коридори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 11:18:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коридори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски за градењето на Коридорите 8 и 10Д: Ако денеска одите на локациите каде отпочна градбата, гарантирам нема да најдете градежни машини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-gradeneto-na-koridorite-8-i-10d-ako-deneska-odite-na-lokatsiite-kade-otpochna-gradbata-garantiram-nema-da-najdete-gradezhni-mashini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-gradeneto-na-koridorite-8-i-10d-ako-deneska-odite-na-lokatsiite-kade-otpochna-gradbata-garantiram-nema-da-najdete-gradezhni-mashini/#respond Fri, 15 Sep 2023 11:18:40 +0000 https://kurir.mk/?p=878346

Ако појдете денеска и на двете локации каде што се детонираше динамит, симболично отпочнувајќи ја градбата, јас ви гарантирам, еве денеска појдете од тука, нема да најдете градежни машини. Е еве од тука, вие сте медиуми појдете и ќе видите дека таму нема да најдете градежни машини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски ова го истакна од општина Бутел, каде што присуствуваше на увид на градежни работи во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“, при што од новинарите беше прашан за коментар на најавите на премиерот Димитар Ковачевски, дека Коридорите 8 и 10Д, за кои власта пред неколку дена обележа започнување на градежни активности, ќе се градат со полна пареа. Мицкоски посочи дека она што е пострашно е тоа што за главен подизведувач на овие проекти е избрана фирма која е партиски донатор на албанската владејачка партија ДУИ. „Она што е уште пострашно е што главниот изведувач, односно подизведувач на овој проект е партиски донатор на Демократската унија за интеграција или фирма поврзана со нив. Тоа е онаа суштина каде што јасно се гледа коалицијата помеѓу политичките криминалци и вистинските криминалци, е сега тука имаме и бизнисмени во целиот овој трилинг. Тоа е суштината. Појдете еве од тука, јас ве повикувам да појдете да видите дали воопшто имаме градежна оператива и дали тоа таму се гради“, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-gradeneto-na-koridorite-8-i-10d-ako-deneska-odite-na-lokatsiite-kade-otpochna-gradbata-garantiram-nema-da-najdete-gradezhni-mashini/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Пет специјалисти владата ќе ги плаќа по 36.500 евра месечно, којзнае уште колку вакви хонорари и трошоци има во тајниот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pet-spetsijalisti-vladata-ke-gi-plaka-po-36-500-evra-mesechno-kojznae-ushte-kolku-vakvi-honorari-i-troshotsi-ima-vo-tajniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pet-spetsijalisti-vladata-ke-gi-plaka-po-36-500-evra-mesechno-kojznae-ushte-kolku-vakvi-honorari-i-troshotsi-ima-vo-tajniot-dogovor/#respond Wed, 31 May 2023 06:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=840704

Власта ќе исплати 11 милиони евра за 5 специјалисти за надзор на коридорите. Само за споредба со оваа сума бил изграден половина од експресниот пат Штип-Кочани, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Овие пет лица ќе бидат ангажирани за коридорите и ќе добиваат по 36.500 евра месечно, што е астрономска плата која не ја земаат ниту претседателот на САД, ниту директорот на НАСА. Владата молчи за ова исто како што молчи за целиот скандалозен договор. Овие средства кои власта ќе ги исплаќа за овие ултра-скапи специјалисти се надвор од сумата од 1,3 милијарди евра кои ќе се потрошат за изградбата на коридорите. Никој веќе не знае колку вакви дополнителни трошоци, експерти, специјалци, хонорари има во овој скриен договор на Груби и Ковачевски. За овие прашања мора да има одговори од власта, но и одговорност“ - се наведува во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-pet-spetsijalisti-vladata-ke-gi-plaka-po-36-500-evra-mesechno-kojznae-ushte-kolku-vakvi-honorari-i-troshotsi-ima-vo-tajniot-dogovor/feed/ 0
Пендаровски ги потпиша указите за петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-potpisha-ukazite-za-pette-zakoni-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-potpisha-ukazite-za-pette-zakoni-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d/#respond Mon, 29 May 2023 13:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=840078

