коронаирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Aug 2021 08:19:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коронаирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коронавирусот зема голем замав во Гостивар: Се’ повеќе заразени и хоспитализирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-zema-golem-zamav-vo-gostivar-se-povekje-zarazeni-i-hospitalizirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-zema-golem-zamav-vo-gostivar-se-povekje-zarazeni-i-hospitalizirani/#respond Fri, 13 Aug 2021 06:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=549934

Гостивар е третиот град, по Скопје и Тетово, каде ширењето на коронавирусот почнува да зема голем замав. За едно деноноќие регистрирани се 99 новозаразени. Ако бројот на активни случаи на 7 август во овој град бил 176, според последните податоци, сега е 467. Според статистиката на Министерството за здравство за број на вакцинирани по градови објавена деновиве, Гостивар е градот со најмалку вакцинирани полнолетни граѓани, односно само 19 проценти. Но, со зголемувањето на новозаразени се зголеми и интересот за заштита со вакцинирање во гостиварско, јави дописникот на МИА од Гостивар. Дневно се аплицираат од 300 до 500 вакцини. Она што ги загрижува здравствените работници од гостиварско е што на голем број пациенти им е потребна хоспитализација. Според клиничката слика, дел од нив добиваат кислородна поддршка, а има и случаи во потешка состојба и тоа се пациенти со други коморбидитети. -Карактеристично е што станува збор за помлади пациенти, главно под 35 години. Порастот на новозаболени според него е непочитување на мерките за заштита, изјави вчера за МИА раководителот на инфективното одделението д-р Ратко Наумоски. Покрај Гостивар и натаму продожува да расте бројот на новозаразени во Скопје и Тетово. А Неготино вчера го забележа првиот случај на Ковид-19, по повеќе месеци. Вчера беа регистрирани 639 нови случаи од направени 5.390 тестирања, починати шест лица и 22 оздравени. Најголем број од активните случаи има во Скопје и Тетово. Во Скопје има 1257, а во Тетово 864. Следи Гостивар со 467, Куманово – 222, Кичево – 193, Струмица – 124, Битола – 90, Струга – 83, Охрид – 75, Дебар – 81. По подолг период во Неготино регистриран првиот случај на заразен со коронавирусот. Уште пет градови се без ковид и тоа: Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово и туристичкиот Дојран. Министерството за здравство вчера информира дека бројот на аплицирани дози вакцини во земјава надмина милион. Со засилување на четвртиот бран и најавените рестриктивни мерки, интересот за вакцинација од пред два дена е значително зголемен. На вакциналните пунктови и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 561 912 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 16 020 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.016.700 дози вакцини, а ревакцинирани се 454 788 граѓани, соопшти Министерството за здравство.Со последните бројки барем една доза вакцина примиле: 66 проценти од населението над 70 години, 64 отсто над 65 години, 60 отсто над 60 години и 50 отсто над 50 години. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Центарот за јавно здравство (ЦЈЗ) ќе ги спроведува здравствените протоколи за денешното одбележување на 20-годишнинаната од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, соопшти вчера првиот вицепремиер и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, додавајќи дека за ова прашање го контрактирал и министерот за здравство Венко Филипче. Актуелните ковид-мерки за влез во Грција, пак, се продолжени за уште една седмица. Задолжителен документ за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, се продолжени до 19 август, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што вчера стапи во сила. Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување во Грција потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар. За прекршување на законските мерки и обврски во Грција, предвидени се парични казни од 500 до 5.000 евра. Можноста за нов целосен карантин во Грција наесен, ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашната прес конференција, а паралелно изрази загриженост за намалениот број дневни вакцинации, јави дописничката на МИА од Атина. Според статистиката на светско ниво, над 205 милиони луѓе се заразиле со коронавирусот, починале 4,3 милиони, оздравеле 184 милиони. Австралиската престолнина Канбера вчера влезе во еднонеделен општ карантин поради еден случај на заразен со коронавирусот, првпат во текот на последната година. Побарано е затворање на целата територија на австралиската престолнина, каде живеат околу 400 000 луѓе, бидејќи властите не знаат како лицето се заразило. Австралија се обидува да го спречи ширењето на делта сојот на вирусот, па затоа веќе е воведен карантин во двата најголеми града, Мелбурн и Сиднеј. Нов Зеланд планира да ја отвори својата граница од почетокот на 2022 година и да им овозможи на вакцинираните патници од земјите со низок ризик да влезат без задолжителниот карантин, што сега е во важност, соопшти премиерката Јасинда Ардерн. Од март 2020 година, Нов Зеланд целосно ја затвори својата граница за сите, освен нејзините граѓани и лица со дозволи за престој. Во април годинава границата беше кратко отворена за граѓаните на соседна Австралија, но повторно се затвори кон крајот на јули, откако Австралија се соочи со нови жаришта на заразата. Строгата политика за елиминација резултираше со само 2.500 регистрирани случаи на инфекција со коронавирус во Нов Зеланд и вкупно 26 смртни случаи. Американскиот експерт за заразни болести и медицински советник на претседателот Џозеф Бајден, Ентони Фаучи, пак, информираше рече дека трета доза на вакцината против коронавирус ќе се препорача во САД за оние со послаб имунолошки систем. Препораката ќе се однесува на веќе вакцинирани лица со ослабен имунолошки систем поради трансплантација на органи, рак или други болести. Австриски епидемиолози предупредуваат дека следниот бран ќе биде бран на невакцинираните. Епидемиолозите Џералд Гартленер и Петер Климек тврдат дека, сепак, нема да има преоптоварување на одделенијата за интензивна нега и оти не е потребно заклучување на есен. Тие веруваат дека заштитните мерки, како што се носење маски и држење растојание ќе бидат неопходни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koronavirusot-zema-golem-zamav-vo-gostivar-se-povekje-zarazeni-i-hospitalizirani/feed/ 0
Филипче: „Торлак“ ни станува стратешки партнер, многу веројатно вакцината да биде сезонска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-torlak-ni-stanuva-strateshki-partner-mnogu-verojatno-vakcinata-da-bide-sezonska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-torlak-ni-stanuva-strateshki-partner-mnogu-verojatno-vakcinata-da-bide-sezonska/#respond Wed, 21 Apr 2021 05:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=500093

