косовска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Jun 2020 11:36:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png косовска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Курти: Новата косовска Влада е нелегитимна и во служба на Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-novata-kosovska-vlada-e-nelegitimna-i-vo-sluzba-na-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-novata-kosovska-vlada-e-nelegitimna-i-vo-sluzba-na-srbija/#respond Sat, 06 Jun 2020 11:36:34 +0000 https://kurir.mk/?p=354430

Лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, по денешната одлука на новата Влада за укинување на реципроцитетот кон Србија, оцени дека Владата на Авдулах Хоти „е нелегитимна и ѝ слугува на Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина. Курти, кој пред три дена беше сменет од премиерската функција, напиша на Фејсбук дека, со денешната одлука, Косово ја презеде врз себе вината за доцнењето во продолжувањето на дијалогот. – И во сабота работат и одржуваат седница само за да го укинат реципроцитетот кон Србија. Косово има безброј социјални и економски проблеми, но тие не може да имаат приоритет во споредба со барањата на Србија, напиша Курти. Владата на Хоти денеска одлучи да ги укине мерките на реципроцитет во трговската размена со Србија, кои од 1 април годинава ги воведе владата на Курти, укинувајќи ја со тоа таксата од 100 отсто на српскиот увоз, која во ноември 2018 година ја воведе тогашниот премиер Рамуш Харадинај. Хоти по денешната одлука изјави дека очекува соодветна реакција и од Белград, со што би се отворил патот за продолжување на дијалогот меѓу двете држави, кој беше прекинат пред една и пол година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-novata-kosovska-vlada-e-nelegitimna-i-vo-sluzba-na-srbija/feed/ 0
Косовската влада го укина реципроцитетот кон Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-ukina-reciprocitetot-kon-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-ukina-reciprocitetot-kon-srbija/#respond Sat, 06 Jun 2020 10:06:29 +0000 https://kurir.mk/?p=354391

Новата Влада на Косово, предводена од премиерот Авдулах Хоти, одлучи денеска да ја укине одлуката од 20 март годинава за постепено воведување реципроцитет кон Србија и онаа од 30 мај за дополнување и измена на истата, кои ги донесе претходната влада на Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Хоти ја оцени денешната одлука како мошне значајна и порача дека очекува соодветна реакција и од српската страна, со цел да се отвори патот за продолжување на дијалогот. – Донесовме значајна одлука за отстранување на пречките за продолжување на дијалогот. Очекуваме и српската страна да ги отстрани сите пречки, меѓутоа ние го задржуваме нашето право како суверена држава да воведеме мерки за зачувување на нашиот суверенитет, изјави Хоти. Тој нагласи дека очекува по отстранувањето на пречките да продолжи дијалогот со Србија и дека одлуките ги донел во координација со меѓународните партнери. – Овие одлуки доаѓаат како резултат на координацијата со меѓународните партнери. Заложбите кои ги презедовме се дека ќе ги укинеме пречките за дијалогот. Отстранети се сите пречки на определен рок. Доколку дијалогот не ги донесе очекуваните резултати, ние го задржуваме правото повторно да ги воведеме, изјави Хоти. Против денешната одлука гласаа министрите од редовите на Алијансата за иднината на Косово (ААК), чиј лидер, Рамуш Харадинај, во ноември 2018 година, во времето кога беше премиер, ја воведе таксата од 100 отсто на увозот од Србија, што беше причина за прекин на дијалогот меѓу Приштина и Белград. Таксата на Харадинај ја укина неговиот наследник на чело на Владата, Албин Курти, кој истата ја замени со реципроцитет, наспроти противењата на Соединетите Американски Држави и на дел од косовските политички партии, во прв ред на Демократскиот сојуз на Косово, кој ја формира новата влада предводена од Хоти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-ukina-reciprocitetot-kon-srbija/feed/ 0
Тахири: ПДК ќе го исклучи од партијата секој кој ќе гласа за новата косовска Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-pdk-kje-go-iskluchi-od-partijata-sekoj-koj-kje-glasa-za-novata-kosovska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-pdk-kje-go-iskluchi-od-partijata-sekoj-koj-kje-glasa-za-novata-kosovska-vlada/#respond Thu, 07 May 2020 13:29:24 +0000 https://kurir.mk/?p=343049

