ковакс механизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Sep 2021 11:04:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковакс механизам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-pristignat-110-612-vakcini-fajzer-preku-kovaks-mehanizmot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-pristignat-110-612-vakcini-fajzer-preku-kovaks-mehanizmot/#respond Wed, 22 Sep 2021 11:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=566835

Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои нашата земја ги купи преку Ковакс механизмот. До крајот на годината, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација. Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-pristignat-110-612-vakcini-fajzer-preku-kovaks-mehanizmot/feed/ 0
Тедрос: Преку програмата Ковакс за една недела испорачани 20 милиони дози вакцини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-preku-programata-kovaks-za-edna-nedela-isporachani-20-milioni-dozi-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-preku-programata-kovaks-za-edna-nedela-isporachani-20-milioni-dozi-vakcini/#respond Sat, 06 Mar 2021 08:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=478058

Во првата недела од дистрибуцијата на вакцините против коронавирусот  преку меѓународната програма Ковакс во 20 сиромашни земји низ светот се испорачани 20 милиони дози вакцини, соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејесус. -Ковакс испорача вкупно 20 милиони дози на вакцина во 20 земји, рече Тедрос на прес-конференција. Следната недела, преку програмата ќе се испорачаат уште 14,4 милиони дози на вакцини во уште 31 земја, додаде директорот на СЗО, со што вкупниот број на земји во кои ќе се достават вакцини преку овој систем ќе се зголеми на 51, додаваат британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tedros-preku-programata-kovaks-za-edna-nedela-isporachani-20-milioni-dozi-vakcini/feed/ 0
СЗО: На Ковакс механизмот му треба итно финансирање од четири милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-na-kovaks-mehanizmot-mu-treba-itno-finansiranje-od-chetiri-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-na-kovaks-mehanizmot-mu-treba-itno-finansiranje-od-chetiri-milijardi-dolari/#respond Wed, 30 Dec 2020 15:04:13 +0000 https://kurir.mk/?p=450375

На меѓународниот механизам за пристап до вакцините против коронавирус – Ковакс му треба итно финансирање од над четири милијарди долари, изјави денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус преку видео обраќање до светската заедница во врска со првата годишнина од информацијата добиена во СЗО од Кина за избувнување „пневмонија од непознато потекло“ – болеста која подоцна беше наречена Ковид-19. – За да го заштитиме светот, треба да обезбедиме имунизација на сите луѓе кои се во ризична група, не само во земјите што можат да си дозволат да купат вакцина. За таа цел, на механизмот Ковакс итно му се потребни повеќе од четири милијарди долари за купување вакцини за земји со ниски приходи, рече Гебрејесус. Според него, ова е предизвик што мора да се исполни во 2021 година. Генералниот директор на СЗО ја повика меѓународната заедница да работи заедно за зајакнување на здравјето ширум светот. – Историската скала на здравствената криза во 2020 година ни покажа колку сме тесно поврзани, рече Гебрејесус. Според него, „светлината во тунелот веќе се гледа“ и ние мора „заедно да одиме по патот“. Светската здравствена организација придава големо значење на механизмот Ковакс, во кој учествуваат 190 земји и економии. На 18 декември беше соопштено дека производителите задржале околу две милијарди дози вакцини. Ковакс е механизам за поддршка на создавање производствени капацитети и централизирани набавки. Според планот, во рамките на механизмот, до крајот на 2021 година, треба да се произведат две милијарди дози вакцини и да се дистрибуираат рамномерно низ целиот свет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-na-kovaks-mehanizmot-mu-treba-itno-finansiranje-od-chetiri-milijardi-dolari/feed/ 0