корона криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Nov 2021 12:39:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png корона криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-povtorno-gi-zatvora-stadionite-poradi-korona-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-povtorno-gi-zatvora-stadionite-poradi-korona-krizata/#respond Sat, 13 Nov 2021 12:39:50 +0000 https://kurir.mk/?p=595067

Холандската фудбалска репрезентација својот последен натпревар во мундијалските квалификации против Норвешка во вторник ќе го игра без публика, откако земјата повторно воведе рестрикции поради зголемувањето на бројот заразени со коронавирус. Вршителот на должноста холандски премиер Марк Руте објави во петокот дека властите воведуваат тринеделен карантин со дополните рестрикции за кафе баровите, ресторани и супермаркетите, кои ќе бидат отворени до 20 часот. На две кола пред крајот на мундијалските квалификации, Холандија е лидер во групата Г со два бода предност пред второпласираната Норвешка. Одлуката на холандските власти значи дека по завршувањето на репрезентативната пауза и натпреварите во националното првенство повторно ќе се играат зад затворени врати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-povtorno-gi-zatvora-stadionite-poradi-korona-krizata/feed/ 0
Милошоски: Владата и Филипче имаат не само морална туку и здравствена и законска одговорност за неуспешното справување со корона кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vladata-i-filipche-imaat-ne-samo-moralna-tuku-i-zdravstvena-i-zakonska-odgovornost-za-neuspeshnoto-spravuvanje-so-korona-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vladata-i-filipche-imaat-ne-samo-moralna-tuku-i-zdravstvena-i-zakonska-odgovornost-za-neuspeshnoto-spravuvanje-so-korona-krizata/#respond Wed, 28 Apr 2021 10:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=503256

Антонијо Милошоски, пратеник во собранието и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ во изјава при теренска посета на Битолско кажа дека справувањето со корона кризата од страна на министерот Филипче е неуспешно и затоа Македонија има најмалку имунизирано население во регионот. Милошоски потенцираше дека доколку министерот Филипче не трчал по провизии и посериозно се занимавал со справување со здравствената криза Македонија немаше да има огромен број на починати и сериозна економска штета. Сметам дека справувањето со корона кризата е неуспешно бидејќи министерот за здравство Венко Филипче наместо да се заминава со набавка на вакцини и обука на персонал за подобра организираност во оваа пандемија тој трчаше по провизии и Македонија остана за жал земја во регионот која што има најмалку имунизирано население рече Милошоски. Милошоски додаде дека за катастрофалната здравствена и економска криза и за огромниот број на загубени животи и работни места министерот за здравство Филипче и премиерот Заев не носат само морална одговорност туку и здравствена и законска одговорност за штетата која е направена. Колку време помина од декември кога Филипче ветуваше дека ќе почне вакцинацијата до денес и колку жртви човечки и жртви економски имаме како држава покажува дека Филипче и Заев не носат само морална туку носат и здравствена и законска одговорност за оваа штета што е направена. Прекумерната смртност за Македонија е катастрофална, а економските штети мислам дека се многу големи и затоа сметам дека тандемот Заев Филипче со непреземање на навремени дејствија нанесоа голема здравствена и економска штета на државата, заврши Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-vladata-i-filipche-imaat-ne-samo-moralna-tuku-i-zdravstvena-i-zakonska-odgovornost-za-neuspeshnoto-spravuvanje-so-korona-krizata/feed/ 0
Ампева: Работничка од Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење права во корона-криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/#respond Tue, 22 Dec 2020 10:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=446612

