коронавиус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 20:48:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коронавиус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Починатите од коронавирус ги полнат крематориумите во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochinatite-od-koronavirus-gi-polnat-krematoriumite-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochinatite-od-koronavirus-gi-polnat-krematoriumite-vo-kina/#respond Thu, 22 Dec 2022 20:48:55 +0000 https://kurir.mk/?p=779341

Крематориумите низ Кина се борат да се справат со телата на починатите кои доаѓаат кај нив откако кинеската влада одлучи да ги укине строгите мерки на политиката „нулта ковид“, јавуваат повеќе светски медиуми. -Десет до дваесет луѓе стоеја надвор и чекаа додека службениците ги изнесоа ковчезите на тркала и ги извикуваа имињата на починатите, изјави новинарот Дака Канг за Би-Би-Си од Пекинг. Тој разговарал со претставници на погребалното претпријатие, кои рекле дека забележале зголемување на сообраќајот. -Еден од нив конкретно рече дека процениле дека таму се кремираат од 50 до 100 луѓе дневно, наспроти само неколку десетици во нормални денови, вели Канг. Ова не е слика само во Пекинг кој е дом на повеќе од 22 милиони луѓе, погребалните претпријатија се полни во поголем број градови. Од северо-исток до југо-запад на земјата, новинската агенција АФП објави дека работниците во крематориумите имаат потешкотии да се справат со зголемениот број на жртви. На околу 700 километри североисточно од Пекинг, во градот Шенјанг, вработен во погребна куќа рече дека телата на починатите остануваат непогребани и до пет дена. Крематориумите се „апсолутно преполнети“, вели тој. „Никогаш не сум имал ваква година. Но, Канг вели дека е невозможно да се знае точно колку е зголемен бројот на смртни случаи од Ковид. Кинеските власти соопштија дека имало само пет смртни случаи од вирусот во вторникот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochinatite-od-koronavirus-gi-polnat-krematoriumite-vo-kina/feed/ 0
Активни над 9000 КОВИД-случаи во земјава, каква е состојбата со коронавирусот во регионот и светот? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-nad-9000-kovid-sluchai-vo-zemjava-kakva-e-sostojbata-so-koronavirusot-vo-regionot-i-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-nad-9000-kovid-sluchai-vo-zemjava-kakva-e-sostojbata-so-koronavirusot-vo-regionot-i-svetot/#respond Sun, 09 Jan 2022 08:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=617117

