корнелија нинова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 11:26:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png корнелија нинова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нинова: Владата на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС е едно од најголемите политички предавства во последните години во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-vladata-na-pp-db-i-gerb-sds-e-edno-od-najgolemite-politichki-predavstva-vo-poslednite-godini-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-vladata-na-pp-db-i-gerb-sds-e-edno-od-najgolemite-politichki-predavstva-vo-poslednite-godini-vo-bugarija/#respond Thu, 25 May 2023 11:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=838575

Владата на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС е едно од најголемите политички предавства во последниве години, коментираше денеска лидерката на БСП, Корнелија Нинова, во врска со можната влада на „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и ГЕРБ-СДС, јави БТА. -Промените продолжуваат“ се создадени за да се смени претходниот модел на владеење на задкулисни игри и паралелна држава, а место - да ги искористам зборовите на претседателот, „соочи се надвор“ – се доби „соочи се внатре“, посочи таа. „Ова е ротирачка коалиција на омерта, тие едноставно самите ќе си ги чуваат грбовите“, смета Нинова. -Нема да поддржиме таков владин кабинет. Ако се состави, ние остануваме во опозиција. Сметаме дека ова е едно од најголемите политички предавства во последните години во бугарската политичка историја, рече лидерката на БСП. „Можете да имате ротација на премиерот, можете да имате ротација на претседателот на Народното собрание, не можете да имате ротација на моралот во политиката“, заклучи Нинова. Според неа, ова што сега го прават двете коалиции е гаранција за уште поголема нестабилност и хаос над хаосот. -Затоа што замислете си за девет месеци менувате премиер, дали ќе менувате министри, регионални гувернери, праша лидерката на БСП. На прашањето дали БСП ќе обезбеди уставно мнозинство за реформите во правосудството, Нинова ги повика прво да кажат што сакаат да се смени во Уставот, бидејќи досега идните коалициски партнери биле прилично збунети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-vladata-na-pp-db-i-gerb-sds-e-edno-od-najgolemite-politichki-predavstva-vo-poslednite-godini-vo-bugarija/feed/ 0
Нинова: БСП нема да поддржи мандат на ГЕРБ за состав на нова Влада во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-bsp-nema-da-poddrzi-mandat-na-gerb-za-sostav-na-nova-vlada-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-bsp-nema-da-poddrzi-mandat-na-gerb-za-sostav-na-nova-vlada-vo-bugarija/#respond Wed, 16 Nov 2022 16:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=761909

Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, по консултациите со бугарскиот претседател, Румен Радев, најави дека нејзината партија нема да го поддржи првиот мандат на ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија. -Доколку ги покани „Промените продолжуваат“ ќе учествуваме во вториот обид за формирање бугарска Влада, изјави таа. Бугарските социјалисти, според Нинова, нема да ги поддржат Движењето за права и слободи и „Преродба“ доколку тие го добијат третиот мандат за формирање влада. БСП сметаат дека може да има редовна бугарска Влада, но дека вистинските преговори меѓу партиите ќе почнат по врачувањето на првиот мандат. Нинова коментираше дека на денешниот разговор со претседателот, Радев и кажал дека преодната влада ќе размисли за зголемување на минималната плата на 850 лева (425 евра). Според неа, ова е добар резултат од средбата. Доколку бугарските социјалисти го добијат третиот мандат, ќе вложат максимални напори да формираат редовна влада. Нинова коментираше и дека БСП и претседателот на Бугарија се на исто мислење дека извозот на оружје во Украина е опасен за земјата и може да ја вклучи во конфликтот во Украина. По одлуката на 48. Народно собрание за испраќање оружје во Украина, БСП ја дефинираше коалицијата што ја донесе таквата одлука како „коалиција на војната“, а на оваа тема се обедини ГЕРБ, „Промените продолжуваат“, Движењето за права и слободи, „Бугарски подем“ и Демократска Бугарија. Бугарскиот претседател не и кажал на Нинова кога има намера да го додели првиот мандат за формирање влада, но доколку не успее парламентарната процедура, не е исклучена можноста 48. Народно собрание да се распушти во јануари 2023 година и земјата повторно да тргне кон нови предвремени парламентарни избори. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-bsp-nema-da-poddrzi-mandat-na-gerb-za-sostav-na-nova-vlada-vo-bugarija/feed/ 0
Радев е дел од групата што ја собори владата, обвинува Нинова https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-e-del-od-grupata-shto-ja-sobori-vladata-obvinuva-ninova/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-e-del-od-grupata-shto-ja-sobori-vladata-obvinuva-ninova/#respond Thu, 28 Jul 2022 08:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=711210

