коридор 10 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 13:21:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коридор 10 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинителството отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-otvori-predmet-po-dopren-glas-za-izgradbata-na-avtopatite-na-koridorite-8-i-10d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-otvori-predmet-po-dopren-glas-za-izgradbata-na-avtopatite-na-koridorite-8-i-10d/#respond Tue, 28 Mar 2023 13:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=817356

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. -Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, велат од ОЈОГОК. По објавите во медиумите во однос на компаниите вклучени во конзорциумот ИРД што беше избран за надзор, Антикорупциската комисија најави дека ќе ги провери наводите, а апели до оваа институција како и до Обвинителството за да се истражат сите постапки денеска повторно упати премиерот Димитар Ковачевски. -За сите информации што се од јавен карактер и сите податоци за изборот и на проектантот, и на изведувачот, и на надзорот се јавно достапни во Бирото за јавни набавки. Може да отпочнат какви било постапки, а јас третпат го повикувам и Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија да спроведат постапка за која маат законска надлежност во однос на сите информации кои се достапни. А сите одлуки на Владата ќе бидат доставени со материјалите до Антикорупциската комисија, рече Ковачевски на седницата на пратенички прашања во Собранието. Тој одговори на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на собраниската седница за пратенички прашања кој праша дали треба да се отвори истрага за фирмата за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10д во вредност од 22 милиони евра и зошто е избрана фирма без искуство за надзор која, како што рече, преку ноќ добила лиценца за надзор, како и грант државни пари од ФИТР. Како што рече Ковачевски, вредноста на надзорот е најниска во вкупното учество на изградба на патишта досега. - За коридорот 8 и коридорот 10д, процентот на вредноста за надзор и изградба на патот е 1,69. Значи, од вредноста од една милијарда 300 милиони евра од Договорот за проектирање и изградба за коридорот 8 и коридорот 10д, надзорот е 22,3 милиони евра или 1,69 проценти, што е најниско учество на надзор во вкупен проект на кој било автопат досега во државата, посочи премиерот. За надзорот на коридорите одговараше и вицепремиерот Артан Груби, кој е и претседател на Управувачкиот комитет на Владата за преговорите за изградба на двата коридора. - Цела постапка е запазена и е помината низ сите управни постапки во државата, рече Груби. Според најавите, стартот на проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10 во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра е предвиден за почетокот на следниот месец. Владата минатата недела на седница ја одобри и првата транша во износ од 87 милиони евра од вкупнo 243 милиони евра предвидени за годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-otvori-predmet-po-dopren-glas-za-izgradbata-na-avtopatite-na-koridorite-8-i-10d/feed/ 0
Во среда, се отвора автопатот преку Грделичка клисура кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sreda-se-otvora-avtopatot-preku-grdelichka-klisura-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sreda-se-otvora-avtopatot-preku-grdelichka-klisura-kon-makedonija/#respond Sat, 11 May 2019 11:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=196769

За четири дена, во среда, на 15 мај, ќе биде пуштен во сообраќај јужниот крак на Коридорот 10 кон Македонија и Грција кај Грделичка клисура, со кој времетраењето на патувањето од Скопје од Белград ќе биде скратено на 3 часа. Со отворањето на делницата кај Грделичка клисура, Србија преку Коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од границата на Македонија до границата со Унгарија. На делница преку Грделичка клисура долга 26,3 километри, возачите од Македонија и Србија ќе имаат можност да поминат низ два нови тунела и 33-те конструирани моста. Тунелите Предејане и Манајле се со вкупна должина од 2,8 километри, минирани се ридови заради „скротување“ на природата, „исправнено” е коритото на реката Јужна Морава, а 33-те мостови се со вкупна должина од 5,7 километри. На делницата кај Гредичка клисура вградени се 560.000 тони асфалт, а вкупната должина на сите потпорни конструкции е околу 15 километри. Поради тежината на изградбата, особено на Косината 2, каде што се урна дел од ридот, изведувачите мораа да изградат галерија со 110 бетонски носачи, вградени се 7.000 тони арматура и отстранети се 170.000 кубни метри земја. На Косината 3, на лизгалиштето кое е едно од најсложените на оваа делница, ископани се над 500.000 кубни метри земјиште. Мостот Врла кој е долг 645 метри, воедно е и најдолгиот и највисок мост на јужниот крак на Коридорот 10, чиј највисок столб е висок 62 метра. Коридорот 10 е еден од најважните пан-европски транспортни коридори што поминуваат низ Србија и ги поврзува Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Северна Македонија и Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sreda-se-otvora-avtopatot-preku-grdelichka-klisura-kon-makedonija/feed/ 0
Завршен Коридорот 10 до границата со Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshen-koridorot-10-do-granicata-so-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshen-koridorot-10-do-granicata-so-makedonija/#respond Wed, 08 May 2019 08:47:09 +0000 https://kurir.mk/?p=195415