Надминати се девет илјади (9539) активни случаи на КОВИД-19 во земјава со новите потврдени 632 од вчерашната статистика за поминати 24 часа. Над половина активни односно 5558 се во Скопје. Трицифрени бројки на заразени во моментов имаат уште 12 града, најмногу се во Битола – 755 и Прилеп – 546, а над 300 активни имаат Охрид – 396 и Кавадарци – 301. Од новите 632 случаја, потврдени од направени 6531 тест, 470 се во Скопје. Од последици од КОВИД-19 во последното деноноќие починале седум лица и со нив вкупниот број луѓе кои ја загубија битката со коронавирусот е 8023. Од почетокот на епидемијата бројот на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја достигна 232 068, а оздравени се 214 506 пациенти. Во светот надмина 300 милиони вкупниот број регистрирани КОВИД-случаи. Тоа се должи на новите рекорди на инфицирани во десетици земји во текот на минатата недела поради брзото ширење на сојот омикрон. Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрирале својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум во Африка. Омикрон предизвика голем скок на инфекции и приеми во болница. Бројот на КОВИД-пациенти во Велика Британија се искачи на 18 454 во четвртокот, двојно повеќе во однос на две недели претходно. Поради зголемувањето на отсуствата на вработени во британските болници, армијата веќе му помага на медицинскиот персонал. И во регионот се преземаат нови мерки за справување со КОВИД-кризата поради брзото ширење на позаразниот сој на коронавирусот. Од три региони во северниот дел на Грција в среда ќе почне мобилизација на приватни лекари, кои еден месец ќе помагаат во државните болници во борбата со пандемијата. Грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал со оглед на тоа што околу 2500 здравствени работници се во карантин поради зараза со КОВИД-19. Во карантин во Грција се и околу 2000 полицајци. Средношколците во Војводина, пак, од утре, кога треба да го почнат второто полугодие, ќе ја следат наставата на далечина поради зголемениот број новозарзени со омикрон. Во Италија вчера стапи во сила задолжителна вакцинација против коронавирус за Италијанците над 50-годишна возраст. Оние кои до крајот на месецов не се вакцинирале, примиле втора доза или „бустер“ доза, од 1 февруари ќе бидат казнети со 100 евра. Мерката ќе биде во сила до 15 јуни и ќе важи за сите жители на возраст над 50 години, вклучително и за странски државјани. Филипинскиот претседател Родриго Дутерте во телевизиско обраќање пред два дена се закани дека невакцинираните луѓе ќе бидат приведени доколку не ја послушаат наредбата да останат дома откако во државата е потврден најголем број новозаразени во изминатите три месеци. Вкупниот број на инфекции во таа земја е над 2,88 милиони и има повеќе од 51 700 смртни случаи. По Индонезија, тоа е втор најголем број заразени и починати со КОВИД-19 во Југоисточна Азија. Највисока стапка на смртност од коронавирус во светот има Перу и е на врвот по вкупни смртни случаи од КОВИД-19 по глава на жител. Земјата со 33 милиони жители има повеќе од 6000 на милион починати од болеста. Во таа јужноамериканска земја повеќе од 202 900 луѓе починале од почетокот на пандемијата. Владата на Перу соопшти дека КОВИД-19 убил најмалку еден родител или примарен старател на речиси 98 000 деца во земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-nad-9000-kovid-sluchai-vo-zemjava-kakva-e-sostojbata-so-koronavirusot-vo-regionot-i-svetot/feed/ 0
Вакцината против коронавирусот во Германија ќе биде достапна пред првиот квартал од 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-protiv-koronavirusot-vo-germanija-kje-bide-dostapna-pred-prviot-kvartal-od-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-protiv-koronavirusot-vo-germanija-kje-bide-dostapna-pred-prviot-kvartal-od-2021-godina/#respond Mon, 09 Nov 2020 11:29:05 +0000 https://kurir.mk/?p=426872

Вакцината против коронавирусот се очекува во Германија да стане достапна пред првиот квартал од следната година, се наведува во националната стратегија за вакцинирање. Во овој стратешки документ на Министерството за здравство, изготвен на 15 страници, во кој увид имале британските медиуми, се наведува дека седумте потенцијални вакцини, чие тестирање треба да се заврши оваа или следната година, во Германија можат да бидат достапни во доволно количество за почеток на националната кампања за приоритетните групи. Станува збор за вакцините на АстраЗенека, БиоНТек со партнерот Фајзер, Модерна и Нововакс, Џонсон&Џонсон, ГлаксоСмитКланј и КјуВек. Германија планира да воспостави централизирани секции за вакцинирање и во прв ред да ги вакцинира приоритетните групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-protiv-koronavirusot-vo-germanija-kje-bide-dostapna-pred-prviot-kvartal-od-2021-godina/feed/ 0
СЗО: Пандемијата на коронавирус и натаму се забрзува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pandemijata-na-koronavirus-i-natamu-se-zabrzuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pandemijata-na-koronavirus-i-natamu-se-zabrzuva/#respond Mon, 22 Jun 2020 11:57:31 +0000 https://kurir.mk/?p=360869

