коронавирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 10:42:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коронавирус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК ја одобри третата подобрена вакцина против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-odobri-tretata-podobrena-vaktsina-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-odobri-tretata-podobrena-vaktsina-protiv-kovid/#respond Wed, 01 Nov 2023 10:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=895306

Европската комисија објави дека ја одобрила третата подобрена вакцина против Ковид, произведена од Новавакс. Вакцината дека се препорачува лицата над 12 години - само една доза, без разлика дали претходно биле имунизирани. Комисијата појаснува дека настојува да обезбеди вакцини прилагодени на новите соеви на вирусот Ковид за оние за кои се препорачува имунизација. Станува збор за лица со слаб имунитет, постари лица над 65 години, трудници и здравствени работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-odobri-tretata-podobrena-vaktsina-protiv-kovid/feed/ 0
По 800 ковид случаи во Македонија на месечно ниво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-800-kovid-sluchai-vo-makedonija-na-mesechno-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-800-kovid-sluchai-vo-makedonija-na-mesechno-nivo/#respond Thu, 19 Oct 2023 11:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=890768

Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид - 19, а зголемена е и бројката на лица што се тестираат, рече денеска на новинарско прашање, Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести. Според него, во основа не се работи за сериозни бројки што би можеле да бидат причина за загрозување на здравствениот капацитет. Засега била доволна препораката за носење заштитни маски во здравствените установи, вели Мехмедовиќ кој присуствуваше на редовниот брифинг на Министерството за здравство за новинари на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“. Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство препорача задолжително да се користат маски само во здравствените установи како превенција од ширење на Ковид-19, но не се однесува за во аптеките или домови за стари лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-800-kovid-sluchai-vo-makedonija-na-mesechno-nivo/feed/ 0
Лекарите во Турција бараат враќање на мерките за заштита од Kовид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lekarite-vo-turtsija-baraat-vrakane-na-merkite-za-zashtita-od-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lekarite-vo-turtsija-baraat-vrakane-na-merkite-za-zashtita-od-kovid/#respond Tue, 03 Oct 2023 11:13:07 +0000 https://kurir.mk/?p=884584

Турските лекари повикаа на враќање на некои мерки за заштита од коронавирусот во Турција во екот на ширењето на новата варијанта на коронавирусот Ерис во земјата. Сепак, министерот за здравство Фахретин Коча уверува дека нема да има масовна вакцинација и „заклучување“, а во повиците за спротивното ги гледа интересите на фармацевтските лобија и „црната пропаганда“. Поводот што ја разгоре дискусијата во последните денови беше смртта на Ерсин Махмутлуоглу, главен лекар во државната болница во областа Хатај. Турското лекарско здружение соопшти дека 35-годишниот лекар починал додека бил на лекување од Ковид-19. Сепак, министерот Коча го оспори тврдењето. Според Коча, штета е што смртта на д-р Ерсин „се користи како средство за црна пропаганда“, која, според неговите зборови, „има за цел да воведе мерки и да започне кампањи за вакцинација“. „Како и производителите на кој било производ, така и производителите на вакцини може да сакаат нивниот производ да најде повеќе купувачи“, напиша министерот за здравство во својата објава. „Но, кој би сакал да користи непотребен лек и кој лекар би го препорачал?“, праша тој. "Както производителите на всеки един продукт, производителите на ваксини също може би искат продуктът им да намери повече купувачи", пише в поста си здравният министър. "Но кой би искал да употреби ненужен медикамент и кой доктор би го препоръчал?", запита той. „Ги повикувам тие кои преземаат ненаучни иницијативи во име на науката и тие кои не гледаат ништо лошо во тоа што нашата земја непотребно е вовлечена во „социјална депресија“, да ја согледаат непристрасноста и одговорноста на науката“, напиша министерот за здравство. Коча увери дека „мерките како што се масовна кампања за вакцинација или затворање никогаш нема да се спроведат“, а борбата против Ковид-19 „ќе се води како борбата против грипот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lekarite-vo-turtsija-baraat-vrakane-na-merkite-za-zashtita-od-kovid/feed/ 0
ВИДЕО: Доделена Нобеловата награда за медицина: добитниците развија вакцина против ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodelena-nobelovata-nagrada-za-meditsina-dobitnitsite-razvija-vaktsina-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodelena-nobelovata-nagrada-za-meditsina-dobitnitsite-razvija-vaktsina-protiv-kovid/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=884159

