коса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Sep 2023 10:56:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Два знаци на висок холестерол што може да се забележат на косата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dva-znatsi-na-visok-holesterol-shto-mozhe-da-se-zabelezhat-na-kosata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dva-znatsi-na-visok-holesterol-shto-mozhe-da-se-zabelezhat-na-kosata/#respond Sat, 30 Sep 2023 10:56:25 +0000 https://kurir.mk/?p=883549

Холестеролот е неопходен за одржување на правилното функционирање на клетките и органите во нашето тело, а исто така игра важна улога во производството на хормони и витамини. Сепак, екстремно високото ниво на холестерол може да доведе до загрижувачки здравствени проблеми, предупредуваат лекарите. Промените во нашата коса се еден од првите знаци на покачен холестерол, првенствено предизвикан од нездравата исхрана, пренесува India Times. Истражувачите на Џон Хопкинс спровеле студија на глувци и откриле дека исхраната богата со холестерол може да доведе до предвремено побелување и опаѓање на косата, што би значело дека овие две промени се првите симптоми на покачен холестерол. Истражувањето е објавено во списанието Nature Scientific Reports. За истражувачки цели, глувците биле поделени во две групи – едната била на здрава исхрана, а другата била на диета базирана исклучиво на масти и друга храна која го зголемува нивото на холестерол. Истражувачите откриле дека глувците на диета богата со маснотии набрзо почнале да го губат крзното и нивното крзно исто така побелува. Како што пренесува Index.hr, глувците на самиот почеток на истражувањето не биле постари од 12 недели. На возраст од 36 недели, 75 проценти од глувците на диета богата со маснотии страдале од сериозно опаѓање на косата. „Нашите наоди јасно ни покажуваат дека западната исхрана предизвикува опаѓање и побелување на косата кај глувците, а исто така веруваме дека сличен процес се случува и кај мажите кои нагло губат коса или имаат седа коса кога имаат покачен холестерол“, објаснуваат научниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dva-znatsi-na-visok-holesterol-shto-mozhe-da-se-zabelezhat-na-kosata/feed/ 0
Заборавен трик од нашите баби: Чајот од нане ќе ви ја направи косата бујна и сјајна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zaboraven-trik-od-nashite-babi-chajot-od-nane-ke-vi-ja-napravi-kosata-bujna-i-sjajna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zaboraven-trik-od-nashite-babi-chajot-od-nane-ke-vi-ja-napravi-kosata-bujna-i-sjajna/#respond Thu, 07 Sep 2023 07:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=875560

Сите ние пиеме чај од нане кога се разболуваме или настинуваме, но дали знаевте дека можете да го користите и за здравјето на вашата коса? Нането уште од античко време е познато како многу корисен лек за целокупното здравје, а нашите баби некогаш го користеле за плакнење на косата. Постојат неколку причини зошто треба да ја миете косата со чај од нане барем неколку пати месечно. 1. Го намалува првутот Чајот има силно антиинфламаторно дејство, делува така што го смирува скалпот и спречува негова иритација и воспаление. Според научниците, ова е корисно не само за спречување на првут, туку и за ублажување на симптомите на псоријаза. Исто така, антисептичките состојки во чајот ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и нечистотиите кои можат да ги блокираат фоликулите на косата, спречувајќи ги да се затнат и дозволуваат косата да расте. 2. Спречува брзо побелување на косата Соединенијата кои се наоѓаат во чајот можат да ги балансираат нивоата на pH на скалпот, нормализирајќи го производството на масло. Ова е корисно за луѓето со мрсна коса, како и за оние со малку посува коса: за првата категорија, чајот делува адстрингентно, го регулира производството на себум и спречува акумулација на вишок себум на скалпот, додека за втората категорија на луѓе, чајот делува така што ја храни и хидрира косата, ја неутрализира сувоста и го спречува првутот. 3. Дава свежина на косата и убав мирис Без разлика дали ви се допаѓа вкусот на нане, мора да признаете дека мириса многу убаво. Ако ја исплакнете косата со чај од нане, таа ќе мириса свежо и чисто. Како да користите чај од нане за плакнење на косата? Користете две до четири кесички чај од нане, или 2 лажици суви листови од нане. Сварете две шолји вода, па прелијте го нането. Оставете да отстои околу половина час за да стане појак. Измијте ја косата со шампон, исплакнете го шампонот, а потоа нанесете чај од нане на косата. Можете да го прелиете или да го истурите чајот во шише со распрскувач и да испрскате. Втријте го чајот во косата со прстите – не треба да го плакнете потоа. Исушете нежно со крпа, а потоа со фен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zaboraven-trik-od-nashite-babi-chajot-od-nane-ke-vi-ja-napravi-kosata-bujna-i-sjajna/feed/ 0
Направете си домашни маски за сува коса https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napravete-si-domashni-maski-za-suva-kosa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napravete-si-domashni-maski-za-suva-kosa/#respond Thu, 17 Aug 2023 13:31:31 +0000 https://kurir.mk/?p=867921