Пратеникот на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК) Абељард Тахири вели дека никој од неговите партиски колеги нема да гласа за новата влада која може да ја формира коалицијата предводена од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и нивниот кандидат за премиер Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина. Тахири во емисијата „Интерактив“ на КТВ ја пренесе пораката на партискиот лидер Кадри Весели и одлуката на Претседателството на ПДК дека тој што ќе гласа за новата влада на Хоти ќе биде исклучен од партијата. – Кај нас е јасна работата, статутот е јасен, секој пратеник кој гласа спротивно на ПДК не може да биде веќе дел од нашата пратеничка група, а ние имаме јасна одлука во никакви околности да не гласаме за владата на Хоти, изјави Тахири. Тој додаде дека ПДК има своја опозициска агенда, односно дека се залага за нови избори веднаш штом се создадат услови за тоа. – Во моментот кога ќе се прогласи победа во борбата со Ковид-19, сметаме дека нема причини да продолжи таа влада, рече Тахири, изразувајќи уверување дека ПДК ќе ги обезбеди потребните гласови за нејзино уривање и за прогласување предвремени избори. На 25 март, на иницијатива на ЛДК беше изгласана недоверба на владата предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, по што, на 30 април, претседателот на државата Хашим Тачи го додели мандатот за формирање нова влада на ЛДК и нејзиниот кадидат за премиер, Хоти. Истиот ден кога му беше доделен мандатот на Хоти, ВВ поднесе барање за оценка на уставноста на одлуката на Тачи, по што Уставниот суд наредниот ден, на 1 мај, донесе времена мерка за суспендирање до 29 мај на дејствијата во правец на формирање нова влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tahiri-pdk-kje-go-iskluchi-od-partijata-sekoj-koj-kje-glasa-za-novata-kosovska-vlada/feed/ 0
Косовската Влада финансиски ќе ги помогне фирмите кои трпат штети од епидемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-finansiski-kje-gi-pomogne-firmite-koi-trpat-shteti-od-epidemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-finansiski-kje-gi-pomogne-firmite-koi-trpat-shteti-od-epidemijata/#respond Fri, 27 Mar 2020 17:42:22 +0000 https://kurir.mk/?p=323237

Вршителот на должноста министер за финансии на Косово Бесник Бислими ѝ предложи на владата пакет итни фискални мерки, за поддршка на претпријатијата кои трпат штети од епидемијата на вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Бислими на денешната прес-конференција најави дека ќе се покријат трошоците на оштетените фирми за плати на вработените, во износ на минималната плата од 170 евра во наредните два месеци и за оваа намена Владата ќе издвои 41 милион евра. Во истиот период, корисниците на пензии пониски од 100 евра, а кои немаат други приходи, ќе бидат помогнати со по дополнителни 30 евра, а на малите и средните претпријатија ќе им бидат покриени 50 отсто од надоместот за изнајмени деловни простории, информира министерот за финансии. Тој изјави дека преземените мерки за заштита од коронавирусот предизвикале застој во производството и дека има пад на економската активност во три категории – кај граѓаните, бизнис-заедницата и буџетот на државата. – Капацитетот е многу ограничен и задолженоста е многу висока поради исплатите. Мерките на Влдата и во економските активности се одразија по автоматизам и на царинските и даночните приходи во висина од 7,5 до 12,5 отсто. Можно е да имаме 200 милиони евра помалку доходи, изјави Бислими, порачувајќи дека целта на мерките не е целосна компензација на штетите, туку нивно минимизирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-finansiski-kje-gi-pomogne-firmite-koi-trpat-shteti-od-epidemijata/feed/ 0
Српска листа нема да го поддржи формирањето на новата косовска влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-nema-da-go-poddrzi-formiranjeto-na-novata-kosovska-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-nema-da-go-poddrzi-formiranjeto-na-novata-kosovska-vlada/#respond Sun, 02 Feb 2020 14:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=298231

Српската премиерка Ана Брнабиќ по денешниот состанок во Белград со претставници на Српска листа од Косово, изјави дека оваа партија нема да го поддржи формирањето на новата косовска влада, јави дописникот на МИА од Белград. – Српска листа која освои десет пратенички места во косовското Собарние одлучи да не го поддржи формирањето на новата влада, изјави Брнабиќ. Таа наведе и дека пред да се укинат таксите нема да дојде до сериозни разговори со претставниците на власта во Приштина. Директорот на владината Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, изјави дека одлуката е донесена имајќи го предвид фактот дека во претходниот период приштинските власти на „фундаментален начин ја имаат изневерено довербата на Србите и на нивните претставници, но и ги газеа правата на српскиот народ“. – Иако Српска листа нема да ја поддржи оваа влада, тоа не значи дека нема да разговараат со албанските претставници во Косово со цел да го заштитат нашиот народ и да ги нормализираат односите, кажа Ѓуриќ. Тој додаде дека на денешната средба се согласиле и дека српските политички претставници од Косово своите одлуки за учество во „привремените приштински институции“ ќе ги носат во консултација со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и Канцеларијата за Косово на српската Влада. Пред средбата со премиерката на Србија, претставниците на Српска листа изјавија дека „нема да бидат пречка“ кога станува збор за формирање на новите приштински институции, но и дека ќе бараат укинување на таксите. Самоопределување и ДСК бараат поддршка од најмалку уште четири пратеници за да се достигне бројката од 61 глас во текот на утрешното гласање за новата влада и се очекува да постигнат договор со претставниците на малцинските партии во Парламентот. Меѓу Самоопределување и Демократската алијанса на Косово (ДСК) денеска беше потпишан коалициски договор по четиримесечни преговори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpska-lista-nema-da-go-poddrzi-formiranjeto-na-novata-kosovska-vlada/feed/ 0
Косовската Влада забрани користење на службени возила за приватни цели https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-zabrani-koristenje-na-sluzbeni-vozila-za-privatni-celi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-zabrani-koristenje-na-sluzbeni-vozila-za-privatni-celi/#respond Thu, 02 May 2019 11:47:44 +0000 https://kurir.mk/?p=193279