Добитници на овогодинешната Нобелова награда за физиологија и медицина се Каталин Карико и Дру Вајсман. Американски научник и унгарски биохемичар добија награда за нивниот придонес во развојот на mRNA вакцина против ковид, објави порталот Н1. Инаку, 113 Нобелови награди се доделени за физиологија и медицина од 1901 година, откако се доделува наградата. Најмладиот лауреат бил Фредерик Г.Бантинг, кој на само 32 години ја добил оваа награда за откривање на инсулин (1923 година), додека најстар бил тогаш 87-годишниот Пејтон Ројс. Тој беше награден во 1966 година за откривање на вируси кои предизвикуваат тумор, пренесува Н1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodelena-nobelovata-nagrada-za-meditsina-dobitnitsite-razvija-vaktsina-protiv-kovid/feed/ 0
Доктор Даниловски: Скандалозна е одлуката Македонија да не набави лек против коронавирус, зошто тактизирате?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-skandalozna-e-odlukata-makedonija-da-ne-nabavi-lek-protiv-koronavirus-zoshto-taktizirate/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-skandalozna-e-odlukata-makedonija-da-ne-nabavi-lek-protiv-koronavirus-zoshto-taktizirate/#respond Tue, 26 Sep 2023 13:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=881859

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека е скандалозна одлуката на Комисијата за заразни болести да не го набави лекот против коронавирусот „Паксловид“. Тој на социјалната мрежа Фејсбук објави статус во кој ги прашува членовите на Комисијата дали тактизираат и зошто тактизираат?! -На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против ковид-19 ‘Паксловид’, ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи. Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно на располагање. Дали сте, бре, нормални? Ќе сте набавеле Паксловид ‘во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи’? Набавката ќе одела ‘лесно’? Тактизирате, а? Зошто? Сте чуле ли дека со зголемување на бројот на позитивни случаи, пропорционално расте и веројатноста да се зголеми бројот на случаи со тешка клиничка слика кои бараат хоспитализација, како и бројот на умрени?“, прашува Даниловски. Сте чуле ли, додава тој, дека „Паксловид“ се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите 5 дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да завршат во болница или на гробишта? Како тоа да се спречи, ако немаме „Паксловид“? „Конечно, сте чуле ли дека веројатноста за појава на ‘пост-ковид’ синдромот (‘долг Ковид’) е поголема кај оние со тешка клиничка слика? Дали воопшто знаете колку ризични поединци во моментов имаат респираторни инфекции? Не знаете. Дали знаете дека бројот на ‘настинки’ постојано расте? Е, тоа го знаете. И ќе расте сѐ повеќе. Ако Паксловидот веќе го имавме на располагање, ќе можевте да му советувате на министерот за здравство да ги повика ризичните поединци да се тестираат – самостојно или кај својот матичен лекар. Па, ако се утврди ковид-19, матичниот лекар да процени дали смеат да се лекуваат со ‘Паксловид’. И тие што би смееле да го земат, би биле спокојни. Како тоа да се спроведе ако немаме ‘Паксловид’? Дознавам од мои извори дека неделава ќе сте собирале некаква работна група од клиничари за да ги ‘апдејтира’ лековите? Работна група? За што? Да проценува дали е потребно да се набави ‘Паксловид’? Кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка? Бројот на потврдени случаи на ковид-19? Или бројот на хоспитализирани? Или бројот на смртни случаи? Колку време ќе биде потребно за набавка? Недела, две, месец, два? Во тоа меѓувреме, колкумина ризични граѓани (ако се заразат) ќе бидат изложени на (избеглив) ризик да завршат во болница? Или на гробишта? Кој ќе сноси одговорност за тоа?“, пишува Даниловски. „Четирите принципи на медицинската етика се: Прво,полза – прави добро. Второ, незлобност – не прави штета. Трето, автономија – давање на пациентот слобода да избира слободно, онаму каде што е можно. И четврто, правда – обезбедување правичност. Вие ги кршите првите два принципи. Ако не сте дораснати да се носите со предизвиците, одете си дома, порача Даниловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-danilovski-skandalozna-e-odlukata-makedonija-da-ne-nabavi-lek-protiv-koronavirus-zoshto-taktizirate/feed/ 0
Во Србија бројот на заболени од коронавирус двојно зголемен за разлика од минатата недела https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-brojot-na-zaboleni-od-koronavirus-dvojno-zgolemen-za-razlika-od-minatata-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-brojot-na-zaboleni-od-koronavirus-dvojno-zgolemen-za-razlika-od-minatata-nedela/#respond Fri, 22 Sep 2023 13:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=880791