Сувата, оштетената и фарбаната коса бара посебна нега, па ако купените производи не ви делуваат доволно хранливо, секогаш можете да се одлучите за некои домашно подготвени маски. Овие маски се прават од состојки кои вообичаено ги имаме дома, не бараат многу работа, а жените ширум светот потврдуваат дека одлично функционираат. Маска од путер Едноставен производ за кој ви е потребна само една состојка – путер. Масленоста која ја содржи овој млечен производ, ќе направи вашата коса да изгледа поздраво, посјајно и поцврсто. Нанесете мала количина путер по целата должина на косата, покријте ја со капа за туширање или со пластична фолија и оставете ја да отстои најмалку половина час. Потоа, косата измијте ја и ставете го омилениот регенератор, па исплакнете ја. Маслиново масло За хидратација на косата, маслиновото масло е веројатно една од најдобрите состојки. Затоа и во многу маски и шампони кои ги купувате често е дел од состојките, иако е во мала количина. Ако сакате дополнително да се погрижите за косата, само загрејте маслиново масло, но не дозволувајте да ви зоврие. Топлото масло ставете го на коса, покријте го со фолија и оставете го да делува околу 45 минути, па измијте ја. Плакнење со чај Ако сакате оштетената коса повторно да го има стариот сјај, измијте ја со чај. По миењето на косата едноставно прелијте ја со свежо сварен и изладен чај. Но, имајте предвид дека чајот може да влијае на бојата на коса, па за русокосите најдобар би бил чајот од камилица, а за бринетите, црниот чај. Маска со јаболков оцет Вратете ѝ го животот на сувата и испукана коса со едноставен домашен лек. Помешајте една лажичка јаболков оцет, две лажички маслиново масло и три белки. Сето тоа изматете го добро, па смесата нанесете ја на косата. Потоа покријте ја со пластична фолија, па измијте ја по еден час. Шампон – омлет Овој интересен рецепт можеби не звучи примамливо, но оние кои го пробале кажуваат дека е одличен . Измешајте малку шампон со едно јајце, па мешавината нанесете ја на мокра коса и истријте ја. Оставете ја да отстои пет минути, па измијте ја. Ова е одличен протеински третман за оштетената коса. Поинакво хранливо масло Маслиновото масло е одлично, но не мора да се плашите да експериментирате и со другите масла. Некому можеби нема да му одговараат најдобро, но секако не можат да ви наштетат. Во продавниците за здрава храна може да пронајдете масло од јојоба, бадеми или кокос. Сите три масла важат за одлични лекови за оштетената коса. Пред нанесувањето на овие растителни масла, косата треба да биде благо навлажнета. Откако ќе го ставите маслото, покријте ја косата и оставете ја да делува околу 30 минути. Маска од авокадо Иако авокадото не е состојка која често се употребува дома, може лесно да ја најдете во некој од поголемите маркети. За оваа маска, која важи за една од најпопуларните во светот, потребно ви е само едно зрело авокадо. Едноставн, со виљушка или во блендер добро сомелете го, па нанесете го на косата. Исплакнете после 40 минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/napravete-si-domashni-maski-za-suva-kosa/feed/ 0
Осветлете ја косата без фарба! За тоа ви требаат само ДВЕ НАМИРНИЦИ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osvetlete-ja-kosata-bez-farba-za-toa-vi-trebaat-samo-dve-namirnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osvetlete-ja-kosata-bez-farba-za-toa-vi-trebaat-samo-dve-namirnitsi/#respond Wed, 28 Jun 2023 07:28:31 +0000 https://kurir.mk/?p=850336

