Коридор 8 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Apr 2023 19:38:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Коридор 8 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Експертите реагираат за законските измени за коридорите 8 и 10д: Стручната јавност е затекната бидејќи не беше вклучена, се отвора сомнеж за корупција, пратениците на СДСМ и ДУИ удрија по правата на работниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspertite-reagiraat-za-zakonskite-izmeni-za-koridorite-8-i-10d-struchnata-javnost-e-zateknata-bidejki-ne-beshe-vkluchena-se-otvora-somnezh-za-koruptsija-pratenitsite-na-sdsm-i-dui-udrija-po-pravata-n/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspertite-reagiraat-za-zakonskite-izmeni-za-koridorite-8-i-10d-struchnata-javnost-e-zateknata-bidejki-ne-beshe-vkluchena-se-otvora-somnezh-za-koruptsija-pratenitsite-na-sdsm-i-dui-udrija-po-pravata-n/#respond Mon, 10 Apr 2023 19:38:15 +0000 https://kurir.mk/?p=822619

За измените на законските решенија од страна на владејачкото мнозинство на СДСМ и ДУИ поврзани со изградба на коридорите 8 и 10д реагираат експертите на начинот и постапката како е воден целиот процес. Имено, во гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма, Снежана Камиловска Трпковска од Платформа за борба против корупцијата вели дека реакција е сосема легитимна бидејќи тие уште претходно реагирале дека не треба да се носат специфични закони бидејќи се дерогира законодавството кое што постои во државата и со тоа се нарушува владеењето на правото и се создаваат ризици на корупција. Основата на проблемот е донесувањето на посебниот закон за Бехтел и Енка односно законот за стратешко партнерство кои што не доведе денеска ние на дебата да имаме 8 закони кои што се под итна постапка ставени да се разгледуваат во собранието од страна на пратениците. Реакцијата е сосема легитимна. И прво да почнеме како се донесе тој специјален закон за стратешко партнерство кога Платформа за борба против корупцијата во тој момент реагираше дека не треба да се носат специфични закони и да се дерогира законодавството кое што постои во државата и со тоа дека се нарушува владеењето на правото и се создава ризични на корупција. И покрај реакциите на Платформата и голем број на граѓански организации, ние денеска се соочуваме со повторување на постапката, со многу зголемен број на закони кои ќе имаат исто, а можеби и поголемо влијание во целиот процес, рече Камиловска Трпковска и додаде дека пратениците донеле измени на 8 законски решенија преку ноќ, без притоа да се консултира стручната јавност за мислење. Целосно се бајпасираа сите закони кои што важат во државата, важеа во тој момент, за да може да се донесе тој стратешки посебен закон. Законот за јавни набавки и тогаш и сега е на сила. Зошто не се употреби за овој конкретен случај, ние не можеме да го добиеме конкретниот одговор. Дополнително во целиот тој процес стручната јавност не е вклучена во процесот на креирањето. Ние преку ноќ имаме осум, односно девет закони кои што во ниту еден случај не се консултирани со стручната јавност, не се консултирани граѓани за кои велиме „јавниот интерес пред сè, мото под кое се поставуваат на седница на Собрание. Ако веќе станува збор за јавен интерес, тогаш е задолжително, основно, парадигма е да имаме транспарентен и отчетен процес, вели Снежана Камиловска Трпковска Платформа за борба против корупцијата. На ист став е и Орданчо Петров, од македонско археолошко друштво кој рече дека во петокот кога ги виделе законите објавени на веб страната на Собранието меѓу кои и законот за заштита на културното наследство биле затекнати бидејќи ниту тие како археолошко друштво, ниту пак здруженија од оваа област, а ниту пак самото Министерство за култура не било запознаено со измените. Ние во петокот бевме затекнати со објавата на веб страната на Собранието на Република Македонија каде беа објавени овие 9 закони, меѓу кои и законот за заштита на културното наследство. Претходно никој од нас воопшто, ниту надлежните установи за заштитна, ниту здруженијата кои што се бават со културно наследство, ниту пак Министерството за култура беше