Коридорот 8 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 13:21:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Коридорот 8 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинителството отвори предмет по допрен глас за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-otvori-predmet-po-dopren-glas-za-izgradbata-na-avtopatite-na-koridorite-8-i-10d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-otvori-predmet-po-dopren-glas-za-izgradbata-na-avtopatite-na-koridorite-8-i-10d/#respond Tue, 28 Mar 2023 13:20:40 +0000 https://kurir.mk/?p=817356

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. -Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, велат од ОЈОГОК. По објавите во медиумите во однос на компаниите вклучени во конзорциумот ИРД што беше избран за надзор, Антикорупциската комисија најави дека ќе ги провери наводите, а апели до оваа институција како и до Обвинителството за да се истражат сите постапки денеска повторно упати премиерот Димитар Ковачевски. -За сите информации што се од јавен карактер и сите податоци за изборот и на проектантот, и на изведувачот, и на надзорот се јавно достапни во Бирото за јавни набавки. Може да отпочнат какви било постапки, а јас третпат го повикувам и Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија да спроведат постапка за која маат законска надлежност во однос на сите информации кои се достапни. А сите одлуки на Владата ќе бидат доставени со материјалите до Антикорупциската комисија, рече Ковачевски на седницата на пратенички прашања во Собранието. Тој одговори на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на собраниската седница за пратенички прашања кој праша дали треба да се отвори истрага за фирмата за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10д во вредност од 22 милиони евра и зошто е избрана фирма без искуство за надзор која, како што рече, преку ноќ добила лиценца за надзор, како и грант државни пари од ФИТР. Како што рече Ковачевски, вредноста на надзорот е најниска во вкупното учество на изградба на патишта досега. - За коридорот 8 и коридорот 10д, процентот на вредноста за надзор и изградба на патот е 1,69. Значи, од вредноста од една милијарда 300 милиони евра од Договорот за проектирање и изградба за коридорот 8 и коридорот 10д, надзорот е 22,3 милиони евра или 1,69 проценти, што е најниско учество на надзор во вкупен проект на кој било автопат досега во државата, посочи премиерот. За надзорот на коридорите одговараше и вицепремиерот Артан Груби, кој е и претседател на Управувачкиот комитет на Владата за преговорите за изградба на двата коридора. - Цела постапка е запазена и е помината низ сите управни постапки во државата, рече Груби. Според најавите, стартот на проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10 во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра е предвиден за почетокот на следниот месец. Владата минатата недела на седница ја одобри и првата транша во износ од 87 милиони евра од вкупнo 243 милиони евра предвидени за годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-otvori-predmet-po-dopren-glas-za-izgradbata-na-avtopatite-na-koridorite-8-i-10d/feed/ 0
Стојаноски: Обвинителите треба да се постапат веднаш по аферата поврзана со надзор на изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10Д – во спротивно ќе треба да објаснат зошто молчеле за скандалите поврзани со Груби и Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-obvinitelite-treba-da-se-postapat-vednash-po-aferata-povrzana-so-nadzor-na-izgradbata-na-koridorot-8-i-koridorot-10d-vo-sprotivno-ke-treba-da-objasnat-zoshto-molchele-za-skandalite-povrzani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-obvinitelite-treba-da-se-postapat-vednash-po-aferata-povrzana-so-nadzor-na-izgradbata-na-koridorot-8-i-koridorot-10d-vo-sprotivno-ke-treba-da-objasnat-zoshto-molchele-za-skandalite-povrzani/#respond Wed, 15 Mar 2023 08:09:59 +0000 https://kurir.mk/?p=812084

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа, посочи дека со вицепремиерот Артан Груби се поврзани неколку скандали објавени во јавноста. „Со Груби е поврзано купување на дуќан во центарот на Скопје за многу пониска цена од пазарната, потоа отуѓување на хотел на Попова Шапка и доаѓаме до третиот скандал поврзан со фирмата, луѓето кои треба да прават надзор на фирмата која ќе ги изведува Коридорот 8 и Коридорот 10Д“, рече Стојаноски укажувајќи дека и во наредниот период ќе следат скандали поврзани со вицепремиерот. „А, токму тој е човекот кој ја води Владата, а другите се неми послушници“, дополни Стојаноски кој рече дека не може да се очекува ништо од премиер „кој што и да направи Груби потврдува“. Според Стојаноски крајно време е надлежните институции да реагираат за сите афери. Но, вели тој, како да се очекува Ислам Абази кој е обвинител за гонење на организиран криминал да почне постапки, а е близок со врвот на ДУИ. Осврнувајќи се на последниот скандал со надзорот на изградбата на Коридор 8 и Коридор 10Д, Стојаноски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака сите документи да ги приложи на јавноста. Исто така рече тој, јавното обвинителство го повикавме да реагира и да отвори истрага за конзорциумот ИРД – Ептиса - Електра Солушн - Евро Консталтинг. „Еден ден обвинителите ќе треба да одговорат зошто не постапувале по одредени предмети и ќе треба да објаснат зошто молчеле“, рече Стојаноски. Стојаноски истакна дека последниот скандал е школски пример како се мести тендер. „Најголемиот дел од парите одат кај Електра Солушн која вади лиценца во сред јавен повик. Електра Солушн која поднесува барање за издавање на лиценца за надзор по отворање на повикот за прибирање на понуди и добива лиценца во тек на јавниот повик. Оваа фирма Електра Солушн ќе земе 8.2 милиони евра од тендерот од 22 милиони евра“, рече Стојаноски. Стојаноски објасни дека во целата постапка надзорот е најважен, бидејќи на основа на надзорот се ефектуираат фактурите, колку треба да се плати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-obvinitelite-treba-da-se-postapat-vednash-po-aferata-povrzana-so-nadzor-na-izgradbata-na-koridorot-8-i-koridorot-10d-vo-sprotivno-ke-treba-da-objasnat-zoshto-molchele-za-skandalite-povrzani/feed/ 0