корупција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 13:42:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png корупција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германски ФАЦ со насловна за Македонија: Корупција на Владата во име на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-fats-so-naslovna-za-makedonija-koruptsija-na-vladata-vo-ime-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-fats-so-naslovna-za-makedonija-koruptsija-na-vladata-vo-ime-na-eu/#respond Thu, 19 Oct 2023 06:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=890571

Познатиот германски весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за скандалот на Клиниката за Онкологија во статија пишува дека луѓето во Северна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. -Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ ​​го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за стандарди кои важат во државата. Според откритијата на магазинот, кои сега ги истражува судството, од најважната клиника за онкологија во земјава во Скопје очигледно систематски биле крадени скапи лекови за рак и биле продавани на црниот пазар. За таа цел биле измислени фиктивни пациенти преку кои се наплаќало лекувањето. Вистинските пациенти на државната клиника делумно се лекуваа со плацебо, а многумина умреа. Во други случаи, семејствата морале да купуваат лекови на црниот пазар иако според осигурителниот надоместок и планот за лекување би требало да се бесплатни за нив. Засега официјално пред се е осомничена медицинска сестра, каја ги прошверцувала медикаментите од болница. Но, таа не можела сама да делува. Сега земјата се прашува до каде нагоре стигнал синџирот на соучесници, макар и само преку информираност. Во времето кога се вели дека се случила гнасната измама, министерот за здравство бил близок политички доверлив човек на поранешниот премиер Зоран Заев, социјалдемократ кој во меѓувреме ја напушти политичката сцена и делува од позадина, пишува весникот. Во статијата се додава дека министерот за здравство поднел оставка заедно со Заев - пред јавно да се дознае за наводната измама. -Најновите откритија во Северна Македонија веројатно ќе го засилат трендот што веќе беше забележан претходно: оние кои треба да поминат важна медицинска процедура,  би посегнале дури и кон своите последни заштеди или кредит за да се лекуваат во странство, отколку да го сторат тоа во домашниот здравствен систем. Не е невообичаено што медиумите, а не судството, ги собираа доказите за последниот скандал. На Балканот, критичкото новинарство се повеќе делува како замена или двигател на судството кое не сака или не е способно да ја казни корупцијата. Сè уште не е сигурно дали откритијата на неделникот се цврсти за пред суд. И тогаш не е сигурно дали ќе има обвиненија и пред се осуди во завршна инстанца, бидејќи политичкото влијание е силно во македонското судство. Освен овој конкретен случај, генерално може да се каже: дека ветувањето во 2017 година на македонските социјалдемократи кога ја презедоа власта дека ќе преземат решителна акција против корупцијата не се одржа. Во тоа време имаше чувство на оптимизам. Заев вети дека ќе го расчисти корумпираното наследство на Груевски, кој побегна. Сепак, тешко дека ќе најдете луѓе во Северна Македонија кои сметаат дека ова ветување е исполнето. Социјалдемократите, кои оттогаш се на власт, и нивниот коалициски партнер, кој е поддржан од албанското население во земјата, се преставуваат „проевропски“ и наводно ја потчинуваат својата политика целосно на целта за членство во ЕУ. Ова се случи неодамна во септември, кога владиното мнозинство истурка законски измени во парламентот со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и се скратија роковите на застареност. Сомнителните измени беа досени преку итна постапка во парламентот затоа што тие биле наводно неопходни за приближување на земјата кон ЕУ. Претседателот Стево Пендаровски можеше да стави вето на законот, но веднаш ги потпиша законите. ЕУ се спротивстави да биде користена од Владата и претседателот во Северна Македонија како изговор за домашни политички махинации кои претставуваат чекор наназад во борбата против корупцијата. Портпаролката на Комисијата рече дека тие се „загрижени“ за влијанието на последните одлуки врз борбата против корупцијата, критикувајќи ги не само намалените казни, туку и скратениот рок на застареност, што влијае на многу тековни постапки. Портпаролката го критикуваше и фактот што законите се донесени набрзина без сеопфатна консултација и координација со ЕУ, повикувајќи се наводно поради потреба од усогласување со европските стандарди. Корупција во име на ЕУ – вака би можела да се сумира политиката на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот тим. Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров, истакнува: “Сегашната влада го вее европското знаме за да го стори истото“, стои во текстот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanski-fats-so-naslovna-za-makedonija-koruptsija-na-vladata-vo-ime-na-eu/feed/ 0
ИСТРАЖУВАЊЕ НА МКД.МК: Македонските граѓани се песимисти, владее корупција, растат цените, стандардот паѓа… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazhuvane-na-mkd-mk-makedonskite-gragani-se-pesimisti-vladee-koruptsija-rastat-tsenite-standardot-paga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazhuvane-na-mkd-mk-makedonskite-gragani-se-pesimisti-vladee-koruptsija-rastat-tsenite-standardot-paga/#respond Fri, 06 Oct 2023 09:48:30 +0000 https://kurir.mk/?p=885984

