косовско собрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Jun 2020 14:01:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png косовско собрание – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косовското Собрание повторно без кворум за ратификување на меѓународни договори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-sobranie-povtorno-bez-kvorum-za-ratifikuvanje-na-megjunarodni-dogovori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-sobranie-povtorno-bez-kvorum-za-ratifikuvanje-na-megjunarodni-dogovori/#respond Tue, 23 Jun 2020 14:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=361609

Собранието на Косово денеска повторно не успеа да ратификува пет меѓународни договори, во вредност од над 60 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина. За ратификување на договорите беа потребни 81 глас од 120-члениот парламент, меѓутоа на гласањето, по  неколкучасовната дебата, не присуствуваа пратениците на опозициските Движење самоопределување (ВВ) и Демократската партија на Косово (ПДК). Во собраниската сала, кога требаше да се гласа, останаа само 58 пратеници од партиите од владејачката коалиција, предводена од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на премиерот Авдулах Хоти. За изгласување на договорите повика и собраниската спикерка Вјоса Османи, иако таа претходно силно се противеше на уривањето на владата на лидерот на ВВ Албин Курти и формирањето на новата, предводена од нејзиниот сопартиец Хоти. Таа порача дека доколку истече рокот на договорите со Светската банка, кои се активни само до крајот на овој месец, Косово ќе изгуби многу, вклучително помошта за борба против Ковид-19. – Што се однесува до овие договори, јас им должам на граѓаните да гласам „за“. Ова нема врска со политичките ставови. Секој договор ќе го има мојот глас, кога се работи за доброто на Косово. За такви прашања е потребна соработка, рече Османи. Собранието одлучи за договорите да се расправа на првата наредна седница.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-sobranie-povtorno-bez-kvorum-za-ratifikuvanje-na-megjunarodni-dogovori/feed/ 0
Косовското Собрание денеска ќе гласа за нова Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-sobranie-deneska-kje-glasa-za-nova-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-sobranie-deneska-kje-glasa-za-nova-vlada/#respond Wed, 03 Jun 2020 06:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=353100

Собранието на Косово денеска ќе одржи вонредна седница, на која треба да се гласа за предлогот на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти, за составот на новата Влада на државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Претседателството на Собранието одлучи да ја свика седницата за денеска во 11 часот, откако претходно, во понеделникот, Уставниот суд на Косово ја објави одлуката, со која се оцени како уставно доделувањето на мандатот на кандидатот за премиер од редовите на второрангираната партија од последните избори, ЛДК, од страна на претседателот на државата, Хашим Тачи. ЛДК и Хоти објавија дека го обезбедиле потребното мнозинство од 61 глас во Собранието, откако, по изгласувањето на 25 март недоверба на досегашната Влада, предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ) Албин Курти, постигнаа договор за коалиција со досега опозициските Алијанса за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Социјалдемократска иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај, како и со партиите на српската и на другите немнозиснки етнички заедници. Иако не одговори на неколкуте повици на Тачи да именува кандидат за формирање нова влада, ВВ го оспори пред Уставен неговото право да го додели мандатот на друга, освен на партијата победничка на изборите и тврдеше дека нова влада може да се формира единствено по нови избори, кои би се одржале откако ќе помине пандемијата на Ковид-19. Минатиот четврток, на 28 мај, Уставниот суд го отфрли барањето на ВВ, а завчера ја објави и целосната пресуда, со што му се овозможи на Хоти да ја формира новата влада. Од досега владејачката ВВ најавија дека на денешната собраниска седница ќе реагираат „согласно мандатот добиен од граѓаните“, но одбија да одговорат на новинарските прашања за тоа какви дејствија ќе преземат и дали ќе ги повторат акциите со фрлање солзавец во собраниската сала, како што тоа го правеа како опозиција во 2015 година, кога се одлучуваше за демаркацијата со Црна Гора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskoto-sobranie-deneska-kje-glasa-za-nova-vlada/feed/ 0
Собранието на Косово утре ќе ја одржи седницата за избор на нова Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sobranieto-na-kosovo-utre-kje-ja-odrzi-sednicata-za-izbor-na-nova-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sobranieto-na-kosovo-utre-kje-ja-odrzi-sednicata-za-izbor-na-nova-vlada/#respond Tue, 02 Jun 2020 10:30:58 +0000 https://kurir.mk/?p=352818