запознаено со измената во член 65 од самиот закон, вели Орданчо Петров, од македонско археолошко друштво. Петров вели дека повлекување на законот за заштита на културното наследство и измени во член 65 од дневен ред сепак не мора да значи дека владата се откажала од измените, туку се сомневаат дека во некоја друга форма ќе се најде во законска процедура, како што рече кога најмалку очекуваат. Не знаеме дали со повлекување на ова законско решение од дневен ред е само некоја пресметка ќе видиме наредниот период. Сега за сега не знаеме. Но отворени се прашањата дека законот во некоја измената форма повторно ќе се најде во законска процедура кога најмалку очекуваме, потенцираше Петров. На законските измени реагира и Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија ССМ, кој во емисијата рече дека денеска 55 пратеници од владејачката СДСМ, ДУИ и останатите партии од коалицијата успеале да го погазат едно од најголемите цивилизациски придобивки, а тоа е пристојната работа и пристојното работно време, иако тие реагирале уште со самото носење на специјалниот закон да не дозволат еден странски конзорциум да ја окупира државата и целиот градежен сектор. Што значи да ви се зголемат платите за 78 отсто и да се зафатите со девет најкатастрофални закони и по работниците и по општеството и по државата. Веројатно 2.000 денари зголемена дневница на пратениците многу влијаеше да седнат и да подготват по два до три члена за секој закон, па дури денеска, на „исцрпното“ образложување на потребата од тие закони, да потрошат по една до две реченици, вели Трендафилов од ССМ. Денеска, 55 пратеници, ако добро паметам, од владејачкото мнозинство, неколку функционери од владата, амбасадор и неколку, веројатно, топ менаџери во некои странски конзорциуми, успеаја да ја погазат една од најголемите цивилизациски придобивки, а тоа е пристојната работа и пристојното работно време, рече тој. Ние апелиравме уште од самото носење на специјалниот закон за дозволување на еден странски конзорциум да ја окупира државата и целиот градежен сектор и интересите на државата да бидат сведени на тоа парите да се изнесат од Македонија, милијарда и 300 милиони евра до денеска, а може да стигнат до две милијарди и 300. Се надеваме дека разумот ќе надвладее кај пратениците. Денеска се надевавме дека сите пратеници ќе излезат од салата и ќе покажат единство, дека предлогот на 15 нивни колеги е, пред сè, срамен поради тоа што не само што се уназадуваат работничките права, туку ќе доведе и до огромен број на повреди, можеби и смртни случаи на градилиштата, рече Трендафилов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekspertite-reagiraat-za-zakonskite-izmeni-za-koridorite-8-i-10d-struchnata-javnost-e-zateknata-bidejki-ne-beshe-vkluchena-se-otvora-somnezh-za-koruptsija-pratenitsite-na-sdsm-i-dui-udrija-po-pravata-n/feed/ 0
„Од помпезниот почеток на изградбата на коридорите остана само една табла и сметката за скапиот настан која ќе ја наплатат милениците на ДУИ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pompezniot-pochetok-na-izgradbata-na-koridorite-ostana-samo-edna-tabla-i-smetkata-za-skapiot-nastan-koja-ke-ja-naplatat-milenitsite-na-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pompezniot-pochetok-na-izgradbata-na-koridorite-ostana-samo-edna-tabla-i-smetkata-za-skapiot-nastan-koja-ke-ja-naplatat-milenitsite-na-dui/#respond Fri, 07 Apr 2023 06:51:43 +0000 https://kurir.mk/?p=821317

ДУИ и СДС се експерти за потемкини села. Помпезно фрлаат лопати, а после зад себе оставаат само празни ливади. Така беше со спектакуларната фабрика за електрични автомобили, така е и со изградбата на коридорите кои побрзаа да ја почнат, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. „На местото кај што Ковачевски и Груби правеа спектакли три дена после настанот нема ниту работници, ниту багери, ниту градежна механизација. Само една табла и сметка за скапата церемонија. Очигледно преуранетиот настан им требаше да го перат Артан Груби од низата скандали во кои беше фатен, вклучително и тој со изборот на надзорот на изградбата на коридорите, но во исто време овој настан го искористија и да ја дополнат со пари касата на компанијата која е миленчка на ДУИ. Па така со ДУИ и СДС нема пари за учебници, нема пари за лекови, нема пари за поголем стандард, ама затоа има пари за луксузни настани после кои останува едно големо ништо. ДУИ и СДС се олицетворение за наспосбност и криминал. Оваа власт мора поскоро да си замине“, стои во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-pompezniot-pochetok-na-izgradbata-na-koridorite-ostana-samo-edna-tabla-i-smetkata-za-skapiot-nastan-koja-ke-ja-naplatat-milenitsite-na-dui/feed/ 0