Бидејќи бојата ја оштетува косата и извлекува пари од вашиот џеб, дамите се одлучуваат за поприродни начини, кои речиси ништо не чинат и се поздрави. Доколку сакате вашата коса да добие посветла нијанса, не ви требаат скапи препарати, доволно е да ѕирнете во сопствената кујна. Во шише со распрскувач измешајте еднакви количини јаболков оцет и свежо исцеден сок од лимон. Смесата испрскајте ја на прамените, или на целата коса, во зависност од тоа каква фризура сакате. Оставете да делува околу 15 минути (можеби и подолго), а потоа исплакнете со топла вода. Мирисот на оцет ќе исчезне додека косата се суши. За подобар ефект, повторете ја оваа постапка неколку пати и исушете ја косата на сонце. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osvetlete-ja-kosata-bez-farba-za-toa-vi-trebaat-samo-dve-namirnitsi/feed/ 0
КАКО ДА ИМАТЕ УРЕДНА ФРИЗУРА ШТО ПОДОЛГО? Дознајте кои се најчестите грешки што ги прават жените кога ја средуваат косата! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-imate-uredna-frizura-shto-podolgo-doznajte-koi-se-najchestite-greshki-shto-gi-pravat-zhenite-koga-ja-sreduvaat-kosata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-imate-uredna-frizura-shto-podolgo-doznajte-koi-se-najchestite-greshki-shto-gi-pravat-zhenite-koga-ja-sreduvaat-kosata/#respond Mon, 22 May 2023 10:18:14 +0000 https://kurir.mk/?p=836916

За убава и уредна фризура вреди да се вложи труд, иако многу жени прават почетнички грешки во нејзината нега. Времетраењето на фризурата секако зависи од тоа каква коса имате, и од тоа какви производи користите. Фризерите велат дека постојат неколку типични, вообичаени грешки што ги прават многу жени. Често се прави грешка при изборот на шампон. Треба да ја запознаете вашата коса и да и го дадете она што и треба. Истражувајте внимателно кој шампон е најдобар за вашата коса. Пробајте неколку од нив и одберете го оној кој најмногу ви одговара. Имајте на ум дека шампоните кои имаат регенератор не се секогаш најдобриот избор и дека треба да се менуваат од време на време. Доколку сте почнале да користите разни препарати, но сепак не можете да ја задржите фризурата, тогаш голема е можноста да не сте ја исушиле добро со фен. Стилистката Лиза Лаудат објасни во интервју за „Cosmopolitan“: – Луѓето грешат кога ја сушат косата со фен кога е мокра, немаат трпение да чекаат целосно да се исуши, па почнуваат да ја стилизираат додека се уште е малку влажна. Тогаш косата може да се скрши или да испука на врвовите – вели Лиза. Таа препорачува да ја миете косата навечер за да може целосно да се исуши преку ноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-da-imate-uredna-frizura-shto-podolgo-doznajte-koi-se-najchestite-greshki-shto-gi-pravat-zhenite-koga-ja-sreduvaat-kosata/feed/ 0
Природен шампон за коса: може да ви помогне да го забрзате нејзиниот раст и да ја зајакнете https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/priroden-shampon-za-kosa-mozhe-da-vi-pomogne-da-go-zabrzate-nejziniot-rast-i-da-ja-zajaknete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/priroden-shampon-za-kosa-mozhe-da-vi-pomogne-da-go-zabrzate-nejziniot-rast-i-da-ja-zajaknete/#respond Tue, 04 Apr 2023 13:54:04 +0000 https://kurir.mk/?p=820121

