копнени граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Jul 2021 09:08:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png копнени граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еве колку отсто од тестираните се позитивни на копнените граници во Грција – оваа бројка мораат да ја имаат на ум сите кои планираат одмор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eve-kolku-otsto-od-testiranite-se-pozitivni-na-kopnenite-granici-vo-grcija-ovaa-brojka-moraat-da-ja-imaat-na-um-site-koi-planiraat-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eve-kolku-otsto-od-testiranite-se-pozitivni-na-kopnenite-granici-vo-grcija-ovaa-brojka-moraat-da-ja-imaat-na-um-site-koi-planiraat-odmor/#respond Wed, 14 Jul 2021 09:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=536545

Нашата земја не е во опасност од туризмот, нема зголемување на новите случај поради отворањето на границите, истакна министерот за туризам на Грција Харис Теохарис говорејќи на конференција организирана од Комората на хотелиери на Грција и министерството за туризам, јави дописничката на МИА од Атина. Теохарис ги претстави и податоците, односно резултатите од случајните тестирањата на сите влезни точки во земјата во првите десет дена од јули. Од 105.609 направени тестови, позитивни биле само 74, односно 0,07 отсто од тестираните. -На копнените граници констатиравме уште понизок индекс на позитивност, 0,01 отсто, на пристаништата 0,07 проценти и на аеродромите 0,09 отсто. Мислам дека е очекувано, знаевме и претходно, а веќе се докажува и со податоците, дека туристите од земји како што е САД на пример, со висок број на вакцинирани имаат и најмал број позитивни случаи, рече Теохарис и објасни дека просечната возраст на оние кои биле позитивни на сите влезни точки во земјата е 35,9 години, а 58 отсто се мажи и 42 проценти жени. Министерот за туризам на Грција истакна дека овие податоци се особено важни и за хотелиерскиот сектор, со оглед на тоа дека покажуваат дека „зголемувањето на случаите на Ковид-19 во Грција не е поврзано со туризмот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eve-kolku-otsto-od-testiranite-se-pozitivni-na-kopnenite-granici-vo-grcija-ovaa-brojka-moraat-da-ja-imaat-na-um-site-koi-planiraat-odmor/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Грција ги отвoри сите копнени граници со Македонија, има ново правило со важноста на сертификатот за прележан Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-grcija-gi-otvori-site-kopneni-granici-so-makedonija-ima-novo-pravilo-so-vaznosta-na-sertifikatot-za-prelezan-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-grcija-gi-otvori-site-kopneni-granici-so-makedonija-ima-novo-pravilo-so-vaznosta-na-sertifikatot-za-prelezan-kovid-19/#respond Fri, 02 Jul 2021 07:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=530840