Работничка од приватен сектор во Куманово ја доби првата кривична пресуда за кршење на работнички права за време на корона-кризата, соопшти Кристина Ампева од „Гласен Текстилец”-Штип. Забележува дека за време на оваа здравствено – економска криза, каде што многу работници останаа без работа, со незаконски откази утринава ја добила позитивната вест. -Гласен Текстилец го следеше судскиот случај, на една работничка од Куманово, којашто беше бремена и ги користеше времените мерки донесени од Владата, со коишто бремените беа ослободени од работа. Работодавачот и даде незаконски отказ, поради кршење на ред и дисциплина. Оваа работничка собра храброст и го тужеше работодавачот, со тужба поради работен спор и приватна кривична тужба и ја доби оваа битка, со што судот го усвои тужбеното барање, го утврди незаконитото постапување, со кои се повредени работничките права. Судот го поништи решението за откажување на договорот за вработување, како незаконито, вели Ампева. Посочи дека работничката, која одобрила да се објави информацијата е со цел да се охрабрат работниците, доколку се повредени нивните работнички права и да бидат одлучни и упорни во нивното остварување. – Да се обратите до соодветните институции, како и до „Гласен текстилец“ кој секогаш е на страната на работниците и секогаш достапен да даде помош и соодветно да ве упати при остварувањето на работничките права.Правдата е достижна, само е потребно храброст, одлучност и упорност, порача Ампева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ampeva-rabotnichka-od-kumanovo-ja-dobi-prvata-krivichna-presuda-za-krshenje-prava-vo-korona-kriza/feed/ 0
Мицкоски: Владата не знае како да се справи со корона кризата, не чекаат уште полоши времиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-ne-znae-kako-da-se-spravi-so-korona-krizata-ne-chekaat-ushte-poloshi-vreminja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-ne-znae-kako-da-se-spravi-so-korona-krizata-ne-chekaat-ushte-poloshi-vreminja/#respond Sun, 01 Nov 2020 19:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=423407

Додека не очекува тежок период и полоши времиња со корона кризата, гледаме дека владата не знае како да се справи со ситуацијата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситјан Мицкоски, одговарајќи на прашања од граѓаните на Фејсбук. - Не очекува прилично тежок период поради неспособната влада, поради сето што таа влада нас ни го приредува во периодот помеѓу првиот и вториот бран кога цела Европа се подговтуваше за вториот бран не уверуваа за некоја нова нормалност и дека знаат што прават, а во суштина гледаме дека бројот на заболените во овој втор бран за десеткратно е поголем од бројот на заболените кој беше во првиот. За жал двоцифрена е бројката на луѓе кои го губат животот, ани следува и економска шок бомба, истакна Мицкоски. Тој посочи дека од владата не знаат да дадат одговор на кризата, бидејќи покажаа дека не само што не се кадарни туку и имаат незнаење. - Затоа од ВМРО-ДПМНЕ предлагаме мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните. Сакаме да им помогнеме на граѓаните бидејќи гледаме дека тие се оставени на милост и немилост на една влада која се ја интересира, само не здравјето на граѓаните. Побаравме да веднаш бидат ослободени хронично болните, да се воведат бесплатни тестирања за здравствените работници, за просветните работници бидејќи секојдневно се во контакт со граѓани, да се формира специјална ковид комисија, но до овој момент освен игнорантскиот однос на власта нема никаков одговор од владата, изјави Мицкоски. Мицкоски додаде дека овој втор бран кој е продолжеток на првиот кој никогаш не заврши ќе биде лош по иднината на граѓаните поради неспособните и игнорантски политики на владата на СДСМ и на политичката комисија за заразни болести. - Никој не сносува одговорност, напротив надменост и нервоза кога треба мудрос и зрелост. Гледаме надменост и инает, и нервоза и затоа треба да се послуша опозицијата за се она кое би значело подобар квалитет во животот на нашите сограѓани, заклучи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-ne-znae-kako-da-se-spravi-so-korona-krizata-ne-chekaat-ushte-poloshi-vreminja/feed/ 0
Ковид кризата го зголемува бројот на невработени, во септември во евиденција над 151.000 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovid-krizata-go-zgolemuva-brojot-na-nevraboteni-vo-septemvri-vo-evidencija-nad-151-000/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovid-krizata-go-zgolemuva-brojot-na-nevraboteni-vo-septemvri-vo-evidencija-nad-151-000/#respond Wed, 21 Oct 2020 09:34:21 +0000 https://kurir.mk/?p=418898

