коронавирирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Jun 2022 11:00:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коронавирирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меси жали што не ги послушал лекарите за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-zali-shto-ne-gi-poslushal-lekarite-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-zali-shto-ne-gi-poslushal-lekarite-za-koronavirusot/#respond Fri, 10 Jun 2022 11:00:21 +0000 https://kurir.mk/?p=689216

Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси обелодени дека се соочува со многу здравствени постковид проблеми, пренесуваат француските медиуми. Меси на почетокот на оваа година се зарази со коронавирусот, а аргентинскиот фудбалер тврди дека му било потребно многу време за да се врати во форма по закрепнување од болеста. – Искрено, жал ми е што не ги слушав лекарите. Морам да кажам дека таа болест ме погоди и остави белег во мене. Особено на белите дробови, рече Меси. Тој истакна дека по прележување на вирусот прерано се вратил на теренот, иако лекарите го советувале да мирува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mesi-zali-shto-ne-gi-poslushal-lekarite-za-koronavirusot/feed/ 0
Франција месецов воведува антигени тестови на аеродромите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-mesecov-voveduva-antigeni-testovi-na-aerodromite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-mesecov-voveduva-antigeni-testovi-na-aerodromite/#respond Fri, 16 Oct 2020 11:30:03 +0000 https://kurir.mk/?p=417196

На француските аеродроми до крајот на месецов ќе бидат воведени антигени тестови, соопшти францускиот министер за транспорт Жан-Батист Џебари. – Ќе ги воведеме на аеродромите, особено за заминувања во земји како што се САД или Италија и за пристигнувања од „жешки точки“ (земји со ризик од коронавирус). На овој начин, веќе нема да имаме луѓе кои пристигнуваат од „жешки точки“ на француска територија без да бидат тестирани, изјави Џебари за Си-Њуз. – Ќе ги воведеме до крајот на октомври. Целта е да ги усогласиме со помош на антигени тестови, особено во Европа, сите санитарни протоколи, кои во моментов имаат одредени разлики, додаде тој. Големите компании во секторите како што е туризмот завчера побараа од француската Влада да воведе брзи тестови за коронавирус на аеродромите за да може полесно да се патува. За антигените тестови нема потреба од лабораториска анализа и резултатот се добива по 10 до 30 минути. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-mesecov-voveduva-antigeni-testovi-na-aerodromite/feed/ 0
Бројот на заразени со коронавирус во Лондон е во опаѓање, можно ублажување на мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zarazeni-so-koronavirus-vo-london-e-vo-opagjanje-mozno-ublazuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zarazeni-so-koronavirus-vo-london-e-vo-opagjanje-mozno-ublazuvanje-na-merkite/#respond Fri, 15 May 2020 13:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=346307

Во Лондон бројот на новозаразени лица се спушти на 24 на ден, поради што експертите предвидуваат дека за две недели британскиот главен град би можел да биде без нови случаи на Ковид-19, објави „Сан“. Истражување на Институтот за јавно здравје на Англија и Универзитетот во Кембриџ покажува дека стапката на репродукција на вирусот во главниот град се спушти на 0,4 од 2,8 колку што беше пред воведувањето на мерките за карантин. Британски „Телеграф“ пренесува дека бројот на новозаразените лица во градот е двојно помал на секои 3,5 дена. Сепак, водечките експерти ја доведуваат во прашање точноста на овие податоци и предупредуваат дека тие може да не ја одразуваат вистинската состојба во однос на бројот на заразени лица во Лондон. Доктор Себастијан Фанк за радио Би-Би-Си изјави дека има одредена несигурност во врска со точноста на податоците кои се однесуваат на Лондон, но оти е точно дека бројот на починати и заразени во главниот град, иако е значително поголем од другите делови на земјата, се намалува многу брзо. Во Лондон беше првото жариште на епидемија во земјата, додека брзината на ширење на заразата беше повисока отколку во други делови на земјата, но сега ситуацијата во градот е подобра отколку во цела Велика Британија, каде што стапката на репродукција на вирусот е 0,75. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zarazeni-so-koronavirus-vo-london-e-vo-opagjanje-mozno-ublazuvanje-na-merkite/feed/ 0