Претседателот е дел од мнозинството, заедно со ГЕРБ-СДС, ДПС, Преродба и Има таков народ“, кои ја соборија владата што тој ја создаде. Со овие зборови видно бесната лидерка на БСП Корнелија Нинова излезе од канцелариите на претседаетелот Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми. „Тој не престана да ја критикува владата од нејзиниот прв ден, иако ја создаде главната партија во неа. Заедно со ГЕРБ, ДСП, Има таков народ и Преродба не ни дадоа 100 дена. Сметаме дека тој е дел од групата која ја собори актуелната власт“, истакна Нинова. Пред тоа, БСП го врати мандатот за формирање влада и после овој трет обиде Бугарија оди на избори, а Радев треба да фиормира службен кабинет. Мандатот на радев не му го врати Нинова, туку шефот на пратеничката група Георги Свиленски. Претставниците на БСП не сакале ниту да седнат на масата и покрај поканата на шефот на државата. Румен Радев им честиташе на претставниците на БСП за напорите, но веднаш истакна дека владејачката коалиција остава хаос во енергетскиот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-e-del-od-grupata-shto-ja-sobori-vladata-obvinuva-ninova/feed/ 0
Нинова: Нема да има повеќе разговори со партијата Има таков народ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-nema-da-ima-povekje-razgovori-so-partijata-ima-takov-narod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-nema-da-ima-povekje-razgovori-so-partijata-ima-takov-narod/#respond Mon, 25 Jul 2022 06:06:11 +0000 https://kurir.mk/?p=709765

Лидерката на бугарските социјалисти Корнелија Нинова за БТВ изјави дека завршиле преговорите со партијата на Слави Трифонов „Има таков народ”. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Нинова, преговори со нив повеќе нема да се водат. Таа рече дека направиле многу компромиси и ги вложиле сите можни напори, се рефлектирало се што сакале од ИТН во основа за Бугарија, веќе нема враќање назад. „Ние водиме преговори за владата на Бугарија, а не курс за психотерапија”, рече Нинова. Локалните медиуми јавуваат дека вонредниот коалициски совет на владејачката коалиција во Бугарија завршил без поголем напредок. Средбата заврши без изјави, што ги засилува очекувањата дека во среда ќе се види каква ќе биде одлуката на Бугарската социјалистичка партија откако партијата во понеделник и вторник ги одржа состаноците на своите раководни тела и го одржа финалниот состанок со коалиционите партнери од владејачката коалиција за тоа што да прави БСП го прави третиот последен мандат за формирање нова бугарска влада и надминување на политичката криза во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-nema-da-ima-povekje-razgovori-so-partijata-ima-takov-narod/feed/ 0
Нинова: Бугарските социјалисти ќе ја понудат премиерската функција на најголемата партија во Парламентот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-bugarskite-socijalisti-kje-ja-ponudat-premierskata-funkcija-na-najgolemata-partija-vo-parlamentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-bugarskite-socijalisti-kje-ja-ponudat-premierskata-funkcija-na-najgolemata-partija-vo-parlamentot/#respond Mon, 18 Jul 2022 16:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=707078

Бугарската социјалистичка партија, која го доби третиот последен мандат за формирање нова влада на земјата, останува на ставот дека премиерот треба да биде од најголемата партија застапена во Парламентот – „Продолжуваме со промената“, изјави Корнелија Нинова откако „БСП за Бугарија“ го доби третиот мандат, јави дописникот на МИА од Софија. Се уште не е познато името на кандидатот за следен премиер на Бугарија, но останува барањето на бугарските социјалисти нов премиер да не биде Кирил Петков. Преговорите за формирање нова влада почнуваат утре со најголемата партија во Народното собрание – „Продолжуваме со промената“. Програмата за управување потпишана пред неколку недели меѓу тројцата учесници во владината коалиција „Продолжување на промените“, БСП и „Демократска Бугарија“ ќе биде основа за разговорите со сите политички сили. Бугарските социјалисти ќе преговараат со партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ како и со независните пратеници кои се одвоија од нив. Лидерот на БСП рече дека нема да се водат консултации со ГЕРБ, ДПС и „Преродба “. Според Нинова, најтешко во преговорите ќе биде враќањето на добриот тон меѓу „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“. Таа наведе дека во програмата што е потпишана имало договор да се направат дипломатски напори да се средат односите на Бугарија со Русија и да не се прекинуваат и да не се затвори Амбасадата. Нинова истакна дека, според нејзината партија, членовите на бугарската влада треба да бидат политички личности, за да биде јасно кој ја сноси одговорноста во сложените времиња во кои се наоѓа нејзината земја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-bugarskite-socijalisti-kje-ja-ponudat-premierskata-funkcija-na-najgolemata-partija-vo-parlamentot/feed/ 0
Радев и го даде третиот мандат на БСП – Нинова: Следниот петок треба да се вратиме кај претседателот со премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-i-go-dade-tretiot-mandat-na-bsp-ninova-sledniot-petok-treba-da-se-vratime-kaj-pretsedatelot-so-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-i-go-dade-tretiot-mandat-na-bsp-ninova-sledniot-petok-treba-da-se-vratime-kaj-pretsedatelot-so-premier/#respond Fri, 27 Aug 2021 08:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=555495

