Кореи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Aug 2018 07:18:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кореи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За септември договорена нова средба на лидерите на двете Кореи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-septemvri-dogovorena-nova-sredba-na-liderite-na-dvete-korei/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-septemvri-dogovorena-nova-sredba-na-liderite-na-dvete-korei/#respond Mon, 13 Aug 2018 07:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=87167

Високи претставници на Јужна и Северна Кореја денеска на средба во местото Панмунџом во демилитаризираната зона меѓу двете земји, се договорија во септември да се одржи третата по ред средба на јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Двајцата лидери првпат се сретнаа во април годинава, за потоа да одржат и неформални разговори во текот на мај, на кои се договорија да се сретнат одново во текот на престојнава есен. Јужнокорејската делегација на средбата беше предводена од министерот за обединување Чо Мјунг-гјун, а севернокорејската од раководителот на Комисијата за меѓукорејските односи Ри Сон-гвон. Севернокорејскиот претставник денешната средба ја оцени како разговори меѓу многу блиски пријатели, меѓу кои не може да се препречи ништо, додека јужнокорејскиот министер нагласи дека дошол со намера на разговорите да бидат постигнати добри резултати. - Ќе ги сослушаме позициите на Северот за меѓукорејската средба на врвот во текот на оваа есен, за што беше постигнат договор со декларацијата од Панмунџом и ќе ги изнесеме нашите ставови, нагласи Чо пред средбата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-septemvri-dogovorena-nova-sredba-na-liderite-na-dvete-korei/feed/ 0
Сеул: Одлуката на Пјонгјанг да ги откаже преговорите меѓу двете Кореи е за жалење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/seul-odlukata-na-pjongjang-da-gi-otkaze-pregovorite-megju-dvete-korei-e-za-zalenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/seul-odlukata-na-pjongjang-da-gi-otkaze-pregovorite-megju-dvete-korei-e-za-zalenje/#respond Wed, 16 May 2018 06:18:46 +0000 https://kurir.mk/?p=54600

Одлуката на Северна Кореја да ги откаже денешните преговори на министерско ниво меѓу двете Кореи е достојна за жалење, соопшти јужнокорејското Министерство за национално обединување. - Одлуката на Северна Кореја еднострано да ги одложи преговорите на високо ниво меѓу двете Кореи, истакнувајќи ја како причина годишната заедничка воено-воздухопловна вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, е спротивно на духот на Декларацијата од Панминџон и е достојна за жалење, изјави портпаролот на Министерството. Тој ја повика Северна Кореја веднаш да се врати на преговарачка маса. Северна Кореја вчера ги откажа за денеска предвидените разговори на високо ниво меѓу претставници на Северна и Јужна Кореја, поради најавените јужнекоројско-американски воени вежби, јави ДПА. Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, Северна Кореја оценува дека воените вежби претставуваат проба за можна инвазија врз земјата. - Оваа вежба во Јужна Кореја чија цел сме ние, претставува флагрантен предизвик за Декларацијата од Панмунџом и намерна воена провокација насочена против позитивниот политички развој на Корејскиот Полуостров, се наведува во реакцијата на севернокорејските власти. Во текстот натаму се додава дека САД „треба внимателно да размислат за судбината на планираниот Самит меѓу Северна Кореја-САД“, имајќи го предвид „провокативниот воен потег организиран заеднички со јужнокорејските власти". Денешниот состанок меѓу официјалните претставници од Северна и Јужна Кореја требаше да биде продолжение на историскиот самит што се одржа минатиот месец меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/seul-odlukata-na-pjongjang-da-gi-otkaze-pregovorite-megju-dvete-korei-e-za-zalenje/feed/ 0
САД ги поздравуваат разговорите меѓу двете Кореи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-pozdravuvaat-razgovorite-megju-dvete-korei/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-pozdravuvaat-razgovorite-megju-dvete-korei/#respond Wed, 10 Jan 2018 07:09:52 +0000 http://kurir.mk/?p=8569

САД ги поздравија разговорите меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја, односно учеството на Пјонгјанг на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во јужнокорејското одморалиште Пјонгчанг. Стејт Департментот, сепак, предупреди дека американските претставници ќе побараат од Сеул гаранции дека испраќањето делегација од Пјонгјанг на игрите нема да ги наруши наметнатите санкции за Северна Кореја од страна на Советот за безбедност на ОН поради нејзините нуклеарни и балистички тестирања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-gi-pozdravuvaat-razgovorite-megju-dvete-korei/feed/ 0