коронаворус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 Mar 2021 19:48:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коронаворус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И во Дебар расте бројот на новозаразени со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/i-vo-debar-raste-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/i-vo-debar-raste-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirus/#respond Mon, 29 Mar 2021 19:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=489442

Последните денови се забележува зголемен број на позитивните случаи на Ковид-19 во општините Дебар и Центар Жупа, но, состојбата, според надлежните, не може да се оцени како алармантна. Во последните три дена регистрани 20 нови случаи (вчера 11) или во изминатата недела вкупно 28, во списокот на оздравени не е впишан ниту еден пациент од ова подрачје, додека почина едно лице во ковид центарот во Дебар. Во инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде функционира ковид-центарот хоспитализирани се пет пациенти, за разлика од претходно кога во почетокот на месецот немаше ниту еден пациент, а потоа по двајца до тројца пациенти. -Имаме пет хоспитализирани ковид пациенти, од нив тројца на кислородна поддршка. На дневна терапија, односно амбулантски се лекуваат седум лица, кои по добиената терапија малку одмараат и заминуваат дома. Дневно во просек има по 12 лица кои доаѓаат на контрола. Еден пациент од Дебар е на лекување во здравствена установа во Скопје, изјави за МИА, Баки Алили директор на болницата. На подрачјето на Дебар и Центар Жупа, од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени се 846, активни на болеста се 51, додека починале 38 лица, речиси по идентичен број од двете општини. Зголемениот број на нови случаи пред се е последица на непочитување на мерката за носење заштитна маска, што го потврдува и зголемениот број на издадените парични платни налози. Полициските службеници во изминатата недела констатирале над 70 а овој месец околу 160 прекршоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/i-vo-debar-raste-brojot-na-novozarazeni-so-koronavirus/feed/ 0
Тестирање на населението на Кипар за Ковид-19 преку 800 случајни примероци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/testiranje-na-naselenieto-na-kipar-za-kovid-19-preku-800-sluchajni-primeroci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/testiranje-na-naselenieto-na-kipar-za-kovid-19-preku-800-sluchajni-primeroci/#respond Thu, 23 Apr 2020 12:56:41 +0000 https://kurir.mk/?p=336156

За да се направи процена на стапката на лица со активна инфекција во целата земја, но и за да се направи споредба на стапката на активна инфекција во однос на возраста и регионите, по одлуката на кипарската Влада, Министерството за здравство на Кипар од утре ќе започне со тестирање на населението со помош на 800 случајни примероци за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Тестирањето ќе биде спроведено во различни делови од земјата и на различни групи според возраста, ќе учествуваат волонтери, а процесот се очекува да заврши до 28 април 2020 година, а резултатите. Во Република Кипар, заклучно со вчера, регистрирани се вкупно 790 случаи на Ковид-19, a од почетокот на епидемијата починаа 13 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/testiranje-na-naselenieto-na-kipar-za-kovid-19-preku-800-sluchajni-primeroci/feed/ 0
Донесена официјална одлука: Се заоструваат мерките во борбата против коронавирусот – прочитајте кои мерки и официјално се донесени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-oficijalna-odluka-se-zaostruvaat-merkite-vo-borbata-protiv-koronavirusot-prochitajte-koi-merki-i-oficijalno-se-doneseni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-oficijalna-odluka-se-zaostruvaat-merkite-vo-borbata-protiv-koronavirusot-prochitajte-koi-merki-i-oficijalno-se-doneseni/#respond Sat, 14 Mar 2020 21:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=316677

На вечерашната владина седница, донесовме заклучоци со цел зајакнување на мерките за заштита од корона вирус: ❗ Затворање на сите копнени гранички премини во Република Северна Македонија, освен граничните премини Табановце, Деве Баир, Ќафасан, Богородица и Блаце кои да бидат отворени за премини на патници и возила; ❗ Прекинување со работа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, односно затворање на граничниот премин на овој аеродром, после 48 часа од донесувањето на оваа мерка; ❗ Забрана на влез на територија на Република Северна Македонија на странски државјани и од земјите со среден ризик согласно листата на Светската здравствена организација објавена на веб-страницата на Министерството за здравство, освен за оние лица за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по мислење од Главниот координативен кризен штаб кои ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие лица да влезат во нашата држава под посебни услови и заштита согласно протоколот на Министерството за здравство; ❗ Затворање за посетители сите продавници во молови на територијата на Република Северна Македонија, освен супермаркети, продавници за храна и аптеки. Сите останати правни лица можат да работат и да остваруваат продажба на алтернативен начин (преку онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава на нарачките; ❗ Се забранува целосно работата на кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници. Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!, информираше вечерва преку својата Фејсбук страница министерот за здраство Венко Филипче. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesena-oficijalna-odluka-se-zaostruvaat-merkite-vo-borbata-protiv-koronavirusot-prochitajte-koi-merki-i-oficijalno-se-doneseni/feed/ 0
Авганстанскиот имигрант во Албанија е негативен на коронаворус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avganstanskiot-imigrant-vo-albanija-e-negativen-na-koronavorus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avganstanskiot-imigrant-vo-albanija-e-negativen-na-koronavorus/#respond Thu, 27 Feb 2020 18:02:24 +0000 https://kurir.mk/?p=309685

Негативен е резултатот за присуство на корона вирус кај имигрантот од Авганистан, за кого постоеше сомнеж. -Направените анализи потврдуваат дека Хамит Мухамети (15) имигрант од Авганистан не е заразен со коронавирус. Момчето беше изолирано во болницата во Саранда, откако постоеше сомнеж за коронавирус, изјави Арјан Калчуни од едницата за јавно здравје во Саранда. Телевизјата Ора њуз пренесува дека момчето е префлено во Инфективната клиника во Тирана. Тоа беше дел од групата авганистански имигранти, кои полицијата ги откри откако на албанска територија влегле од Грција кај преминот „Ќаф бота“ а имаше висока телесна температура. На днешната прес конференција Еугена Томини раководителка на секторот за епидемиологија во Министерството за здравство, рече дека од избувнувањето на епидемијата во Кина до синоќа се тестирани 18 сомнителни случаи, од нив осум лица кои пристигнале од Кина и девет од Италија. Сите се негативни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avganstanskiot-imigrant-vo-albanija-e-negativen-na-koronavorus/feed/ 0