корона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Feb 2022 11:53:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png корона – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Русија укината изолацијата за контакт со заразен од корона https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-ukinata-izolacijata-za-kontakt-so-zarazen-od-korona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-ukinata-izolacijata-za-kontakt-so-zarazen-od-korona/#respond Sun, 06 Feb 2022 11:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=627676

Русија, од денеска, ја укина изолацијата за лица кои биле во контакт со заразен од корона вирус. Шефицата на руската служба за фитосанитарен надзор Ана Попова, изјави дека карантинот за лица кои биле во контакт со заразени со омикрон варијантата на корона вирус ја губи смислата, затоа што омикрон е многу заразен, а при тоа често дава асимптоматски облик на болеста, пренесе РИА Новости. Во Русија денеска стапуваат на сила и нови правила за отпуштање пациенти со корона вирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-ukinata-izolacijata-za-kontakt-so-zarazen-od-korona/feed/ 0
Поради короната го заборавивме сезонскиот грип: Што се случува кога ќе се судрат двата вируси? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-koronata-go-zaboravivme-sezonskiot-grip-shto-se-sluchuva-koga-kje-se-sudrat-dvata-virusi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-koronata-go-zaboravivme-sezonskiot-grip-shto-se-sluchuva-koga-kje-se-sudrat-dvata-virusi/#respond Thu, 23 Sep 2021 20:23:25 +0000 https://kurir.mk/?p=567499

Покрај актуелната пандемија со коронавирусот, ладните денови носат и сезонски грип кој остана позанемарен пред ковид брановите. Најголема опасност претставува можноста пациентот истовремено да се инфицира и со корона и со вирусот на грип. Симптомите на сите респираторни вируси, па и на грипот и на короната се слични. Она по што најмногу се разликуваат е губењето на осетот за мирис што е специфичен за короната, а не постои кај грипот. Што се случува кога ќе се судрат двата вируси? -Треба да се знае дека кај ослабениот организам клиничката слика ќе биде потешка и симптомите ќе бидат многу, многу потешки, истакнува вирусологот Нада Кулајиќ. Она што најмногу ги интересира луѓето е како најдобро да се заштитат и дали може во исто време да се прими и вакцина против корона и вакцина против сезонскиот грип. -Последната препорака од Европскиот централ за контрола на болестите е дека вакцинацијата против вирусот на грип може истовремено да се спроведе со вакцината против корона. Што се однесува до согласувањето на едната и другата вакцина, не постојат никакви контраиндикации луѓето што се вакцинирани против корона, да добијат и вакцина против грип, посочи за српските медиуми полковник д-р Иво Удовичиќ. Активната имунизација против грипот посебно им се препорачува на лицата кои се во ризичната група со опасност за тешка клиничка слика, како и на лицата постари од 65 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-koronata-go-zaboravivme-sezonskiot-grip-shto-se-sluchuva-koga-kje-se-sudrat-dvata-virusi/feed/ 0
Овој град без вакцина нема да се оди во ресторан, на вежбање или претстава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-grad-bez-vakcina-nema-da-se-odi-vo-restoran-na-vezbanje-ili-pretstava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-grad-bez-vakcina-nema-da-se-odi-vo-restoran-na-vezbanje-ili-pretstava/#respond Tue, 03 Aug 2021 19:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=545835

Без сертификат за вакцинација во Њујорк, нема да може да се влезе во ресторан, теретана и на настани, тоа го изјави демократскиот градоначалник Бил де Блазио, со што градот стана првиот во САД што воведе ковид-пасоши. Мерката, наречена Key to NYC Pass „ќе бара вакцинација за вработените и гостите на рестораните во затворени простории, корисниците на сали и посетителите во затворени простории“, рече градоначалникот на прес -конференција, додавајќи дека „барем една доза“ од вакцината ќе биде потребно за слободен влез. „Ако сте вакцинирани го имате клучот, можете да ја отворите вратата. Ако не сте, за жал нема да можете да учествувате во многу активности”, рече Де Блазио. Тој рече дека мерката ќе биде воведена на 16 август, а нејзината имплементација ќе следи од 13 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-grad-bez-vakcina-nema-da-se-odi-vo-restoran-na-vezbanje-ili-pretstava/feed/ 0
Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите кои ќе се пожалат на симптоми на корона https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-obezbedi-besplatni-brzi-testovi-za-turistite-koi-kje-se-pozalat-na-simptomi-na-korona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-obezbedi-besplatni-brzi-testovi-za-turistite-koi-kje-se-pozalat-na-simptomi-na-korona/#respond Sun, 20 Jun 2021 08:51:56 +0000 https://kurir.mk/?p=525630