Ако и вие сте една од оние жени кои сакаат косата што побрзо да им порасне, тогаш време е да го промените шампонот кој го користите. Наместо да купувате скапи хемикалии кои ви ветуваат брзо растење и зајакнување на влакното, ви го нудиме следниов евтин рецепт. 750мл обичен шампон од коприва 30мл масло од коприва 1 шишенце AD капки на водена база 100мл пантенол раствор 50мл масло од рицинус Измешајте ги сите капки со шампонот и добро протресете додека течностите не се изедначат. Користете го шампонот при секое миење на косата и ќе забележите дека по неколку седмици ќе стане помека и поздрава, а со тоа што влакната нема да се кинат, и подолга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/priroden-shampon-za-kosa-mozhe-da-vi-pomogne-da-go-zabrzate-nejziniot-rast-i-da-ja-zajaknete/feed/ 0
Природен лек: Чај против опаѓање на косата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/priroden-lek-chaj-protiv-opagane-na-kosata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/priroden-lek-chaj-protiv-opagane-na-kosata/#respond Mon, 03 Apr 2023 08:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=819360

Копривата е една од најдобрите и најделотворните лековити билки. Целото растение е лековито, така што се користи и коренот, и листовите и семето. Копривата е богата со разни корисни состојки, калциум, фосфор, железо, витамин Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и др. Копривата е најпозната како средство за прочистување на крвта и зголемување на бројот на црвените крвни зрнца. Во народната медицина се користи и за други цели како регулирање на нивото на шеќер во крвта, против заболувања на јетрата, слезинката и жолчката, против грчеви и чиреви на желудникот, за белодробни заболувања, за лечење на болести предизвикани од вирузи и бактерии и т.н. Копривата одлично делува на косата, го спречува нејзиното опаѓање и го поттикнува растот. Тинктурата од коприва посебно благотворно делува на секој тип на коса. Ако ја миете косата со чај од коприва, таа ќе биде убава и бујна, ќе го спречите паѓањето и прекумерното мрсење. 4 до 5 раце свежа или сува коприва се преливаат со 5 литра вода и се варат на тивок оган додека водата не зоврие. Се остава да стои 5 минути и потоа се користи за миење на косата. Ако се користи корен од коприва, една полна рака се остава да отстои во ладна вода преку ноќта, и наредниот ден се загрева на тивок оган додека водата не зоврие. Потоа се остава да отстои десетина минути, па се мие косата. Користете благ и квалитетен шампон и на крај убаво измијте ја косата со чајот од коприва. Исто така, одличен лек против опаѓање на косата ќе добиете и ако копривата ја смешате со жалфија и чичков корен. 25 г. коприва, 25 г. жалфија, 25 г. чичков корен се прелеваат со 3 литра вода и се варат додека водата не зоврие. Се остава да се излади, се прецедува и потоа се мие косата. Можеби најпознатиот лек од коприва против опаѓање на косата е тинктурата од коприва и алкохол, која навистина дава одлични резултати. Се подготвува едноставно: 100 грама корен од коприва убаво се мие и се става да отстои во 1 литар ракија или 70% алкохол 8 дена. Шишето ставете го на сонце. После тоа се прецедува во друго чисто шише се додаваат неколку капки рицинусово масло. Масирајте го коренот на косата секој втор ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/priroden-lek-chaj-protiv-opagane-na-kosata/feed/ 0
Ви треба само ЕДНА состојка: Со оваа маска вашата коса ќе изгледа совршено https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vi-treba-samo-edna-sostojka-so-ovaa-maska-vashata-kosa-ke-izgleda-sovrsheno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vi-treba-samo-edna-sostojka-so-ovaa-maska-vashata-kosa-ke-izgleda-sovrsheno/#respond Sun, 02 Apr 2023 20:43:35 +0000 https://kurir.mk/?p=819135