Владата на Косово на денешната седница донесе одлука со која службените возила можат да се користат единствено за вршење службени задачи, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Рамуш Харадинај изјави дека на полицијата на Косово ѝ е наложено да ги контролираат возачите на службените возила и да им бараат службено овластување за користење на возилото. На денешната седница на Владата, како што е објавено, е формирана и работна група за сорботка со Германија за визна либерализација за Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-zabrani-koristenje-na-sluzbeni-vozila-za-privatni-celi/feed/ 0
Косовската Влада ја започна седницата со едноминутен молк за загинатите во несреќата кај Карпалак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-ja-zapochna-sednicata-so-ednominuten-molk-za-zaginatite-vo-nesrekjata-kaj-karpalak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-ja-zapochna-sednicata-so-ednominuten-molk-za-zaginatite-vo-nesrekjata-kaj-karpalak/#respond Thu, 14 Feb 2019 09:27:53 +0000 https://kurir.mk/?p=163815

g ја зпочна денешната седница со едноминутен молк за загинатите во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста, заедно со слика од почетокот на седницата, на својот Фејсбук ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој претходно, синоќа, преку социјалната мрежа изрази жалење за жртвите. -Потресен од несреќата со жртви на автопатот Скопје-Тетово. Трагедија која погоди многу семејства, со десетици повредени и за жал многу загинати. Искрени сочувства за семејствата кои ги изгубија своите најмили и што поскоро опоравување на повредените, напиша Харадинај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-ja-zapochna-sednicata-so-ednominuten-molk-za-zaginatite-vo-nesrekjata-kaj-karpalak/feed/ 0
Македонија уште ја чека косовската Влада за воведување контрамерки на зголемените царини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ushte-ja-cheka-kosovskata-vlada-za-voveduvanje-kontramerki-na-zgolemenite-carini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ushte-ja-cheka-kosovskata-vlada-za-voveduvanje-kontramerki-na-zgolemenite-carini/#respond Mon, 30 Jul 2018 10:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=82712

Се уште е неизвесно дали и кога Косово целосно ќе ја повлече одлуката за зголемените царини на земјоделските производи. Утре, косовската Влада треба да одржи седница на која ќе се разгледаат аргументите што во петокот министерот за економија Крешник Бектеши му ги пренесе на косовскиот колега Бајрам Хасани. Бектеши на состанокот со Хасани во Приштина ги предочи штетите од косовската времена мерка и изрази надеж дека дека во најсокоро време Македонија и Косово ќе ја продолжат досегашната одлична трговска соработка, во корист на земјоделските производители и бизнис заедницата од двете страни. - Ќе го почекаме исходот од утрешната седница на Владата на Косово, е денешниот кус одговор од Министерството за економија на прашањето на МИА во врска со натамошните чекори што земјава планира да ги преземе околу зголемените царини. И Министерството за земјоделство се повикува на утрешната владина седница на Косово.  Македонските стопанственици и производители остануваат на ставот дека одлуката на Косово треба што поскоро да се повлече зашто штетите се големи, а Македонија да не воведува контра мерки. - Македонската Влада можеби треба да размислува за заштита на домашното производство особено во периодот мај-јуни кога продукцијата на нашите градинарски производи е најголема. Тогаш да се блокират границите за увозниците, вели Ристо Велков од Сојуз-синдикат на земјоделски производители во Струмичко. Според извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија Дрилон Исени, штетите во извозот и натаму се бројат, нема промени во ставот на Комората дека Косово мора да ја преиспита одлуката и да се најде заедничко прифатливо решение. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ushte-ja-cheka-kosovskata-vlada-za-voveduvanje-kontramerki-na-zgolemenite-carini/feed/ 0