коронакриза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Sep 2021 18:16:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коронакриза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дел од скандалите на Филипче – Борба за живот, за кислород https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-skandalite-na-filipche-borba-za-zivot-za-kislorod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-skandalite-na-filipche-borba-za-zivot-za-kislorod/#respond Sun, 12 Sep 2021 11:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=562678

Низа скандали го одбележуваат раководењето на Венко Филипче со Министерството за здравство. Сомнителни тендери, висока корупција, скандали со пациенти се само дел од ситуациите на кои јавноста во изминативе години беше сведок. Пандемијата со коронавирусот особено на површина го извади лошото менаџирање со состојбата. Додека министерот Филипче и владата уверуваа дека состојбата е под контрола, граѓаните секојдневно преку медиумите и социјалните мрежи ги споделуваа своите негативни искуства. Додека Филипче уверуваше дека за секој граѓанин на кого му е потребна хоспитализација има слободен кревет и никој нема да биде вратен назад, граѓаните јавно говореа и сведочеа за личната или голготата на своите блиски. Од хоспитализација во болнички ходници, до наоѓање врски за да се дојде до медицинска помош во болнички услови. На голем дел вратите им беа затворани со образложение дека немаат место и беа препраќани и вртени низ болничките лавиринти. Наместо граѓаните на дело да го видат она во што надлежните ги уверуваа, голем дел мораа сами да се снаоѓаат со лекови, кислород. Пропусти се правеа и во навидум добрата организација во следењето на кластери. Надлежните не најдоа решение како да дојдат до податоците од оние граѓани кои одбиваа да ги кажат своите контакти или даваа лажни податоци. Граѓаните бурно реагираа и на ненавременото носење на рестриктивните мерки, како и на носењето на несоодветни мерки во даден период. Она што е еден од поголемите пропусти кога станува збор за коронакризата е немањето вакцини. Додека сите држави набавуваа и наоѓаа начини да дојдат до вакцина повеќе за своите граѓани, Владата и Министерството за здравство потфрлија. Јавноста добро памети дека вакцинацијата во Македонија започна благодарение на донираните вакцини од соседна Србија. И обидот за набавка на вакцини од Кина не помина без скандал Италијанскиот весник „Ла Верита“ во март годинава објави писма и документи за набавката на вакцини од Кина. Весникот пишуваше дека кинеската компанија ја откажала зделката плашејќи се од измами, бидејќи според објавите на „Ла Верита“ Заев одел преку фирма посредник која била фантом компанија со нестабилни темели во Хонг Конг. Во официјалните изјави на Заев и Филипче, кои неколку пати го најавуваа доаѓањето на кинеските вакцини во Македонија, истакнува дека причина за враќање на авансот за кинеските вакцини е поради усогласување на документацијата. Заев тогаш потврди дека се обиделе преку поинаков пат да дојдат до вакцини, но негираше лоши намери или незаконско дејствување. -Негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување, зашто во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали. Јас ја информирав јавноста, и министерот за здравство информираше дека после две недели чекање на активности на кинеската амбасада, ние директно преку ‘Синофарм’ не можевме да добиеме контакт и дадовме нарачки преку приватни компании кои Министерството за надворешни работи не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Сега очекуваме да стигнат нарачките преку МНР на Кина, односно преку кинеската амбасада, рече во март Заев. Во тој период и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во јавноста излезе со информаци дека власта платила екстремно висока цена за набавка на 200 илјади кинеските вакцини Синофарм. Тој објави и документи, според кои, како што вели, вакцините од Синофарм чинеле 7,8 милиони долари. Тоа, според Мицкоски, е двојно повеќе од продажната цена на вакцините. -Со овој документ се потврдува целата афера околу обидот на македонската влада да набави кинески вакцини преку фирмата посредник „Стабри“. Владата во месец февруари на фирмата со седиште во Хонг Конг и уплатила 7.8 милиони долари, со што излегува дека една вакцина од кинеските „Синоифарм“ би чинеле 65 долари, истакна тогаш Мицкоски на брифинг со новинари. Борба за живот, за кислород За несоодветното менаџирање и справување со коронакризата сведочеше и младата Михаела која ја загуби својата мајка. 