Грделичката клисура е целосно совладана, јужниот крак на Коридорот 10 кон Македонија и Грција е целосно завршен и во зависност од временските услови во следните десет дена ќе биде официјално отворен за сообраќај, изјави утринава, вицепремиерката на Србија и министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ. Таа, како што соопштија на сајтот на нејзиното министерство, изјави дека на автопатот на Коридорот 10 се чекало најмалку 30 години и дека тој сега е завршен, додавајќи дека следната недела „Србија сака со свечена церемонија да го одбележи отворањето на автопатот и ќе ги покани сите компании и партнери кои учествувале во изградбата, како и од соседните држави.“ Во прашање беше најтешкото градилиште во Европа, на делница од 26,3 км. Имаме 33 мостови, меѓу кои и највисокиот мост Врла и два најдолги тунели – Предејане и Манајле. Голема работа е направена, го поместивме магистралниот пат, отстранивме 600 илјади кубни метри камен, зад нас се многу тешки интервенции и огромна работа и јас сум горда на сите работници кои учествуваа во изградбата на Коридорот 10. Нема повеќе да се симнува од автопатот на магистралниот пат, што ќе влијае на безбедноста во сообраќајот, што е на прво место, изјави Михајловиќ. Таа најави дека до крајот на годината ќе бидат завршени и пуштени во употреба два нови автопати: првиот од Ниш до Димитровград и границата со Бугарија, а другиот од Обреновац до Љиг, кој ќе се поврзе со веќе изградениот автопат до Прељина на Коридорот 11. Со скорешното отварање на делницата кај Грделичка клисура, Србија преку Коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 км долг автопат од границата на Македонија до границата со Унгарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zavrshen-koridorot-10-do-granicata-so-makedonija/feed/ 0
Коридор 10: Пуштени за сообраќај две делници од автопатот од Србија кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koridor-10-pushteni-za-soobrakjaj-dve-delnici-od-avtopatot-od-srbija-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koridor-10-pushteni-za-soobrakjaj-dve-delnici-od-avtopatot-od-srbija-kon-makedonija/#respond Sat, 24 Nov 2018 13:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=131524

Делниците од автопатот на Коридорот 10 кон македонската граница, Долни Нерадовац – Српска куќа и Српска куќа – Левосоје, пуштени се во сообраќај, соопшти Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што јави МИА од Белград, овие две делници со придружните надвозници Бујановац 1 и Бујановац 2 отворени се за сообраќај во петокот. Во сообраќај, како што се наведува, пуштена е трасата на автопатот со должина од 8,81 километри, што е дел од проектот за изградба на автопатот Е-75, од Белград преку Ниш до границата со Македонија. Српската министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ пред десет дена најави дека до крајот на годината ќе биде пуштен во сообраќај и преостанатиот дел од автопатот Е-75 кон Македонија, во делот на Грделичка клисура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koridor-10-pushteni-za-soobrakjaj-dve-delnici-od-avtopatot-od-srbija-kon-makedonija/feed/ 0
Надојдени води во Црна Река го оштетија бетонскиот мост на железничкиот коридор 10 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdeni-vodi-vo-crna-reka-go-oshtetija-betonskiot-most-na-zeleznichkiot-koridor-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdeni-vodi-vo-crna-reka-go-oshtetija-betonskiot-most-na-zeleznichkiot-koridor-10/#respond Tue, 02 Oct 2018 11:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=109579

Големо количество вода во Црна Река што наеднаш надошла го направила оштетувањето на бетонски мост на железничката пруга поради што од петокот вечерта во прекин е железничкиот сообраќај на коридорот 10. Мостот се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани, а сообраќајот се одвива само од Скопје до Велес и обратно. Нивото на реката одеднаш пораснало на пет метри од постоечките 1,7 метри и силината на надојдената вода ги поткопала столбовите на бетонскиот мост што се лоцирани во реката, појаснуваат од МЖ - инфраструктура. - Последните 30 години немало случај на толку големо количество вода одеднаш. Од МЖ инфраструктура немале информации, а настанатата деформација ја забележал машиновачот на последниот воз што поминал над мостот, соопшти директорот на МЖ - Инфраструктура Ирфан Асани. Асани вели дека проблемот е сериозен и дека големи се економските штети од прекинот на железничкиот сообраќај. Се надева дека за 15 до 20 дена со преодно решение ќе се воспостави сообраќајот. Тој истакнува дека се во постојан контакт со Градежниот институт, експерти и сите надлежни за да се најде решение за што побрзо да се воспостави овој важен коридор. - Од петокот веќе е стопиран сообраќајот. Направивме анализи и испитувања на оштетувањето од сите можни фактори и институции во Македонија и веќе имаме финална идеја што треба да направиме. Ќе одиме на брза санација и се надевам дека за 15 до 20 дена ќе биде ставен во употреба. Тоа значи брза санација за ограничена употреба, а во меѓувреме ќе гледаме која е опцијата или ќе се оди на нов бетонски или челичен мост, појаснува Асани. оштетен мост пруга Мостот е изграден во 1970 година и бил во добра кондиција, вели директорот. Последната проверка е направена во 2008 година, а како што истакнува, секоја година се дијагностицираат сите параметри на сите мостови и пругата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdeni-vodi-vo-crna-reka-go-oshtetija-betonskiot-most-na-zeleznichkiot-koridor-10/feed/ 0
Отворена делницата на автопатот од Коридорот 10 кај Бујановац https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvorena-delnicata-na-avtopatot-od-koridorot-10-kaj-bujanovac/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvorena-delnicata-na-avtopatot-od-koridorot-10-kaj-bujanovac/#respond Wed, 19 Sep 2018 14:16:10 +0000 https://kurir.mk/?p=103210

