол по 20 часот во делови од градот каде се одвива ноќниот живот, потсетувајќи дека до 2005 година, продажбата на пијалоци со повеќе од 2,8 проценти алкохол беше забранета помеѓу 20 и 6 часот наутро. Според овој предлог, сè уште би било можно да се продава и консумира алкохол во барови и ресторани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kopenhagen-saka-da-zabrani-prodazba-na-alkohol-po-20-chasot-vo-zonite-na-nokjen-zivot/feed/ 0
Помпео в понеделник во посета на Лондон и Копенхаген https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-v-ponedelnik-vo-poseta-na-london-i-kopenhagen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-v-ponedelnik-vo-poseta-na-london-i-kopenhagen/#respond Wed, 15 Jul 2020 14:50:11 +0000 https://kurir.mk/?p=376420

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека ќе ги посети Велика Британија и Данска следната недела, неколку дена откако Лондон најави забрана за кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“. – Заминувам в понеделник во Велика Британија и Данска и сигурен сум дека кинеската Комунистичка партија и нејзината закана за слободните народи ширум светот ќе бидат високо на врвот на агендата на разговори, изјави Помпео на прес-конференција. Британската Влада се откажа од своите планови да и даде на „Хуавеј“ ограничена улога во новата брза мобилна мрежа. Властите во Лондон соопшти дека воведуваат забраната по санкциите на САД со кои се оневозможува гаранција за безбедност на опремата на „Хуавеј“.Одлуката им дава време на британските телекомуникациски оператори до 2027 година да ја отстранат опремата на „Хуавеј“, која веќе е во британската мрежа 5Г. Операторите мора да престанат да купуваат 5Г опрема од 5Г од „Хуавеј“ до крајот на годината. САД се заканија дека ќе го прекинат договорот за размена на разузнавачки информации со Велика Британија поради загриженост дека опремата на „Хуавеј“ може да и овозможи на кинеската Влада да се инфилтрира во американските мрежи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pompeo-v-ponedelnik-vo-poseta-na-london-i-kopenhagen/feed/ 0
Експлозија во даночната служба во Копенхаген https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-vo-danochnata-sluzba-vo-kopenhagen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-vo-danochnata-sluzba-vo-kopenhagen/#respond Wed, 07 Aug 2019 08:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=227241

Данската полиција ги истражува причините за експлозијата што доцна синоќа ги искрши прозорците и предизвика штети врз фасадата на зградата на даночната служба во Копенхаген, јави ДПА. Експлозијата е напад, но се уште е рано да се каже кој е одговорен, соопшти денеска полицијата „Тоа е загрижувачко и целосно неприфатливо дејствие“, изјави данскиот министер за даноци, Мортен Бедсков, на Твитер. То додаде дека зградата претрпела сериозни оштетувања. Во моментот на експлозијата во неа имало две лица, но и двајцата останале неповредени, соопшти полицијата за локална телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplozija-vo-danochnata-sluzba-vo-kopenhagen/feed/ 0
Еден загинат и четворица повредени во престрелка северно од Копенхаген https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-zaginat-i-chetvorica-povredeni-vo-prestrelka-severno-od-kopenhagen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-zaginat-i-chetvorica-povredeni-vo-prestrelka-severno-od-kopenhagen/#respond Sun, 07 Apr 2019 09:18:41 +0000 https://kurir.mk/?p=183432

Еден човек загина, а четворица се повредени во престрелка што синоќа се случила северно од Копенхаген, соопшти данската полиција. Полицијата претпоставува дека инцидентот бил резултат на конфликт меѓу две локални банди. Локалните властите сè уште го бараат осомничениот или осомничените. Според полицијата, меѓу повредените нема случајни минувачи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-zaginat-i-chetvorica-povredeni-vo-prestrelka-severno-od-kopenhagen/feed/ 0