коридори 8 и 10д – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 17:41:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коридори 8 и 10д – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За изградбата на коридорите во 8 и 10д потребни се околу 2.000 работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-izgradbata-na-koridorite-vo-8-i-10d-potrebni-se-okolu-2-000-rabotnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-izgradbata-na-koridorite-vo-8-i-10d-potrebni-se-okolu-2-000-rabotnitsi/#respond Wed, 16 Aug 2023 17:41:23 +0000 https://kurir.mk/?p=867577

За изградбата на коридорите 8 и 10д на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе им бидат потребни околу две илјади работници од различни профили. Овој податок беше соопштен на првиот ден од саемот за вработување што се одржа попладнево во Агенцијата за вработување во Гостивар во американско-турскиот конзорциум. Меѓу гостите и заинтересираните граѓани беше и првиот вицепремиер Артан Груби. Тој посочи дека Коридорите 8 и 10д се како што рече најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава и дека се потребни работници. - Би сакал да ги охрабрам сите луѓе не само од Гостивар, да аплицираат на дадените адреси и да станат дел од изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава со којшто ќе изградиме автопатско решение се до границата со Албанија и исто така поврзувајќи ги автопатски и Прилеп и Битола. Во разговорот со менаџерите, планирано е да има над 2.000 вработувања и се надеваат сите ќе бидат од Република Македонија, изјави Груби по посетата на самото во Гостивар. Во име на менаџерскиот тим на конзорциумот на дел од новинарските прашања во врска со платата на работниците и почетокот на конкретните работи, одговараше Џошуа Бејкер директорот на проектот Џошуа Бејкер без да посочи на прецизни бројки и рокови. - Наредните недели би можело да се почне со градежните работи на терен. Вложуваме сериозни напори да отпочнеме поскоро со градежните работи. Соработуваме со Владата и општините на експропријација на земјиштето и подготовките, рече Бејкер и посочи дека во тек се подготовките за изградба на два кампови, еден близу Гостивар и еден помеѓу Битола и Прилеп. Тој не кажа конкретен износ во врска со прашањето за висината на платите на вработените, туку кажа дека ќе бидат според нивната работна позиција и се формирани според актуелната побарувачка на пазарот на трудот. Бејкер очекува како подизведувачи да бидат вклучени повеќе локални фирми. На првиот ден од саемот, во гостиварскиот центар за вработување, за работа во „Бехтел и Енка се пријавија педесетина лица меѓу кои имаше и градежни инженери кои бараат работа и лица кои веќе работат. Нив најмногу интересираа платата, работното време и кога ќе добијат одговор по нивното пријавување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-izgradbata-na-koridorite-vo-8-i-10d-potrebni-se-okolu-2-000-rabotnitsi/feed/ 0
Измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, поврзани со коридорите 8 и 10д, на собраниска комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-i-dopolnuvanata-na-zakonot-za-mineralni-surovini-povrzani-so-koridorite-8-i-10d-na-sobraniska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-i-dopolnuvanata-na-zakonot-za-mineralni-surovini-povrzani-so-koridorite-8-i-10d-na-sobraniska-komisija/#respond Wed, 12 Apr 2023 05:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=823034

Собраниската Комисија за економски прашања денеска ќе ги разгледува Предлог измените на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, еден од законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини предвидуваат усогласување на одредбите на овој закон со одредбите на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа –Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021) во делот кој се однесува на доделување концесии за експлоатација на минерални суровини за изградба на државни, општински патишта и хидротехнички објекти, како и патни коридори. Според најавите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани и за овој закон, чија потреба за носење помина на 112. седница во понеделеникот, заедно со уште седум други закони коишто се поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д. Собраниската комисија за економски прашања денеска треба да одржи уште една седница. На дневен ред се Предлогот на закон за задруги, второ читање, Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2023 година и Предлог одлуката за утврдување на процентот на искористеност во однос на вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водостопанство на Република Северна Македонија за 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmenite-i-dopolnuvanata-na-zakonot-za-mineralni-surovini-povrzani-so-koridorite-8-i-10d-na-sobraniska-komisija/feed/ 0