Освен што нема никакви ограничувања за влез во земјата, Албанија, за сите туристи кои одлучиле да одмораат на нејзиното крајбрежје и другите туристички места, обезбеди бесплатни брзи тестови во случај на појава на симптоми на Ковид-19. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу информираше дека почнале да функционираат 29 здравствени амбуланти каде 24 часа се достапни здравствени услуги, како и бесплатни тестови за секој сомнителен случај. -Во секоја летна здравствена амбуланта во крајбрежните и планинските туристички области, се нуди 24-часовна услуга за секоја итна медицинска помош, како и бесплатен брз тест, за секој случај за кој постои сомневање за Ковид-19. Во случај на појава на некој од симптомите, одете во најблиската здравствена амбуланта. Заедно, да го ограничиме ширењето на коронавирусот, за безбедна туристичка сезона, напиша Манастирлиу во објава на Фејсбук. На располагање е и бесплатниот телефонски број 127. Во меѓувреме во земјата продолжува процесот на имунизација, а епидемиолошката состојба е стабилна. Четири дена по ред нема починат како последица од Ковид-19, бројот на заразени е минимален, односно вчера имаше само четири нови случаи, од направени 2771 тест, активни на болеста се 124 од кои болнички се лекуваат само седум пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-obezbedi-besplatni-brzi-testovi-za-turistite-koi-kje-se-pozalat-na-simptomi-na-korona/feed/ 0
Родители од цел свет на децата им ги даваат имињата Корона, Вирус и Ковид https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/roditeli-od-cel-svet-na-decata-im-gi-davaat-iminjata-korona-virus-i-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/roditeli-od-cel-svet-na-decata-im-gi-davaat-iminjata-korona-virus-i-kovid/#respond Thu, 11 Mar 2021 15:30:39 +0000 https://kurir.mk/?p=480893

Пандемијата на коронавирусот е главна тема низ целиот свет, со оглед на тоа дека речиси нема држава каде болеста не се шири и го нарушува животот на сите жители. Затоа не изненадува што најчести зборови се коронавирус, вирус, КОВИД и епидемија. Не мина долго откако се појави болеста и споменатите поими веќе се користат толку често што станаа инспирација за имиња на новороденчиња. Уште пред една година, брачна двојка од индискиот град Раипер реши на своите близнаци, девојче и момче, да им ги даде имињата Корона и Ковид, пренесува БГНЕС. -Кога вработените во болницата почнаа да ги нарекуваат Корона и Ковид, ние навистина решивме да им ги дадеме тие имиња, рече 27-годишната мајка, додавајќи дека може да има промена во имињата на децата подоцна. Овие индиски родители не се единствениот случај. Мексиканката Ана-Марија Хосе Рафаел Гонсалес (34) била заразена со коронавирусот кога родила момче и девојче на 27 март. Со оглед на околностите, таа одлучи да ги именува девојчето Корона, а момчето Вирус. Веќе цела година, ширум светот се даваат на децата овие имиња. Се претпоставува дека има околу 200 деца, од повеќе земји во светот кои се викаат Корона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/roditeli-od-cel-svet-na-decata-im-gi-davaat-iminjata-korona-virus-i-kovid/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: За побрзо време се смисли вакцина против корона, отколку што Филипче и Заев се способни да набават! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-pobrzo-vreme-se-smisli-vakcina-protiv-korona-otkolku-shto-filipche-i-zaev-se-sposobni-da-nabavat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-pobrzo-vreme-se-smisli-vakcina-protiv-korona-otkolku-shto-filipche-i-zaev-se-sposobni-da-nabavat/#respond Fri, 12 Feb 2021 07:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=467645