Две третини од македонските граѓани сметаат дека Македонија се движи во негативна насока. Бројот на испитаниците кои сметаат дека земјата се движи во позитивна насока е речиси двојно намален, од 14,2 отсто во јуни на 7,7 % во септември 2023. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 15 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк. Приближно половина или 49,5% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата е состојбата во економијата и намалената стопанска активност. Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале дури 27,6% од испитаниците. Цела анкета погледнете ја на МКД.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazhuvane-na-mkd-mk-makedonskite-gragani-se-pesimisti-vladee-koruptsija-rastat-tsenite-standardot-paga/feed/ 0
За корупција осудени поранешен албански министер и екс пратеник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-koruptsija-osudeni-poraneshen-albanski-minister-i-eks-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-koruptsija-osudeni-poraneshen-albanski-minister-i-eks-pratenik/#respond Mon, 25 Sep 2023 12:44:54 +0000 https://kurir.mk/?p=881556

Судот за организиран криминал и корупција во Тирана му изрече казна затвор на поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока во врска со обвинувањата за инсинераторот во Фиер, односно за договорот за концесија за изградба на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија. Поранешниот министер е осуден на 10 години затвор, но поради согласноста за скратен судски процес казната е намалена на 6 години и 8 месеци затвор. Исто така донесена е одлука да се заплени имотот на Кока, поточно „ објект за продажба на алкохолни пијалаци Ѓерѓ Кастриот – Скендербег“ во Драч, во вредност од 442.972 леки, како еквивалентен имот со дел од износот за кој се товари во казниво дело. Според обвинението Кока ги извршил кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, извршено во соработка“, „пасивна корупција на високи државни функционери или избрани локални функционери“ и „активна корупција на високи државни функционери или локални избраници“. Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, истрагата за инсинераторот во Фиер ја финализирана во декември 2022 година. Кока на функцијата министер за животна средина беше во периодот 2013-2017 од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), сега Патија на слободата на Илир Мета и беше дел од владината коалиција со социјалистите, а од 2017 до 2021 пратеник од редовите на Социјалистичката партија. Во исто време Судот му изрече казна од 4 години на поранешниот социјалистички пратеник, Алќи Блако, кој со скратен судски процес во затвор ќе остане 2 години и 8 месеци, додека Клодијан Зото, главниот акционер на концесионерот на оваа печка е осуден на 12 години затвор, односно во ќелија ќе остане 8 години. Кока и Блако по издржувањето на казната имаат забрана да се занимаваат со полтика во период од пет години. Во меѓувреме, Специјалниот суд одлучи да ослободи три лица прогласувајќи ги за невини по покренатите обвиненија, додека условно се осудени уште шест лица. СПАК вели дека за овој инсинератор биле исплатени четири милиони евра, за работа која не била извршена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-koruptsija-osudeni-poraneshen-albanski-minister-i-eks-pratenik/feed/ 0
Во Штип се реализира проект со младите, во фокусот спречување на корупција и организиран криминал https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-se-realizira-proekt-so-mladite-vo-fokusot-sprechuvane-na-koruptsija-i-organiziran-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-se-realizira-proekt-so-mladite-vo-fokusot-sprechuvane-na-koruptsija-i-organiziran-kriminal/#respond Fri, 22 Sep 2023 12:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=880759

