Ковачевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 11:28:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ковачевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Генералот, командантот и дезертерот https://arhiva.kurir.mk/kolumni/generalot-komandantot-i-dezerterot/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/generalot-komandantot-i-dezerterot/#respond Thu, 26 Jan 2023 11:27:36 +0000 https://kurir.mk/?p=792246

Наместо да се срамат што дилер на кокаин тврди дека е Бугарин и се тепа по македонски кафеани, бугарските власти од истиот тој непресметлив и криминоген лик направија маченик и профил на наводно репресиран Б’лгарин, мустра за ширење лажна пропаганда. Јаз’к и превртенава психологија, нели... Арно ама, некој повторно ја утна работата, ама „скроз“... Прво, софиското раководство кое ја обвинува Македонија за наводна ретроградност, со крајно потценувачкиот и проѕирен пристап покажа дека никогаш и не излегло од матрицата на Варшавскиот пакт и изветвената пропагандна комунистичка машинерија. Радев, ало, ова не е 1953-та, па што ќе кажете со Коминтерната во двете мизерни пишани гласила да мора да биде и вистина, јок. Во денешно време на интернет и наплив на медиуми ко печурки по дожд, време кога и бабичките во престилката имаат андроид-мобиљка, утката ви е голема. Никој не пие нафта, одамна, башка, прескапа е. Ова можеби ќе заинтригира и запали некој национал-шовинист кај вас, но ја промашивте прикаската. Ко што од секое гранче не бива свирче, така и од секој претепан дилер не бива маченик... Второ, дигањето на една криминална пресметка на ниво на меѓудржавен проблем е повеќе од патетичен обид  да го искористите сегашното „внимание“ кое ви го посветуваат Европјаните и Американците поради вашата геостратешка позиција во војната со Украина. Безобразен крик на очајни и искомплексирани шовинисти, кои преку познатиот метод на Гебелсовата „голема лага“ од еден претепан криминалец градат Потемкиново село и шират дезинформации за наводни репресии на Б’лгарите во Македонија. Ај што нив и ги нема, а сега со парите што им ги „фукнаа“ службите се појави и по некој од немајкаде, ама знаете дека вашите сојузници се информирани 100 пати подобро од истите тие сезнајни бабички со мобиљките. Ве тинтраат сега дека им требате, ама дека некој ви ја купува евтината прикаска полна со дупки ко интегритетот на Заев и Таче, тешко... Трето, ако си баравте алиби за да повторно не’ блокирате и така притиснете за да ги донесеме забеганите и непотребни Уставни измени, можевте и малку повеќе да се потрудите. Дека некој ќе поверува дека не блокирате поради тепаниот нарко-дилер, тешко. Дека поради Пендиков и скршената му вилица ќе ве внесеме во Устав, уште потешко. Ќе треба да скршите многу повеќе пратеници и луѓе во Македонија за да дојдете до посакуваното. А ова, да не ти бил Преспански договор и смена на име, па интересот на „сојузниците“ за такво кршење и не бил толку голем, барем се надеваме... Четврто, дали сте свесни каква пизма и омраза создавате со ваквите лаги и дејствувања? Во стилот на командантот Али кај нас, вашиот генерал Радев преку лаги крајно  ја закрвува работата меѓу Македонците и Бугарите. Тотално непотребно, исто ко закрвувањето на Алија на Албанците со две независни национални телевизии и нивните „само“ 800 илјади гледачи. И кој ќе биде виновен за следната, не дај Боже, тепачка во која можеби ќе падне нешто повеќе од скршена вилица? Македонците ли пак ќе глумат дежурни виновници, како и секогаш? Да, тоа го сакате, ама не бива... Пето, имаме несреќа при еден генерал на едната и „командант“ на другата страна, нас да не’ „води“ еден арогантен и неписмен дезертер, чија македонштина е на ниво на бегалец од Авганистан кој вчера стапнал во Македонија. Ок, Авганистанецот сигурно има почесни намери од трајно неспособниот Таче. И така, „водени“ од Бујар, гавазот на командантот и од дезертерот Ќуран, ќе го трпиме срамот и ќе набиваме гнев и бес во себе, доволни за 10 следни генерации. Ќе слушаме како вашиот министер тресе зелени за некакво си враќање на мрачни времиња во Макеоднија, периоди на убиства, мачење и прогони, А Бугар Османов ќе молчи ко залиен. Туку, сакаше ли да каже пустиот ваш министер дека кај нас се вратиле времињата на бугарската фашистичка окупација, описот на дејанијата е совршен. Можеби, пак, Милков сакаше да се извини за крвопролевањата, силувањата, теророт, сечењето глави, за децата од Ваташа, за Дуња, за Мучето, за сите егзекутирани македонски херои и хероини? Не, ама требаше... И што по ова, пак ќе тврдите дека сме „един народ, две држави“ ли? Ќе се мавате во гради и ќе не убедувате дека сме биле браќа? По сите уцени, лаги, блокади, негации и изживувања ние ќе треба да ве прифатиме за наши, ќе заборавиме на се’, ќе ја свртиме капата и ќе си свиркаме, гушнати и насочени кон демек европската ни иднина??? Не, не бива така, не сме златни рипки со меморија од 3 секунди и не ја правете поголема. Да, ќе не блокирате пак, иако, реално, никогаш и не