Битиќи за назначувањето на Груби за координатор на Коридорот 8: Тоа е нова задача која се дава на еден од вицепремиерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitiki-za-naznachuvaneto-na-grubi-za-koordinator-na-koridorot-8-toa-e-nova-zadacha-koja-se-dava-na-eden-od-vitsepremierite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitiki-za-naznachuvaneto-na-grubi-za-koordinator-na-koridorot-8-toa-e-nova-zadacha-koja-se-dava-na-eden-od-vitsepremierite/#respond Thu, 06 Apr 2023 17:58:03 +0000 https://kurir.mk/?p=821189

Согласни сме дека инфраструктурните проекти слабо се реализираат и мора да се впрегнат сите сили, нема друга позадина. Вака вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва го објасни назначувањето на Артан Груби за координатор на изградбата на Коридорот 8. Како што рече Битиќи во гостувањето на „Вин - вин“, тоа е нова задача која се дава на еден од вицепремиерите за да се помогнат одредени процеси, иако примарната надлежност за сите инфраструктурни проекти е во Министерството за транспорт. -Согласни сме дека инфраструктурните проекти слабо се реализираат и мора да се впрегнат сите сили, нема друга позадина. Не само Груби, туку секој од министрите што сака да помогне за да се забрзаат одредени клучни активности за граѓаните, може да биде предложен за да земе дел од обрвските. Тоа е нова задача која се дава на еден од вицепремиерите за да се помогнат одредени процеси, иако примарната надлежност за сите инфраструктурни проекти е во Министерството за транспорт, а формално-правно тоа оди низ Комисијата за економски систем со која јас претседавам, напомена Битиќи кој, како што рече претходно, не присуствувал на вчерашната владина седница на која Груби бил назначен за координатор на изградбата на Коридорот 8. Битиќи не смета дека ангажманот на Груби значи дека се работи за партиски проект на ДУИ и дека „отаде Групчин“ за се одлучува ДУИ. -Ако тоа е проект на ДУИ, тогаш зошто не го направи во времето на ВМРО, туку во владеењето со СДСМ? Откога почна владеењето на СДСМ со ДУИ, приоритет на Владата се интересите на граѓаните а не партиските интереси. Затоа велам дека тоа е проект за граѓаните да ги добијат услугите кои ги заслужуваат“ – рече вицепремиерот за економски прашања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitiki-za-naznachuvaneto-na-grubi-za-koordinator-na-koridorot-8-toa-e-nova-zadacha-koja-se-dava-na-eden-od-vitsepremierite/feed/ 0
Касами: Оваа Влада нема капацитет да го реализира Коридор 8 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-ovaa-vlada-nema-kapatsitet-da-go-realizira-koridor-8/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-ovaa-vlada-nema-kapatsitet-da-go-realizira-koridor-8/#respond Wed, 05 Apr 2023 12:15:19 +0000 https://kurir.mk/?p=820526

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска изјави дека актуелната Влада нема капацитет да ги реализира најавените автопатски делници од Коридор 8, затоа што власта, вели, има многу проекти за тетовскиот регион кои останале само најава. За вчерашното неприсуство на свеченоста за Коридор 8 не одговори дали Општината имала покана, но рече дека нема да присуствуваат на „свадбите без зет и невеста“ на Владата. - Нема да присуствуваме на никакви промоции на свадби без зетот и снаата, затоа што знаеме дека оваа влада е позната по тоа што прави такви свадби. Досега само во тетовскиот регион има промовирано три проекти кои нигде не се. Прво фабриката за електрични возила која пред изборите беше промовирана, никој не знае дали кога ќе почне да се стави камен темелник. Исто така, од самиот поранешен премиер во Тетово во изборна