космос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Sep 2020 08:03:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png космос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Случајот „Фонтана“ налик „Космос“: Треба ли да се уапси градоначалникот што легализирал времен објект како траен објект? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchajot-fontana-nalik-kosmos-treba-li-da-se-uapsi-gradonachalnikot-shto-legaliziral-vremen-objekt-kako-traen-objekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchajot-fontana-nalik-kosmos-treba-li-da-se-uapsi-gradonachalnikot-shto-legaliziral-vremen-objekt-kako-traen-objekt/#respond Thu, 03 Sep 2020 08:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=398553

Денеска треба да продолжи уривањето на објектот пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. До доцна во текот на вчерашниот ден тие работеа на терен и од она што може да се види е дека се срушени речиси половина од горната плоча на објектот и дел од бетонските столбови. Рушењето на објектот започна вчера во утринските часови откако ден претходно Владата одлучи да им препорача на Општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта да склучат договор и да се почне со отстранување на дивоградбата. Околу дивоградбата кај Мавровка се крена голема прашина во македонската јавност. Притисокот нешто да се превземе беше голем, а критиките за непостапувањето уште поголеми. Народот беше револтиран што општинската, гратската и централната власт убедуваа дека не можат да го најдат сопственикот. Па рушењето на дивоградбата стана прв проект по формирањето на новата Влада. Рушење на дивоградба во Скопје имаше и во 2011-та година. Но, тогашната опозиција СДСМ на овој случај изгради цела политичка кампања која подоцна ја продолжи СЈО на осудената Катица Јанева. Случајот „Космос“ многу наликува на случајот „Фонтана“ кај Мавровка. Но, Зоран Заев и неговата партија денес рушењето во Чаир го претставуваат како херојски чин, а рушењето на дивоградба во Гази Баба го претставија како криминал! Тогашниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, со години е носен по судски рочишта, се терети за дела кои со документација ги побива, а беше неодамна и претепан. Актуелниот градоначалник на Чаир си ужива во својата функција додека багери му рушат дивоградба пред нос. Ако заклучиме дека овие случаи многу наликуваат еден на друг, логично е да го поставиме и прашањето: Треба ли да се уапси градоначалникот што легализирал времен објект како траен објект? Го бараа преку огласи, а вчера сам се појави и рече дека не се криел. Сопственикот на објектот кај Мавровка тврди дека ги има сите документи за градба и дека му се подмирени сите трошоци. Неговиот план бил да го обнови кафулето, за кое рече дека и ден-денес не знае зошто од порано е мета на напади. Па дури и се понуди да му го подари објектот што се урива на оној што сака да му го земе. -Градам со елаборат и проект. Само за комуналии и такси на Градот сум платил над 4,7 милиони денари за легализација. Политиката уриваше порано и ќе руши и сега, изјави Алити. Новинарот Фуркан Салиу ги објави и уплатниците кои докажуваат дека Алити ја зборува вистината и дека има платено се.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchajot-fontana-nalik-kosmos-treba-li-da-se-uapsi-gradonachalnikot-shto-legaliziral-vremen-objekt-kako-traen-objekt/feed/ 0
ТНТ: Фијат Цановски никогаш не ќе можел да го впише Космос во Катастар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tnt-fijat-canovski-nikogash-ne-kje-mozel-da-go-vpishe-kosmos-vo-katastar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tnt-fijat-canovski-nikogash-ne-kje-mozel-da-go-vpishe-kosmos-vo-katastar/#respond Mon, 18 Mar 2019 14:02:00 +0000 https://kurir.mk/?p=176014

Во Кривичен суд денеска со сослушување на вешти лица, продолжи јавната расправа за случајот на СЈО, "Т.Н.Т" за случајот со Космос. Техничкиот советник од областа на геодезијата, Роска Паческа, тврди дека дури и да бил изграден „Космос", истиот никогаш не ќе можел да биде упишан во Катастар. Поради градежниот елаборат, во кој јасно се гледа дека објектот бил повисок за 1.43 метри од приземната плоча, со што имало одбегнување од основниот проект, истиот би бил одбиен од Катастарот. Се поставува прашањето како инвеститорот "ФИНЕ" планирал да ги продава деловните и станбените простори без упис во Катастар и без имотни листови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tnt-fijat-canovski-nikogash-ne-kje-mozel-da-go-vpishe-kosmos-vo-katastar/feed/ 0
Душата на Фијат Цаноски многу повредна од таа на Вице Заев: Само за нанесена болка бара 16 милиони евра од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dushata-na-fijat-canoski-mnogu-povredna-od-taa-na-vice-zaev-samo-za-nanesena-bolka-bara-16-milioni-evra-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dushata-na-fijat-canoski-mnogu-povredna-od-taa-na-vice-zaev-samo-za-nanesena-bolka-bara-16-milioni-evra-od-drzavata/#respond Wed, 16 Jan 2019 14:18:10 +0000 https://kurir.mk/?p=152965

