Костадин Јованов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jul 2021 10:53:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Костадин Јованов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДРЖАВА БЕЗ ВИЗИЈА ВО ГЕОЛОГИЈАТА И РУДАРСТВОТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzava-bez-vizija-vo-geologijata-i-rudarstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzava-bez-vizija-vo-geologijata-i-rudarstvoto/#respond Mon, 05 Jul 2021 10:53:54 +0000 https://kurir.mk/?p=532168

Колумна на д-р Костадин Јованов, дипл.инж.хидрогеолог Државниот завод за ревизија подолго време укажува на состојбата со експлоатацијата на минералните суровини во Република Македонија, дека се наоѓа во целосен хаос. Според сознанијата во активноста на Државниот завод за ревизија биле вклучени и експерти од областа на рударството (професори од ФПТН Штип или поранешен Рударско Геолошки факултет-Штип), но за жал придонесот на истите во никој случај не може да биде од добробит за државата од едноставна причина што истите се советници во рудниците за метали, вршат технички надзор, проектираат рудници, изготвуваат Елаборати за рудни резерви и сл. Нивните активности се посебно изразени кај концесионерите на рудниците за метали,  кои треба да бидат од посебен економски интерес за Република Македонија. Хаосот што е настанат, пред сẻ, е заради непочитување и нерегулирање на  професијата. Ние сме единствена држава што не почитуваме професија, факт кој исто така е присутен скоро во секоја пора во геологијата и рударството. Ако може изготвувачи на специјални видови геолошки карти да се без соодветен степен на стручност, ревидирање на такви геолошки карти од кадри без соодветна стручност и без ден работа на изработка на такви видови специјални геолошки карти, се поставува прашањето зошто пак и инспектор, службеник и слично, кога веќе сẻ е пореметено во државата, да има соодветно образование за одредена работа која по сила на закон ќе ја извршува? За возврат граѓаните ја изгубија довербата во рударството, можеби и со право, иако рударството е сегмент кој треба да претставува еден од столбовите за развој на економијата на Република Македонија. Со непочит на професијата од највисоко ниво прашање е од кого треба да се очекува да ја уреди материјата од областа на геологијата и рударството, ако ние сме единствената земја која нема стратегија, имаме незавршено законодавство од областа на геологијата и рударството, немаме прописи во рударството и упатстава за изработка на специјални геолошки карти. Иако изнесените наводи од страна на Државниот завод за ревизија се точни, за што подолго време се укажува, засега надлежните се без идеја за преземање на конкретни чекори за подобрување на состојбите во  рударството и геологијата. Факт е дека дел од концесионерите копаат руда надвор и од концесиските простори, да не зборуваме за експлоатационите полиња. Ова се случува од едноставна причина што дел проектанти, професори, инспектори, кај нас, за жал немаат доволно познавање на координатниот систем. Посебен проблем е плаќањето на концесиски надоместок за експлоатираните количини на минерални суровини. Експертите од областа на рударството точно знаат кој други елементи, покрај Pb-Zn и Cu, Au и Ag се содржани во концентратите, а знаат и кои елементи се вадат во топилниците и ако се направи детална анализа ќе се знае за колку средства овие компании наназад со години ја оштетуваат државата. Исто така треба да се види колку се слеани средства на име на концесиски надоместоци од лужењето на катодниот бакар во рудник Бучим . За слабата искористеност на елементите во концентратите, во овој современ свет на наука, технологија не треба да се зборува. Хаосот на геологијата и рударството е и поради фактот што засега само Република Македонија нема Стратегија за геолошки истражувања и рударство. Документ преку кој треба да се постави визијата за уредување на геолошката и рударската професија, геолошките истражувања и рационалноста при експлоатацијата на минералните суровини со посебен акцент за трендот на заштитата на животната средина (воздух, вода, почва). Исто така сериозна потреба е конечно да се уреди законската регулатива од областа на геолошките истражувања и рударството, бидејќи засега само кај нас се работи според поранешните југословенски прописи, факт кој не нуди ниту сериозност, а пак да не зборуваме за просперитет. За наводот во делот на рекултивацијата државата не презема ништо околу формирање на посебен оддел и негово екипирање со соодветни стручни кадри кои сериозно би работеле на изработка на плански и проектни документации за санација, надзор во имплементацијата, поради што настанува занемарување на процесот „рекултивација“ кај дел од концесионерите. Ако внимателно се погледне во предлогот на Законот за измена и дополнување на Законот за минерални суровини, впечатливо е дека надлежниот орган сака да се изземе од обврската за рекултивација и вршење инспекциски надзор над хидројаловиштата, што значи дека кадарот кој е на располагање не може да се справи со овој проблем. Со оглед на причината што истите се потенцијален еколошки ризик, пристапот кон оваа проблематика треба да е од суштинско значење, наместо изземање, со закон задолжување друг орган и се разбира нерешен проблем. За достоен и одржлив бенефит од рударството во државата, неопходно е целосно негово реорганизирање, почнувајќи од уредување на образованието, почитување на професијата, исполнување на одредени критериуми за вршење на функции, регулирање на геолошките истражувања и воведување на планска, рационална и одржлива експлоатација на минералните суровини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzava-bez-vizija-vo-geologijata-i-rudarstvoto/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: РУДНИКОТ ИЛОВИЦА – ГОЛГОТА НА КОНЦЕСИОНЕРОТ И МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-rudnikot-ilovica-golgota-na-koncesionerot-i-mesnoto-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-rudnikot-ilovica-golgota-na-koncesionerot-i-mesnoto-naselenie/#respond Tue, 26 May 2020 13:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=350396