41 годишната жена се лекувала во штипската болница од коронавирус, а Михаела објавувајќи ги пораките од својата мајка по нејзината смрт истакна дека жената молела за кислород. - Во периодот од 7:00 – 8:00 на 14.11.2020 по повторно милион обиди да ги добиеме, докторот ни кажа дека ,, во тешка ситуација е, има бронхопневмонија на целите бели дробови, ќе мора да се јавите до после пак за да видиме како ќе биде“. После еден час од мојот разговор, добивме инфомација дека мајка ми е мртва. Се помиривме со сето ова. Судбина. Тие направиле се што можеле, толку можеле и на телефон да ни кренат за информација. Презафатени се со пациентите. Тие се грижеле за мајка ми, но не можеле ништо да направат. Сето ова беа мои зборови за утеха на моето семејство и зборови во кои што верував и бев сигурна. Но, знаете до кога? До пред половина час господине Венко Филипче. Додека не го зедов телефонот на мајка ми кој ни го вратија за да ги прочитам сите утешни зборови што и ги пишав нејзе, но таа не била во состојба да ги прочита и не ги видов сите нејзини неуспешни обиди да го добие дежурниот медицински персонал. Сите повици во кои мајка ми се обидела да добие помош, да добие кислород за да диши, но секако, никој не ја удостоил со одговор. Клучната ноќ, по нашиот последен „нормален“ разговор мајка ми се обидувала да добие помош со 10 повици од 20:23 – 20:29. Има и две молби за шанса за живот од кои едната гласи ,,Ова е итно. Јави ми се. ” и ,, Боца кислород треба горе во четворката “. Мајка ми нема да ја вратиме, на мајка ми никогаш повеќе нема да и биде потребен кислород, мајка ми повеќе никогаш нема да моли за шанса да живее, напиша тогаш Михаела на нејзиниот Фејсбук профил. Инспекциска контрола беше испратена во болница за да го испита случајот и утврди дека пациентката била лекувана според предвидените протоколи. Еден во низата скандали во македонското здравство беше и случајот со родилката Јилдиз Веапоска. Цела македонска јавност беше згрозена и шокирана од скандалот со струшката болница каде што родилка од Дебар остана без три органи, а случајот шест месеци се заташкувал. 28 годишната медицинска сестра во Брза Помош, цели 4 дена ги поминала во вистинска агонија во болницата во Струга пред докторите воопшто да се решат да проверат зошто тукушто породената мајка има толку силни болки во стомакот. Иако постојано се жалела дека не се чувствува добро, докторот Асани три дена по породувањето и донел отпусно писмо и и рекол дека е подготвена за дома. Само што го повикала сопругот, ситуацијата и се влошила.Влезот во операционата сала е последното нешто нашто се сеќава. По 10 дена во кома се разбудила наскопските клиники кога дознала дека нема матка, јајник и еден бубрег. Во домот на Д-р Мухамед Асани беше откриена нерегистрирана гинеколошка ординација на д-р Асани и за неа нема никаковдокумент. Комисијата која го испитуваше случајот, составена по налог на министерот Филипче, утврди дека не се констатирани неправилности, пропусти и недостатоци во нејзиното лекување. Веапоска и нејзиното семејство најавија дека правдата ќе ја бараат по судски пат. Додека често властите го вперуваа прстот кон граѓаните за непочитување на мерките, јавноста сведочеше и медиумите пишуваа за луѓе кои остануваа инвалиди или ја губеа борбата за живот. Инспекциите, тие констатираа работа на здравствените институции според протокол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-skandalite-na-filipche-borba-za-zivot-za-kislorod/feed/ 0