За разлика од Вице Заев кој својата душевна болка ја процени на 500 евра, сопственикот на Космос, својата душевна болка ја проценил на 16 милиони евра. Вакво побарување изнел Фијат Цаноски на рочиштето за предметот ТНТ кој се однесува на уривањето на објектот Космос. Цановски очекува овие пари да му ги исплати државата. Освен побарувањето за душевна болка, Цаноски побарува уште 23 милиони евра материјална штета и дополнителни 900.000 евра за наводна штета на опрема во негова сопственост. Целокупното побарување на Цаноски од државата достигнува астрономски 40 милиони евра, објави ЛИДЕР. На денешното рочиште по предметот ТНТ се случи и недоразбирање околу Законот за јазици кое може да доведе до дополнителна конфузија во предметот со оглед на фактот што албанскиот јазик е мајчин јазик на обвинителот од СЈО. Со стапување во сила на Законот за јазици, обвинителот Бурим Рустеми има право да ја води постапката и на албански јазик. Тоа не се случи на денешното рочиште со образложение од СЈО дека законот се уште не бил стапен на сила, иако истиот вчера беше објавен спротивно на уставот и законите, без потпис на Претседателот Иванов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dushata-na-fijat-canoski-mnogu-povredna-od-taa-na-vice-zaev-samo-za-nanesena-bolka-bara-16-milioni-evra-od-drzavata/feed/ 0
Цановски ќе бара отштета за уривањето на „Космос“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/canovski-kje-bara-otshteta-za-urivanjeto-na-kosmos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/canovski-kje-bara-otshteta-za-urivanjeto-na-kosmos/#respond Wed, 16 Jan 2019 10:36:29 +0000 https://kurir.mk/?p=152850

Сопственикот на комплексот „Космос“, бизнисменот Фијат Цановски, на денешното рочиште за случајот „Т.Н.Т.“ на СЈО, пред судот кажа дека уривањето било политичко и дека ќе бара отштета од државата и обвинетите. Посочи дека нивната штета според неколку вештачења кои биле направени изнесува околу 40 милиони евра. Случајот се наоѓа во доказна и постапка и денешното рочиште продолжи со читање на доказите на сведоците Мери Станчевска, која е недостапна за органите на прогонот, како и од Трајко Трпевски кој починал во јули 2018 година, денеска продолжи рочиштето за предметот на Специјалното јавно обвинителство. Исказите од двајцата сведоци се однесуваат на рушењето на Космос, оти тие биле сопственици и вработени во дел од фирмите кои го уривале објектот. Пред почетокот на судењето адвокатот Боро Тасески побара одлагање на рочиштето поради, како што рече, на минатото рочиште за дел од доказите биле побарани стручни лица да присуствуваат, а со цел да се запази редоследот на судењето. Тасевски, рече одбраната побарала од судот односно од општината контролен преглед за извршен инспекциски надзор од јуни 2018 година. Судијата Огнен Ставрев, рече дека барањата се неосновани и дека судењето може да продолжи со доказна постапка по што продолжи со рочиштето. Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Бизнисменот Фијат Цаноски најави дека ќе бара отштета од 55 милиони евра, колку што ги цени неговите загуби од уривањето на станбено-деловниот комплекс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/canovski-kje-bara-otshteta-za-urivanjeto-na-kosmos/feed/ 0
“Т.Н.Т”: Сведок на СЈО потврди дека постоеле низа пропусти при изградбата на “Космос” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/t-n-t-svedok-na-sjo-potvrdi-deka-postoele-niza-propusti-pri-izgradbata-na-kosmos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/t-n-t-svedok-na-sjo-potvrdi-deka-postoele-niza-propusti-pri-izgradbata-na-kosmos/#respond Tue, 11 Dec 2018 11:24:45 +0000 https://kurir.mk/?p=138574