Продолжува процесот на вакцинација во земјава. Досега, заклучно со 18 април вакцинирани се 7020 здравствени работници со прва и 6750 со втора доза на вакцина против КОВИД-19. Од 31 март, кога почна вакцинацијата на населението за лицата над 73 години вакцинирани се 13 575 лица. Од 5 април, пак, почна масовната вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде се вакцинирани вкупно 18 376 лица. Во земјава пред два дена стасаа 10 илјади вакцини од „Фајзер“, а во текот на месецов се очекуваат и од останатите производители. Земјава има направено нарачки на над 2 милиони вакцини, но од вчера, доколку за тоа се укаже потреба, вакцини ќе може да набавиме од Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Србија. Министерот за здравство Венко Филипче, кој вчера беше во посета на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ во Белград, истакна дека тој ќе биде местото каде ние за секоја понатамошна нарачка на вакцини може да се обратиме и согласно капацитетот може да сметаме дека ќе има доволно количини и за нашите граѓани. -Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград во периодот пред нас да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против Ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече министерот Филипче на заедничката прес-конференција во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар. Филипче посочи дека имале одличен состанок и разговарале за повеќе теми. – Се разбира дека вакцинацијата и ситуацијата околу пандемијата беше приоритет во разговорите. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане и сезонска и имајќи го сега сето ова искуство и проблемите што ги имавме со набавката на вакцините досега, на ваков начин да ги надминеме таквите проблеми, потенцира Филипче. Се очекува до 5 јули да бидат произведени околу милион дози вакцина „Спутник В“ во овој институт, од кои, како што рекоа надлежните во Србија, еден дел од количнините би можел да биде издвоен и за земјава. Филипче се заблагодари во името на Владата и граѓаните на Република Северна Македонија на, како што рече, братскиот српски народ за значајната донација на вакцини, процес кој беше организиран благодарејќи на министерот Лончар, на српската премиерка Ана Брнабиќ и посебно на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во Србија досега против Ковид-19 се вакцинирале нешто под 15.000 државјани на Северна Македонија. – Најмалку што можеме да направиме за македонските граѓани кои се вакцинираа против КОВИД-19 во Србија е да ја добијат втората доза тука и во најлош случај да бидат ревакцинирани на местото каде што се вакцинирале. Тоа е наш принцип, но секогаш можеме да се договориме да ги отстапиме вакцините за ревакцинација и втората доза да ја добијат во нивната земја ако им е полесно, порача српскиот министер Лончар. Тој нагласи дека граѓаните на Северна Македонија кои имаат желба да одат да се вакцинираат во Србија тоа може да го направат само преку порталот е-управа или доколку земјата спроведува нови акции. Ако нема никаков друг основ тогаш граѓаните не треба да одат во Србија. Како што изјавија во неколку наврати надлежните во земјава, согласно сите досегашни договори земјава има нарачано и обезбедено 2 милиони и 600 илјади вакцини. По 800 илјади вакцини треба да стасаат преку системот Ковакс и директниот договор со „Фајзер“, потоа по 200 илјади руски и кинески вакцини, 100 илјади вакцини кои треба да дојдат како помош од системот на солидарност преку Европската Унија и 500-те илјади вакцини на „Синовак“ кои треба да стасаат во мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-torlak-ni-stanuva-strateshki-partner-mnogu-verojatno-vakcinata-da-bide-sezonska/feed/ 0
Орбан: Нема источни и западни вакцини, има само добри и лоши https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-nema-istochni-i-zapadni-vakcini-ima-samo-dobri-i-loshi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-nema-istochni-i-zapadni-vakcini-ima-samo-dobri-i-loshi/#respond Tue, 23 Feb 2021 07:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=472563