Пандемијата на коронавирус продолжува да се забрзува во светот, при што последните милион заразени лица се пријавени за само осум дена, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус. – Знаеме дека пандемијата е многу повеќе од здравствена криза, тоа е економска, социјална и во многу земји политичка криза. Нејзините последици ќе се чувствуваат со децении, додаде тој на виртуелната конференција, организирана од Дубаи. Предупредувањето на шефот на СЗО доаѓа откако многу земји влегоа во фаза на укинување на мерките со цел да се забрза економијата. Беа потребни повеќе од три месеци да се регистрира првиот милион заразени луѓе, а за последниот милион за само осум дена, рече шефот на СЗО. Тој, исто така, ги повика владите да се подготват за можни идни пандемии што можат да се појават „во која било земја во кое било време и може да убијат милиони луѓе затоа што не сме подготвени“. – Не знаеме каде или кога ќе се случи следната пандемија, но знаеме дека ќе има ужасни последици по животот и светската економија, рече шефот на СЗО. Во пандемијата на коронавирусот, од нејзиното појавување во декември па досега, во светот починаа најмалку 465.300 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-pandemijata-na-koronavirus-i-natamu-se-zabrzuva/feed/ 0
Ковачки упати порака до раководството на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-upati-poraka-do-rakovodstvoto-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-upati-poraka-do-rakovodstvoto-na-sdsm/#respond Sun, 14 Jun 2020 16:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=357797

Бројките на починати и заразени во Македонија секојдневно растат. Мерки нема. Власта крена раце од борбата со КОВИД-19 и свесно ја втурна државата во криза. Состојбата излезе од контрола поради неспособноста и неодговорниот однос на раководството на СДСМ, реагира Драган Ковачки. -Ја прогласија короната за победена, тргнаа во кампања и ете го резултатот од таа победа. И наместо раководството на СДСМ да се зафати со решавање на кризата, тоа брза на избори, за да спаси што може. Сепак, знаат и самите се свесни оти спас нема. Титаник веќе удри во сантата мраз и тоне, а капетанот на бродот се’ уште ги убедува и храбри патниците дека музиката што ја свири бродскиот оркестар е прекрасна. Но тој, капетанот, не им кажува дека за него има чамец што го подготвил за себе. На неодговорното, себично и анти-државно однесување, на соодветен државнички начин одговори Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски со 2 конкретни, оправдани и разумни барања за надминување на состојбата. За да одиме на избори потребни ни се прецизни процедури за заштита на гласачите и присуство на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР како гаранција за кредибилноста на целиот изборен процес, што за волја на вистината досега го испоганија со насилство и поткуп. Нема нешто што е поважно од безбедноста и здравјето на оние од кои ја бараме нивната поддршка, оти ние постоиме за нив, а не тие за нас, истакна тој. Ковачки упати порака до раководството на СДСМ: „Дајте да ги надминеме суетите и личните желби и во прв план да ги ставиме државните интереси. 7-10 дена плус или минус нема да сменат ништо во изборните резултати, но може да сменат многу во перцепцијата дали созреваме како демократска нација. Иако видовме колку сте (не)демократи, дајте барем на заминување заминете си со позитивна одлука за државата Македонија„. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-upati-poraka-do-rakovodstvoto-na-sdsm/feed/ 0
Дијаспората од Делчево иницира хуманитарна акција за помош на делчевчани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dijasporata-od-delchevo-inicira-humanitarna-akcija-za-pomosh-na-delchevchani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dijasporata-od-delchevo-inicira-humanitarna-akcija-za-pomosh-na-delchevchani/#respond Wed, 25 Mar 2020 12:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=321939