Во Србија во изминатите седум дена регистрирани се 2.803 заболени лица со коронавирус од 13.297 тестирани примероци, со што бројот на заболени речиси двојно е зголемен, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство Covid-19.rs. изминатата недела биле тестирани 7.437 лица, а Ковид е потврден кај 1.529 пациенти што говори дека за седум дена бројот на заразени речиси се удвоил. Од почетокот на епидемијата во март 2020 година, регистрирани се 2.552.178 заболени лица, од 13.088.879 направени тестови во истиот период. Во изминатите седум дена не се евидентирани смртни случаи. Работната група на српското министерството за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид во вторникот донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи. -Се одржува задолжително тестирање на Ковид на сите вработени во здравствените установи доколку имаат симптоми на акутна респираторна инфекција и нивна задолжителна контрола и тестирање по утврдена инфекција, соопштија од институтот Батут. Во него се додава дека на ниво на болнички установи, задолжително е тестирањето на пациентите како услов за хоспитализација, потребно е тестирање за прием на хематолошки и онколошки одделенија, како и геријатриски одделенија и одделенија каде се лекуваат пациенти со примарна и тешка имунодефициенција. Воведена е и забрана за посета на болници кои се во надлежност на Комисијата за превенција на болнички инфекции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-brojot-na-zaboleni-od-koronavirus-dvojno-zgolemen-za-razlika-od-minatata-nedela/feed/ 0
Корона во Албанија: За една недела повеќе од 900 потврдени позитивни случаи со Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/region/korona-vo-albanija-za-edna-nedela-poveke-od-900-potvrdeni-pozitivni-sluchai-so-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/korona-vo-albanija-za-edna-nedela-poveke-od-900-potvrdeni-pozitivni-sluchai-so-kovid/#respond Mon, 18 Sep 2023 14:23:36 +0000 https://kurir.mk/?p=879136

Во Албанија се зголемува бројот на заразени со коронавирус и според Институтот за јавно здравје позитивен резултат е добиен кај 40 отсто од тестираните. - Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина, односно над 900 се позитивни. Пациентите со денови се соочуваат со зашеметеност, болки во грлото, кашлица, треска и замор, изјавила Еугена Томини директорка на Институтот. Според неа летната сезона и доаѓањето на голем број туристи и емигранти во Албанија ги зголемиле случаите со коронавирус. Препорачува доколку граѓаните ги почувствуваат овие симптоми веднаш да направат брз тест за Ковид. - Изминатата недела 40 отсто од пациентите кои го направиле брзиот тест се потврдило дека се заразени од Ковид-19. Позитивните случаи во овој период се многу повисоки од официјалните бројки бидејќи не се тестираат сите кои имаат симптоми. Враќањето на децата на училиште и температурните промени се очекува да ги зголемат случаите на Ковид, покрај другите вируси кои циркулираат, посочува таа. Сепак, според Томини, ситуацијата не е загрижувачка. Ковид-19 ја намали својата агресивност и болеста во оваа сезона наликува на блага состојба на грип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/korona-vo-albanija-za-edna-nedela-poveke-od-900-potvrdeni-pozitivni-sluchai-so-kovid/feed/ 0
Во Прилеп епидемиолошката состојба е стабилна, но не треба да се потцени коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilep-epidemioloshkata-sostojba-e-stabilna-no-ne-treba-da-se-pottseni-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilep-epidemioloshkata-sostojba-e-stabilna-no-ne-treba-da-se-pottseni-koronavirusot/#respond Mon, 18 Sep 2023 12:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=879137