Претседателот Стево Пендаровски денеска соопшти дека ги потпишал указите за прогласување на петте закони за изградба на коридорите 8 и 10д. Како што рече на прес-конференција, секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, вклучувајќи го и оној за измени и дополнувања на Законот за работни односи за кој реагираа дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија и некои политички партии. Според шефот на државата, по консултации со експерти е утврдено дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи не ја содржи оспорената одредба од Уставниот суд која предвидуваше дека „работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината“. -Изминативе денови направив низа консултации во однос на уставноста на новиот текст на законот со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии на Уставниот суд и со советниците во мојот Кабинет. По сумирањето на различните мислења донесов одлука да го потпишам Указот за прогласување на овој закон, и на останатите четири закони. Сепак, имајќи ги предвид приговорите на дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија кои работат во оваа сфера, како и на некои политички партии укажувам дека секоја заинтересирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој закон, вклучително и на овој закон. Уставниот суд е единствената институција во нашиот правен поредок која го дава последниот збор во однос на уставноста на законите и има на располагање механизми со кои може брзо и ефикасно да донесе соодветна одлука, ако така смета, истакна Пендаровски. Тој оцени и дека изминатите недели во јавноста се разви легитимна дебата во однос на содржината на овие закони, а за еден од нив и за неговата уставност, имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд од минатата година. -Неспорејќи го легитимното право за сеопфатна дебата за секој закон, вклучително и овие, сакам да укажам дека дебатата од мал број на субјекти беше употребена за зголемување на и онака високата поларизација во нашето општество што го отргна фокусот од вистинските прашања поврзани со овие закони. Односно наместо дискусијата да се насочи кон придобивките и можните ризици во однос на проектот, јавната дебата се претвори во расправа за нашите стратешки евроатлански ориентации и аспирации, нагласи претседателот. Собранието во петокот ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање и Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар - Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола). Законите беа донесени по скратена постапка, откако Владата ги означи со европско знаменце и го достави до Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-gi-potpisha-ukazite-za-pette-zakoni-za-izgradba-na-koridorite-8-i-10d/feed/ 0
Лукаревска: Изградбата на коридорите ќе донесе 8.000 нови работни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-izgradbata-na-koridorite-ke-donese-8-000-novi-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-izgradbata-na-koridorite-ke-donese-8-000-novi-rabotni-mesta/#respond Sun, 28 May 2023 14:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=839759

Со усвојувањето на законските измени, се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д, најголемиот стратешки и инфраструктурен проект во земјава, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибина „Резултати што прават разлика“ со фокус на инфраструктурата, која се одржа во Битола. Пред членовите на СДСМ, таа нагласи дека во изградбата на коридорите ќе се вклучат и домашни компании. -Реализацијата на овој стратешки проект, каде е предвидено да се вклучат домашни компании, значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2 насто годишно во наредните пет години. За нас успешни се и претходните години затоа што изградивме и обновивме преку 1.400 километри патишта, направени се над 69 километри автопатски делници, во тек е изградба на 190 километри автопати, на 50 километри експресни патишта и 450 километри локални патишта низ општините. Направивме гасоводи од над 270 километри и изградени се над 860 социјални станови за ранливи семејства. Тоа се резултати што прават разлика, тоа е суштината и на овој слоган, градиме за иднината, истакна Лукаревска и додаде дека со членството во ЕУ, овие резултати на СДСМ, ќе се зголемат двојно или тројно. Според Митко Трајчулески, претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, квалитетната инфраструктура е пресудна за квалитетот на животот на граѓаните и тие мора да добијат најдобри услови за живот, тука, дома, во Македонија. -Нашата држава е географски сама по себе, крстосница на коридори. Но, дали ќе биде успешна крстосница, дали ќе биде центар на мобилност за своите и странските граѓани, зависи од нас самите, зависи од тоа колку вложуваме во нашата инфраструктура. Мора да потенцирам, рече Трајчулески, тој процес не е и не смее да биде еднократен и краткорочен. Напротив, мора да биде континуиран, фокусиран со концепт и план, со стратегија и со визија, целосно насочен кон создавање на нова додадена вредност за сите. На трибината „Резултати што прават разлика“ беше соопштено за висината на директните странски инвестиции кои изнесуваат 760 милиони евра обезбедени од вледејачката СДСМ и во кризна година кои се два пати поголеми од 2016 година, односно пред доаѓањето на таа партија на власт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-izgradbata-na-koridorite-ke-donese-8-000-novi-rabotni-mesta/feed/ 0
Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледува измените на законите за коридорите 8 и 10д пред да ги потпише указите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-svojot-praven-tim-ke-gi-razgleduva-izmenite-na-zakonite-za-koridorite-8-i-10d-pred-da-gi-potpishe-ukazite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-svojot-praven-tim-ke-gi-razgleduva-izmenite-na-zakonite-za-koridorite-8-i-10d-pred-da-gi-potpishe-ukazite/#respond Sat, 27 May 2023 13:12:09 +0000 https://kurir.mk/?p=839428

