Костас Слукас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Jul 2023 15:52:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Костас Слукас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Костас Слукас го „предаде“ Олимпијакос и потпиша за Панатинаикос https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kostas-slukas-go-predade-olimpijakos-i-potpisha-za-panatinaikos/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kostas-slukas-go-predade-olimpijakos-i-potpisha-za-panatinaikos/#respond Sat, 08 Jul 2023 15:52:21 +0000 https://kurir.mk/?p=854394

Грчкиот кошаркар Костас Слукас ја разбранува грчката спортска јавност откако по раскинот на договорот со Олимпијакос реши да се пресели во таборот на лутиот ривал Панатинаикос. Искусниот плејмејкер најпрвин се пожали на „недостиг на почит“ од страна на „црвено-белите“ по конфликтот со тренерот Барцокас, за потоа од бројните понуди на маса да ја избере онаа на „зелените“ од Атина. Газдите на Панатинаикос најавија создавање на моќен проект со ангажманот на Атаман за тренер, во меѓувреме ги доведоа и Вилдоза и Лесор, но трансферот на Слукас е јасен знак на намера на „зелените“ дека сакаат да ја прекинат доминацијата на Олимпијакос на грчката кошаркарска сцена. Пресуден се покажа фактот дека ПАО единствен му понуди договор на три сезони на овој 33-годишен кошаркар, и тоа под фантастични услови. Во наредните три години Слукас ќе заработи огромни десет милиони евра од Панатинаикос, со што ветеранот ќе стане и најплатен грчки спортист кој настапува во Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kostas-slukas-go-predade-olimpijakos-i-potpisha-za-panatinaikos/feed/ 0
Костас Слукас доаѓа да игра пак за Жељко Обрадовиќ? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kostas-slukas-doaga-da-igra-pak-za-zhelko-obradovik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kostas-slukas-doaga-da-igra-pak-za-zhelko-obradovik/#respond Sun, 25 Jun 2023 06:49:43 +0000 https://kurir.mk/?p=849374

Костас Слукас беше меѓу најзаслужните за одличната сезона на Олимпијакос, но откако грчкиот тим не успеа да стигне до евролигашката круна, искусниот плејмејкер сега сериозно размислува да ги промени клупските бои. Како една од најсериозните опции се споменува белрадски Партизан, чиј тренер Жељко Обрадовиќ има високо мислење за грчкиот ас, со кого заедно стигна до европска титула во Фенербахче. За услугите на Слукас се интересираат и двата турски гиганти, Анадолу Ефес и Фенербахче, кои од финансиски аспект сигурно ќе испратат подобри понуди за грчкиот плејмејкер, но адут на Партизан во оваа трка е токму Обрадовиќ, кој лично ќе разговара со ветеранот за да го убеди да му се приклучи во Белград.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kostas-slukas-doaga-da-igra-pak-za-zhelko-obradovik/feed/ 0