Илјадници Италијанци бараат продолжување на забраната за отпуштања од работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-italijanci-baraat-prodolzuvanje-na-zabranata-za-otpushtanja-od-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-italijanci-baraat-prodolzuvanje-na-zabranata-za-otpushtanja-od-rabota/#respond Sat, 26 Jun 2021 17:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=528350

Илјадници Италијанци демонстрираа во различни градови во земјата со барање за продолжување на забраната за отпуштање, воведена за заштита на работниците за време на корона кризата. Генералниот секретар на Заедничката италијанска конфедерација на трудот Маурицио Ландини побара мерката да се продолжи за уште четири месеци до крајот на октомври. Оваа изјава тој ја даде денеска за телевизијата „Раињуз 24“ во Торино. Замрзнувањето на отпуштањата, што истекува во четврток, се применува во некои сектори особено погодени од пандемијата, како што се градежништвото и производството. Италијанската влада ја воведе мерката на крајот на февруари 2020 година за заштита на работниците и ја продолжуваше неколку пати. Синдикатите стравуваат дека укинувањето на забраната за отпуштања може да се претвори во „социјална бомба“ и инсистираат на безбедност на работниците, посочи претседателот на синдикалното здружение во Бари Пјерпаоло Бомбардиери. Работодавачите, од своја страна, ја критикуваа забраната за отпуштања затоа што велат дека компаниите можат многу бавно да се реорганизираат за да ја повратат конкурентноста на пазарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-italijanci-baraat-prodolzuvanje-na-zabranata-za-otpushtanja-od-rabota/feed/ 0
Угостителите преку заеднички одлуки бараат решенија за да се премостат загубите во работењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-preku-zaednichki-odluki-baraat-reshenija-za-da-se-premostat-zagubite-vo-rabotenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-preku-zaednichki-odluki-baraat-reshenija-za-da-se-premostat-zagubite-vo-rabotenjeto/#respond Thu, 10 Sep 2020 11:54:26 +0000 https://kurir.mk/?p=401577

Угостителите бараат преку дијалог заеднички да се носат одлуки за начинот на кој ќе функционираат за да бидат применливи и да се намалат загубите кои ќе доведат до тоа поголем дел од угостителските објекти да не ја преживеат зимата, а неминовно ќе биде и рационализација на вработените. Предлаат заеднички да се носат решенија бидејќи протоколите што ги носат институциите не се применливи во пракса, а за што денеска ќе дискутираат на конференција организирана од Незивната угостителска комора. Претседателот на Комората Здравко Јосифовски вели дека преку дијалог сакаат да укажат дека со новите протоколи доколку се респектираат и се пристапи кон подигање на јавната свест и јавното здавје ќе се придонесе угостителските објекти да функционираат како што треба. -Проблемот со кој се соочуваме е дека Комисијата за заразни болести носи одлуки и протоколои што теба да ги имплементираме, а кои во пракса не може да се спроведат. Од друга страна носат протоколи со кои се прават настани од големи размери со неколку илјади луѓе каде што не можат да се почитуваат протоколи, а истовремено немаме протоколи кои можеби ги засегаат угостителските објекти, како што се оние за правење свадби и оние кои работат како ноќни клубови, изјави Јосифовски. Тој потенцира дека угостителите оваа година едвај ќе ја завршат со третина од приходите што ги остварувале претходно и кои нема да ги покријат ниту основните трошоци и оти доколку не се најде начин како да се надмине тоа поголем дел од угостителите нема да ја преживеат зимата. -Имаме податоци, дека во Македонија се регистрирани 6500 субјекти кои вршат угостителска дејност со околу 35000 директно вработени и целокупниот приход што го оставувараат во изминатите години достигнува до 850 милиони евра, од кои над 100  милиони завршуваат во државната каса за даноци и 45 милиони за придонеси за вработени. Оваа година едвај ќе завршат со една третина, што ни од далеку не можат да ги покријат основните