Познавајќи ја материјата од областа на минералните суровини, не гледам сериозност во намерата за отворање на рудникот Иловица на концесионерот ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје. Од друга страна пак го разбирам револтот и негативниот став на локалните еколошки здруженија како и населението за овој проект. За првпат концесијата за вршење детални геолошки истражувања на локалитетот Иловица доделена е во периодот 2004-2006 година, кога на власт беше СДСМ. Согласно Законот за минерални суровини по завршување на истражувањата, постапката продолжува, така што со Одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина-руди на бакар и злато на локалитетот “с. Иловица”, општина Босилово (“Службен весник на Република Македонија” бр. 81/12), концесионерот има склучено Договор за концесија за експлоатација. Концесионерот, на локалитетот имаше две концесии, кои всушност се едно рудно наоѓалиште. Првододелената концесија е со помал површински простор и најголемиот дел од рудните резерви се во оваа концесија. Истата е доделена на користење  за период до 30 години. Втората концесија по простор е поголема од првата, но заради скромните рудни резерви, главно е во функција за поставување на потребната инфраструктура на рудникот (хидројаловиште, одлагалишта, машински згради, примарно и секундарно дробење на рудата, флотација и пристапни патишта и сл.).  На двете концесии, по сите параметри,  можно е проектирање на само еден рудник со целокупната пропратна инфраструктура. За двете концесии постојат посебни два ревидирани елаборати, во кои вкупните  рудни резерви се околу 550-600 мил.тони руда. Со цел регулирање на дозволата за експлоатација, концесионерот до надлежниот орган, со задоцнување од еден ден по истекот на рокот, доставил Барање,  при што кон истото не ја доставил целокупната документација која се бара согласно Законот за минерални суровини. За првата концесија од надлежниот орган за животна средина е одобрена Студија за влијанието на експлоатацијата врз животната средина. Навистина сериозно прашање претставува фактот што опфаќа самата студија, ако се знае дека целиот тој простор е со рудни резерви. Каде се поставени останатите руднички содржини (одлагалишта, хидројаловиште, машински згради, примарно и секундарно дробење на рудата, флотација и сл.)? Значи ли тоа дека тие се надвор од предметниот концесиски простор? Ако се земе во предвид фактот дека станува збор за едно рудно наоѓалиште и дека пред да се регулира дозволата за експлоатација потребно е спојување на двете концесии, а тоа не е направено, заклучокот е дека се работи за пропуст во законските постапки. Проектантите проектираат рудник на простор од двете концесии, иако во тој период не е регулирана втора концесија, што исто така е противзаконски, т.е. недозволиво е да се проектира рудник на дел од простор кој не е регулиран со концесија. Рудникот е проектиран на 1/3 од рудните резерви, на околу 190-200 милиони тони рудни резерви. Никаде во светот нема такво проектирање на рудник, со толкав процент на искористување на рудните резерви. Што значи, наместо векот на рудникот да биде 50-60 години, истиот би бил 20 години. Ова само по себе укажува дека предмет на интерес на концесионерот е побогатата руда, што е спротивно на начелото на Законот за минерални суровини за оптимална искористеност и одржлив развој. Станува ли збор за несериозен пристап на концесионерот  во однос на неговиот бенефит, наспроти негативните последици за државата и локалното население? Следен проблем е хидројаловиштето кое е проектирано на околу 200 милиони метри кубни и висина околу 240 м. Кое е објаснувањето на концесионерот за проектираното хидројаловиште до површинскиот коп, ако се земе во предвид влијанието на употребата на експлозив при експлоатацијата на рудата, примарната и секундарната порозност на карпестите маси како резултат на масовните минирања и хидростатиката во хидројаловиштето, поттикнато со овие антропогени дејствувања? Против Одлуката за едностран раскин на Договорот за концесија од страна на концедентот, концесионерот поднел Тужба пред Управниот суд, при што судот одлучил во нивна корист. Врз кои параметри е одлучено во нивна корист? Дали Управниот суд не бил соодветно информиран колку време е потребно за спојување на концесиите, со цел регулирање  на Дозволата за експлоатација? За оваа дозвола е потребно Концесионерот да изготви Главен рударски проект, согласно закон да изврши ревизија на истиот, да изготви Студија за влијанието на експлоатацијата врз животната средина ( а изработката и  одобрувањето на оваа Студија е минимум од 9 до 12 месеци), како и изработка на останатата техничка документација? Ако знаеме дека сите рокови за спојувањето на концесиите се поврзани со првододелената концесија, а постапката за регулирање на Дозволата за експлоатација може да отпочне од денот кога е склучен договорот за спојување на двете концесии, сето ова е едноставно невозможна мисија. За вторододелената концесија, концесионерот доставил повторно некомплетно Барање за издавање на Дозвола за експлоатација, но во законски утврдениот рок. Нејасно е зошто е одлучено во корист на концесионерот, без притоа надлежниот орган да направи детална анализа на постапката каде што евидентни се пропустите во постапката и најважно од сė е дека  е занемарен економскиот бенефит на државата во однос на реалните рудни резерви, поставување на хидројаловиштето во близина на населени места, загадување на подземните води и  животната средина.   Д-р Костадин Јованов, дипл.инж.хидрогеолог, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-rudnikot-ilovica-golgota-na-koncesionerot-i-mesnoto-naselenie/feed/ 0