Сто педесет и една илјада и 359 невработени лица се регистрирани во Агенцијата за вработување на крајот на септември 2020 година. Во евиденцијата на невработени според обајвените податоци од почетокот на ковид-кризата бројот на невработени е поголем за 43627 лица. Од Агенцијата појаснуваат дека со состојба на 30 септември 2020 година евидентирани се 14819 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот, односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19. Во текот на септември бројот на оние кои стекнале статус на невработено лице изнесува 13702. Во евиденција на невработени се пријавиле 2096, 3880 се симнати од евиденција на невработени по сите законски основи, 1411 се лица од евиденција на други лица кои бараат работа, 7102 се лица кои престанале да се водат во евиденција на невработени, 1053 се симнати од евиденција по законски основ, а 1385 лица преминале во евиденцијата на други лица кои бараат работа. Од Агенцијата појаснуваат дека за 4464 лица кои се стекнале со статус на невработени лица во периодот од 01.09.2020 до 30.09.2020 година по основ на прилив од работен однос, одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот по 11 март 2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19 вирусот. Во текот на септември годинава 4664 лица засновале работен однос, а слободни работни места објавени на Агенцијата се 5754. Корисници на право на паричен надоместок согласно Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност во септември 2020 година биле 6800 лица, од кои технолошки вишок се 1755, сезонци 4656 и 389 стечајци. Во март кога почна ковидкризата во евиденцијата на Агенцијата биле регистрирани 107732 невработени лица, во април тој број се зголемил на 114762 лица, во мај на 121187 лица, во јуни 133455 лица, во јули на 141777 лица, во август достигнува 144759 невработени лица и во септември 151359 лица. Од регионите најголем дел од лицата без работа останале во Скопскиот, во Тетово, Куманово, Гостивар… Во Скопје од март до септември бројот на невработени се зголемил од 19273 на 29686 лица, во Битола од 4987 на 6720, во Велес од 4021 на 5341, Виница од 669 на 1041, Гевгелија од 960 на 1940, Гостивар 7022 на 10 653, Дебар од 2123 на 2938, Кичево од 2826 на 4037, Кочани од 2593 на 3608, во Крива Паланка 2477 на 2986, Куманово 12412 на 15734, Прилеп од 7157 на 9060, Струмица од 4476 на 6521, Тетово од 13190 на 18563 и во Штип од 2674 на 4344 невработени лица]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kovid-krizata-go-zgolemuva-brojot-na-nevraboteni-vo-septemvri-vo-evidencija-nad-151-000/feed/ 0
ММФ: Сè уште не се наѕира крај на корона-кризата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-se-ushte-ne-se-nadzira-kraj-na-korona-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-se-ushte-ne-se-nadzira-kraj-na-korona-krizata/#respond Wed, 09 Sep 2020 17:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=401264

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска предупреди дека кризата со коронавирусот „сè уште не е завршена“, истакнувајќи ја потребата од мултилатерална соработка за да се обезбеди соодветно снабдување со вакцини откако ќе биде произведена. Во текст објавен во списанието „Форин полиси“, директорката на ММФ Кристалина Георгиева и главниот економист на Фондот Гита Гопинат наведуваат дека сегашното економско закрепнување од кризата е резултат на брзото спроведување на мерките за поддршка од државите на централната банка од невидени размери, но и дека е неопходно да се вложат дополнителни напори. „Опоравувањето останува многу кревко и нерамномерно во однос на региони и сектори. „Со цел да се обезбеди продолжување на закрепнувањето, од клучно значење е таквата поддршка да не биде предвремено прекината“, велат Георгиева и Гопинат во написот. Болеста Ковид-19, предизвикана од новиот коронавирус, однесе 900.000 животи ширум светот, а ММФ проценува дека вкупните трошоци од кризата ќе достигнат 12 трилиони долари до крајот на 2021 година, поради што на земјите со ниски примања најверојатно ќе им треба постојана финансиска поддршка. ММФ обезбеди итно финансирање за 75 земји, вклучително и 47 држави со ниски примања и објави дека е подготвен да обезбеди поддршка за поширок опсег на земји со среден приход. Покрај поддршката за работниците и деловните субјекти и инвестициите во спречување на глобалното затоплување и запирање на растот на нееднаквоста во светот, предводниците на ММФ велат дека владите мора да работат заедно на меѓународно ниво за да се стави крај на здравствената криза. До 8 септември годинава, во процес на развој имало најмалку 128 вакцини, од кои 37 веќе се во фаза на тестирање врз луѓе, пишуваат Георгиева и Гопинат, кои предвидуваат 90 отсто шанси за успешен развој на ваков производ. Тие додаваат дека е неопходна глобална соработка за да се обезбеди навремено производство, соодветно снабдување за сите земји, без оглед на нивните финансиски ресурси и правична дистрибуција на вакцините. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mmf-se-ushte-ne-se-nadzira-kraj-na-korona-krizata/feed/ 0
Гратче во САД со уникатна идеја за борба против корона-кризата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gratche-vo-sad-so-unikatna-ideja-za-borba-protiv-korona-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gratche-vo-sad-so-unikatna-ideja-za-borba-protiv-korona-krizata/#respond Fri, 10 Jul 2020 09:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=373133