го дигнавте ветото условено со инфантилните уставни измени. Не, нема да ги усвоиме и да ве внесеме насила во Уставот, ако уште има, а за наша среќа има Македонци во државата и политиката. И аман, берете умот, не се глупирајте да правите инциденти и да ни доаѓате организирано со смислени бедни провокации од неофашистите Џамбаски и Костадинов на 4-ти февруари на гробот на македонскиот великан и корифеј Гоце Делчев, не поганете го светото место, за последиците ќе бидете виновни вие и само вие. Имајте предвид дека на македонскиот народ „филмот“ му е многу пукнат, врие во секого, татни по дамарите, премногу резил и гнев има насобрано во нас, не ни давајте повод. Не, нема да гледате реприза од денот на Мара Бунева, за Гоце се работи. А ГОЦЕ Е МАКЕДОНИЈА!   П.С. И дајте луѓе, уште поАМАН, под итно да ги тргнеме од власт овие безрбетни и ултра-сервилни човечиња од Илинденска бр.2, Собрание и од Вила Водно. Понизни суртуци кои не сфаќаат што е љубов кон татковината, историјата и своето, ајвани кои гледат само да си ги наполнат џебовите и стомачињата, копуци кои не разбираат дека кога ќе ја наведнеш главата, оној со мечот не може да одолее на предизвикот и податливоста на сечењето на истата таа празна направија. Да, да не беа тие на власт, ништо од ова немаше ни да се случи...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/generalot-komandantot-i-dezerterot/feed/ 0
Уплавот на Таче и Алија https://arhiva.kurir.mk/kolumni/uplavot-na-tache-i-alija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/uplavot-na-tache-i-alija/#respond Mon, 12 Sep 2022 10:01:19 +0000 https://kurir.mk/?p=731573

Иван Исцелител и Баба Дара триеле раце. Опозициската иницијатива за Референдум им навеала многу нови клиенти. Цела армија урочени им затропала на врата. Сите од владата, башка парламентарци, директори, новинари и останата северна банда... Таче и Алија први со врски дошле на бајачки третман. Уплавот бил голем, ајваните се расплакувале веднаш штом ќе го чуеле зборот РЕФЕРЕНДУМ. Не можеле ни да спијат пустите владејачи, па и покрај северниот ветер, се буделе облеани во пот при помислата, стравот да ти бил огромен. Можноста од народно изјаснување ги вадело од ум, а кога некој ќе им спомнел и предвремени парламентарни избори топ-тан со него, се ничкосувале долу и заоѓале од плачки и кукање... Прв со итна помош долетал Стево Стокиќ, кој им дал преЦедателска инфузија и ги кренал на нозе, а вистинскиот спас го нашле во бајачот Таљо, кој и онака се здосадувал и немал поим од претседателствување со Парламентот, па новото звање му дошло ко нарачано. Набрзина го преквалификувале со убрзан курс кај Баба Дара и си создале инстант Форина бајач, спремен да се соочи со урокот наречен народ и Референдум. И да го укине, без пардон, со некој ступиден „уставен“ изговор, ко и секогаш. Имале само еден проблем, Таљо премногу пцуел, дури и за бајач. Лоша, командантска навика... Втора опција на урочената власт била Лошила Кацарска, која исто ко Таљо имала неверојатен успон во кариерата. Со командантот ги спојувал и Уставот, кој нон-стоп и по партиска по потреба си го кршеле, делкале, цепкале, кинеле. Не и’ било потребно ни вечерно школо за звањето. Логиката била, ако можела без проблем да осуди толку невин народ и да го прати во зандана, чуму да не може да биде и вештица, одлично и прилегало. Ги имала сите квалификативи и предуслови. Го вклучиле и црпнатиот лидер во сенка, муртинец кој да ти бил и далечен изданок на Баба Ванѓа, па Црпко „ко од пушка“ прорекол дека муабетот и иницијативата немаат поента , оти 75 насто од народот и онака бил против Референдумот?!?! На помош, за да бајачката биде поуспешна и да фати мајата, северните властодршци ги викнале спасителите во ликот и делото на новинарските и медиумски бапчорки, кои по команда и на копче наголемо се разлелекале за тоа каков кијамет со себе носел Референдумот. Дури и нормалните гараѓани ги фатил уплав од лелелкот на Тричковци, Борјановци, Џабировци и останата пи-ар болумента, ама набргу сфатиле кој и зошто кука и лелека, им текнало дека тоа им стои во описот на работното место, па народот се смирил. А дежурните кукјумавки продолжиле да врискаат и пискаат ко недоветни, па како тоа Референдумот ќе не врател назад, па колку тоа ќе ја чинело „демократијата“ во Македонија, та страсно и со лиги течење орно пишувале за ретроградната опозиција контра „модерната“, северна влада... Пискотници се слушале од Скопје до Брисел, до Вашингтон се чуле жалопојките на северните бапчорки. Бадијала, народот ги игнорирал, биле успешни ко зборот МАКЕДОНИЈА во говор на Стево, Заев, Таче и Алија... Само, сите имале еден сериозен проблем и мака. Заборавиле на еден круцијален момент. Алката која недостига. Не, не на Јети, Алма или Бигфут. Не им светнало на пустите вљубеници во утопијата Северџганистан дека не може да ве спречат и одалечат од нешто кое го немате ни на повидок. Не може да ве пренасочат од некој пат кој не постои и за кој лажете. Да, владејачите со уплав, бајачите, вештиците