кошмари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 13:30:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кошмари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Научниците го објаснуваат значењето на НАЈЧЕСТИТЕ кошмари: Погледнете што всушност ви кажуваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-go-objasnuvaat-znachenjeto-na-najchestite-koshmari-poglednete-shto-vsushnost-vi-kazuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-go-objasnuvaat-znachenjeto-na-najchestite-koshmari-poglednete-shto-vsushnost-vi-kazuvaat/#respond Mon, 07 Nov 2022 13:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=756929

Секој барем еднаш се запрепастил од лош сон. Кошмарите не треба да не оптоваруваат, бидејќи тоа само го потенцира нивното појавување, а додека мажите почесто сонуваат насилни соништа, жените ги измачува губењето на саканите во сон. Бегање од чудовишта, чувство на парализираност, доцнење на важен состанок, смрт на саканата личност како и губење на косата и забите се најчестите кошмари кои ги вознемируваат мажите и жените. Причината за кошмарите не мора секогаш да биде страв, односно почесто се други емоции: меѓу другото, вина, тага, гадење или збунетост. Со цел барем делумно да разјасни што се крие зад овие несвесни симболи, аналитичарката на соништа Лори Квин Ловенберг анализирала токму на што луѓето најчесто се жалат. Губење на забите Овој сон е поврзан со проблеми во комуникацијата во реалниот живот. Постојат различни верзии на соништа со заби, но најчеста е онаа со нивно паѓање. Сè што има врска со устата во соништата е поврзано со разговор, а паѓањето на забите е показател дека неодамна сте кажале нешто што не требало или не сте смееле да го кажете. Погреб на некој близок Смртта е за мозокот на сонувачот, симбол на промени и завршетоци. Ако сонувате за смрт, запрашајте се што се менува или завршува во вашиот живот. Оној што умира во сон обично претставува дел од вашата личност, некоја заедничка особина што ја имате. Погребот е добар знак – за пуштање и помирување за да можете да продолжите понатаму. Инцестуозни соништа Соништата со љубовна тема во кои актерите се претвораат во некој од вашето семејство често не преплашуваат како кошмари, но сексот во соништата го нема истото значење како во реалноста. Во сон, тоа означува спојување, поврзаност и повеќе се однесува на психолошкото зближување што ви треба или ви недостасува. Исто така, тие можат да укажат на желбата да поседуваме некоја карактеристика на оној што се појавува во таквиот сон, бидејќи ние самите ја немаме. Сонови за губење Местата и патеките по кои се губиме во нашите соништа симболизираат каде сме во нашите срца или мозоци. Таквиот сон е симбол на неодлучност во реалниот живот, неможност да се донесе одлука или да се придржуваме до неа. Соништа за паѓање Ваквите соништа отсекогаш биле едни од најчестите кај сите луѓе и укажуваат на тоа дека има нешто во будниот живот што „ве влече надолу“. Овој сон е вообичаен кај оние кои страдаат од депресија, а може да биде и предупредувачки знак за психолошки тежок период за кој треба да се подготвите за да спречите пад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nauchnicite-go-objasnuvaat-znachenjeto-na-najchestite-koshmari-poglednete-shto-vsushnost-vi-kazuvaat/feed/ 0
Совети: Дознајте како да имате мирен и квалитетен сон без кошмари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-doznajte-kako-da-imate-miren-i-kvaliteten-son-bez-koshmari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-doznajte-kako-da-imate-miren-i-kvaliteten-son-bez-koshmari/#respond Wed, 24 Mar 2021 09:48:53 +0000 https://kurir.mk/?p=487016

Мирен и квалитетен сон е предуслов за добро расположение и непречено извршување на секојдневните работи. А пак, лошиот сон и кошмарите можат да го уништат сето тоа. Според стручњаците, постојат низа методи со кои може да се избегнат кошмарите. Тереза ​​Чеунг, автор на „Декодер на соништа“ (The Dream Decoder), се обидува да ја расветли рутината на спиење што е најсоодветна за речиси совршен ноќен сон. Според неа, избегнувањето кошмари е едноставно и произлегува од воспоставување редовна рутина. Нејзините главни совети вклучуваат заспивање пред полноќ, редовен сон и строго определено време на будење. -Биолошкиот часовник на телото е моќна работа и ако го смените времето за спиење, тоа ќе предизвика кошмари, вели таа. Консумирајте зеленчук! Истражувањата покажуваат дека луѓето кои земаат одредено ниво витамин Б-6 можат подобро да ги запомнат своите соништа и да имаат појасни визии во соништата. Така, јадењето спанаќ може да помогне за поубав ноќен сон. Редовно истегнувајте се! Освен утринската гимнастика, и истегнувањето пред спиење му помага на телото за поквалитетен одмор. Намаленото ниво на стрес значи дека, веројатно, ќе спиете подобро. Бања пред спиење… Не дека ни треба посебен изговор за опуштање в када, но дури и 10 минути бања може да имаат позитивно влијание врз спиењето и соновите. -Причината што топлата бања може да Ви помогне, е тоа што температурата на Вашето тело треба да се намали пред да почне сонот. Топла бања еден или два часа пред спиењето, може да помогне во овој природен процес, објаснува Тереза Чеунг. Следниот нејзин совет гласи: Гледајте ја Месечината. -Ова е еден од понеконвенционалните совети, но со подолг поглед кон Месечината додека лежите и „потонувате“, Вие всушност се поврзувате со „внатрешното јас“, истакнува таа. Според мистичните сознанија, Месечината владее со нашата интуиција и соништата. -Па така, ако можете да ја гледате Месечината преку прозорецот ноќе, сосредоточете се на неа, но не подолго од 10 минути, вели Чеунг.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-doznajte-kako-da-imate-miren-i-kvaliteten-son-bez-koshmari/feed/ 0
Кошмарите помагаат за подобро справување со секојдневниот стрес https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koshmarite-pomagaat-za-podobro-spravuvanje-so-sekojdnevniot-stres/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koshmarite-pomagaat-za-podobro-spravuvanje-so-sekojdnevniot-stres/#respond Fri, 17 Jan 2020 11:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=291116

Швајцарски и американски научници спроведоа експеримент со кој, како што тврдат, успеале да одговорат на прашањето – зошто луѓето имаат кошмари? Според научните сознанија, тоа е еден вид „тренинг“ за нервниот систем, којшто му помага на човекот да се избори со негативните чувства во вистинскиот живот. Односно, она што лицето го чувствува во сонот го подготвува за можни очекувани стресови во иднина. – Особено се сосредоточивме на стравот – околу тоа кои делови од мозокот се активираат кога сонуваме лошо, истакна професор Лампрос Перогамврос од Универзитетот во Женева и еден од раководителите на истражувањето. Досега беше јасно дека на тој начин, потсвеста се обидува да ни помогне во решавањето на некој проблем. Освен тоа, не знаеме многу за соништата и начинот на којшто тие влијаат на нашиот живот, во смисла – дали потсвеста секогаш низ сонот комуницира со нас. Анализата на одговорите на испитаниците во експериментот, покажа дека има две области во мозокот одговорни за кошмарите. Тоа се инсулата и средниот мозочен кортекс. Во натамошните проучувања, научниците утврдиле дека луѓето кои подолго и почесто имаат кошмари, поприсебно реагираат на негативните нешта во животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/koshmarite-pomagaat-za-podobro-spravuvanje-so-sekojdnevniot-stres/feed/ 0