Побрзо се дојде до формулата за вакцина отколку што Заев и Филипче се способни да набават вакцина против корона, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Одложувањето на првата долгоочекувана пратка вакцини од Србија е уште еден во низата докази за неспособноста на Заев и Филипче. Прво рекоа, Грција ќе прати вакцини за Македонија. Потоа Филипче замина за Бугарија и рече Бугарија ќе даде вакцини за Македонија. А рекоа ќе има вакцини од КОВАКС механизмот, директно ќе преговараат со производителите на вакцините. Фактот е еден, ситуацијата многу јасна – во Македонија нема ниту една вакцина, а средина на февруари е. Додека сите трчаа по договори за вакцини, Филипче и Заев се возеа на КОВАКС, се возеа на тоа дека нив некој ќе им даде вакцини! Што мислеа ќе им паднат од небо вакцини?! Ваква брука не е видена! Ваква неспособна екипа не е видена! Заев и Филипче немаат срам! Наместо да шират лаги и да се правдаат со глупави соопштенија треба да седнат и да си ги потпишат оставките!, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-pobrzo-vreme-se-smisli-vakcina-protiv-korona-otkolku-shto-filipche-i-zaev-se-sposobni-da-nabavat/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Црни рекорди и пандемија, а Заев и Филипче тераа граѓани кои се корона позитивни да гласаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-crni-rekordi-i-pandemija-a-zaev-i-filipche-teraa-gragjani-koi-se-korona-pozitivni-da-glasaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-crni-rekordi-i-pandemija-a-zaev-i-filipche-teraa-gragjani-koi-se-korona-pozitivni-da-glasaat/#respond Mon, 14 Dec 2020 08:19:39 +0000 https://kurir.mk/?p=442909

За Филипче „се е под контрола“ значи да се одржуваат локални избори во Штип за градоначалник каде само за деновите на гласање има стотина новозаболени од корона, град каде од стартот на кампања на 21 ноември секој ден има најмалку по 20-30 новозаболени од корона, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. За Филипче се е под контрола значи во град со 500 активни случаи да се одржуваат избори и тоа за градоначалнички мандат кој е еднаков на технички зошто станува збор за функција која ќе се врши само осум – девет месеци. За функција од неколку месеци ли премиерот во заминување Заев со неговиот Филипче го доведува во прашање здравјето на граѓаните?! Очигледно е дека приоритет на премиерот во заминување Заев и на неговиот Филипче се единствено личните и партиски интереси, а не здравјето на граѓаните. На самиот ден на гласањето се појавија лица позитивни на корона! Вас мува не ве лази! Си терате со партиските агенди! Дополнително граѓаните велат и пари сте делеле за да гласаат! Цената на неодговорното однесување на Заев и Филипче од овие избори допрва ќе се види, неделава што е пред нас. Граѓаните не можат да се добијат основна медицинска грижа, нема ништо, лекови, опрема, соодветни услови. Секако и медицински лица чиј број на заболени и починати од ден на ден се зголемува. Доста со политиката личните и партиските интереси, пред се и над се! Одговорност мора да има! Затоа оставки сега, за да не биде предоцна! Граѓаните со Заев и Филипче само губат и плаќаат многу висока цена!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-crni-rekordi-i-pandemija-a-zaev-i-filipche-teraa-gragjani-koi-se-korona-pozitivni-da-glasaat/feed/ 0
Нејзиното име е Корона и поминува низ непријатности поради тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nejzinoto-ime-e-korona-i-pominuva-niz-neprijatnosti-poradi-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nejzinoto-ime-e-korona-i-pominuva-niz-neprijatnosti-poradi-toa/#respond Wed, 11 Nov 2020 20:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=428185

Жена од Манчестер во Велика Британија, која го добила името по нејзината бабица, вели дека секој ден се бори со дискриминација поради своето име, пренесува Телеграф. Корона Њутн (49) вели дека била злоупотребувана поради името откако знаела за себе, дури и пред пандемијата на коронавирусот. Корона вели дека никој не ја сфаќа сериозно кога се обидува да резервира маса во ресторан. Таа доживува непријатности на секој чекор, кога ја носи својата ќерка на стоматолог или оди на родителски состанок, а наставниците сметаат дека нејзината ќерка е непристојна кога ќе каже дека мајка и се вика Корона. Како што вели, нејзините родители ја именувале по бабицата која ја родила. Бидејќи не можеле да одлучат меѓу Сара и Каролина, се договориле за Корона. Името Корона потекнува од латинскиот збор „круна“, што самиот по себе е позајмица од грчкиот збор „венец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nejzinoto-ime-e-korona-i-pominuva-niz-neprijatnosti-poradi-toa/feed/ 0
Витамини клучни во борбата против Корона, но и за јакнење на имунитетот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vitamini-kluchni-vo-borbata-protiv-korona-no-i-za-jaknenje-na-imunitetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vitamini-kluchni-vo-borbata-protiv-korona-no-i-za-jaknenje-na-imunitetot/#respond Fri, 23 Oct 2020 13:58:43 +0000 https://kurir.mk/?p=419835