Претседателот на државата Стево Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледа измените на законите поврзани со коридорите 8 и 10д донесени вчера од Собранието, посочуваат од МИА од Кабинетот на претседателот наведувајќи дека бидејќи станува збор за повеќе закони за тоа ќе бидат потребни неколку дена. Дури потоа претседателот Пендаровски ќе излезе со став и ќе каже дали и кои укази ќе бидат потпишани. -Вчера попладне во Кабинетот на претседателот се пристигнати законите. Во следните денови ќе бидат разгледани од претседателот и ќе биде донесена одлука дали и кои укази ќе бидат потпишани. Бидејќи се повеќе закони ќе треба неколку дена претседателот да ги разгледа со својот правен тим, истакнуваат за МИА од Кабинетот на претседателот. Собранието вчера на продолжението на 115. седница ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, со 62 „за“ и 44 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, а со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Македонија, сите по скратена постапка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-svojot-praven-tim-ke-gi-razgleduva-izmenite-na-zakonite-za-koridorite-8-i-10d-pred-da-gi-potpishe-ukazite/feed/ 0
ДУИ го поздравува усвојувањето на законите за коридорите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-go-pozdravuva-usvojuvaneto-na-zakonite-za-koridorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-go-pozdravuva-usvojuvaneto-na-zakonite-za-koridorite/#respond Sat, 27 May 2023 10:34:10 +0000 https://kurir.mk/?p=839355

(Интегрален текст од соопштение на ДУИ) Демократската унија за интеграција ја поздравува денешната одлука на Собранието да ги усвои законите кои го отвораат патот за поевтина и побрза изградба на Коридорот 8 и 10Д, најголемите инфраструктурни проекти во историјата на државата. Мнозинството пратеници со својот глас ставија крај на тенденциозната блокада на опозицијата, која за жал реши да се построи против овој капитален проект, обидувајќи се по секоја цена да го оцрни и покрај тоа што тој ја има големата поддршка од Соединетите Американски Држави. Опозицијата на чело со Мицкоски реши да гласа против проектот што значи нова димензија на развој и ефикасно движење, но сепак нема да успее да го држи во заложништво економскиот развој на државата, КОРИДОРИТЕ ЌЕ СЕ ГРАДАТ! Историјата денеска ќе ги запамети оние кои гласаа „за“ правилната кауза на развојот, како што ќе ги запамети и оние кои се построија против оваа кауза и на штета на граѓаните. Владата, чиј дел е Демократската унија за интеграција, како главен приоритет ја има реализацијата на коридорите и сите нејзини членови остануваат транспарентно отворени за јавноста во секој чекор од постапките за реализација на најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dui-go-pozdravuva-usvojuvaneto-na-zakonite-za-koridorite/feed/ 0
Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jarevski-do-bochvarski-si-potpishal-dogovor-za-koridorite-so-prazni-stavki-ili-koi-dopolnitelno-ke-bidat-dogovoreni-za-toa-krivichno-se-odgovara/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jarevski-do-bochvarski-si-potpishal-dogovor-za-koridorite-so-prazni-stavki-ili-koi-dopolnitelno-ke-bidat-dogovoreni-za-toa-krivichno-se-odgovara/#respond Fri, 26 May 2023 16:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=839164