и бапчорките заборавиле дека немаат ни почнато преговори за да нешто, што и да е, макар било и Референдум – ги оддалечи од љубената ЕУ. Колку љубовта да била еднонасочна, или 50-50, тие сакаат - Унијата јок. Изумиле корисните идиоти дека истиот тој Брисел ги насанкал со условот наречен „Уставни измени“, без кои тапкале во место и лажувкале дека почнале преговори кои само ги сониле. А, вистинскиот уплав не е во Референдумот, туку во паѓањето од власт, траскање од земја кој овој чин го навестува и привлекува. А паѓањето значи и одговорност за криминалот, тендерите, рушветот, злоделата кон нацијата на секое можно поле. Да, паѓањето ќе значи многу тешко станување. Исто како и враќањето на вистинските вредности. Враќањето на Македонија. А, од некаде, некогаш, морало да се почне...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/uplavot-na-tache-i-alija/feed/ 0
Северни лицемери https://arhiva.kurir.mk/kolumni/severni-licemeri/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/severni-licemeri/#respond Tue, 26 Apr 2022 08:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=667903

Ги нарекуваа убијци на деца, инструирани северџански банди чкртаа графити по градинки со каква ли не забегана соддржина, ги споредуваа со ѓаволи, ги каљаа, пропагандистички анатемисуваа и кога по две недели штрајк мораа да прифатат дека се победени од синдикатот, што сторија Ковачевци, наследниците на Заев? Признаа ли дека згрешија што цели ПЕТ години колективен договор не почитуваа? Признаа дека не требаше да ги наречат УБИЈЦИ НА ДЕЦА? Признаа ли дека не требаше да одат со закани и идиотски уцени со заменски наставници? Се извинија ли што се однесуваа ко спахии и монарси, а не шушумиги кои од нас плата земаат? Јок. Со големи букви. ЈОК! Што сторија дијалите владејачки? Епа, нецели 15 минути по поразот во преговорите со СОНК, СДССССС излегоа со соопштение: „12% поголеми плати во образованието, ја продолжуваме политиката на покачување на платите!“ Ауууууу, толку ала Гебелс забегано, крајно, нели? Врв на лицемерието и  лагата, крај. Па добро бре, дали сте нормални? Аха, ни текна, ова ви е лоша навика, јасно. ЛАГА се вика. Се сеќавате на 30 септември 2018-та, кога „ко Грчка“ загубија на референдумот? Ви текнува со која идиотштина настапија? ХРАБРИТЕ ИЗЛЕГОА, рекоа од СДССССС... Да, храбрите кукавици, чесните арамии и умните имбецили. Кој од кој пооксиморон. Се сеќавате како ламентираа по драконските пресуди на патриотите од 27 април, дека конечно правдата дошла во Македонија? Си спомнувате на некрофилските приказни и тажни судбни со кои тераа револуција која испадна дееволуција, на извитоперувањето на судбината на малата Тамара, Нешковски, Младенов, Смиљковско, која од која погрда лага, Бог да ги прости споменатите чии имиња ги злоупотебуваа северџаните. Тоа се тие, едни те исти пропагандисти, некрофили и патолошки лажговци. Е сега, две недели се ценкаа и натегаа со истиот тој СОНК, министерица Тренчевска прштеше од ароганција и ги упатуваше негувателките да бараат плата од Јаким Неделков, оти државата не им давала, Заевиот полтрон и клон Костадинов со уцени ги натера струмичките просветари да ветат дека по Велигден се враќаат на работа, ССМ полтроните „сипаа песок во сојузничката осовина“ и скокаа околу престолонаследникот Ковачевски ко мали, недоветни деца, условувајќи поддршка на протести со прифаќање нивни услови, вклучија и слепо и сакато во креирањето ѓаволи од луѓето кои за бедна плата ги учат нашите и нивните деца, за да сега се фалат дека, замисли, ни помалку ни повеќе – туку истите тие суртуци од власта биле доблесни и туку-така од филантропија пуста обезбедиле „12% поголеми плати во образованието, ја продолжуваме политиката на покачување на платите!“ Ццццц... Факт е дека вакви демагози еднаш се раѓаат, но проблемот е друг. Од денеска сите го бараат она што му го дадовте на СОНК, цел КСС чиј гранков синдикат е токму оној на Неделков.  А КСС е на улица. И сега, шу прајме бе популисти?! Се заглавивте со недоносената идеја за минимална плата, се дозаглавивте со СОНК. И сега? Ало, дунстери, државата не може да биде за едни мајка, за други маќеа, тоа требаше одамна да го научите. Ќе дадете на сите, или на никого. Поинаку не бивало, ниту бива. Изговорите не ви држат вода. Како, како? Не ве слушаме, Погласно, ве молам! Ахаааааа, НЕМАТЕ пари. Да, немате ни национално чувство, немате поим ниту од историја, за економија да не правиме муабет, за здравство сте ајвани, од правда абер немате. Факт, НЕМАТЕ многу работи... Епа, имаме чувство дека набргу ќе ве нема и на Илинденска бр. 2. Знам дека врхушката ви ја плаши новата адреса која исто е на „И“, а продолжува со ДРИЗОВО, но не грижете се, нема да ви биде толку лошо. Ќе фатите врски и ќе платите рушвет, за тоа сте родени и ОП, ќелиите ќе ви бидат свртени на СЕВЕР, а наместо тоалетна ќе ви обезбедат Устав со печатни грешки, кој и онака здрав-прав за тоа и го користевте. Ќефови, нели... И не, не се само платите, северни суртуци и лицемери. Можеби некогаш, кога ќе се читате на црните страници на историјата која толку сакате да ја избришете, ќе сфатите колку Макеоднија вриела, колкава антинационална белја сте направиле и колкав гнев и бес сте предизвикале. А поверојатно, никогаш нема да сфатите, затоа што да размислувавте, тие зулуми никогаш и немаше да ги направите. Северна статива, затоа што не сфативте дека МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ отсекогаш се, биле и ќе бидат на ЈУЖНА, трибина...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/severni-licemeri/feed/ 0