Штипското средно училиште „Коле Нехтенин“ беше домаќин на работилница во чиј фокус беа корупцијата и организираниот криминал. Целта е да се подигне свесноста кај младите за опасностите кои ги носат овие две зла на општеството и како тие влијаат во понатамошниот развој, управувањето и целокупноста на општественото живеење. Еден од предавачите на оваа работилница е универзитетскиот професор, Методи Хаџи-Јанев, кој вели дека за почеток вакви работилници ќе има во Штип и Кочани. -Како актери или главниот фокус на работилницата се пред сѐ младите, но и сите причинители коишто работат на градењето на младите и изградувањето на истите како здрави личности коишто ќе функционираат во општеството. ОБСЕ има и дополнителна активност, којашто ќе следи по завршувањето на овој проект, а тоа е да опфати други општини во кои ќе се фокусира не само на кревање на свеста, туку и на градење на капацитетите за да се развијат соодветни алатки со кои, всушност, училиштата, родителските совети, а и младите ќе бидат директно ставени на првата линија за спречување против овие две зла, вели Хаџи-Јанев. Тој истакна дека кај младите постои интерес, со што заклучокот е дека се потребни вакви активности со кои ќе се даде придонес во однос на овој проблем. Констатацијата е дека младите се свесни дека имаме проблем на кој треба да се работи. -Беше продискутирано и за тоа кои методи ќе се користат и на кој начин ќе се работи проектот со цел да се покрене свеста кај младите, делумно се разговараше за тоа каде започнува корупцијата и организираниот криминал, односно за зачетоците и формите од фаќањето протекции, па до учество во организирани криминални дејствија, злоупотреба на младите, дали тоа ќе биде во однос на психотропните супстанции, насилство, учество во сексуално злоставување итн. Тоа се теми кои ги обременуваат младите во секојдневното живеење, додаде Хаџи-Јанев. Проектот е насловен „Спречување на младите од ангажирање во организиран криминал и коруптивно однесување преку зголемување на општествената резилиентност“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtip-se-realizira-proekt-so-mladite-vo-fokusot-sprechuvane-na-koruptsija-i-organiziran-kriminal/feed/ 0
Рот: Сите земји кои сакаат да се вклучат во ЕУ мора да ја продолжат борбата против корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rot-site-zemji-koi-sakaat-da-se-vkluchat-vo-eu-mora-da-ja-prodolzhat-borbata-protiv-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rot-site-zemji-koi-sakaat-da-se-vkluchat-vo-eu-mora-da-ja-prodolzhat-borbata-protiv-koruptsijata/#respond Tue, 12 Sep 2023 10:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=877230

Сите земји кои сакаат да се вклучат во Европската Унија мора да ја продолжат борбата против корупцијата, изјави денеска претседателот на Комисијата за надворешни работи на германски Бундестаг Михаел Рот, пред почетокот на Конференцијата „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарната демократија“, која се одржува во Собранието. Рот даде одговор на новинарско прашање во врска со експресното усвојување на измените на Кривичниот законик, кое предизвика реакции во јавноста поради намалување на казните за носителите на јавни функции во случаите на злоупотреба на службената должност, па се оди и со тврдења дека станува збор за амнестија и премолчен договор меѓу власта и опозицијата, во замена за поддршка на уставние измени. -Ова не е време за уцени едни кон други, има јасни очекувања од ЕУ, бидејќи пред се ние сме Унија на заеднички вредности, на заеднички пазар и сите земји кои сакаат да се вклучат во ЕУ мора да ја породолжат борбата против корупцијата, рече Рот. Тој истакна дека не сака да навлегува во детали во однос на измените на Кривичниот законик, напомена дека ги чул и гласините во врска со амнестијата, но нагласи дека политичарите во земјава тука треба да решат за тоа. -Но, сега ние зборуваме за промена на Уставот, што се однесува на бугарското малцинство и други прашања, кои се исход од еден многу долг, тензичен и контроверзен процес на преговори со ЕУ, специјално со Бугарија. Мојата главна цел е да ги забрзаме преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија, бидејќи Македонците заслужуваат членство во ЕУ што е можно поскоро. Потребна ни е поголема амбиција од девте страни и од страна на ЕУ и од страна на земјава, рече Рот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rot-site-zemji-koi-sakaat-da-se-vkluchat-vo-eu-mora-da-ja-prodolzhat-borbata-protiv-koruptsijata/feed/ 0
Ивановска: Борбата со корупција не е подобрена, нема судска завршница на предметите поврзани со коруција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-borbata-so-koruptsija-ne-e-podobrena-nema-sudska-zavrshnitsa-na-predmetite-povrzani-so-korutsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-borbata-so-koruptsija-ne-e-podobrena-nema-sudska-zavrshnitsa-na-predmetite-povrzani-so-korutsija/#respond Sun, 10 Sep 2023 14:11:59 +0000 https://kurir.mk/?p=876611

Состојбата со борбата со корупција во земјава не е подобрена, напротив институциите само 10 проценти преземале мерки за намалување на ризиците, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска. Во интервју за Радио Слободна Европа, Ивановска посочува дека е незадоволна од досега преземените мерки, како и дека нема судска завршница на предметите поврзани со коруција. Таа забележува на нискиот степен спроведени активности предвидени во акцискиот план на Националната стратегија. -За жал не можеме да констатираме дека имаме подобра состојба во државата односно дека сме напреднале во борбата. Како показатели како индикатори за сето ова се спроведените активности од институциите, а се предвидени во акцискиот план на Националната стратегија. Националната стратегија ја донесовме на еден инклузивен начин, беа вклучени самите институции кои сами даваа предлози како да се надминат ризиците од корупција. По донесување на Националната стратегија остана институциите да преземат мерки. Во 2021 година преземени се само 20 проценти , во 2022 година во овогодишниот извештај евидентирано е дека се преземени само 10 проценти. Ова укажува дека недостасува волја и капацитет, ама пред се волја, во самите институции да ги преземат активностите. Во вакви услови не можам да кажам дека состојбата е подобрена, напротив, вели Ивановска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanovska-borbata-so-koruptsija-ne-e-podobrena-nema-sudska-zavrshnitsa-na-predmetite-povrzani-so-korutsija/feed/ 0
Николовски од ЕВРОТИНК: Власта покажува многу мала моќ во справувањето со корупција, за жал таа е посветена само на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-od-evrotink-vlasta-pokazhuva-mnogu-mala-mok-vo-spravuvaneto-so-koruptsija-za-zhal-taa-e-posvetena-samo-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-od-evrotink-vlasta-pokazhuva-mnogu-mala-mok-vo-spravuvaneto-so-koruptsija-za-zhal-taa-e-posvetena-samo-na-bugarija/#respond Tue, 29 Aug 2023 18:19:06 +0000 https://kurir.mk/?p=872181