Собранието на Косово ја закажа за утре во 11 часот вонредната седница на која ќе се гласа за предлогот на Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за составот на новата косовска Влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста во изјава за медиумите ја потврди шефот на пратеничката група на ЛДК, Арбен Гаши, кој информира дека одлуката е донесена на денешната седница на претседателството на Собранието. – По добивањето на пресудата (од Уставниот суд), од името на Демократскиот сојуз го поднесов барањето за седница за в среда во 11 часот, со единствена точка на дневниот ред, гласање за новата Влада, изјави Гаши. Тој потврди дека е обезбедено потребното мнозинство од 61 глас во Собранието за изгласување на кабинетот на Хоти, но не кажа дали сите пратеници од редовите на неговата партија ќе гласаат „за“. Собраниската спикерка Вјоса Османи, која е и потпретседателка на ЛДК, неколкупати досега јавно се изјасни против смената на досегашната влада предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти. Одлуката на претседателството на Собранието за свикување на седницата уследи по вчерашното објавување на целосната пресуда на Уставниот суд на Косово, со која се оцени како уставно доделувањето на мандатот на кандидатот за премиер од редовите на второрагнираната партија од последните избори, ЛДК, од страна на претседателот на државата, Хашим Тачи. По изгласувањето недоверба на кабинетот на Курти на 25 март, ЛДК договори коалиција со Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај, Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај и со партиите на српската и другите немнозински етнички заедници. Иако не одговори на неколкуте повици на Тачи да именува кандидат за формирање нова влада, ВВ го оспори пред Уставен неговото право да го додели мандатот на друга, освен на партијата победничка на изборите и тврдеше дека нова влада може да се формира единствено по нови избори, кои би се одржале откако ќе помине пандемијата на Ковид-19. Минатиот четврток, на 28 мај, Уставниот суд го отфрли барањето на ВВ, а вчера ја објави и целосната пресуда со која му се овозможи на Хоти да ја формира новата влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sobranieto-na-kosovo-utre-kje-ja-odrzi-sednicata-za-izbor-na-nova-vlada/feed/ 0
Харадинај очекува косовското Собрание утре да ја изгласа новата влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-ochekuva-kosovskoto-sobranie-utre-da-ja-izglasa-novata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-ochekuva-kosovskoto-sobranie-utre-da-ja-izglasa-novata-vlada/#respond Mon, 01 Jun 2020 14:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=352441

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и поранешен премиер, Рамуш Харадинај смета дека денеска може да се очекува објавувањето на конечната одлука на Уставниот суд на Косово, со која на претседателот на државата, Хашим Тачи, му се даде право да го додели мандатот на Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), јави дописникот на МИА од Приштина. Доколку тоа се случи, смета Харадинај, уште утре може да се одржи седница на Собранието, на која ќе се гласа за предлогот на Хоти за новата влада, во која, според претходно постигнатиот договор, освен ЛДК и ААК, ќе партиципираат и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на Фатмир Лимај, како и најголемата партија на косовките Срби, Српска листа (СЛ) и парламентарните партии на малцинските етнички заедници. Според екс-премиерот, реални се можностите утре да се свика седница на Собранието, на која ќе се избере нова влада, откако на актуелната, предводена од лидерот на Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти, ѝ беше изгласана недоверба на 25 март, по што на 30 април Тачи го додели мандатот на ЛДК, како второрангирана партија на изборите од октомври минатата година. – Сметам дека сега е време кога Судот може да ја објави одлуката, со што би се отворил патот на процедурата, бидејќи остана само прашање на процедура. (…) Утрешниот ден е реален рок, освен ако не се случи некое доцнење во официјалното објавување на одлуката, изјави Харадинај пред медиумите при неговата денешна посета на општина Сува Река. Харадинај ги објави и имињата на министрите од неговата партија кои во кабинетот на Хоти ќе ги водат ресорите економски развој, животна средина и просторно планирање(Блерим Кучи), надворешни работи (Мелиза Харадинај), образование (Рам Лика) и правда (Селим Селими), додека вицепремиер од ААК ќе биде Бесник Тахири. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-ochekuva-kosovskoto-sobranie-utre-da-ja-izglasa-novata-vlada/feed/ 0