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска и го предаде третиот истражувачки мандат за формирање на нова влада на Бугарската социјалистичка партија, третопласираната партија на последните парламентарни избори, оддржани на 11 јули. Мандатот го прими, лидерот на БСП, Корнелија Нинова. -Избрав третиот мандат да и го дадам на БСП , а има многу причини за тоа. БСП ги исполнува вредностите на слободата и солидарноста. БСП ја зачува отвореноста и дијалогот во последните напори за формирање влада. Верувам дека овие илјадници чесни луѓе се гарант дека третиот мандат ќе се искористи за формирање кабинет околу јасни вредности, изјави Радев, при предавањето на третиот мандат на лидерката Нинова, јави БГНЕС. „На Бугарија и треба влада. Со Уредбата 218 Ви наредувам да го соопштите кандидатот за премиер“, и се обрати претседателот на Нинова. Лидерката на БСП од своја страна кажа дека во партијата ја разбираат одговорноста што ја преземаат. -Ќе ги вложиме сите напори да формираме редовна влада, која ќе преземе мерки за реформи, мерки за промени, за во следните месеци да ја обезбедиме стабилноста на Бугарија. Ќе се обидеме да видиме како можеме да дадеме гаранции за безбедноста и стабилноста. Ви благодарам, му порача Нинова на претседателот откако го доби мандатот. По излегувањето од средбата Нинова на медиумите им изјави дека сега следува период на здрав разум, мудрост, смиреност, земајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува земјата и вложувајќи сериозни напори за формирање кабинет и мнозинство во парламентот. Таа додаде дека уште денеска БСП ќе се обрати до другите партии за распоредот на разговорите и ќе го извести парламентот. -Пред нас се два избора – еден да формираме редовна влада или да излеземе на избори. Сите се согласуваат дека доаѓаат кризи, на кои мора да одговориме смирено и разумно. Во првиот мандат имаше проблеми со министрите, бидејќи имаше готови решенија, сега предлагаме да седнеме и да разговараме за решенијата, додаде Нинова. „Следниот петок треба да дојдеме кај претседателот со предлогот за премиер“, прецизира таа. -Постои ризик ребалансот на буџетот на сегашниот владин кабинет да не го собере потребното мнозинство за изгласување. Ние го гледаме ребалансот на буџетот како можност за формирање мнозинство, коментираше Нинова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-i-go-dade-tretiot-mandat-na-bsp-ninova-sledniot-petok-treba-da-se-vratime-kaj-pretsedatelot-so-premier/feed/ 0
„Без БСП нема стабилна влада“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-bsp-nema-stabilna-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-bsp-nema-stabilna-vlada/#respond Sat, 24 Jul 2021 09:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=541194

Лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова, неколку часа пред да се сретне со раководството на партијата „Има таков народ“, која победи на парламентарните избори во Бугарија, за БНТ изјави дека без нејзината партија не може да има стабилна влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа ја оцени како лицемерна можноста „партиите на промени“ да формираат нова бугарска влада со поддршка на Движењето за права и слободи, поради протестот на „Демократска Бугарија“ на плажата Розенец во близина на резиденцијата на почесниот претседател на ДПС Ахмед Доган пред една година и сега формираната специјална комисија на оваа тема во новоизбраниот бугарски парламент. Нинова смета дека може да има повеќе состаноци со „Има таков народ“. Според неа, политиките се поважни, но исто така и луѓето кои ќе ги спроведат. Таа е категорична дека има неколку многу важни приоритети за земјата, како што се усвојување на Планот за обновување и одржливост, актуелизацијата на буџетот на Бугарија за 2021 година и подготовка на Буџетот за 2022 година, како и подготовка за новиот бран на Ковид-19. Според неа, долгорочни приоритети се реформата на здравството, економијата и судскиот систем на Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-bsp-nema-stabilna-vlada/feed/ 0
Корнелија Нинова реизбрана за претседателка на Бугарската социјалистичка партија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kornelija-ninova-reizbrana-za-pretsedatelka-na-bugarskata-socijalistichka-partija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kornelija-ninova-reizbrana-za-pretsedatelka-na-bugarskata-socijalistichka-partija/#respond Sun, 13 Sep 2020 08:21:29 +0000 https://kurir.mk/?p=402560

Актуелната лидерка на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, победи на првите директни избори за нов претседател на левицата со над 80 отсто поддршка. Ова го покажуваат прелиминарните податоци, јави БНТ. Нинова учествуваше на директните избори за претседател на партијата со уште тројца кандидати – нејзиниот поранешен партиски заменик Кирил Добрев, пратениците Валери Жабљанов и Красимир Јанков. Жабљанов и Јанков повикаа на бојкот на гласањето. Претходно оваа недела, Георги Тодоров се повлече од трката и неговата регистрација беше избришана Одлуката за директен избор на претседател на партијата беше донесена од Конгресот на БСП во февруари 2017 година, на предлог на самата Корнелија Нинова. Според правилата, ЦИК на партијата мора да ги објави конечните резултати од гласањето 48 часа по неговото завршување. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kornelija-ninova-reizbrana-za-pretsedatelka-na-bugarskata-socijalistichka-partija/feed/ 0