Кај српскиот град Бујановац, во близина на македонската граница, денеска е пуштена во сообраќај нова делница од автопатот од Коридорот 10, во должина од 6,6 километри, јави дописникот на МИА од Белград. Во состав на делницата е и чворот Бујановац 1, кој обезбедува директен влез и излез за Бујановац и пристап до целата постоечка мрежа на државни и локални патишта во тој дел на Србија, меѓу кои и до патот за манастирот „Св. Прохор Пчински“. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за една од најпроблематичните делници на Коридорот 10, која требаше да биде завршена пред една година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/otvorena-delnicata-na-avtopatot-od-koridorot-10-kaj-bujanovac/feed/ 0
Целосно урнат потпорниот ѕид на Коридорот 10 кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/celosno-urnat-potporniot-dzid-na-koridorot-10-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/celosno-urnat-potporniot-dzid-na-koridorot-10-kon-makedonija/#respond Mon, 20 Aug 2018 12:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=89925

Бетонскиот потпорен ѕид кој вчера делумно се урна на Коридорот 10 во Грделичка клисура, денеска поради лизгање на земјиште целосно е урнат, јави МИА. Овој потпорен ѕид, кој се наоѓа на Коридорот 10 на делот од автопатот во изгрдба кон Македонија, на делницата Горно Поле- Царичина долина, во изминативе пет месеци паѓаше дури трипати. Попорната конструкција вчера во должина од 50 метри и дестабилизација на делот од заштитната косина со вкупна должина од 725 метри, со што се уништени околу 500 квадратни метри галерија над местото каде се гради десната лента на новиот автопат. За време на паѓањето на бетонот, земјата и камењата во близина немаше работници. Србија, после вотрото паѓање на бетонскиот потпорен ѕид го ангажираше стручњакот на Светската банка Мариноса Скемпаса, експерт за косини за да го реши овој проблем, но сепак повторно дојде до уривање на потпорниот ѕид. Со оглед на тоа што степенот на физичката реализација на оваа делница достигна 90,5 проценти изведени работи, работите на овој дел од трасата на Коридорот 10 ќе продолжат и покрај неопходната реконструкција на оваа градба, се истакнува во соопштението за јавноста, во кое не се наведува колку овој проблем ќе го пролонгира пуштањето во употреба на новиот автопат кон Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/celosno-urnat-potporniot-dzid-na-koridorot-10-kon-makedonija/feed/ 0
По автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се вози од следниот месец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-avtopatot-demir-kapija-smokvica-kje-se-vozi-od-sledniot-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-avtopatot-demir-kapija-smokvica-kje-se-vozi-od-sledniot-mesec/#respond Wed, 07 Mar 2018 07:43:55 +0000 http://kurir.mk/?p=28007

Се комплетира целосната документација за изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица, со што ќе се заокружат потребните активности за негово пуштање во употреба, според најавата од Владата, до средината на следниот месец. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека се извршени потребните техничките контроли на автопатската делница, каде е завршена електрификацијата и потребната сигнализација. До средината на месецов надзорот треба да ја достави документацијата. Информација за состојбата со изградбата на автопатот беше разгледана синоќа на седница на Владата од каде информираа дека активностите на терен финализираат и оти оваа делница од автопатот ќе биде пуштена по 15 април. Претходно беа завршени изградбата на контролниот центар и дислоцирањето на далекуводот на автопатот, поради кои со анекс на Договорот беше продолжен рокот за изградба. Изградбата на автопатот, во должина од 28 километри, почна во септември 2012 година. Инвестицијата изнесува 218 милиони евра, пари обезбедени од грант од Европската комисија, заем од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, како и шест милиони евра од државниот буџет. Новата автопатска делница  се протега од излезот на Демир Капија преку селото Миравци, до Смоквица, каде што се поврзува со веќе постојниот автопат. Поминува надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар, низ благи кривини и угорнини. Новиот автопат има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри,  шест моста со должина од 100 до 500 метри, шест потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри. Со него се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-avtopatot-demir-kapija-smokvica-kje-se-vozi-od-sledniot-mesec/feed/ 0