коронаврус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 May 2021 16:03:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коронаврус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Два смртни случаи најверојатно поради вакцината Астра Зенека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-smrtni-sluchai-najverojatno-poradi-vakcinata-astra-zeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-smrtni-sluchai-najverojatno-poradi-vakcinata-astra-zeneka/#respond Thu, 20 May 2021 16:03:46 +0000 https://kurir.mk/?p=513029

Белгиската агенција за лекови информираше дека се регистрирани два смртни случаи во земјата по вакцинација со Астра Зенека, смртта најверојатно се должи на вакцината, јави дописничката на МИА од Брисел. Агенцијата секој четврток ја информира јавноста за несаканите дејствија од лековите и вакцините. За првпат денеска се регистрирани две починати лица откако примиле доза од Астра Зенека. Агенцијата порача дека нивната смрт најверојатно е поврзана за вакцината. Најчести нус појави регистрирани во Белгија во вакцинацијата се покачена телесна температура, болки во мускулите и реакција на местото каде е примена инјекцијата. Овие несакани дејствија најчесто се појавуваат после втората доза со вакцините на Фајзер и Модерна, и после првата доза со АстраЗенека. Од сите 14.601 пријавени случаи на несакани појави, белгиската агенција смета дека 3077 се сериозни. Регистрирани се вкупно 126 смртни случаи, но само последните два се сметаат за поврзани со вакцината. Во Белгија до сега речиси четири милиони граѓани примиле барем една доза вакцина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-smrtni-sluchai-najverojatno-poradi-vakcinata-astra-zeneka/feed/ 0
Техничкиот премиер Спасовски и тројца министри во самоизолација, ќе се испитува дали имаат коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-spasovski-i-trojca-ministri-vo-samoizolacija-kje-se-ispituva-dali-imaat-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-spasovski-i-trojca-ministri-vo-samoizolacija-kje-se-ispituva-dali-imaat-koronavirus/#respond Thu, 16 Apr 2020 13:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=333177

По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, од Владата преку соопштение информираат дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев, кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација. Како што соопштија од владината Прес-служба, на состанокот во Куманово сите функционери во Владата ги почитувале протоколите за заштита и носеле заштитна опрема. -Во овој момент се прават епидемиолошки проценки во Куманово од страна на локалниот Центар за јавно здравје и се анализираат контактите на градоначалникот Димитриевски. Во текот на денот ќе се утврди колку и кои лица ќе треба да останат во 14-дневна изолација. Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здравје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување, се наведува во соопштението од Владата. Воедно во текстот се посочува дека Владата била подготвена и за вакво сценарио. -Владата на Република Македонија беше подготвена за сите сценарија, вклучително и за ваква ситуација. Работата на Владата продолжува да се одвива непречено преку дигиталните алатки за комуникација и за одржување состаноци. И во услови на изолација продолжува редовната комуникација и координацијата на сите процеси во државата и управувањето со кризата со коронавирусот, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-spasovski-i-trojca-ministri-vo-samoizolacija-kje-se-ispituva-dali-imaat-koronavirus/feed/ 0
Два нови смртни случаи кај лекари заразени со коронавирус во источна Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-novi-smrtni-sluchai-kaj-lekari-zarazeni-so-koronavirus-vo-istochna-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-novi-smrtni-sluchai-kaj-lekari-zarazeni-so-koronavirus-vo-istochna-francija/#respond Mon, 23 Mar 2020 11:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=320709

Двајца доктори од Горна-Рајна и Мозел починаа во неделата од новиот коронавирус, јави дописникот на МИА. Според клиниката „Дијаконат“ во Мулуз (Горна рајна), Жан-Мари Боегл, 66-годишен акушер-гинеколог, починал „како резултат“ на Ковид-19. Во Мозел, Силван Велинг, 60-годишен лекар по општа медицина, почина во болницата Сен Аволд каде што беше примен во средата заради „респираторни проблеми“, рече Жилбер Вебер, градоначалник на комуната. Вчера беше објавено дека во саботата почина и докторот ургентист Жан-Марк Разафиндранзи, 67 години во Компиењ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-novi-smrtni-sluchai-kaj-lekari-zarazeni-so-koronavirus-vo-istochna-francija/feed/ 0