кампања беше промовирана инвестиција од 150 милиони евра. Исто од Еколог во делот на инвестиција на резиденцијални објекти, болница и такви работи, самиот премиер Заев го промовираше. Поранешниот министер за екологија промовираше инвестиција за Попова Шапка од над 150 000 000 евра, отиде министерот отиде инвестицијата, истакна Биљал Касами. Тој рече дека ваквите најави од централната власт се заради нивната неуспешност. - За нас како Движење Беса е еден од од најважните коридори, Коридорот 8, затоа што како што беше како што е веќе завршен Коридор 10 што го поврзува југот со северот исто така толку важен е и Коридорот 8 за исток-запад, но оваа Влада нема капацитет тоа да го реализира, а се ова што се прави веќе медиумите вие објавувате секојдневно дека целта е корумпирачка и дека не е целта да се реализира таквиот капитален проект, истакна Касами. Тетовскиот градоначалник рече дека со централната власт Општина Тетово нема никаква соработка во областа на образованието, со полицијата, урбанизмот и културата и за тоа трпат граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kasami-ovaa-vlada-nema-kapatsitet-da-go-realizira-koridor-8/feed/ 0
Ковачевски: Коридорот 8 е камен-темелник и на нови инвестиции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-koridorot-8-e-kamen-temelnik-i-na-novi-investitsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-koridorot-8-e-kamen-temelnik-i-na-novi-investitsii/#respond Tue, 04 Apr 2023 12:02:30 +0000 https://kurir.mk/?p=820046

Камен-темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура, тоа е камен-темелник и на нови инвестиции – отворање на нови пазари, можности за нови соработки како помеѓу домашните така и со меѓународните компании, порача премиерот Димитар Ковачевски на означувањето на почетокот на градбата на автопатската делница од Тетово до Гостивар, која е дел од Коридорот 8. Изградбата на Коридорот 8, посочи, значи помалку трошоци за транспорт, побрз транспорт, поврзување и интеграција на Северна Македонија како и економски и регионален развој на земјата. Значи и поврзување на државата со другите земји од Европа, значи странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред се, безбедни и сигурни патишта за граѓаните. -Денешниот настан е почеток на сериозен и стратешки и државнички подвиг чија придобивка и благодет ќе ја гледаат сегашните и идните генерации на нашата земја, но и на двете наши соседни земји кон исток и кон запад кои ги поврзува Коридорот 8 и на сите кои ќе минуваат низ него. Со геостратешката позиција и Коридор 8 ние стануваме неизбежна транспортна рута како во регионот, така и пошироко, рече Ковачевски во поздравниот говор. Денеска, нагласи, започнува силна градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридорот 8. -Изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан денеска покажува дека е конкретна, реална и остварлива цел која е во интерес на граѓаните за нивен подобар живот и просперитет на бизнис заедницата. Секој автопат носи можности за нови бизниси и за економски развој, нови бензински пумпи, нови хотели, нови ресторани, нови деловни објекти, повеќе вработувања, подобро платени работни места, поголема конкуренција и побрз развој. Знам колку овој автопат е важен за нов економски и развоен импулс не само на западниот дел на земјата, туку и за регионален развој на целата држава, потенцира Ковачевски. Коридорот 8 и Коридорот 10 д, додаде, се најголемиот инфраструктурен проект досега во нашата држава во патниот сектор. -Вредноста на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10 д изнесува 1,3 милијарди евра. Ќе се градат четири автопатски делници во вкупна должина од 110 километри. Вакво нешто никогаш во историјата на нашата држава не било направено. До денес овие два коридора биле само план на хартија кој никогаш не бил реализиран од најразлични причини. Денес тоа се менува и започнува нивната реализација. За првпат како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само поврзување север и југ. Со изградбата на автопатите нашата држава ќе биде поврзана со уште две пристаништа – Драч и Бургас и тоа за нас е одлична можност и перспектива за развој. Северна Македонија ако досега беше кружен тек, сега со овој Коридор 8 станува вистинска крстосница на Балканот. Тоа е нашата иднина, порача Ковачевски. