корупциски скандал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Jan 2021 08:11:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png корупциски скандал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Премиерот на Естонија поднесе оставка поради корупциски скандал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-estonija-podnese-ostavka-poradi-korupciski-skandal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-estonija-podnese-ostavka-poradi-korupciski-skandal/#respond Wed, 13 Jan 2021 08:11:01 +0000 https://kurir.mk/?p=454574

Естонскиот премиер Јури Ратас денеска поднесе оставка поради корупцискиот скандал во врска со овозможувањето државен заем за претприемачот „Порто Франко“. Оваа изјава тој ја даде пред новинарите и на Фејсбук. – Во политиката, за да ги решите тешките ситуации, треба да направите многу тежок избор. Во сегашната ситуација, врз основа на моите вредности, решив да се повлечам од функцијата премиер на Република Естонија. Оваа одлука е донесена во консултација со одборот и фракцијата на Центристичката партија, како и со моите најблиски колеги. Многу одлуки беа можни, но само еден од нив е исправна, изјави Ратас. Тој додаде дека ова всушност значи крај на актуелната владејачка коалиција, во која се вклучени и Конзервативната народна партија и Партијата Татковина. – Центристичката партија размислува да биде дел од естонската политика, како во опозиција така и во коалиција, додаде Ратас. Генералниот секретар на Центристичката партија, Михаил Корб, исто така, најави дека ќе се повлече од функцијата поради корупцискиот скандал, додавајќи дека тој не се смета себеси за виновен. Естонскиот обвинител Таави Перн вчера изјави дека Михаил Корб, советникот на министерот за финансии Керсти Крахт, бизнисменот Хилар Тедер и уште други две лица се осомничени во обвиненија за корупција во врска со доделување државен заем на претприемачот „Порто Франко“. Според обвинителството, Корб се договорил со Тедер дека ќе донира околу еден милион евра за Центристичката партија пред локалните избори, закажани за 17 октомври 2021 година. За возврат, „Порто Франко“, кој е поврзан со Тедер, треба да добие кредит од 39,3 милиони евра од државата за да спроведе проект во развој. Владата на Естонија го одобри кредитот минатата година за период од шест години со каматна стапка од два отсто. Конкурентите на „Порто Франко“ посочуваат дека стандардната каматна стапка за ваквите заеми во Естонија е десет отсто годишно. Полицијата вчера изврши претрес во просториите на KredEx, преку која беше даден кредитот. Според естонските медиуми, Хилар Тедер, по одобрувањето на заемот, минатата година направил неколку донации за партијата во износ од околу 60.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierot-na-estonija-podnese-ostavka-poradi-korupciski-skandal/feed/ 0
Во корупциски скандал уапсен градоначалникот на Рио де Жанеиро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-korupciski-skandal-uapsen-gradonachalnikot-na-rio-de-zaneiro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-korupciski-skandal-uapsen-gradonachalnikot-na-rio-de-zaneiro/#respond Tue, 22 Dec 2020 12:02:14 +0000 https://kurir.mk/?p=446651

Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Марсело Кривела, денеска е уапсен под обвинение за корупција, јави телевизијата Глобо. Според извештаите на медиумите, во рамки на истрагата биле уапсени уште неколку лица – бизнисменот Рафаел Алвеш, пензионираниот директор на полицијата Фернандо Мораеш, поранешниот благајник на кампањата на Кривела, Мауро Македо и бизнисменот Аденор Гонсалвес дос Сантос. Апсењата се дел од операцијата „Хадес“, што ги истражува шемите за корупција во градското собрание на Рио. Пред да влезе во полициската управа, Кривела на медиумите им изјави дека токму тој е градоначалникот кој најмногу се борел против корупцијата и дека очекува правда. Апсењето на Кривела се случува на само девет дена пред крајот на неговиот мандат, наведуваат бразилските медиуми. Истрагата почнала во 2018 година со операцијата „Размена“ за перење пари и криење девизи за луѓе поврзани со шемите за поткуп, во која биле вклучени бизнисмени и политичари од државата Рио де Жанеиро. Се верува дека шеф на организацијата бил бизнисменот Рафаел Алвеш, кој одлучувал со кои компании градската управа треба да склучува договори. Според истражителите, ова влијание довело до појава на шема за уцена на бизнисмени кои сакале да склучат вакви договори со канцеларијата на градоначалникот во Рио де Жанеиро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-korupciski-skandal-uapsen-gradonachalnikot-na-rio-de-zaneiro/feed/ 0
Македонска заедница во Малта: Дали Рашковски со „хуманитарните летови“ виде можност за брза заработка на маката на граѓаните кои се оставени на милост и немилост по светот? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-zaednica-vo-malta-dali-rashkovski-so-humanitarnite-letovi-vide-moznost-za-brza-zarabotka-na-makata-na-gragjanite-koi-se-ostaveni-na-milost-i-nemilost-po-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-zaednica-vo-malta-dali-rashkovski-so-humanitarnite-letovi-vide-moznost-za-brza-zarabotka-na-makata-na-gragjanite-koi-se-ostaveni-na-milost-i-nemilost-po-svetot/#respond Tue, 19 May 2020 11:39:36 +0000 https://kurir.mk/?p=347793