Бевме заложници на прашањето со Бугарија од 2020та година и целиот труд и внимание беше посветено на тоа и сеуште се посветува на тоа на уставните измени, ова го истакна Димитар Николовски, кој е син на пратеникот од партијата на пензионери Илија Николовски. За потсетување на јавноста Илија Николовски не гласаше за донесување на дневениот ред за уставните измени. "За жал реформите застанаа во државата и недоволно внимание се посветува поради „прекрасниот" изговор Бугарија да не работиме на таа тема и мислам дека треба овој период дури и да не се дојде до тие Уставни измени многу по засилено да се посветиме на реформите и да покажеме вистинска борба особено против корупцијата и многу мала моќ од власта да се справи со тоа„ рече Николовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-od-evrotink-vlasta-pokazhuva-mnogu-mala-mok-vo-spravuvaneto-so-koruptsija-za-zhal-taa-e-posvetena-samo-na-bugarija/feed/ 0
Во Украина претреси во повеќе од 200 воени центри поради корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-pretresi-vo-poveke-od-200-voeni-tsentri-poradi-koruptsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-pretresi-vo-poveke-od-200-voeni-tsentri-poradi-koruptsija/#respond Tue, 22 Aug 2023 16:39:35 +0000 https://kurir.mk/?p=869734

Повеќе од 200 воени центри се претресени во Украина за да се искорени системот на корупција што им овозможува на регрутите да избегаат од армијата, објави денеска тамошното обвинителство, во услови на контраофанзива на украинскиот сили против руските сили. „Службите за спроведување на законот открија големи корупциски шеми во речиси сите региони на земјата... Во моментов се вршат повеќе од 200 истовремени претреси“, соопшти обвинителството на Телеграм. Истражителите се сомневаат на „вмешаност на службеници од воените канцеларии и надлежни за медицински прегледи и социјални услуги“, се додава во соопштението. Според истрагата, во замена за поткуп, „функционерите им помагале на граѓаните да добијат инвалиднини или да бидат признати како привремено неспособни за служење воен рок. Тоа им овозможувало да го одложат или избегнат служењето воен рок“, наведува обвинителството. На почетокот на август, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отпушти сите регионални претставници одговорни за регрутирање на армијата, посебно наведувајќи го системот што дозволуваше регрути да се шверцуваат „преку границата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ukraina-pretresi-vo-poveke-od-200-voeni-tsentri-poradi-koruptsija/feed/ 0
Уапсен поранешниот пакистански премиер Кан под обвинение за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-poraneshniot-pakistanski-premier-kan-pod-obvinenie-za-koruptsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-poraneshniot-pakistanski-premier-kan-pod-obvinenie-za-koruptsija/#respond Sat, 05 Aug 2023 10:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=863628

Поранешниот пакистански премиер и лидер на опозицијата Имран Кан е уапсен денеска, откако пакистанскиот суд го осуди на три години затвор под обвинение за корупција. -Претседателот на ПТИ е уапсен од неговата резиденција во Лахоре, се вели во соопштението на пакистанската партија Техрик-е-Инсаф. Судот во Исламабад го обвини Кан дека лажел за државните подароци добиени за време на неговиот мандат, потврди партискиот портпарол за ДПА. Со пресудата, која беше изречена во воздржаност, на Кан му се забранува политичка функција во следните пет години. Кан, кој отсекогаш ги негираше наводите, сепак може да поднесе жалба на пресудата. Овој потег веројатно ќе поттикне дополнителни тензии во земјата. Кога Кан последен пат беше уапсен во мај, неговите поддржувачи упаднаа во владините институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-poraneshniot-pakistanski-premier-kan-pod-obvinenie-za-koruptsija/feed/ 0
Кривична за командир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/#respond Sat, 24 Jun 2023 10:46:19 +0000 https://kurir.mk/?p=849263

МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик. -Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РСМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка, а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот. Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода, информираат од Обвинителството. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/feed/ 0