Културни фашисти V.S. безрбетни далтонисти https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kulturni-fashisti-v-s-bezrbetni-daltonisti/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kulturni-fashisti-v-s-bezrbetni-daltonisti/#respond Mon, 18 Apr 2022 08:41:35 +0000 https://kurir.mk/?p=664635

Србите својот културен клуб во Хрватска го крстиле Дража Михајловиќ. Германците својот во Франција го именувале Адолф Хитлер. Хрватите на културниот клуб во Белград му го дале името Анте Павелиќ. Бугарите својот во Битола го крстиле Иван Ванчо Михајлов... Прво. Сето кажано е тоталка забегано, од една страна крајно безрбетно, потпушувачко и сервилно, а од друга мизантропско, идиотско, нехумано и фашизоидно. Арно ама, само едно е вистина. Она во Битола... Второ. И да, има уште една голема разлика. Дури и кога на горенаведените би им паднала на памет таква лудорија и глупост, а нема, државите во кои планирале да го сторат би ги дигнале на клоци и би ги испратиле по ѓаволите и морските вештерки, за навек. Освен во една „држава“ раководена од манџуриски кандидати, направија која одамна, од 27. април 2017-та, не е ни држава. Да, во „нашата“ Македонија, која 5-та година по ред и не е така наша... Трето. Па дури и да некој, каде и да е и во која и да е вукојебина на светот, забега како нашите корисни идиоти и послушни владејачи, што реално нема шанси нели, истиот тој би имал повеќе скрупули и не би го востоличил фашистот од „културниот“ клуб на ден Песах, историско-верски празник за Евреите кој го одбележува нивниот егзодус. Никој не би бил толку бездушен, забеган и нечовек на овој датум да слави еден крвник кој е дел од прикаската зошто Македонија е земја со „најдобро“ изведен егзодус на Евреите во Втората Светска Војна. Да, 98% од нив не се вратија дома, благодарение на бугарските „администратори“ и на Ванчо Михајлов кои ги испратија во концентрационите логори. Никаде, освен во насила северизираната Македонија можеби? Четврто. Сте чуле ли за држава која велича личност и крштева културен клуб со името, ликот и неделото на фашистички злосторник кој од истата таа држава е осуден на СЕДУМ смртни казни и една на доживотен затвор? Бугарија??? Аха. Замисли, ова го нема ни во Заева Македонија... Петто. Ова се случува во свет во кој ора и хара глупоста наречена „политичка коректност“, во која ако некого само погледнете на криво, не дај Боже пол или сексуална ориентација да му спомнете, осуден сте за век и веков, а кај нас некој негира цела нација, историја, револуционери, светци ви каља и краде, среде Битола националистички ви аздисува, толку садистички ви гази достоинство, чест и гордост и никому ништо? Да, таква е „новата“ Македонија на „С“... Шесто. Да бевме нормална држава, а и ние исто така, веќе утредента нашите владејачи би си дале оставка под разбирливиот притисок на јавноста, протести, револт, револуции и дигање на клоци. Замисли, повторно само и само во Македонија не е така, оти таму кубурот, револтот, улицата и клоците се чуваат за „црни денови“... Седмо. Дури и оној ултра-лузерот Каракачанов дојде да ни каже „Без Бугари, Македонија да гори“, а Бујар Османи не најде за сходно за кажаното среде градот на конзулите една дипломатска нотка да прати. А колегите му софиски за скршено џамче при љубавна туча драми правеа. Во истата таа Битола. Да, онаа во Македонија... Осмо. Отсега, ако сакате да го налутите Пендаровски, саде спомнете му го Ванчо Михајлов, се вади до такт, докажано. Сменете му име на држава, Устав, извадете Преамбула, уценувајте пратеници, дајте двојазичност, затворајте насила патриоти, терајте политички судски процеси, ни малку на ова не трза пустиот, сето е тама, ама Ванчо му е единствена Ахилова пета и слаба точка. Да, преЦедникот на некогашна Македонија... Деветто. Не дај Боже престолонаследникот Ковачевски да побара и во Бугарија да се отвори културен клуб на Македонците. Тоа е затоа што ние немаме фашисти за да го носат името на „клубот“ во Софија ли?! Да, тоа го може само Македонија. Да скратиме... Девет милијарди сто милиони шесто четириесет илјади сто и прво. Ако и на ова премолчиме, малку ни е. Тогаш, реално, не ја ни заслужуваме МАКЕДОНИЈА...   П.С. Десето (вистинско). Најискрена благодарност до Јотова и нејзиното демоде тапирано фризурче од 63-та, соодветен пандан на фризот на премиерот Петков ѓоамити излезен од „Брилијантин“, актери во оваа боливудска, антимакедонска источна траги-бурлеска во која единствена „светла“ точка во целата забегана прикаска е токму нејзината патетична „фризурска“ појава и макар слабата утеха дека ние со нашата „воинствена“ Славка и не сме биле најлакрдија на Балканов...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/kulturni-fashisti-v-s-bezrbetni-daltonisti/feed/ 0
