корекција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 16:53:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png корекција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Корегирана листата на прехранбени производи со повластена стапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koregirana-listata-na-prehranbeni-proizvodi-so-povlastena-stapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koregirana-listata-na-prehranbeni-proizvodi-so-povlastena-stapka/#respond Tue, 10 Oct 2023 16:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=887572

Основните прехранбени производи како урдата, кашкавалот, лутеницата, цвеклото, фефероните, вафлите, наполитанките и црвениот пипер остануваат со повластена стапка од пет проценти, соопшти попладнево Министерството за финансии. Со повластена стапка од пет проценти остануваат и замрзнатото тесто, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, додатоците за исхрана за опаднат имунитет и хербалните чаеви. Од Министерството за финансии информираа дека на денешната владина седница е донесена измена на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, која беше усвоена на 28 септември. Измените ќе почнат да се применуваат од 13 октомври (петок). - Министерството за финансии и Владата во креирањето на политиките и нивната примена се во постојана комуникација со бизнис заедницата и отворени се за сугестии и предлози. Процесот на утврдување на оваа одлука, исто така, се водеше низ транспарентен и инклузивен процес и беше споделена листата со производи кои ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ пред девет месеци, уште во јануари со бизнис заедницата, преку стопанските комори за тие да можат да достават свои предлози. Одлуката се донесе на седница на Владата на 28 септември и стапи во сила на 2 октомври кога започна со примена, но поради утврдените недоследности во примената кај дел од производите се укажа потреба од измена на Одлуката која беше направена во најкус можен рок, се наведува во соопштението. Од Министерството посочуваат дека земјава има најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана се оданочува со повластена стапка на ДДВ. Најголем дел од неа се оданочуваат со најниска повластена стапка од пет проценти, односно примената на најниската повлатена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koregirana-listata-na-prehranbeni-proizvodi-so-povlastena-stapka/feed/ 0
ДИК ги корегираше бројките на избирачи кои гласале и на неважечките ливчиња на изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-koregirashe-brojkite-na-izbirachi-koi-glasale-i-na-nevazechkite-livchinja-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-koregirashe-brojkite-na-izbirachi-koi-glasale-i-na-nevazechkite-livchinja-na-izborite/#respond Sat, 18 Jul 2020 18:50:12 +0000 https://kurir.mk/?p=378193

Државната изборна комисија вечерва објави соопштение на својата веб страница со кое ги корегира резултатите од предвремените Парламентарни избори одржани на 15 јули, објавени на 16 јули. Како што се наведува во денеска објавениот Заклучок за исправка на технички грешки, вкупниот број на избирачи кои гласале изнесува 943.750, што е за 1.416 повеќе од првично објавената бројка, а вкупниот број неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.564 или за 98 повеќе. Во Заклучокот објавен на 16 јули ДИК објави дека вкупниот број избирачи кои гласале изнесува 942.334, а вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња изнесува 31.466. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-koregirashe-brojkite-na-izbirachi-koi-glasale-i-na-nevazechkite-livchinja-na-izborite/feed/ 0