Во Кривичниот суд во тек е главна јавна расправа за предметот "Т.Н.Т" или "Космос", на која се испрашуваат сведоци - предложени од страна на СЈО. Сведокот Јорго Шундовски, сопственик и директор на проектантска фирма од Битола, кој ги изработил комплет проектите и документацијата за "Космос"потврди дека со записник биле констатирани низа пропусти при изградбата. И тоа парапетен ѕид, столбови во внатрешноста и подигнатост на објектот за 1.43 над котата. Тој во судот изјави дека овие работи не биле во проектот што тој го изработил. Сведокот потврди и дека иако го изработил ДУП-от за Керамидница, тој не учествувал во утврдувањето на котата за проектот "Космос".]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/t-n-t-svedok-na-sjo-potvrdi-deka-postoele-niza-propusti-pri-izgradbata-na-kosmos/feed/ 0
СЈО се бори против сопствените докази: Сите документи кои ги презентира се чист доказ дека Космос на Цановски е дивоградба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sjo-se-bori-protiv-sopstvenite-dokazi-site-dokumenti-koi-gi-prezentira-se-chist-dokaz-deka-kosmos-na-canovski-e-divogradba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sjo-se-bori-protiv-sopstvenite-dokazi-site-dokumenti-koi-gi-prezentira-se-chist-dokaz-deka-kosmos-na-canovski-e-divogradba/#respond Thu, 25 Oct 2018 09:48:48 +0000 https://kurir.mk/?p=119272

Во судот денес тече рочиштето за ТНТ, за рушењето на дивоградбата Космос на Фијат Цановски. Денес СЈО ги презентира доказите. Но презентирајки ги, неизбежно мора да ги покаже повеќето барања и жалби на фирмата на Цановски, како и одлуки, решенија и записници на општина Гази Баба, државниот катастер и другите институции. Она што целата јавност во салата ја изненади е документот кој го издал денешниот директор на државниот катастер, Борис Тунџев, кој во тоа време во 2011-та имал приватна геодетска фирма и самиот бил геодет. Сегашниот директор на катастер, кадар на СДСМ, со неговото мерење утврдил дека Космос на Цановски е ДИВОГРАДБА. Тунџев утврдил дека има 1 метар и 43 сантиметри разлика на котата за подземните гаражи во однос на добиената градежна дозвола. И не само овој документ. Сите  документи и докази кои ги презентира СЈО во судската сала, докажуваат дека објектот Космос e класична дивоградба. Час и половина откако започна читањето на доказите на СЈО, самото СЈО е во таква дефанзива, што се бори со сите сили што помалку од доказите да се читаат јавно, а одбрана се бори да се читаат барем дел од доказите кои, за иронијата да е поголема, ги поднело СЈО. Видливо во салата е дека одбраната и обвинетите се многу задоволни од презентирањето на доказите од страна на СЈО. Ова е предмет кој, ако ги слушате снимките, добивате перцепција дека на Цановски му е сторена неправда, но кога ќе се прочитаат документите се гледа какви законски прекршувања направил Цановски, што општината Гази Баба немала законски избор освен да го руши објектот. За потсетување, фирмата на Цановски, добила дозвола според која морала да изгради три нови подземни гаражи. При градбата, кога дошле со копање на земјата на висина доволна за две нивоа подземна гаража, се појавила вода, што за инвеститорот Цановски значело потреба од инвестирање на дополнителни 2 милиони евра. За да го избегне тоа, донел одлука спротивно на градежната дозвола, наместо три да изгради две нивоа подземна гаража. Откако општинската инспекција го открила тоа, Цановски поднел барање до општината за промена на градежната дозвола согласно веќе изведената градба. Ова не му било овозможено бидејки таквата одлука на општината би била незаконска и спротивна на правилникот за гаражни места на станбени објекти, според која бил усвоен деталниот урбанистички план. Потоа Цановски тужел и загубил на сите можни судски инстанци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sjo-se-bori-protiv-sopstvenite-dokazi-site-dokumenti-koi-gi-prezentira-se-chist-dokaz-deka-kosmos-na-canovski-e-divogradba/feed/ 0
Инвеститорот на „Космос” сам признал дека градел спротивно на законот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/investitorot-na-kosmos-sam-priznal-deka-gradel-sprotivno-na-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/investitorot-na-kosmos-sam-priznal-deka-gradel-sprotivno-na-zakonot/#respond Mon, 10 Sep 2018 09:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=98792

Во Кривичен суд во тек е доказна постапка за рочиштето за Т.Н.Т - „Космос" на Фијат Цаноски, на кое што се репродуцира ДВД од собраниската надзорна расправа на комисијата за транспорт, врски и екологија од октомври-ноември 2011. Тогашниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, на седницата ги објаснува огромните отстапувања од градежниот план што ги констатирала инспекцијата. Инвеститорот започнал да гради пред да го добие официјалниот документ од општината. -Со котата на водата се манипулира. Инвеститорот сам признава дека градел спротивно, затоа и бара измена на планот инаку зошто би барал? Во барањето за измена тој вели "Јас градам спротивно зошто ми се појавија подземни води", рекол Тони Трајковски на седницата од 2011 година. Од страна на инвеститорот не била почитувана и динамиката за плаќање на комуналиите. На седницата бил присутен и екс-градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој изјавува дека Градот Скопје се договорил со инвеститорот за плаќање на комуналиите за земјиштето на 24 еднакви рати. Инвеститорот платил само две. Градот секогаш презема обврски согласно законот за земјиште и затоа ја активирал хипотеката на инвеститорот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/investitorot-na-kosmos-sam-priznal-deka-gradel-sprotivno-na-zakonot/feed/ 0
Случај „Космос“: Цановски не ја почитувал градежната дозвола и изградил едно подземно ниво гаражи помалку https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-kosmos-canovski-ne-ja-pochituval-gradeznata-dozvola-i-izgradil-edno-podzemno-nivo-garazi-pomalku/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-kosmos-canovski-ne-ja-pochituval-gradeznata-dozvola-i-izgradil-edno-podzemno-nivo-garazi-pomalku/#respond Mon, 11 Jun 2018 11:51:05 +0000 https://kurir.mk/?p=64545