Во Прилепскиот регион епидемиолошката состојба е стабилна, но будно се следи корона вирусот чиј интензитет ќе се зголеми наредниот период, вели Татијана Мургоска Станимировиќ, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Прилеп. Седумнаесет отсто од тестираните се позитивни, бројот е зголемен, и за 14 дена во септември има колку во цел август. - Со доаѓањето на есента се очекува зголемен интензитет на циркулацијата на САРС-КОВ 2 вирусот што може да претставува зголемен здравствен ризик, пред сè, кај постарите лица и кај лицата со хронични заболувања. Иако СЗО во мај прогласи крај на пандемијата, вирусот сè уште циркулира кај популацијата и варијантите кои се сега присутни се потомци на омикрон сојот, кој сам по себе беше послаб во споредба со претходните соеви. Во моментов, во сите европски земји е забележан трендот на пораст на нови случаи предизвикани од ерис-варијантата, но во циркулација сè уште две нови варијанти на омикрон сојот, и во нашата земја. Од почетокот на овој месец бележиме значителен пораст на бројот на новозаболени. Така од 1 до 14 септември има околу 300 новозаболени случаи, што во споредба со јуни, јули и август кога се регистрираа меѓу 20 и 30 нови случаи, претставува значително зголемување. Се очекува генетското секвенционирање на вирусот кој ќе каже за кои варијанти станува збор. Во соседството циркулираат вирусите ерис, пирола. Во нашиот Регион, од почетокот на септември се регистрирани 10 нови случаи, за разлика што во цел август имаше регистрирано 13, а вкупно 3 случаи во јуни и јули. Овој број на 10 новорегистрирани во септември, според бројот на тестирани е 17 проценти. Во есенските месеци се очекува зголемен интензитет на циркулација на вирусот, објаснува епидемиологот Мургоска Станимировиќ. Нема место за паника, а за ризичните групи и хронично болните препорачлива е една доза вакцина. - Најголем број од луѓето го прележаа вирусот, било асимптоматски или со симптоми, но со текот на времето имунитетот стекнат по природен пат или по вакцинација, ослабува, се намалува. Така новите варијанти може да го заобиколат тој имунитет, особено ако е ослабен. Затоа, за наредниот период се препорачува за луѓето од ризичните групи и лицата со хронични заболувања, иако го прележале ковидот или се вакцинирани, препорачливо е да се вакцинираат со една доза вакцина и се смета дека е доволна заштита. Ситуацијата ја следиме, очекуваме препораки за наредниот период. Нема место за паника, овие варијанти на омикронот предизвикуваат поблага клиничка слика. Од она што го знаеме од новозаболените, претежно се присутни горнореспираторни проблеми, печење во грлото, во носот, слабост, температура околу 37-38 степени. Кај нас во моментов немаме хоспитализирани пациенти, немаме податоци ниту за компликации. Во секој случај, не треба да се потцени ситуацијата и будно ќе се следи, вели Татјана Мургоска Станимировиќ, епидемиолог во Центарот за јавно здравје, Прилеп. Со почетокот на учебната година, се очекува пораст на акутните респираторни заразни заболувања, што е очекувано за овој период од годината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-prilep-epidemioloshkata-sostojba-e-stabilna-no-ne-treba-da-se-pottseni-koronavirusot/feed/ 0
Шефот на СЗО бара од Кина целосен пристап до информации за да се утврди потеклото на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-bara-od-kina-tselosen-pristap-do-informatsii-za-da-se-utvrdi-potekloto-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-bara-od-kina-tselosen-pristap-do-informatsii-za-da-se-utvrdi-potekloto-na-kovid-19/#respond Sun, 17 Sep 2023 13:03:55 +0000 https://kurir.mk/?p=878798

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус го повика Пекинг да даде повеќе информации за потеклото на Ковид-19 и е подготвен да испрати уште еден тим истражувачи, објави денеска Фајненшл тајмс. „Врши,е притисок врз Кина да обезбеди целосен пристап до информациите и бараме од другите земји да го покренат ова прашање за време на нивните билатерални состаноци и да го охрабрат Пекинг да соработува“, изјави за весникот генералниот директор на СЗО. Изјавата на шефот на СЗО доаѓа додека здравствените службеници и фармацевтските компании ширум светот се натпреваруваат да развијат подобрени вакцини за борба против новите варијанти на коронавирусот. Гебрејесус долго време ја притиска Кина да ги сподели своите информации за потеклото на Ковид-19, велејќи дека досега тоа не се случило и дека сите хипотези остануваат на маса. Вирусот првпат беше идентификуван во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, пред да се прошири на глобално ниво, убивајќи речиси седум милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-szo-bara-od-kina-tselosen-pristap-do-informatsii-za-da-se-utvrdi-potekloto-na-kovid-19/feed/ 0
Расте бројот на заболени од Ковид-19 во Србија, идната недела состанок на Работна група за следење на ситуацијата со вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zaboleni-od-kovid-19-vo-srbija-idnata-nedela-sostanok-na-rabotna-grupa-za-sledene-na-situatsijata-so-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zaboleni-od-kovid-19-vo-srbija-idnata-nedela-sostanok-na-rabotna-grupa-za-sledene-na-situatsijata-so-virusot/#respond Sun, 17 Sep 2023 09:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=878780

Во текот на идната недела во Србија ќе се состане Работната група за следење на ситуацијата со Ковид-19, најавија српските здравствени власти откако во државата е регистриран зголемен број заболени од тој вирус. Во изјава за РТС, лекарката Снежана Јовановиќ од лабораторијата „Ватрено око“ нагласи дека во изминатите две недели има зголемен број на тестирања за коронавирусот на дневно ниво. Според неа „загрижува“ дека околу 20 отсто од примероците се позитивни. Српскиот Институт за онкологија и радиологија од петокот забрани посети во таа установа поради зголемен број на заболени од коронавирусот, јавија белградските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zaboleni-od-kovid-19-vo-srbija-idnata-nedela-sostanok-na-rabotna-grupa-za-sledene-na-situatsijata-so-virusot/feed/ 0