На Исток ништо ново, на Запад уште помалку… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-istok-nishto-novo-na-zapad-ushte-pomalku/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-istok-nishto-novo-na-zapad-ushte-pomalku/#respond Sat, 16 Apr 2022 08:23:54 +0000 https://kurir.mk/?p=663920

Во исто време кога Таче го лечеше мешето од грчката посластица, бугарскиот забранет десерт му го дорасипа метаболизмот  и варењето на престолонаследникот. Забранет, како ВЕТО. Стара прикаска, нов „премиер“. А веднаш по него и Заев беше во Грција?! Чудно, нели? Уште поиндикативно е што сето тоа со стомачињата на властодршците се случуваше во време кога на народот истиот тој стомак се повеќе и повеќе му свиреше. Од празнотија, минимални плати и максимални цени. Да, кармата е кучка, дефинитивно... Македонската гастрономска недела започна со поштенски доручек на непоштеното кумашинче на Заев, продолжи со евро-палачинките на граничарот Шкрета вљубен и сликан со истото тоа другарче, кој (веројатно по навика од шарената дееволуција) си земаше по дваевче од човек на граница, перипетија за ручек беше труењето на човечето кое неизбежниот во секоја приказна ЗЗ го стори премиер, за ужинка кулминираше со дечкото со тупето кој сонил датум и договор со браќата Бугари и доживеа расплет или вечера со гласното Петково „НЕ“ кое без пардон и со голем ќеф ни го плесна Генчовска. За повраќање на и онака „бљак“ конзумираното, задолжен беше ненадминливиот во антимакедонштина Црпко, овојпат во Атина заедно со неговата награда и „бутни два прста во уста и терај“ булазнења околу добробитта на преспанската капитулација. Она, кога крајот неделото/неделата го/ја краси. Разочарување и за сите оние суртуци кои мислеа дека Муртинхаузен порано морал да лаже дека Преспанскиот е добар за Македонија, за да владеел. Дилајли. Нема дерман. Видеото со ЗЗ станало инстант вирален хит, крајно учинковит и бесплатен лек за повраќање, башка ултра ефектен лаксатив... Веројатно, во целата прикаска изненаден бил саде Бујар, кој, да не се лажеме, не очекувал датум ни на сон, ама мислел/се надевал дека колешката му Теодора нема јавно да му тресне ново вето веќе следниот ден. Ок, ја помешал со послушното дејствување на СДССС. Пуста навика. Поверојатно, статива. Или беше пенал? Да, Дора го предизвика Буки да измени Устав и Бугари да вметне до јуни. Упс! Арно ама, ова не бил Попис, па пиши-бриши што си сакаш, хартија трпи се. За Устав ти треба 2/3 мнозинство во Собрание.  Значи, сепак, статива... На Исток ништо ново. На Запад уште помалку. Ни на Југ... Класика. И пак, да не се лажеме, источното софиско развигорче е резултат на западниот бриселски ветер. Не не’ сакаат сега и со вакви клептомани на власт, а, искрено, не верувам дека некогаш и ќе не’ сакаат. И не, не сакаме да станеме Украина за да не’ примат, а ќе ја примат преку-трупа пред нас, факт. Многу, мнооогу повеќе сакаме да си останеме вака безначајни, забаталени и заборавени. Ако тоа е патот, чувајте го местото за некој друг, доста ни беше да бидеме „важни“, аман од шиканирање, насила менување имиња, носење двојазичност, Устав ко тоалетна хартија третирање, инсталирање идиотски владини лузерски гарнитури, арамилак на истите со лепливите рачиња, затворање патриоти, владеење без победа, сето тоа проткаено со толку многу суртучка агресија и ступидна ароганција. И, аман бе дечки, достате со таа хипокризија, поштедете не од евтините флоскули за демек владеење на правото, почитување на малцински права, соживот и економски перформанси. Ајде, бидете фер и признајте дека кога ја примивте во фамилија истата оваа Бугарија која денеска не’ блокира и нон-стоп „ветира“, истата беше мафијашки рај на суртуци без вратови, од економија немаше ниту „Е“, правото го владееја истите тие безвратни вагабонти, а малцинските и човекови права ги почитуваат исто колку и денеска. НУЛА. На квадрат. Куб ли беше... Сфатете дека ни е преку глава од „добрососедски“ уцени и ултиматуми. Доста ни е, аман. А ова мазохистичкиве ни властодршци со стокхолмски синдром задоени, може слободно да си ги земете по дома кога ќе траснат на следните избори, кога и да бидат. Макар и демек пописна дупка имаме, со алал ќе ви ги дадеме. Ок, дунстерите може и не знаат ништо да работат, ама за фарбање, лага и  крадење се одлични. Докажано. Палјачовци или кловнови да не ви фалат? Може да ви потпишуваат се’ и сешто, 24/7, без пардон ќе ставаат парафи на се’ што ќе им дадете. Немајте гајле, не го ни читаат тоа што го потпишуваат, факт. Смислете им нешто, може и да ви бараат нинџа желки по канализација, а добри се и за промена на име, останува саде да си смислите некое. Само, имајте милост. Бидете фер, направете им ќеф  и „учинете“ им. И нам, за промена. Сместете ги некаде  понасевер...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-istok-nishto-novo-na-zapad-ushte-pomalku/feed/ 0