Постои ли потенцијален корупциски скандал поврзан со Државниот Секретар г-дин Драги Рашковски и организирањето на “Хуманитарните летови” кои ги организираше минатиот месец?!, реагираат од Македонска заедница во Малта. Во продолжение целата реакција на Македонска заедница во Малта: Веќе на сите ни е познато дека минатиот месец Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia преку јавен повик ги повика своите граѓани кои се затечени во странство поради кризата со Ковид19 да се пријават за “хуманитарни” летови за враќање дома. И сето ова е одлично се до оној момент кога всушност надлежноста за организирање на овие летови од МНР преминува во Генерален секретаријат при Влада на Република Северна Македонија и самиот Генерален секретар Рашковски. Дали Рашковски виде можност за брза заработка на маката на граѓаните кои се оставени на милост и немилост по светот (не по своја вина) без никаква поддршка? Драги Рашковски упати јавен повик до авио компаниите кои сакаат да се пријават за организирање на овие “хуманитарни” летови. На истиот повик се јавува единствено компанијата Wizz Air (која воедно е субвенционирана од македонскиот државен буџет) и го добива целосниот тендер. За воља на вистината летот Малта-Македонија се организира прв од сите останати предвидени, НО и со најголем процент на заработувачка по патник. За да го поткрепиме нашето тврдење со факти ви ги приложуваме сликите кои сведочат за ОГРОМНАТА разлика помеѓу два идентични лета (на иста релација) само што во едниот случај лета НИСКО-буџетниот Wizz Air (организиран од Македонската Влада), а во другиот случај лета Air Malta (организиран од Малтешката Влада). Од Малта во Македонија пристигнаа околу 140 патници со летот кој го организираше MaltaGov за сите оние странски граѓани кои се затечени во Малта. Цената на првиот лет кој го организираше Рашковски е ФАНТАСТИЧНИ 202€ по патник, додека цената на билет по патник кој го организираше Малтешката Влада е 50€ . Во првиот лет се враќаат 124 македонски граѓани, во вториот лет 140 македонски граѓани. Билетите со Wizz Air беа 152€ поскапи од билетите со Air Malta, а вкупната разлика помеѓу првиот и вториот лет е ФАНТАСТИЧНИ 18 000 € . За каков “ХУМАНИТАРЕН” лет зборува Рашковски ако за еден ист лет организиран од две различни институции разликата во цена е 18 000€? На што се должи огромната разлика во цена? Дали Јавно Обвинителство на Република Македонија по допрен глас ќе отвори истрага за очигледната злоупотреба околу организирањето на овие летови? Јавно го прашуваме Драги Рашковски дали под организацијата на “ХУМАНИТАРНИ” летови виде одлична шанса за дополнителен личен приход на сметка на граѓаните. За каква грижа кон македонските граѓани зборуваме ако за еден ист лет цената е 2 ипол пати повисока? Вие ги враќате нашинците со НИСКО буџетна компанија за 202€, а Владата во Малта со нормална компанија и тоа за речиси симболична цена од 50€ по патник. Дали ова значи дека всушност Малтешката Влада се грижи повеќе од вас за Македонските граѓани, или едноставно како секоја нормална европска влада не се обидува да ПРОФИТИРА на маката на граѓаните? Искрено се надеваме дека ЈО ќе поведе истрага за случајот. Вас почитуван Државен секретар оставаме македонските граѓани сами да проценат кој и како се грижи за нив, но и кој и дали печали на нивната мака! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonska-zaednica-vo-malta-dali-rashkovski-so-humanitarnite-letovi-vide-moznost-za-brza-zarabotka-na-makata-na-gragjanite-koi-se-ostaveni-na-milost-i-nemilost-po-svetot/feed/ 0