копнена офанзива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 08:04:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png копнена офанзива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израел ја одложи копнената офанзива во Појасот Газа поради неповолните временски услови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-odlozhi-kopnenata-ofanziva-vo-pojasot-gaza-poradi-nepovolnite-vremenski-uslovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-odlozhi-kopnenata-ofanziva-vo-pojasot-gaza-poradi-nepovolnite-vremenski-uslovi/#respond Sun, 15 Oct 2023 08:04:01 +0000 https://kurir.mk/?p=888958

Израелската армија за неколку дена ја одложи големата копнена инвазија на Појасот Газа под контрола на радикалното палестинско движење поради неповолните временски услови, јави ДПА, повикувајќи се на информации од американските медиуми. Копнената офанзива на Израел требаше да започне овој викенд, најчесто се спомнуваше вчерашната вечер, но беше одложена за неколку дена, делумно поради прогнозите за облачното време, објави „Њујорк Тајмс“. Тоа би им отежнало на пилотите на израелските воени авиони и беспилотни летала да го поддржат од воздух движењето на копнените сили, додаваат медиумите, цитирајќи тројца анонимни високи израелски офицери. Целта на Израел е да го уништи политичкото и военото раководство на радикалното палестинско движење Хамас, кое истрела илјадници ракети на израелска територија, а стотици негови борци упаднаа во неа преку соборени гранични огради во невиден ненадеен напад утрото на 7 октомври. Загинаа 1.300 луѓе. Израел одговори со воздушни напади врз крајбрежната енклава, при што израелската армија досега уби повеќе од 2.200 луѓе, јави ДПА, додавајќи дека зачестиле сигналите за претстојната копнена инвазија. „Њујорк тајмс“ предвидува дека ваквата операција ќе го втурне Израел во граѓанска војна со месеци бидејќи борците на Хамас се кријат во бункери, а мрежата од подземни тунели што им се познати во северниот дел на Појасот Газа е со вкупна должина од стотици километри. Според израелските воени експерти, борците на Хамас постепено ќе креваат во воздух тунели за да ја попречат израелската офанзива додека еврејските воени единици се приближуваат кон палестинските позиции. Освен со пешадија, Израел ќе напредува и со тенкови, додава „Њујорк Тајмс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-ja-odlozhi-kopnenata-ofanziva-vo-pojasot-gaza-poradi-nepovolnite-vremenski-uslovi/feed/ 0
Израел размислува за копнена офанзива на Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-razmisluva-za-kopnena-ofanziva-na-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-razmisluva-za-kopnena-ofanziva-na-pojasot-gaza/#respond Thu, 13 May 2021 09:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=509826

Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц нареди десет резервни единици на погранична патрола да бидат ангажирани за помош на полицијата во спречување на судири во арапско-еврејските градови низ земјата. Во соопштението од кабинетот на Ганц се наведува дека тој нема да дозволи војниците на израелските Одбранбени сили да ги извршуваат полициските обврски во градовите, но на полицијата ќе и биде пружена логистичка помош, пишува „Тајмс оф Израел“. Министерот истакна дека во земјата е вонредна состојба и големи засилувања ќе бидат итно испратени да воведат закон и ред. Генералштабот на израелската армија денеска ќе разгледа одобрување на евентуална копнена офанзива на Појасот Газа, најави портпаролот на војската Хидај Зиберман. Плановите за офанзива, во кои се вклучени дивизиите Газа и Јужна команда, би можеле потоа да бидат проследени на разгледување до израелското политичко раководство. Речиси 100.000 Палестинци се собраа утрово во џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим за да извршат молитва за Рамазан бајрам. Многумина носеле палестински знамиња, а некои и транспаренти на кои се повикува на мир и победа во судирите. Израел истрела ракети кон градот Газа, а движењето Хамас рано изутринава одговори со гранатирање на Тел Авив и Ерусалим. Вкупниот број на загинати од понеделникот, кога ескалираше ситуацијата, достигна 67 лица во Појасот Газа, меѓу кои има и 16 деца, и седум жртви во Израел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-razmisluva-za-kopnena-ofanziva-na-pojasot-gaza/feed/ 0