Конзули, конзументи и влада со Стокхолмски синдром https://arhiva.kurir.mk/kolumni/konzuli-konzumenti-i-vlada-so-stokholmski-sindrom/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/konzuli-konzumenti-i-vlada-so-stokholmski-sindrom/#respond Sat, 19 Feb 2022 07:34:30 +0000 https://kurir.mk/?p=633366

Амбасадори ги донесоа, конзули ќе ги симнат. Но како минува времето, полека сфаќате каде е проблемот со оваа владејачка болумента. Не, не е проблемот што се криминалци, тотално неспособни и опортунисти. Тоа си е одамна апсолвирано, од старт. Главниот проблем е што пустите се буквалисти, апла. Недоквакани лукративци кои не знаат да читаат меѓу редови, банда која не се ни запрашува зошто и како магарето лета. Штом така им рекле, лета. И точка. Затоа, ова е северна влада. Пејоратив. Повторно буквално. Оти така сфатиле ајваните само и само затоа што така им рекле, па сега се’ што е од север е добро. И голтаат. Без џвакање. И да не ве чуди што и старо-новата направија наречена влада е гарнитура со очебиен Стокхолмски синдром која толку си ги обожува и љуби киднаперите. Им годи и фантастично им прилега. Чудно би било да е поинаку, нели. И супер им стои затоа што Стокхолм е на север, а тие толку ја љубат таа страна на светот. Оти така им рекле... За неолибералните политиканти со стокхолмски синдром секое подјармување и ставање во подредена позиција е воодушевување и  ново откровение. Особено кога садистички и јавно ги понижуваат, тогаш тие добиваат вистински наплив на серотонин, вистински вриеж на хормонот на среќа. Кога ја киднапираат иднината на нивните граѓани, пак, небаре процветуваат и влегуват во екстаза, а кога некој ја негира нивната нација, историја, држава, јазик и постоење, е тогаш паѓаат во ултра-северџанска нирвана. Тоа да било најубавото чувство за секој пион од владата на Заевиот престолонаследник Таче. Вистинско цунами и поплава од задоволство... И не очекувајте да научат и разберат дека кога некој те блокира и негира, а ти по цел свет насмејан скокаш околу негаторот како недоветен и му целиваш нозе - ти си оној кој на другите им кажува дека немаш проблем со неговите блокади и негации, го амнестираш негативецот и покажуваш дека тебе „у ствари“ ти е супер, дека буквално уживкаш во чинот на газење, дека не ти пречи што тој некој те кочи, те ништи и навредува. А уште помалку, ни на крај на умот не помислувајте дека овие мазохистички шапшали ќе сфатат колку ве срамат, затоа што тие не знаат што е тоа. Оперирани се од чувството кое во светот на Заевци е најголема маана и грев. Недостигот на чувство за резил е основен предуслов за „бидување“ министер во неа. А не’ срамат со вклучено турбо, нон-стоп, 24/7, не понижуваат бескрајно додека онака насмејани од уво до уво, со блажена фацијална експресија, кога небаре легнати во скутот на негаторите глумат кооперативна страна, само и само за да не дај Боже меѓународната заедница не им ја откаже поддршката. Оти без таа послушност, антинационална ултра-учинковитост и немакедонскиот перформанс пуштен на најјако, никогаш и не би ни биле на таа пуста власт. Најмалку очекувајте да имаат трошка осет дека за МАКЕДОНИЈА се работи, а трунка гордост и достоинство да покажат, тоа едноставно не им е во описот на северно-стокхолмското работно место. И така, својата апсолутна неспособност на секое можно поле поданиците на Заевиот клон Таче и натаму ќе ја затскриваат со послушност и ќе „учинат“ се’ и секому, само не на Македонците. И уште пострашно, се замислувате и полека, но сигурно, сфаќате дека оние кои ни ја киднапираа Македонија, Заевци и Тачевци, не се единствените кои уживкаат/хибернираат во друштвото на својот киднапер. Боли или не, но ви „светнува“ дека преку недејствувањето даваме амин, забегуваме и прераснуваме во нација со Стокхолмски синдром. Во земјата каде конзули се тресат од ракавот на Ахмети, станавме неми посматрачи и послушни конзументи на северната лакрдија. Го знаете вицот кога насилникот, изнервиран од сервилноста и немањето никаков отпор од киднапираната жртва, луто и вели: „Мислам дека имаш Стохколмски синдром!“ А таа му одговара: „Како не ти е срам! Ме киднапираше, па уште и ме навредуваш. Сепак, и покрај се’, те сакам бескрајно!“ Како нарекувате ЛАВ со Стокхолмски синдром? Маче...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/konzuli-konzumenti-i-vlada-so-stokholmski-sindrom/feed/ 0
Ветувачки старт на 2022-та, аирлија! https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vetuvachki-start-na-2022-ta-airlija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vetuvachki-start-na-2022-ta-airlija/#respond Wed, 05 Jan 2022 10:07:56 +0000 https://kurir.mk/?p=616112