Иако поминаа законите за пакетот закони поврзани со изградба на коридорите ние нема да замолчиме затоа што секоја страна од договорот за коридорите 8 и 10д е по еден скандал, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на денешната седница за пратенички прашања. Јаревски го праша министерот за транспорт и врски Благој Бочварски дали е точно дека е предвидено пет специјалисти да земаат надомест од 36.500 евра месечно. Така велат документите кои ги имаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но кој не е доставен од Владата официјално. Прашувам, рече Јаревски затоа што вие не го давате никому договорот, но истиот порано или подоцна ќе го добиеме. Пратеникот исто така го праша министерот, како велат дека договорот ќе чини 1,3 милијарди евра, кога не се прецизирани цените во истиот. „Дали во договорот има празни ставки, знаете ли што значи тоа да се потпише договор, а во истиот да има празни ставки или да стои дополнително ќе биде договорено. Тоа значи кривична одговорност. Како можете да ја лажете јавноста, вашите пратеници и јавноста дека вредноста на договорот е 1,3 милијарда евра. Дали, колку и кој се прашања на кои треба да се има одговори во договорот, а тие се празни ставки или како што се вели дополнително ќе бидат договорено. Како можевте да лажете дека со овие измени ќе биде поевтина изградбата кога вие не сте договориле цена. Цена има само за асфалт, ама е три пати поскапа од досега потпишаните договори“, заклучи Јаревски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jarevski-do-bochvarski-si-potpishal-dogovor-za-koridorite-so-prazni-stavki-ili-koi-dopolnitelno-ke-bidat-dogovoreni-za-toa-krivichno-se-odgovara/feed/ 0
Собранието ги изгласа законски измени за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10д https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-izglasa-zakonski-izmeni-za-izgradba-na-avtopatite-od-koridorite-8-i-10d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-izglasa-zakonski-izmeni-za-izgradba-na-avtopatite-od-koridorite-8-i-10d/#respond Fri, 26 May 2023 13:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=839097

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со 62 гласа „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за градење, со 62 „за“ и 44 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, а со 63 „за“ и 43 „против“ Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка. Претходно Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка посочи дека неговата пратеничка група ќе гласа против законите за реализација на автопатите за коридорите 8 и 10д, за како што рече, да остане забележано и нотирано во историјата дека најголемиот проект на оваа Влада „е покриен и целосно исполнет со основни сомненија за злоупотреба и можен криминал од невидени размери со народни пари и дека сите овие постапки и процедури за носење на овие закони и договори ќе бидат внимателно анализиран, ревидирани и процесуирани до адекватните институции по промената на власта во Македонија“. Расправата во Собранието за законските измени заврши вчера, откако претходно поминаа во Комисијата за европски прашања каде беа доставени на предлог на Владата со европско знамнце, со обарзложение дека ќе овозможат поефикасна, побрза и поевтина изградба. Во Собранието во 16 часот треба да продолжи седницата за пратенички прашања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-gi-izglasa-zakonski-izmeni-za-izgradba-na-avtopatite-od-koridorite-8-i-10d/feed/ 0
Николоски го објави најсомнителниот дел од договорот за изградба на коридорите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-go-objavi-najsomnitelniot-del-od-dogovorot-za-izgradba-na-koridorite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-go-objavi-najsomnitelniot-del-od-dogovorot-za-izgradba-na-koridorite-foto/#respond Thu, 25 May 2023 17:45:58 +0000 https://kurir.mk/?p=838732

