косовски таблички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Oct 2021 07:58:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png косовски таблички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАТО: КФОР ќе ја има клучната улога во ефикасната примена на договорот од Брисел за косовските таблички https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-kfor-kje-ja-ima-kluchnata-uloga-vo-efikasnata-primena-na-dogovorot-od-brisel-za-kosovskite-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-kfor-kje-ja-ima-kluchnata-uloga-vo-efikasnata-primena-na-dogovorot-od-brisel-za-kosovskite-tablichki/#respond Fri, 01 Oct 2021 07:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=571159

НАТО го поздрави вчерашниот договор меѓу Белград и Приштина за деескалација и натамошни чекори во решавање на кризата на северот од Косово, наведувајќи дека мисијата на КФОР ќе ја игра главната улога во обезбедување на неговата ефикасна имплементација. -Мисијата на КФОР, предводена од НАТО, ќе игра фундаментална улога во обезбедувањето ефикасна имплементација на договорот, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година, со која се повикува КФОР да обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници кои живеат на Косово, изјави портпаролката на Алијансата, Оана Лунгеску. Таа изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, е од клучно значење за стабилноста во целиот регион. -НАТО продолжува силно да го поддржува дијалогот со посредство на ЕУ и другите напори за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Ова е единствениот начин да се постигне траен политички договор за регионот, додаде Лунгеску. Лунгеску изјави дека претходните неколку дена генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти за потребата од деескалација, воздржаност и враќање на дијалогот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-kfor-kje-ja-ima-kluchnata-uloga-vo-efikasnata-primena-na-dogovorot-od-brisel-za-kosovskite-tablichki/feed/ 0