Коста Солев Рацин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 16:05:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Коста Солев Рацин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 114 години од раѓањето на поетот и револуционер Коста Солев Рацин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/114-godini-od-ragjanjeto-na-poetot-i-revolucioner-kosta-solev-racin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/114-godini-od-ragjanjeto-na-poetot-i-revolucioner-kosta-solev-racin/#respond Thu, 22 Dec 2022 16:05:44 +0000 https://kurir.mk/?p=779228

На денешен ден, 22 декември 1908 година, пред 114 години во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер, еден од основоположниците на современата македонска литература. На годишнината од раѓањето на Коста Солев Рацин, пред спомен бистата во дворот на Гимназијата што го носи неговото име, во Велес денеска букети свежо цвеќе положија делегации од општинската администрација од Советот на Општина Велес како и претставници на средното училиште Гимназија „Кочо Рачин“ чиј патрон се одбележува на денешен ден. Почит на безвремениот Рацин делегациите му оддадоа и пред спомен бистата во центарот на Велес како и во Спомен костурницата од НОВ каде меѓу стотината борци се наоѓаат и посмртните останки на Коста Солев Рацин. Познат е по својата поезија и е еден од основоположниците на современата македонска книжевност. Неговата стихозбирка „Бели Мугри“ која е издадена во Загреб во 1939 година, претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Истата е најпреведувана македонска стихозбирка и издадена на сите светски јазици и на јазиците во многу други земји. Велешките ученици во сите години наназад и сè уште напамет ја учат целата стихозбурка „Бели Мугри“ а некои од најпознатите песни како „Денови“ „Ленка“ „Тутуноберачите“ и „Копачите“ во наставата по македонски јазик ги учат напамет и анализираат нивните социјално – револуционерни пораки и сите основци и средношколци во земјава. Загинал во несреќен и неразјаснет случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, Кичевско, на 13 јуни 1943 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/114-godini-od-ragjanjeto-na-poetot-i-revolucioner-kosta-solev-racin/feed/ 0
Во Велес почнуваат 52. Детски Рацинови средби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-pochnuvaat-52-detski-racinovi-sredbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-pochnuvaat-52-detski-racinovi-sredbi/#respond Tue, 05 Nov 2019 08:03:54 +0000 https://kurir.mk/?p=260260

Со поетска работилница и оддавање почит кон Рацин пред двата негови споменика во центарот на Велес и пред гимназијата што го носи неговото име,  денеска во родниот град на поетот и револуционер Коста Солев Рацин ќе почнат 52. Детски Рацинови средби, што ги организира Општина Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Свечено ќе бидат отворени во 13 часот во салата „Бели мугри“ каде што ќе бидат доделени наградите од распишаниот литературен и ликовен конкурс и ќе се одржи културно-уметничка програма. Попладнето во 16 часот е традиционалната поетска средба во „Сокачето на поезијата“ пред родната Спомен-куќа на Рацин во стариот дел на Велес, каде ќе има поетско читање на наградените творби и посета на ликовната колонија во куќата на Рацин. Учесниците на средбите ќе бидат ученици од повеќе градови од земјава. Тие ќе се запознаат и со Грнчарската работилница во која работел  Рацин продолжувајќи ја традицијата на своето грнчарско  семејство,а ќе ги видат  и останатите соби од куќата со семејните  предмети. Детските Рацинови средби ќе продолжат утре со Поетски караван  во градинките, основните и средните училишта и во Училишниот дом. Ќе завршат во Ликовниот салон со промоција на книгата за деца и млади „Приказни од мојот крај“ од Лила Арсова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-veles-pochnuvaat-52-detski-racinovi-sredbi/feed/ 0