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој е и претседател на Комитетот за изградбата на Коридорот 8 се заблагодари на сите вклучени во процесот за реализација на проектот, а особено на сегашната и поранешната амбасадорка на САД во земјава, Анџела Агелер и Кејт Мари Брнз, и на пратениците кои го изгласаа специјалниот Закон за изградба на коридорот. -Денеска сакам да ви се заблагодарам. Да почнам од премиерот Ковачевски за целата негова поддршка на проектот, но исто така не би сакал да го заборавам и поранешниот премиер Заев за поддршката која што ја даде на овој проект. Навистина сум многу горд што конзорциумот предводен од „Бехтел и Енка“ ќе ги гради Коридорот 8 и 10 д и што со нив одбележуваме еден голем настан во градежништвото во земјата, рече Груби. Лидерот на ДУИ Али Ахмети посочи дека Коридорот 8 ќе го подобри животот на граѓаните и ќе им го олесни нивото движење. Со него, како што кажа, се поставуваат мостови помеѓу целиот Балкан. -Изградбата на Коридорот 8 е многу благодарна работа што ќе послужи директно за поцврсти односи меѓу жителите и економиите на земјите во регионот, рече Ахмети. Американската амбасадорка Анџела Агелер истакна дека денеска е посебен ден за Северна Македонија за Западен Балкан и за цела Европа, но е и многу голем ден и за САД и за американскиот бизнис, тука во Северна Македонија. - Ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Северна Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи, рече Агелер. Изрази уверување дека работите ќе се движат брзо и успешно при изградбата на оваа, како што кажа, современа патна мрежа. Шон Кени од конзорциумот „Бехтел и Енка“ се заблагодари за дадената доверба за изградба овој значаен инфраструктурен проект. -Испорачуваме резултати за нашите клиенти. Имаме долга историја на успешно завршени автопати на Балканот. Ова партнерство високо го вреднува целиот проект и ќе ги користиме локалните добавувачи, ќе обезбедиме вработување на локалното население, како и долгорочно снабдување на градежни работници коишто ќе ни бидат достапни и за идните градежни потфати, рече Кени. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски посочи дека со изградбата на овој најголем капитален инфрастуруктурен проект досега во земјава ја испишуваме историјата како модерна и европска земја. -Денеска ја испишуваме историјата на модерна просперитетна и европска Македонија. Ова е момент кој долго го очекувавме, но овој камен-темелник е доказ за посветената работа на институциите, за координацијата, за силната посветеност да се избориме и да започнеме со реализација на предизвикувачки најголемиот капитален инфраструктурен проект досега. Денеска даваме јасно до знаење на сите – инфраструктурата е најголемиот приоритет на оваа Влада и на Република Северна Македонија, рече Бочварски. Оттука, додаде, започнуваме со изградба и модернизација на Коридорите 8 и 10 д, нови автопатски делници во вкупна должина од 110 километри. - Оваа година е година на инфраструктурата. Инвестираме преку една милијарда евра во изградба на нови патишта, но градиме и нови експресни патишта, но и нова пруга кон исток. Денеска најавуваме старт на изградбата на првата од четирите автопатски делници Тетово – Гостивар со должина од 17,5 километри, а веќе следната недела ќе ја најавиме изградбата на делницата Прилеп – Битола од Коридорот 10 д. Истиот месец стартуваат и градежните работи на делницата Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, а според договорот предвидовме изградба на делницата Требениште – Струга – Ќафасан во должина од 21,7 километри која што исто така ќе започне во тек на оваа година, посочи Бочварски. Сите сме свесни, потенцира, дека нема да биде лесна оваа работа. -Ни претстојат огромни предизвици бидејќи градежништвото секогаш е неизвесно на терен. Но, сакам да ве уверам дека максимално сме фокусирани на изградбата на проектите на Коридорите 8 и 10 д, а коридорите во Северна Македонија се од витално значење и за Западниот Балкан и заради