Печатница која се наоѓа во малиот музеј во гратчето Тенино, Вашингтон, САД, „се врати во живот“ по близу 90 години „молчење”. И сега задачата беше – печатење дрвени банкноти… Дрвените блокови од по 25 долари го носат името на градот, се со натпис „COVID Relief“ (Ослободување од болеста на коронавирусот), обично наслоен врз слика на лилјак, и латинскиот израз „Habemus autem sub potestate“ (Го држиме под контрола). Целта е спас на финансиската состојба на гратчето. Имено, пандемијата на коронавирусот предизвика рецесија во САД, уништувајќи го малиот бизнис и предизвикувајќи илјадници отпуштања. 3атоа, се бараат алтернативни и иновативни решенија. Во таа смисла, Тенино се наврати на својата уникатна валута, којашто 1931 година, веднаш по Големата депресија, ја зачувала економијата и животот во градот. – Тоа беше првичната идеја: Зошто да не го направиме тоа повторно? Има смисла!, рече градоначалникот Вејн Фурние. Тенино, гратче со помалку од 2.000 жители, се наоѓа на околу 95 километри југозападно од Сиетл. Концептот на градската валута, се состои во тоа што секој со документирана загуба на приходи поради пандемијата, има право на најмногу 300 долари помош во месецот. Парите може да се употребат во која било продавница, за која било стока, со исклучок на цигари, алкохол и лото-ливчиња. Малото гратче така и стана познато во земјата пред 89 години, кога не дозволи да биде урнисано од Големата депресија. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gratche-vo-sad-so-unikatna-ideja-za-borba-protiv-korona-krizata/feed/ 0
Мицкоски: Веднаш по формирањето на владата ќе пристапиме кон реализација на план во борбата против ковид кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vednash-po-formiranjeto-na-vladata-kje-pristapime-kon-realizacija-na-plan-vo-borbata-protiv-kovid-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vednash-po-formiranjeto-na-vladata-kje-pristapime-kon-realizacija-na-plan-vo-borbata-protiv-kovid-krizata/#respond Wed, 08 Jul 2020 20:54:38 +0000 https://kurir.mk/?p=372148