Убави празници без Заев, идила, нели? Ок, Македонците добиваа вакцини со поминат рок, Кирил Петков кукаше, лелекаше и коси кубеше заради документарецот „Една вера, еден народ“, а тенкистот Бучко повторно најавуваше брзо решение со Бугарија, ама сето тоа се трпеше. Без Црпко, се’ е поубаво. Дури и зголемената цена на струја, парно, бензини, плин и метан не се толку страшни со СДСС вака обезглавена, или подобро кажано „обезцрпена“. Ај, може и ќе не биде во 2022-та. Минатата за малку и ќе не бидеше, ама Заевци најдоа алтернатива. И буквално и фигуративно. Онаа на Гаши од групата „Празни џебови“. Сега ги наполнија... Се сеќавате на „Сексот и градот“? Серија во која сите се прашуваа – А, каде е градот? Оти од вториот немаше абер. Имаше, но само од првото, нели. На претек. Е, сега, да сме ти имале к’смет да живееме во иста таква серија, „Сексот и државата.“ Не, не позната по сексот, туку по недостигот на она второто. На државата. Велат, за водење љубов, требало бар двајца за да уживаат во неа. За водење/урисување држава, доволни да ти биле макар двајца ненаситни, башка браќа, со желба за правење милиони. Т’канди, стар збор употребуван и во македонските народни приказни. Времето, дури се’ уште имало народ што не трпи глупоштии. Како и да е, т’канди значи – се затнало, или снемало проток, нема помин/премин пустото. Така и ние. Така и Македонија. Т’канди. Се затнало, ама 5 години цели. Комуњаро-северџанска мисловно-душевно-акциска блокада и затнување. Ил, ќе да беше таксират. Пак стар збор. Значи, несреќа. Предлагам „ме фати таксират“ да го замениме со ЗАЕВ. Ме фати ЗАЕВ. Се’ е кажано, нели? Три букви помалку, ќар. До гуша. На страна, посоодветно, посовремено, башка поактуелно. Понесреќа македонска, здравје. А, за потрагикомично, позевзечко, пошапалско, потумручко, најцрпнато и најантимакедонско, муабет да не правиме. Само, да внимаваме. Оти, кај и да е, многу веројатно наскоро ќе биде - МЕ ФАТИ КОВАЧЕВСКИ... И сега?  Чаре? Епа, едноставо, велат. Саде, требало да ни „текне“, светне“ ли, да ни илуминира сијаличката старо/новозаветна дека сме Македонци, дека ова е Македонија, дека не бадијала токму тука битисуваме со векови. И воа/ова 22 лето на 21-от век, да ти било најкрајно време за ставање точка на антимакедонштината, вистинско време, апла, за доказ дека не сме од вчера, дека не сме без корен, дека е тешка глупост оти сабја наведната глава не сече (кој пропушта кога е долу пустата, да не ја сосече), дека северџаните се лукративни копуци (башка што на рака се бројат), дека сме МАКЕДОНЦИ... Епа, ајде, ко што во идиотскиот „Сексот и градот“, немаше град, ајде на „сојузниците“/натовци/европјани/меѓународна да им покажеме дека со овие зевзеци ни протекторат не може да им функционира, не па држава, да увидат дека во Македонија нема „проѓа“ она на „С“, дека сето тоа е тешка повтарачка, комуњарска, северџанска глупост која не смее никогаш, никому да се повтори – колку и да Заевци ко навиени ја повтараат, оти сите ние (наводно, епа ај на дело да покажеме) имаме гордост, достоинство, чест и многу  македонштина во себе. Ќе речете, малу и ступидна е паралелава со идиотската направија на „Сексот и градот“?!?!?! Или, пак, ако не можеш да го спречиш силувањето, барем уживај во него, што би рекол Конфучие?!?!? Јок. Најјок, проблемот е што ние ги трпиме оние кои национално не силуваат, а паралелата си е таква каква што си е. Обична. Паралелна. Иста, ко световите во кои живеееме со северџаните. 2022 завршува со двојка. Епа, време е за „двојка“ за  почеток на крај на оваа наметната северотопија. Велат дека луѓето од целата земјина топка сакале крајот на светот да го дочекат токму во сегашната, Заевистанска Македонија. Зошто? Затоа што ваква каква што е, била 30-на година зад останатиот свет...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vetuvachki-start-na-2022-ta-airlija/feed/ 0
Нобеловец, харвардовец, поплавите и амнестијата https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nobelovec-harvardovecot-poplavite-i-amnestijata/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nobelovec-harvardovecot-poplavite-i-amnestijata/#respond Mon, 20 Dec 2021 09:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=610688

Замисли, Заев толку да ти бил зафатен со пакување на куферите, што не ни приметил пустиот дека Источна Македонија се дави во поплави. Да, веројатно затоа што не била северна, поверојатно и затоа што кога се работи за поплави и пожари тие се обично на одмор, а најверојатно проблемот е во фактот што зафатените општини не ги водеше некој од СДСС. Или, пак, едноставно се замуабетил со харвардовецот Ковачевски, му раскажувал учениот како ги полагал испитите на универзитетот. Или пак се договарале со Маричиќ кој СДССС-овец Заев да го помилува на заминување? А за неправедно затворените патриоти од 27-ми април, ни збор? Ах, да, Нинџа одамна не е патриот... Шега на страна, но дали ова со поплавите беше морбиден, некрофилски и најприземен политички реваншизам на централната власт? Јок, саде „обикновен“ политикантски дилетантизам на Заевци, толку „нормален“ чин за нив, акт кој само покажува колку им сече. Не, не се тие виновни што се водат од максимата „да му умре