космонаути – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 08:40:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png космонаути – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден американски и двајца руски космонаути полетаа кон Меѓународната вселенска станица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-amerikanski-i-dvajtsa-ruski-kosmonauti-poletaa-kon-megunarodnata-vselenska-stanitsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-amerikanski-i-dvajtsa-ruski-kosmonauti-poletaa-kon-megunarodnata-vselenska-stanitsa/#respond Sat, 16 Sep 2023 08:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=878612

Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Лорал О'Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб полетаа од космодромот Бајконур. О'Хара ќе помине шест месеци на станицата, додека Кононенко и Чуб ќе останат таму една година. Тројцата требаше да одлетаат до вселенската станица минатата пролет, но нивната оригинална капсула служеше како придружба за друг екипаж. Вториот екипаж - исто така двајца Руси и еден Американец - заминува дома на Земјата подоцна овој месец. Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата. Ова е прв вселенски лет за О'Хара и Чуб, додека командантот на мисијата Кононенко е на своето петто патување до орбиталната станица. Екипажот требаше да пристигне на станицата три часа по полетувањето. На станицата ги пречекуваат седум астронаути од САД, Русија, Данска и Јапонија. Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време - повеќе од илјада дена - во вселената. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-amerikanski-i-dvajtsa-ruski-kosmonauti-poletaa-kon-megunarodnata-vselenska-stanitsa/feed/ 0
Русија ги враќа космонаутите од Меѓународната вселенска станица поради дефект на капсула https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rusija-gi-vraka-kosmonautite-od-megunarodnata-vselenska-stanitsa-poradi-defekt-na-kapsula/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rusija-gi-vraka-kosmonautite-od-megunarodnata-vselenska-stanitsa-poradi-defekt-na-kapsula/#respond Wed, 11 Jan 2023 15:41:08 +0000 https://kurir.mk/?p=786090

Руската вселенска корпорација Роскосмос денеска соопшти дека ќе лансира вселенско летало што ќе врати тројца членови од екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) на Земјата бидејќи капсулата во која летале била оштетена од удар на микрометеорит поради што од неа истекува течност за ладење. Руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин и астронаутот на НАСА Френк Рубио пристигнаа на МВС што орбитира околу Земјата во септември со вселенското летало Сојуз МС-22 и требаше да се вратат кога ќе ја завршат својата мисија. Меѓутоа, минатиот месец на капсулата имаше дефект кога по удар на микрометеорит од една од коморите почна да истекува течноста за ладење, што доведе до повисока температура во кабината. По анализата на ситуацијата и разговорот со НАСА, Роскосмос одлучи на 20 февруари да ја лансира капсулата Сојуз МС-23 без екипаж, со која тројцата астронаути ќе се вратат, изјави шефот на Роскосмос, Јуриј Борисов. Мисијата на Прокопјев, Петелин и Рубио ќе биде продолжена, рече Борисов, но не даде информации за колку. Сојуз МС-23 првично требаше да биде лансиран во март од космодромот Бајконур во Казахстан со нов тричлен екипаж. Борисов рече дека Сојуз МС-23 ќе ја снабдува и Меѓународната вселенска станица. Во случај на вонредна ситуација на МВС што ќе бара евакуација на целиот екипаж пред да пристигне капсулата, официјалните лица ќе размислат дали Сојуз МС-22 сè уште може безбедно да ги врати космонаутите на Земјата, рече Борисов. Екипажот на МВС на 18 декември ја сними надворешноста на капсулата Сојуз МС-22 со камера на роботска рака од канадско производство како откако беше оштетена од удар на микрометеорит. Руските медиуми јавија дека температурата во капсулата се зголемила, но оти контролорите на земјата успеале да ја намалат на нормала. Борисов денеска изјави дека анализата потврдила дека истекувањето било предизвикано од микрометеороит и оти Сојуз МС-22 на крајот ќе биде вратен на Земјата без екипаж.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/rusija-gi-vraka-kosmonautite-od-megunarodnata-vselenska-stanitsa-poradi-defekt-na-kapsula/feed/ 0
Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojcata-kosmonauti-od-megjunarodnata-vselenska-stanica-bezbedno-se-vratija-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojcata-kosmonauti-od-megjunarodnata-vselenska-stanica-bezbedno-se-vratija-na-zemjata/#respond Thu, 22 Oct 2020 07:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=419240

По шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица тројца космонаути безбедно се вратија на Земјата. Космонаутот на НАСА, Крис Касиди и космонаутите на Роскосмос, Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа во степина на Казахстан, југоисточно од Жесказган. По медицинскио преглед тројцата космонаути со хеликоптер ќе бидат префрлени до Жесказган, од каде ќе заминат дома. Касиди, Иванишин и Вагнер поминаа 196 денови во Вселената. Астронаутот на НАСА, Кејт Рубинс и астронаутите Сергек Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од Роскосмос пред една недела пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде ќе претстојуваат шест месеци. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojcata-kosmonauti-od-megjunarodnata-vselenska-stanica-bezbedno-se-vratija-na-zemjata/feed/ 0