трошоци. Тие приходи ќе генерираат загуби и ако не се најде начин како да се премости поголемиот дел од угостителите нема да ја преживеат зимата, истакна Јосифовски. Наведува дека со ваквиот начин на работење ќе мора да ги рационализираат трошоците, што ги опфаќа и вработените. – Се настојува секој вработен да се задржи, но  треба да се сфати дека економската исплатливост на бројот на вработени и начинот на кој се работи досега не е ист како во минатото. Ние не ги викаме отпуштања, туку рационализација на трошоците кои се неминовни, потенцира претседателот на Независната угостителска комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ugostitelite-preku-zaednichki-odluki-baraat-reshenija-za-da-se-premostat-zagubite-vo-rabotenjeto/feed/ 0
Меркел: Кризата ќе се влоши, училиштата и градинките треба да бидат најважното прашање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-krizata-kje-se-vloshi-uchilishtata-i-gradinkite-treba-da-bidat-najvaznoto-prashanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-krizata-kje-se-vloshi-uchilishtata-i-gradinkite-treba-da-bidat-najvaznoto-prashanje/#respond Fri, 28 Aug 2020 11:21:27 +0000 https://kurir.mk/?p=396343

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот најверојатно ќе се влоши во наредните месеци и оти во тие околности приоритет на нејзината Влада ќе биде да му помогне на општеството како целина, особено на децата, како и на економијата. – Владата ќе стори сè за да обезбеди нашите деца да не бидат губитници на пандемијата. Училиштата и градинките треба да бидат најважното прашање, рече Меркел на годишна прес-конференција во Берлин. Таа додаде дека Владата, исто така, ќе работи на одржување на економската активност или рестартирање таму каде што сè уште стагнира поради пандемијата, како и да ги зачува работните места. Трет приоритет ќе биде поттикнување на духот на социјална солидарност затоа што пандемијата влијае на некои луѓе, како што се стари лица или семејства со ниски примања, потешко од другите. Во изминатиот период, Германија успеа да го задржи бројот на новозаразени и починати од Ковид-19 на релативно ниско ниво во споредба со некои други големи европски земји. Сепак, бројот на новозаразени на дневно ниво расте од почетокот на јули и се забрза во последните недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-krizata-kje-se-vloshi-uchilishtata-i-gradinkite-treba-da-bidat-najvaznoto-prashanje/feed/ 0
Анкета на МРТ: Во ек на пандемија кај 32.9% од граѓаните им се намалиле приходите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mrt-vo-ek-na-pandemija-kaj-32-9-od-gragjanite-im-se-namalile-prihodite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mrt-vo-ek-na-pandemija-kaj-32-9-od-gragjanite-im-se-namalile-prihodite/#respond Fri, 19 Jun 2020 11:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=359863

Во вчерашната емисија на телевизија МРТ се презентираше анкета која е направена на македонските граѓани во врска со економската криза предизвикана од Ковид-19. Последниот податок од Агенцијата за вработување вели дека секој четврти кој изгубил работа за време на пандемијата во земјава е помлад од 29 години. Сепак истражувањето на институтот за политички истражувања кое што го спроведе за „Објектив“, на прашањето дали вие или некој ваш близок останал без работа за време на кризата 59.60% велат дека се уште се на своето работно место. 29.90% за жал се нашле на списокот на невработени, а 10.50% одбиле да одговорат на ова прашање. Во однос на приходите кај 52.8% тие останале исти. Кај 32.9% приходите се намалиле. Но кај 2.8% приходите се зголемени. 11.5% не одговориле на прашањето. Сепак она што е интересно граѓаните не се оптимисти дека економската криза до крајот на годината ќе се намали, дури 28.42% сметаат ќе се продлабочи, а 18.21% дека ќе остане иста. 34.03% сметаат дека таа ќе се намали, а 19.31% одбиле да одговорат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-mrt-vo-ek-na-pandemija-kaj-32-9-od-gragjanite-im-se-namalile-prihodite/feed/ 0