кошаркарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Jun 2023 09:55:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кошаркарки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 У18: Двоен пораз на македонските кошаркарки на гостувањето во Грција https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u18-dvoen-poraz-na-makedonskite-kosharkarki-na-gostuvaneto-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u18-dvoen-poraz-na-makedonskite-kosharkarki-na-gostuvaneto-vo-grtsija/#respond Thu, 22 Jun 2023 09:55:50 +0000 https://kurir.mk/?p=848526

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години претрпе порази на двата контролни натпревари кои оваа недела ги одигра против Грција во Солун, во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство во б дивизијата. Во ослабен состав без Михаела Алексовска, Марија Николов и Милица Николиќ, македонската репрезентација на првиот натпревар одигран во вторникот беше поразена со 69-29, додека ден подоцна Грција беше поуспешна триумфирајќи со 83-33. Македонските кошаркари ќе одиграат контролен натпревар против Бугарија на гостински терен на 27 јуни, три денови пред почетокот на Европското првенство чиј домаќин ќе биде Софија. Македонските кошаркарки ќе бидат дел од групата А заедно со селекциите на Хрватска, Данска, Исланд и Холандија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/u18-dvoen-poraz-na-makedonskite-kosharkarki-na-gostuvaneto-vo-grtsija/feed/ 0
Кошаркарките на „Бадел 1862“ се незапирливи, тие ја забележаа и десеттата победа по ред https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarkite-na-badel-1862-se-nezapirlivi-tie-ja-zabelezaa-i-desettata-pobeda-po-red/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarkite-na-badel-1862-se-nezapirlivi-tie-ja-zabelezaa-i-desettata-pobeda-po-red/#respond Fri, 19 Mar 2021 15:05:41 +0000 https://kurir.mk/?p=484875

Вчера на домашен терен, во спортската сала „Независна Македонија“, кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода на десеттиот натпревар од групата Запад ја забележаа десеттата победа. „Баделки” со огромна резултатска разлика 80:41 (20:9, 19:14, 12:8, 29:10) ја совладаа екипата на ЖКК „Струга“.

За убедливата победа од екипата на „Бадел 1862“, најзаслужни се Стојановска со постигнати 22 поени и Трајчевска со 20 поени. Во листата на стрелците се запишаа и Димова со 11, Лазаревска 10, Адамовска 8, Максимовска 6 и Димитријевиќ со 3 поени.

Најефикасни од екипата на ЖКК „Струга“ беа Лаковиќ со постигнати 17 поени и Спаиќ со 13 поени.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarkite-na-badel-1862-se-nezapirlivi-tie-ja-zabelezaa-i-desettata-pobeda-po-red/feed/ 0
Трета светска шампионска титула во низа за кошаркарките на САД https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/treta-svetska-shampionska-titula-vo-niza-za-kosharkarkite-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/treta-svetska-shampionska-titula-vo-niza-za-kosharkarkite-na-sad/#respond Mon, 01 Oct 2018 07:05:17 +0000 https://kurir.mk/?p=108746

Репрезентацијата на САД трет пат по ред го освоија шампионскиот трофеј на женското Светско кошаркарско првенство. Тие синоќа во финалето на Мундијалот што се играше во Шпанија ја совладаа селекцијата на Австралија со 73:56. Американките по првото полувреме имаа предност од осум поени, а победникот беше решен веќе по третата четвртина кога САД отидоа на плус 23 (61:38). За американскиот национален тим ова беше вкупно 10. титула од Мундијалите. Бронзениот медал на планетарниот собир го освои репрезентацијата на Шпанија по победата над Белгија со 67:60.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/treta-svetska-shampionska-titula-vo-niza-za-kosharkarkite-na-sad/feed/ 0
Загубија со 60 коша разлика: Фијаско на македонските кошаркарки во Италија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/zagubija-so-60-kosha-razlika-fijasko-na-makedonskite-kosharkarki-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/zagubija-so-60-kosha-razlika-fijasko-na-makedonskite-kosharkarki-vo-italija/#respond Wed, 14 Feb 2018 21:16:09 +0000 http://kurir.mk/?p=21625

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз од 93-33 на гостувањето против Италија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 година. Италијанките доминираа на теренот уште од почетокот на натпреварот, а фијаското го најави фактот дека на Македонија ѝ беа потребни осум минути да ги постигне првите поени, по серијата од 21-0 на домаќинот. Двоцифрената бројка „црвено-жолтите“ ја минаа дури во третата четвртина во која реализираа 11 поени. Ниту една македонска репрезентативка не стигна до двоцифрен учинок, а најефикасна беше Митрашиновиќ со девет поени, пред Кметовска, Лазареска, Тантуровска и Парис со по четири поени. За избраничките на селекторот, Марјан Лазовски, ова е четврти пораз во евроквалификациите, по првите две средби со Италија дома и Шведска на гостински терен и дебаклот против Хрватска од 47-108 во Скопје.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/zagubija-so-60-kosha-razlika-fijasko-na-makedonskite-kosharkarki-vo-italija/feed/ 0