косовски пратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Jul 2020 18:02:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png косовски пратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хоти ги замоли пратениците во косовското Собрание да гласаат за измените на буџетот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-gi-zamoli-pratenicite-vo-kosovskoto-sobranie-da-glasaat-za-izmenite-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-gi-zamoli-pratenicite-vo-kosovskoto-sobranie-da-glasaat-za-izmenite-na-budzetot/#respond Sat, 04 Jul 2020 18:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=369051

Претседателот на Владата на Косово Авдулах Хоти ги повика пратеничките групи и пратениците во републичкото Собрание да овозможат одржување на пленарна седница, на која ќе се усвојат измените во буџетот на државата, со цел справување со проблемите што на косовското стопанство му ги предизвика пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Од селото Широка во општина Сува Река, каде што присуствуваше на отворањето на жетвената сезона, Хоти вети дека неговата влада ќе ги удвои субвенциите за земјоделството, но нагласи дека за тоа е потребно Собранието да ги усвои измените во буџетот и да ги ратификува меѓународните финансиски договори. Тој рече дека знае оти некои пратеници и членови на собраниската администрација се заразени од коронавирус, но ја нагласи итноста од потребата од изнаоѓање начин за одржување седница. Целта на Хоти, како што беше истакнато на денешната седница на Владата пред неговото заминување во Сува Река, е формирање фонд за економско опоравување, за што планира да се издвојат 400 милиони евра. – Очекувам што поскоро да помине буџетот во Собранието, да започне целосното спроведување на пакетот за економско закрепнување, вклучително и на земјоделството. Во оваа прилика ги замолувам сите пратенички групи, сите пратеници, да се организираат во ова време на пандемијата, за што поскоро да помине и буџетот и меѓународните договори поврзани со фондот за економско опоравување, рече Хоти во Сува Река. Владејачката коалиција има минамално мнозинство од 61 глас во 120-членото Собрание, а дополнителни проблеми со обезбедувањето на потребните гласови за усвојување на владините одлуки се појавија откако на еден од пратениците, Арбен Гаши, кој е шеф на пратеничката група на партијата на Хоти, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му беше дијагностициран коронавирус. Во изминатите петнаесетина дена имаше два неуспешни обиди за ратификација на неколку договори за поволни кредити од Светската банка и грантови од Европската унија, вредни над 60 милиони евра. За да се склучат договорите потребно е двотретинско мнозинство во Собранието, додека двете најголеми опозициски партии, Движењето самоопределување на претходниот премиер Албин Курти и Демократската партија на Косово на поранешниот собраниски спикер Кадри Весели досега одбиваа да дадат било каква поддршка на Владата на Хоти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hoti-gi-zamoli-pratenicite-vo-kosovskoto-sobranie-da-glasaat-za-izmenite-na-budzetot/feed/ 0
43 косовски пратеници ставени на црна листа на повеќе западни земји https://arhiva.kurir.mk/svet/region/43-kosovski-pratenici-staveni-na-crna-lista-na-povekje-zapadni-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/43-kosovski-pratenici-staveni-na-crna-lista-na-povekje-zapadni-zemji/#respond Thu, 25 Jan 2018 12:51:58 +0000 http://kurir.mk/?p=14944

Сите 43 косовски пратеници, потписници на иницијативата за укинување на Специјалниот суд за воени злосторства на т.н. ОВК, се ставени на „црна листа“ на повеќе западни земји и нема да можат да добијат визи за патувања. Приштинскиот портал Газета Експрес, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека станува збор за „држави пријатели на Косово“. Иницијативата е покрената кон крајот на минатата година и по повеќе обиди да биде ставена на дневен ред на косовското Собрание во понеделникот беше одлучено да биде проследена до Владата на Рамуш Харадинај, која треба да заземе став за тоа пред одлучувањето во Парламентот. Харадинај рече дека Владата за таа иницијатива може да се изјасни и да не се изјасни, имајќи предвид дека иницијативата е покрената во Парламентот. - Владата ќе ги испочитува сите стандарни процедури - рече Харадинај иако, како што тврди, кој и став да го донесе Владата тој нема да биде релевантен. Инаку, Харадинај, односно неговата партија Алијаса за иднина на Косово отсекогаш била против формирање на Специјалниот суд за воени злосторства кои во Косово ги изврши т.н. ОВК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/43-kosovski-pratenici-staveni-na-crna-lista-na-povekje-zapadni-zemji/feed/ 0