Оваа маска ќе ја направи вашата коса нежна, сјајна, но пред се - здрава! Тоа што е интересно е дека ви треба само една состојка. Станува збор за морков. Морковот добро ќе влијае на растот на вашата коса, ќе ја направи побујна и ќе ја опорави. Сè што треба да направите е да го иситните морковот и да го нанесете на темето пред да ја измиете косата. Потоа оставете го да стои 15 минути, а потоа исплакнете. Оваа постапка правете ја еднаш неделно, а подоцна може да ја правите еднаш месечно. Тоа ќе ви помогне да го вратите изгледот на косата и ќе бидете задоволни од добиените резултати. Морковот е богат со витамини, особено витамин А.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vi-treba-samo-edna-sostojka-so-ovaa-maska-vashata-kosa-ke-izgleda-sovrsheno/feed/ 0
БОЈА НА КОСАТА КОЈА ОДИ СО СЕКОЈ ТЕН! Мед нијансата е најзастапена бидејќи придонесува за убавината на лицето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/boja-na-kosata-koja-odi-so-sekoj-ten-med-nijansata-e-najzastapena-bidejki-pridonesuva-za-ubavinata-na-litseto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/boja-na-kosata-koja-odi-so-sekoj-ten-med-nijansata-e-najzastapena-bidejki-pridonesuva-za-ubavinata-na-litseto/#respond Fri, 03 Mar 2023 13:40:12 +0000 https://kurir.mk/?p=807656

Доколку сакате да ја промените бојата на косата, важно е да изберете нијанса која одговара на вашето лице, советуваат светските фризери. За да не изгледате бледо или премногу темно, погледнете која боја на коса одговара на вашиот тен и што е најважно – која ќе го освежи и ќе му го даде потребниот сјај и блескавост. Чоколадна нијанса Оваа боја одговара и на темен и на светол тен, но доколку сакате да преминете од црна во оваа топла нијанса, вашиот тен ќе добие дополнителен сјај. Чоколадната нијанса спаѓа во категоријата кафена, но не е премногу темна или премногу светла. Позлатена нијанса Златните тонови изгледаат добро на сите дами, особено во летните месеци кога тенот е исончан бидејќи тогаш лицето доаѓа до израз. Доколку сте природна русокоса, ставете акцент на вашата коса или додајте топли прамени бидејќи тие визуелно ја прават вашата коса погуста. Беж-златна нијанса подобро им одговара на луѓето со поладен, поблед тон на кожа, додека килибар-златна нијанса ќе изгледа прекрасно на луѓе со потопол, жолтеникав нијанса на кожа. Мед боја Ова е боја која одговара на секој тон на кожа, поради што најмногу се користи. Нијансата на мед е обожавана поради нејзината умереност и ефектот што го има на лицето. Може да се користи како основна боја, но и како боја на прамени, а во двата случаи лицето доаѓа до израз. Разликата помеѓу оваа и позлатената нијанса е што медената боја е малку потемна. Беж нијанса Бојата на коски или пченица спаѓа во категоријата беж, а доколку имате темен тен, не плашете се да експериментирате со оваа нијанса. Покрај тоа, беж косата изгледа убаво дури и кога имате видлив израсток.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/boja-na-kosata-koja-odi-so-sekoj-ten-med-nijansata-e-najzastapena-bidejki-pridonesuva-za-ubavinata-na-litseto/feed/ 0
Негата е важна: Маска со банана за раст на кадрава коса https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/negata-e-vazhna-maska-so-banana-za-rast-na-kadrava-kosa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/negata-e-vazhna-maska-so-banana-za-rast-na-kadrava-kosa/#respond Thu, 02 Mar 2023 16:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=807282

Овој тип на коса бара посебно внимание Маските од банана се нешто што многу жени сакаат да го применуваат во секојдневните рутини. Оваа состојка може да ѝ ги обезбеди на косата потребните витамини и протеини. Се прави од следниве состојки: Банани Рицинусово масло масло од арган Јогурт (половина чаша) Подготовка: Бананата и другите состојки ставете ги во длабок сад и изблендирајте. Кога ќе ја направите кашата измешајте ја за да добиете хомогена смеса. Нанесувањето се врши со миење на косата, сушење и нанесување на маската на целата коса. Се препорачува добро да се натопи косата и да се остави околу 15 минути. Забелешка: како состојка може да се додаде чај од конска опашка (има антигабично дејство и е добар за борба против првут) или екстракт од нане (познат и како пеперминт, кој помага косата побрзо да расте).

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/negata-e-vazhna-maska-so-banana-za-rast-na-kadrava-kosa/feed/ 0