Повеќемина претставници на делчевската дијаспора започнаа иницијатива за хуманитарна помош на најпогодени граѓани на Делчево од негативните ефекти на вонредната состојба која е прогласена како последица од се позагрижувачките информации поврзани со пандемијата на Ковит 19 вирусот. Акцијата ќе се реализира од страна на здружението Меѓународен центар на Македонската дијаспора “Нова Зора” од Делчево со највисоко ниво на претпазливост за запазување на препораките на здравствените власти, а ќе бидат таргетирани граѓани од социјално ранливи категории кои се најпогодени од негативните ефекти на кризата. Целиот апел за помош и начинот на кој можете да помогнете, ви ги пренесуваме дирекно од нивната објава: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dijasporata-od-delchevo-inicira-humanitarna-akcija-za-pomosh-na-delchevchani/feed/ 0
Кина ги укинува ограничувањата во Хубеи, нема случај на локална зараза во последните 24 часа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gi-ukinuva-ogranichuvanjata-vo-hubei-nema-sluchaj-na-lokalna-zaraza-vo-poslednite-24-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gi-ukinuva-ogranichuvanjata-vo-hubei-nema-sluchaj-na-lokalna-zaraza-vo-poslednite-24-chasa/#respond Wed, 25 Mar 2020 07:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=321724

Кина денеска ги укина драстичните ограничувања воведени пред неколку месеци во покраината Хубеи, жариштето на пандемијата со новиот коронавирус. Во последните 24 часа во Кина не е откриен ниту еден случај на локална зараза, но регистрирани се 47 пациенти кои вратиле од странство. – Вкупно потврдени се 474 „увезени“ случаи. Најголемиот број од нив се Кинези, кои се вратија дома, се наведува во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи. Исто така се додадва дека во последните 24 часа починале четири лица, од кои три во покраината Хубеи, каде се наоѓа Вухан, градот што прв настрада од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-gi-ukinuva-ogranichuvanjata-vo-hubei-nema-sluchaj-na-lokalna-zaraza-vo-poslednite-24-chasa/feed/ 0
Романија: Предлог за флексибилно работно време за родители кои немаат кој да им ги чува децата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/romanija-predlog-za-fleksibilno-rabotno-vreme-za-roditeli-koi-nemaat-koj-da-im-gi-chuva-decata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/romanija-predlog-za-fleksibilno-rabotno-vreme-za-roditeli-koi-nemaat-koj-da-im-gi-chuva-decata/#respond Tue, 10 Mar 2020 12:36:15 +0000 https://kurir.mk/?p=314592

Романската министерка за труд Виолета Александру препорача флексибилно работно време за родители кои немаат на кого да ги остават децата дома. Таа мерка е по одлуката за затворање на училиштата во Романија од утре до 22 март. – Препорачуваме флексибилно работно време за родители кои немаат кому да ги остават децата дома, напиша таа на Фејсбук. Таа дополни дека работното време на родителите треба да биде адаптирано кон родителите кои се грижат за мали деца. Од утре до 22 март во Романија ќе бидат затворени сите училишта и градинки. Можно е мерката да биде продолжена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/romanija-predlog-za-fleksibilno-rabotno-vreme-za-roditeli-koi-nemaat-koj-da-im-gi-chuva-decata/feed/ 0
Прв случај на Ковид-19 во Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-kovid-19-vo-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-kovid-19-vo-saudiska-arabija/#respond Mon, 02 Mar 2020 17:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=311137

Во Саудиска Арабија е регистриран првиот случај на пациент заразен со новиот коронавирус, соопшти саудиското Министерство за здравство. Лицето заразено со вирусот дошло од Иран преку Бахреин. Портпаролот на саудиското Министерство за здравство вчера соопшти дека земјата подготвила 25 болници во случај да се потврди случај на Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prv-sluchaj-na-kovid-19-vo-saudiska-arabija/feed/ 0
Јапонија ќе ги затвора училиштата поради Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-kje-gi-zatvora-uchilishtata-poradi-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-kje-gi-zatvora-uchilishtata-poradi-kovid-19/#respond Thu, 27 Feb 2020 11:17:54 +0000 https://kurir.mk/?p=309496

Јапонскиот премиер, Шинѕо Абе денеска соопшти дека Владата ќе бара затворање на сите основни и средни училишта од 2 март и заклучно со пролетната пауза на крајот на март. Јапонскиот премиер ова ко кажал на состанокот на кризната група за борба со новиот коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-kje-gi-zatvora-uchilishtata-poradi-kovid-19/feed/ 0