Веднаш по формирањето на Владата ќе пристапиме кон реализација на план, кој веќе го иаме изготвено, за борба против корона кризата, тоа ќе ни биде приорит и прва задача откако ќе ја победиме оваа тригодишна пандемија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој во емисијата „Клан дебата“ на Клан Македонија телевизија истакна дека имаат изготвено преодна стратегија во која ги таргетираат двете суштински области а тоа се економијата и здравството. - Цениме дека досега од Владата имаме калкулантска игра и наместо да бидат здравствени работници, оние луѓе кои се дел од онаа Комисија за заразни болести преминаа од инфектолози во политиколози и добро е што исчезнаа од екраните, ги нема веќе од оние прес конференции кои повеќе личеа на политички, партиски памфлет отколку на здравствени прес конференции, рече Мицкоски. Тој потсети дека откако властите прогласија победа над вирусот корона, бројките на заразени драстично почнаа да се зголемуваат, драстично, исто така, се зголеми и бројот на починати лица. - Се сеќавате, откако прогласија победа над пандемијата, бројките драматично почнаа да растат и денеска Македонија е, би рекол рекордер по бројот на нови случаи и по бројот на луѓето кои ги загубиле своите животи. Навистина неможам да ги разберам оние калкулантски игри кои што беа произведени од онаа кујна на СДСМ, а потоа пресликани во Комисијата за заразни болести, констатираше Мицкоски. Тој додаде дека тие нема така да се однесуваат кога се работи за здравјето на граѓаните, дека имаат стратеги и план како ќе делуваат во справувањето со здравствена криза. Мицкоски вели дека уште на 26 март алармирале дека можеме да дојдеме до ова што сме сега но од страна на министерот за здравство, Венко Филипче, беа прогласени за луѓе кои што шират лажни вести, а кои нивни тврдења, за жал, ги докажа времето. - Ние секако нема така да се однесуваме бидејќи би било лицемерие ако сега зборуваме за здравјето на граѓаните а потоа се однесуваме калкулантски. Имаме стратегија, имаме план. Впрочем ние алудиравме уште од на 26 март дека ќе дојде до ова до кое што дојде. Тогаш од страна на ресорниот министер и надлежните бевме прогласени за луѓе кои што лиферуваат лажни вести итн, но тоа сега е позади нас, потенцираше Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vednash-po-formiranjeto-na-vladata-kje-pristapime-kon-realizacija-na-plan-vo-borbata-protiv-kovid-krizata/feed/ 0
ОЕЦД: Корона-кризата ќе ја удвои невработеноста во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-korona-krizata-kje-ja-udvoi-nevrabotenosta-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-korona-krizata-kje-ja-udvoi-nevrabotenosta-vo-svetot/#respond Tue, 07 Jul 2020 12:56:00 +0000 https://kurir.mk/?p=370891

Кризата предизвикана од коронавирусот ќе ја зголеми невработеноста во голем дел од развиениот свет далеку над нивото од времето на глобалната финансиска криза во 2008 година, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). До крајот на јуни, стапката на невработеност кај 37-те членки на ОЕЦД ќе се зголеми на 11,4 проценти, од 5,2 проценти на крајот на 2019 година, кога беше на најниско ниво за 50 години, проценува организацијата. Во октомври 2009 година, по финансиската криза, стапката на невработеност беше 8,7 проценти, потсетува ОЕЦД. Опоравувањето, најверојатно, ќе биде постепено, се забележува во годишниот извештај за вработување, потврдувајќи ја проценката дека стапката на невработеност треба да биде 9,4 проценти на крајот на годината, а да се намали на 7,7 проценти на крајот на 2021 година. Прогнозите за следната година се засноваат на претпоставката дека земјите од ОЕЦД нема да бидат погодени од вториот бран на пандемијата. Доколку повторно се рашири пандемијата, стапката на невработеност ќе биде 8,9 проценти на крајот на следната година. „Нашиот епидемиолошки модел покажува дека може да се избегне втор бран дури и ако не биде развиена вакцина“, забележува ОЕЦД, додавајќи дека владите треба да користат мерки на пазарот на трудот, како што се постојани стимулации за работа од дома. Тие, исто така, потенцираат дека интервенциите на пазарот на трудот, како што се програмите за зачувување на работните места, сега треба подобро да се усогласат со потребите на компаниите, работниците и домаќинствата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-korona-krizata-kje-ja-udvoi-nevrabotenosta-vo-svetot/feed/ 0
Владата не се справува добро со корона кризата, сметаат граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ne-se-spravuva-dobro-so-korona-krizata-smetaat-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ne-se-spravuva-dobro-so-korona-krizata-smetaat-gragjanite/#respond Tue, 16 Jun 2020 09:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=358520

Граѓаните сметаат дека македонската Влада не се справи добро со корона кризата. Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета спроведена од Институтот “Habeas Corpus” кој разработува прашања од правниот и политички систем. На прашањето: „Дали Владата според вас добро се справува со корона кризата“, најголем дел од граѓаните или точно 58.3% одговориле со НЕ. Потврден одговор дале 32,7 % од испитаните граѓани, а 9% немале одговор.   АНКЕТА: Водство на ВМРО-ДПМНЕ пред коалицијата на СДСМ и БЕСА

Граѓаните децидни: Пакетите кои ги дели СДСМ се обид за предизборен поткуп, 62 % незадоволни од владините економски мерки

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ne-se-spravuva-dobro-so-korona-krizata-smetaat-gragjanite/feed/ 0