По најавите дека Грција ќе ги отвори сите копнени гранични премини кон соседните земји, официјалната министерска одлука е веќе објавена во Службен весник, па така, од вчера, влезот кај јужниот сосед од Македонија можен е, освен преку Евзони (Богородица) и преку Ники (Меџитлија) и Дојран, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика од претходно, кога преминот Богородица работеше со ограничено работно време, сега, согласно новата одлука, сите гранични премини работат 24 часа. Во одлуката „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е во сила до 8 јули 2021 година, за патување во Грција, задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот. Промени, согласно новата одлука што ја пренесува МИА, има во однос на потврдата за прележан Ковид-19, важноста на документот издаден 30 дена по првиот позитивен резултат е до 180 дена по позитивниот резултат, а не од два до девет месеци како што беше претходно. Нашата земја и понатаму е на листата држави за кои важи исклучокот од забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а освен од Македонија, дозволено е патување и за државјаните од Австралија, Албанија, Босна и Херцеговина, Обединетите Арапски Емирати, САД, Велика Британија, Јапонија, Израел, Канада, Белорусија, Либан, Црна Гора, Бахреин, Нов Зеланд, Јужна Кореа, Катар, Кина, Кувајт, Украина, Руанда, Русија, Саудиска Арабија, Србија, Сингапур и Тајланд. На листата, додадени се и Азербејџан, Ерменија, Јордан, Молдавија, Брунеј и Косово. Од копнените гранични премини, освен трите кон Македонија, отворени се и Промахонас, Орменио, Нимфеа и Ексохи кон Бугарија, Кастањес, Кипи кон Турција и Кристалопиги и Какавја кон Албанија кои работат 24 часа, а единствено Мавромати кон Албанија е со работно време од 8 до 16 часот и дозволен влез на најмногу 250 лица. Согласно министерската одлука, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат две опции и една алтернативна можност, во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување во Грција. Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа и да ги содржи податоците: име и презиме, како што се заведени во пасошот, вид на вакцина и бројот на дози, заедно со датуми кога се примени. Втората можност е со негативен тест. Или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. И за двете опции, тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот. Алтернативно, посетителите на Грција, може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест. Сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до 180 дена по позитивниот резултат. Документот треба да биде од јавна установа или од лаборатории одобрени од државата на потекло, да ги содржи податоците од пасошот и повторно, може да биде на неколку јазици, односно на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Европскиот дигитален Ковид сертификат е уште една алтернативна можност за влез во Грција. Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години. Дополнително, за патување, задолжителен е и електронскиот формулар PLF (Passenger Locator Form), кој треба да биде пополнет преку интернет страницата https://travel.gov.gr пред поаѓањето, по што се добива потврда со QR-код и се смета за неопходен документ за влез во Грција. Сите посетители на Грција, независно од земјата на потекло, може да бидат подложени на тестирања, а селекцијата се врши согласно здравствениот алгоритам и со помош на кодот од PLF формуларот. Доколку бидат тестирани, ќе треба да ги почекаат резултатите. Ако резултатот е позитивен, предвиден е десетдневен, карантин, додека пак ако се работи за лица кои 14 дена претходно ја завршиле вакцинацијата, тогаш задолжителната изолација е седум дена, а на последниот ден од карантинот, потребно е да се направи ПЦР тест. За прекршување на законските мерки и обврски, предвидени се парични казни од 500 и 5.000 евра. За туристите, важат истите правила и рестрикции што важат и за Грците. Првата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, беше објавена на 14 мај годинава, кога по пауза од 14 месеци се отвори граничниот премин Евзони (Богородица) и беше дозволен влез во Грција за македонски државјани, а оттогаш се продолжува секоја седмица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-grcija-gi-otvori-site-kopneni-granici-so-makedonija-ima-novo-pravilo-so-vaznosta-na-sertifikatot-za-prelezan-kovid-19/feed/ 0
Состанок за Ковид-19 на Мицотакис со надлежните министри – копнените граници една од темите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-za-kovid-19-na-micotakis-so-nadleznite-ministri-kopnenite-granici-edna-od-temite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-za-kovid-19-na-micotakis-so-nadleznite-ministri-kopnenite-granici-edna-od-temite/#respond Thu, 30 Jul 2020 12:41:05 +0000 https://kurir.mk/?p=383780

Прашањето поврзано со копнените граници и евентуалното нивно отворање за државјаните на соседните земији е меѓу темите што се разгледуваат на видеоконференцискиот состанокот за Ковид-19 на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со министерот за здравство и неговиот заменик, со заменик-министерот за цивилна заштита, со претседателот на Националната организација за јавно здравје како и шефот на експсертската комисија во Министерството за здравство на Грција. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен бифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на копнените граници, односно дали постои размислување за нивно отворање за државјаните на соседите земји, како и во однос на министерската одлука за привремено ограничување на поврзувањата на Грција со Македонија, Албанија и Турција, која истекува утре, рече дека на состанокот во премиерската палата се разгледуваат и овие прашања. -Ова е елемент што се разгледува во овој момент на состанокот што е во тек и одговор на ова прашање ќе има кога ќе заврши состанокот. Прашањата што се поврзани со административни одлуки преку заеднички министерски одлуки, што се издадени, а истекуваат во следните денови, исто така ќе се оценат, за да се дадат соодветни насоки, за нивно обновување или прекинување, рече Пецас. На 15 јули 2020 година, во Службен весник беше објавена одлуката потпишана од министрите за здравство, за транспорт и инфраструктура и за поморство на Грција, што ден подоцна стапи во сила и важи до утре, а се однесува на Македонија, Албанија и на Турција за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања, како и забрана за влез на грчка територија на лица од конкретните земји. Портпаролот на грчката Влада, одговарајќи на новинарско прашње, рече дека на состанокот, ќе се разгледа и тековната состојба со коронавирусот во земјата, направените тестови, текот на спроведувањето на мерки, контролите за придржување до правилата и сл. Пецас на брифингот уште еднаш потсети дека „ова лето е поинакво“ и ги повика граѓание да избегнуваат гужви, да одржуваат растојание и да се придржуваат до упатствата на експертите. -Ја добивме тешката битка, но не и војната. Ако се опуштиме, ќе го платиме тоа, порача Пецас. Соопшти дека во текот на вчерашниот ден, надлежните органи направиле 1.178 инспекции за почитување на здрвствените протоколи, констатирале прекршувања во 97 случаи и изрекле 110 казни во висина од 26.200 евра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sostanok-za-kovid-19-na-micotakis-so-nadleznite-ministri-kopnenite-granici-edna-od-temite/feed/ 0