Со мене го носам еден од најсомнителните делови на договорот каде што вели дека изведувачот има право да ангажира специјалист или специјалисти во множина чии што број ќе биде договорен помеѓу изведувачот и владата, кој што ќе имаат четири насоки на работа, создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, понатаму студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите. Значи ова се најмалку четири спецификации што значи дека еден координатор и четири вакви, најмалку пет вакви лица би имало ангажирано, иако бројот е недефиниран, што значи дека може да се и 15 и 20 и 50 лица. Месечната плата ќе биде ни помалку, ни повеќе 36.500 евра. Значи овој специјалист ќе зема 36.500 евра, ексклузивно објави нови делови од договорот за изградба на коридорите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. На прашањето дали ова се суми пресметани во договорот од 1 милијарда и 300 милиони евра, Николоски посочи дека оваа сума од 11 милиони евра за ангажирање на специјалисти не е пресметана и тоа се дополнителни средства кои што ќе ги плаќа владата. -Не, ова се суми кои што дополнителни треба да ги плати владата. Што значи теоретски доколку еден човек се ангажира за 5 години колку што владата вели дека ќе се изведат автопатите, во тој случај само еден човек би зел 2 милиони и 190 илјади евра. А доколку се ангажираат најмалку 5 лица колку што минимум треба да се ангажираат според овој договор, тие би зеле фантастични 11 милиони евра дополнителни средства од владата, изјави тој. Николоски направи компарација и рече дека претседателката на Европската комисија зема плата од 22 до 24 илјади евра месечно, додека лица кои не се инженери туку само еден вид на надзор ќе земаат поголеми примања. -Не е спорно дали се експерти или не, спорно е што претседателката на Европската Комисија Урсула Фондер Лаен има 22 до 24 илјади евра месечна плата. И спорно е што нема инженер во светот кој што зема 36.500 евра месечно, а овие не се ни инженери, овие се специјалисти кои што треба да надгледуваат како се одвива работата на автопатот, значи некој вид на надзор. Тоа е во делот 13 страна 2 од 13 и вториот дел 3 од 13, нагласи Николоски. Николоски ја повика владата на СДС и ДУИ да го демантира или да го потврдат ова што тој го изнесува, укажувајќи дека со самото тоа што се крие договорот од јавноста само по себе остава сомнеж за криминал. -Нека излезат од влада нека демантираат или нека потврдат дали е ова вистина. Нека излезат и нека кажат бидејќи само по себе остава сомнеж во јавноста на кој начин ќе се трошат парите затоа што не сакаат да го објават договорот. И тука има два моменти. Прво е да излезат и да кажат еве го договорот и да го видиме и да споредиме дали ова што го кажувам е вистина или не. И втората работа мора да понудат одговори во јавноста зошто ова е направено, дециден е Николоски.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-go-objavi-najsomnitelniot-del-od-dogovorot-za-izgradba-na-koridorite-foto/feed/ 0
Милошоски: Власта го крие договорот за коридорите поради високата корупција која ја има во него https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vlasta-go-krie-dogovorot-za-koridorite-poradi-visokata-koruptsija-koja-ja-ima-vo-nego/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vlasta-go-krie-dogovorot-za-koridorite-poradi-visokata-koruptsija-koja-ja-ima-vo-nego/#respond Thu, 25 May 2023 17:06:59 +0000 https://kurir.mk/?p=838714

Криењето на договорот има причина, причината е големата корупција содржана во договорот потпишан од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми надвор од нивна надлежност и на штета на Република Македонија, Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата на гостувањето во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа. „Доколку би го покажале стручната јавност многу лесно ќе може да ги увиди клаузулите каде е скриена високата корупција, најмалку 20 градежни материјали немаат утврдена цена. Второ, референтната сцена се врзува со цена на злато, нафта и слични валути кои имаат рамномерен тек во глобалните ценовни движења“, рече Милошоски. Тој повтори дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ништо од пакетот закони за коридорите. Милошоски се осврна и на причините зошто нема да гласаат за законите за коридорите. „Прво затоа што се носат законите со злоупотреба на знаменцето на ЕУ со кое се покрива високата корупција. Второ затоа што договорот се држи во тајност. Трето, затоа што сметаме дека дел од законите се спротивни на човековите права и конкретно против одлука на Уставниот суд за работните часови“, рече Милошоски. Милошоски посочи дека за тоа дали Стево Пендаровски ќе ги потпише законите поврзани со коридорите зависи од тоа дали ќе е верен на владеење на правото или ќе преовладува неговата одлука, односно поддршка за кандидатура на претседателските избори од СДСМ и ДУИ . „Неговата постапка ќе покаже дали ќе замижи пред почитување на човековите права или ќе замижи ако се кандидира и му ветат поддршка СДСМ и ДУИ . Ова ќе биде тест за Пендаровски. Или Устав и човекови права или претседателска кандидатура“, рече Милошоски. По однос на кворумот за законите, Милошоски рече дека очекува дека владејачкото мнозинство ќе го има, но оти не е сигурен дали за сите закони ќе гласаат сите пратеници од владејачкото мнозинство. „Да видиме како ќе гласаат сите пратеници како ќе гласа претседателката на ДОМ, ме интересира и како ќе гласа ВМРО-НП кои исто беа сериозен критичар, а за ВМРО ПМНЕ и Коалицијата е јасно таа е единствена“, рече Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vlasta-go-krie-dogovorot-za-koridorite-poradi-visokata-koruptsija-koja-ja-ima-vo-nego/feed/ 0