тоа имаме поддршка и од нашите стратешки партнери, рече Бочварски. Очекува добро менаџирање на проектот и, како што рече, верува дека компанијата изведувач како светски реномирана компанија ќе покаже силна акција, модерни методи и технологии на терен, а тоа е предуслов за зајакнување на капацитетите и на домашните градежни компании. -Неопходна е брза, ефикасна изградба на патната инфраструктура. Само така ќе имаме силна држава, силни региони и градови, развој на економија која чекори и граби напред. Убеден сум дека ваквата реномирана компанија како „Бехтел и Енка“ дека може да ги изгради сите најкомплексни проекти преку најнепристапниот терен. Е тогаш кога ќе бидат завршени овие патишта и овие коридори ќе имаме развиена економија, безбедни патишта и граѓани коишто ќе бидат задоволни во нашата држава, порача Бочварски. Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари посочи дека денеска почнува реализацијата на една од најголемите капитални инвестиции. -Една држава е развиена колку што има развиени патишта. Коридорот 8 не ги поврзува само градовите, туку и државите и затоа е една од најголемите инвестиции во земјава. Веруваме дека „Бехтел и Енка“ ќе ги изградат и што поскоро ќе уживаме по овој пат по кој дневно поминуваат по околу 12 илјади автомобили, рече Таравари. Директорот на ЈП за Државни патишта Ејуп Рустеми порача дека Римјаните овој пат го нарекувале „Виа Игнација“ и го ценеле уште многу одамна. -Денеска ние го реализираме овој историски проект со вкупна должина од 110 километри што треба да биде готов за четири години и шест месеци и да овозможи земјава да биде вистински крстопат на Балканот. Денеска е важен ден за сите нас. Ако пред 30 години од Тетово до Тирана патувавме за 12 до 14 часа, денеска овој пат ќе го изодиме за четири или пет часа. По изградбата на овој автопат ќе се патува само два часа. Ова е предноста на овој капитален проект кој ќе овозможи поголем економски развој, рече Рустеми. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-koridorot-8-e-kamen-temelnik-i-na-novi-investitsii/feed/ 0
Коридор 8 дел од мрежата на Европскиот коридор „Западен Балкан-Источен Медитеран” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koridor-8-del-od-mrezata-na-evropskiot-koridor-zapaden-balkan-istochen-mediteran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koridor-8-del-od-mrezata-na-evropskiot-koridor-zapaden-balkan-istochen-mediteran/#respond Thu, 08 Dec 2022 10:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=772660

Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори. Одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Блакан, вклучуваќи ги Република Македонија, Бугарија, Албанија и Италија, информираат од Министерството за транспорт и врски. Активностите кон отпочнување со градба на најголемиот проект во железничката инфраструктура-изградба на пругата кон Бугарија, заедничкиот пристап на земјите од регионот како и потпишувањето на декларацијата на  Македонија, Бугарија, Албанија и Италија за модерно поврзување Исток – Запад беше препознаено од страна на Советот на министри за транспорт на Европската унија. -Стратешките планови за изградба и модернизација на овој Коридор ги презентирав и во Европската Комисија во Брисел во рамки на 6-от Министерски совет на Транспортната заедница, чии домаќин беше комесарката за транспорт на ЕУ, Адина-Јоана Валеан. Благодарност за Чешкото претседателство, силната поддршка од страна на комесарката за транспорт Валеан, министрите за транспорт од регионот и директрот на Секретаријатот на транспортната заедница, Матеј Закоњшек кои дадоа сериозни аргументи за оваа многу значајна одлука,  истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Со оваа одлука, како што е наведено во соопштението од  Министерството за транспорт и врски, европскиот транспортен Коридор 8 како дел од Коридорот „Западен Балкан – Источен Медитеран“ ќе даде дополнителна додадена вредност и можност за посилен економски раст на регионот на Западен Балкан и Европската Унија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koridor-8-del-od-mrezata-na-evropskiot-koridor-zapaden-balkan-istochen-mediteran/feed/ 0