Познато е дека снабдувањето на организмот со одредени витамини и минерали во голема мера го зајакнува имунитетот и спречува инфекции. Токму ова е она на што треба да се обрне внимание особено периодов кога освен актуелниот корона вирус, доаѓа и сезоната на грип и настинки - затоа повеќе од кога било чувајте го имунитетот. Кои витамини и хранливи материи се моментално најдобри за зајакнување на имунитетот? Одговорот го носи здравствениот експерт, д-р Фред Пескаторе! Витаминот Ц спречува воспаление на белите дробови “Пневмонијата е честа кај Ковид-19, но витаминот Ц може да го намали ризикот од секундарна инфекција за дури 95 проценти, според една студија во” ЈАМА “. Причината? Овој витамин има способност да спречува и бактериска и вирусна пневмонија. “, вели д-р Пескаторе. “Јас лично земам 3.000 мг на ден, што им го препорачувам на сите. Ако во моментов не земате витамин Ц, тогаш започнете со помали дози и постепено зголемувајте ги за да избегнете дијареја”. Витаминот Д убива вируси Витаминот Д-3 им помага на белите крвни клетки да уништат вируси кои ги напаѓаат белите дробови, намалувајќи го ризикот од респираторни инфекции за дури 64 проценти и компликациите предизвикани од Ковид-19 за дури седум пати. Овој витамин се синтетизира со изложеност на сонце, иако тој обично не е доволен, затоа препораката на лекарот да зема додатоци е дефинитивно витамин. Д-р Пескаторе препорачува внесување од 50 000 IU за два дена, а потоа и 15,000 IU на ден. Цинкот ја запира инфекцијата Научните истражувања сугерираат дека цинкот спречува размножување на вирусните клетки. Д-р Пескаторе препорачува 50 мг од овој минерал на ден, особено во форма на пастили затоа што, како што вели, респираторните вируси влегуваат во телото преку грлото и носот, а ставањето цинк директно во устата му овозможува на минералот да го нападне вирусот на неговото место на влегување. Витаминот А ги зајакнува органите за дишење Витаминот А е растворлив во масти и го одржува протокот на слуз, што спречува „фаќање“ на вируси, размножување и предизвикување болест, објаснува д-р Пескатор. Се препорачува да се земаат 40 000 мг. витамин А два дена, а потоа 10 000 мг. дневно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vitamini-kluchni-vo-borbata-protiv-korona-no-i-za-jaknenje-na-imunitetot/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: За една недела имаме 2000 заболени, бројка над која Филипче тврдеше дека нема да оди бројот на заболени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-edna-nedela-imame-2000-zaboleni-brojka-nad-koja-filipche-tvrdeshe-deka-nema-da-odi-brojot-na-zaboleni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-edna-nedela-imame-2000-zaboleni-brojka-nad-koja-filipche-tvrdeshe-deka-nema-da-odi-brojot-na-zaboleni/#respond Sat, 10 Oct 2020 07:51:44 +0000 https://kurir.mk/?p=414654

Кога ќе помислиш дека дното е пробиено, СДСМ те демантира. Од ден во ден имаме се повеќе заразени од коронавирус, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Бројката од 386 луѓе во текот на вчерашниот ден е најголемиот број на заразени луѓе во еден ден во Македонија. За само една недела од 02.10.2020 до 09.10.2020 година имаме над 2000 заразени. За само една недела имаме заразени колку што Филипче тврдеше дека ќе имаме во текот на целата пандемија. Бројот на заразени во изминатава недела е доказ дека Филипче нема ниту капацитет, ниту стратегија за да се справи со ова зло. Наместо реална борба со коронавирусот ние од Заев и Филипче имаме само евтин ПР, за секојдневни ситни политички поени. Буквално секој ден е нов пик. Македонија се уште не е излезена од првиот бран на коронавирус, кој никогаш не ни завршил. А ни претстои уште поголем есенски бран. Во последните неколку дена имаме галопирачки раст на бројките, а се што прави Заев е уставно кршење на приватноста на граѓаните. Наместо безидејност, граѓаните бараат одговорност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-za-edna-nedela-imame-2000-zaboleni-brojka-nad-koja-filipche-tvrdeshe-deka-nema-da-odi-brojot-na-zaboleni/feed/ 0