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека државите мора да набават вакцини што е можно побрзо и во што поголеми количества, без разлика дали тие доаѓаат од истокот или од западот. Во онлајн интервјуто за германскиот портал „Фокус“, а по повод одлуката на Унгарија да ја купи руската вакцина „Спутник V“, Орбан кажа дека задача на политичарите во пандемијата е да преземат одговорност и да го заштитат здравјето и животот на граѓаните. -Затоа што оние кои ќе купат време можат да спасат животи и да си ја повратат слободата, рече унгарскиот премиер. Орбан истакна дека нема „источни или западни вакцини, туку само добри или лоши“, пренесе унгарската агенција МТИ. Тој додаде дека набавката на вакцини и затегнатите односи меѓу ЕУ и Русија може да се сметаат за одделни прашања. -Објективно гледано, јасно е дека Источна Европа развила култура на вакцинација за време на комунизмот, што доведе до искоренување на вирусот во Источна Европа многу порано отколку во Западна Европа, каде руската вакцина не беше прифатена од идеолошки причини, рече Орбан. Во врска со централизираната програма за набавка на вакцини во ЕУ, унгарскиот лидер кажа дека е јасно оти станува збор за погрешна одлука. -САД, Велика Британија, Израел, па дури и Србија се далеку пред нас земјите-членки на ЕУ, рече Орбан, додавајќи дека сега е предоцна да се смени тој курс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/orban-nema-istochni-i-zapadni-vakcini-ima-samo-dobri-i-loshi/feed/ 0
Кина изгради погон, ќе произведува вакцина на Астра Зенека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-izgradi-pogon-kje-proizveduva-vakcina-na-astra-zeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-izgradi-pogon-kje-proizveduva-vakcina-na-astra-zeneka/#respond Tue, 02 Feb 2021 12:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=463133

Кинеската компанија „Шенжен кангтаи бајолоџикал продактс“ (Shenzhen kangtai biologic products) соопшти дека ја завршила изградбата на фабриката направена за производство на 400 милиони дози вакцина од компанијата „Астра Зенека“ на годишно ниво, што е двојно повеќе од целта објавена минатата година. „Компанијата активно ги поттикнува процедурите за клиничко испитување на вакцината и нејзината регистрација во Кина, ја заврши изградбата на производствен погон и започна со пробно производство“, се вели во соопштението на компанијата со седиште во Женжен. Компанијата се стекна со право да ја снабдува континентална Кина со вакцината АЗД 1222, развиена од „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд. – Вакцината може да биде лиценцирана во Кина до средината на 2021 година, откако ќе бидат собрани податоци од првата и втората фаза на клиничките испитувања во оваа земја, како и податоци од последната фаза на клинички испитувања во странство, изјави претходно Леон Вонг, директор за операции на „АстраЗенека“ во Кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-izgradi-pogon-kje-proizveduva-vakcina-na-astra-zeneka/feed/ 0
Екс генералниот секретар на СДСМ д-р Андреј Петров е за масовно тестирање, не за брзи избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-generalniot-sekretar-na-sdsm-d-r-andrej-petrov-e-za-masovno-testiranje-ne-za-brzi-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-generalniot-sekretar-na-sdsm-d-r-andrej-petrov-e-za-masovno-testiranje-ne-za-brzi-izbori/#respond Wed, 20 May 2020 08:07:15 +0000 https://kurir.mk/?p=348132

Во демократско општество избори мора да се случат, но во време кога ќе биде најмалку ризично или најмалку ќе биде загрозено здравјето на граѓаните, порачува поранешниот градоначалник на СДСМ во Карпош, генерален секретар на партијата и некогашен претседател на ЗЕЛС, Андреј Петров, вечерва во емисијата „Што не е јасно?„. На новинарско прашање дали во моментот ни требаат масовни тестирања или брзи избори, Петров дециден:
-Масовно тестирање се разбира, за изборите ќе се договорат политичарите, но тие не треба да бидат на штета на здравјето на граѓаните, туку треба да се слушаат препораките на епидемиолошките тимови. На прво место треба да биде здравјето на граѓаните, како што граѓаните пред се се загрижени за своето здравје,вели Петров инаку доктор во „Аџибадем Систина“.
Тој ги критикува чекорите на Филипче, а да беше на негово место, вели ќе форсирал тестирање и нема да им прави опструкции на приватните болници. Според него треба да се дејствува како единствен здравствен систем на јавното и приватното здравство, а не да се делува напаѓачки.
-Под еден требаше да се тестира повеќе, а како второ требаше да се покаже пошироко разбирање на здравствениот систем, тука мислам и на приватните болници, оти ако сакате да одговрите на вирусот брзо – дајте сите да сме заедно! А не да ни се прави опструкции- тоа беше грешка на почетокот, вели Петров.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eks-generalniot-sekretar-na-sdsm-d-r-andrej-petrov-e-za-masovno-testiranje-ne-za-brzi-izbori/feed/ 0