Во Кривичниот суд денеска во тек е доказна постапка за случајот “ТНТ” или “Космос”, во која ќе се слушаат 24 аудио снимки. Според одбраната, овие креирани разговори се прибавени на незаконски начин, кои според законот не може да се докази бидејќи се незаконски прибавени согласно член 12.ст.2 од законот за кривична постапка. Од разговорите се разбира дека во ниту еден момент Миле Јанакиески и Никола Груевски не направиле никаков законски прекршок. Може да се слушнат секакви разговори, но не и било какво договарање за противзаконско работење. Согласно закон на Фијат Цановски му била издадена градежна дозвола со сите детали во неа, и според истото требало да изгради три нивоа подземни гаражи, согласно проектот. Одбраната тврди дека Фијат Цановски сепак не ја почитувал градежната дозвола и изградил едно подземно ниво гаражи помалку, односно наместо 3 нивоа под земја, со цел да ги намали трошоците и да оствари екстра профит спротивно на законот, изградил само две. При тоа Цановски се надевал дека потоа политички ќе го среди престапот бидејки бил пратеник и во роднински врски со Велија Рамковски. Инаку заштедата на Фијат Цановски со неградењето на еден цел кат подземна гаража е 2 милиони евра. Деловникот според кој е донесен ДУП-от и издадена градежна дозвола, предвидувал колку гаражни места треба да има одреден број станови. Практично дури и да се сакало, непостоел законски начин да се смени градежната дозвола, бидејки деталниот урбанистички план(ДУП) и градежната дозвола биле издадени согласно важечкиот деловник во моментот кога се донел ДУП-от. Од разговорите се разбира дека Фијат Цановски признал дека свесно направил прекршок на законот, но се вадел на тоа дека не е преголем прекршокот, а всушност бил многу голем, тврди одбраната, Исто така се разбира дека Цановски освен на Груевски и на американската амбасада и признал дека има сторено прекршок при градбата. Очигледно заради фактот што тогашната А1 телевизија секој ден како главна вест го третира рушењето, Груевски и Јанакиески разговараат како да го заврзаат рушењето, и повремено Јанакиески го информира Груевски за динамиката на рушењето. Во разговорите Никола Поповски му раскажува на Миле Јанакиески дека на американскиот амбасадор Рикер кој се интересирал за случајот, му рекол: нема правна несигурност ако спроведуваш закон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sluchaj-kosmos-canovski-ne-ja-pochituval-gradeznata-dozvola-i-izgradil-edno-podzemno-nivo-garazi-pomalku/feed/ 0
Груевски, Јанакиески и Трајковски се изјаснија за невини во случајот „ТНТ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevski-janakieski-i-trajkovski-se-izjasnija-za-nevini-vo-sluchajot-tnt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevski-janakieski-i-trajkovski-se-izjasnija-za-nevini-vo-sluchajot-tnt/#respond Wed, 24 Jan 2018 11:37:31 +0000 http://kurir.mk/?p=14565

Во Кривичниот суд почна судењето за уривањето на станбениот комплекс „Космос“. Судењето ќе се снима тонски и визуелно. -Знам за што сум обвинет, но не се чувствувам виновен, изјави поранешниот премиер Никола Груевски на судењето за рушењето на станбениот комплес „Космос“. И поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се изјасни дека не е виновен.
Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, пак, рече дека технички го разбрал обвинението, но не и суштински, но не се чувствува виновен. Вработените во Гази Баба исто така рекоа дека разбрале за што се обвинети, но и тие не се чуствуваат виновни. Сопственикот на „Космос“, Фијат Цановски, бара домашно и меѓународно вештачење, но и оштетно побарување за рушењето на неговиот објект.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gruevski-janakieski-i-trajkovski-se-izjasnija-za-nevini-vo-sluchajot-tnt/feed/ 0