козата на комшијата“, виновни сме ние што се уште се во влада и што наместо да се прашуваат на која врата да избегаат од истата таа зграда, сега се фалат со нови мнозинства, имаат харвардски мандатар, па кај и да е ќе се договореле суртуците и со Бугарија? Откако видовме како Шилежето и остала градоначалничка банда без исав ги празнеле општинските каси, а тек ќе гледаме безобразни сведоштва за тендери, арамилак и резил, видовме и како црпнатата влада не реагира кога општините кои им ги одзеде опозицијата ги зафаќа временска непогода, како ни го сместија со струјата, а на ред е и брзата помош. Можеби Заевци се во план и противпожарната да ја приватизираат? И сега? Е сега, ќе станеме сите комуњари и ќе гласаме за нив за да ако заглавите во затвор да може да ве пуштат, ќе мора сите да се преселиме во Струмица, Центар или Крива Паланка за да бидеме мирни ако има пожар, поплава, не дај Боже земјотрес. Очебијно, само таму и во останатите неколку рурални општинчиња кои ги освоија нивните побратими од СДССС владата и институциите ќе му помагаат на народот/гласачите... Нејсе, но дали во овие „избрани“ општини и поевтина струја ќе им дадат? По урнек на онаа бесплатната во Арачина, можеби, каде во оглас продаваат „Куќа 200 м2, двор, подрум, и доживотно „ПЛАТЕНА“ струја, вода и кабелска...“  Имајќи предвид дека ова доаѓа од партијата во која Заев е нобеловец исто онолку колку што неговиот наследник има завршено на Харвард, не не’ чуди, нели? Нема да не’ зачуди ни доколку веќе имаат ставено потпис на бланко документ со Бугарија, уште помалку ако струјата поскапе и 200%, никој нема да се фрапира ни ако воведат 63-та антиковид вакцина, се’ ќе биде ок и ако испадне дека Шики „у ствари“ ја испил Градската куќа и 12-те милиони евра од неа, ќе се помириме и ако и нас не однесе некоја поплава додека Зоче и Вицињата берат марихуана по плантажите, а легализација на ганџа и проституција ќе ни дојде најнормално „у свет“. Се’ си е тамам, оти, не навикнаа и навежбаа. Веќе одамна, со години, македонски Павлов рефлекс на нов антинационален идиотизам на Заевци е вртење на главата на другата страна. И? И ништо. Си станавме мазохисти кои толку милуваат да ги гледаат владејачките садисти. И мува да не не’ лази. А загусти, само сврти ја главата... Така ќе мине и новата политичка проституција со Софија, како и електричниот гајтан кој ќе ни го врзат околу џебот и вратот, ќе мине и приватизацијата на брзата помош која по урнекот на поплавите нема ни да ти дојде ако не си член на СДССС, ќе минат и амнестиите на заслужните арамии од Бихаќка, додека патриотите за 27-ми април ќе продолжат да чмаат по занданите. Ќе мине се’, а ние само ќе си вртиме со главата. И после се’, знаете што? За жал, вакви какви што сме и малку ни е...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nobelovec-harvardovecot-poplavite-i-amnestijata/feed/ 0
Битола ВМРО ДПМНЕ: Ковачевски мора да се соочи со правдата и да одговара за рекетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitola-vmro-dpmne-kovachevski-mora-da-se-soochi-so-pravdata-i-da-odgovara-za-reketot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitola-vmro-dpmne-kovachevski-mora-da-se-soochi-so-pravdata-i-da-odgovara-za-reketot/#respond Thu, 25 Jun 2020 12:04:51 +0000 https://kurir.mk/?p=362767

-Почитувани, рекетот, изнудата, криминалот, корупцијата и тендери во четири очи се вистинскиот профил на оваа власт, на Зоран Заев и СДСМ. Васко Ковачевски, не само што не чуствува грижа и се заканува, сметајќи се доволно безбеден со Заев, туку се внесува во улогата на истражител или обвинител. Комоцијата, а се надеваме и ароганцијата и дрскоста на Васко Ковачевски, завршуваат на 15 јули. Во Македонија мора да се почитуваат законите и виновниците треба да бидат казнети, истакна претседателот на Комисијата за култура ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, Васко Мавровски. -Ковачевски мора да се соочи со правдата и пред обвинителството и судот да објасни за рекетот и изнудата од 250 илјади евра и да одговори, дали тие пари завршиле директно кај неговите наредбодавци Зоран и Вице Заеви.Ете, таков беше како директор на РЕК Битола, а каков директор е во ЕЛЕМ можеме само да претпоставуваме.Во овие дваесетина дена, ако Васко Ковачевски сака да им помогне на своите од СДСМ, треба да направи неколку работи, посочи тој. -Првата и најважна е да си поднесе оставка од директор на ЕЛЕМ, а втората да им одговори на граѓаните на следново прашање: "Зошто дрско ги лажеше битолчани дека се ќе направи за Битола да има почист амбиентален воздух, вклучувајќи ја и реконструкцијата на електростатските филтри во РЕК Битола?" Прашања за Ковачевски има уште, ама за да остане концентриран, нека им одговори на граѓаните само на ова едно прашање, се разбира откако претходно ќе се тргне од директорската позиција во ЕЛЕМ, изјави Васко Мавровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitola-vmro-dpmne-kovachevski-mora-da-se-soochi-so-pravdata-i-da-odgovara-za-reketot/feed/ 0