Ковид-19 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Nov 2023 10:42:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ковид-19 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК ја одобри третата подобрена вакцина против Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-odobri-tretata-podobrena-vaktsina-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-odobri-tretata-podobrena-vaktsina-protiv-kovid/#respond Wed, 01 Nov 2023 10:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=895306

Европската комисија објави дека ја одобрила третата подобрена вакцина против Ковид, произведена од Новавакс. Вакцината дека се препорачува лицата над 12 години - само една доза, без разлика дали претходно биле имунизирани. Комисијата појаснува дека настојува да обезбеди вакцини прилагодени на новите соеви на вирусот Ковид за оние за кои се препорачува имунизација. Станува збор за лица со слаб имунитет, постари лица над 65 години, трудници и здравствени работници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ja-odobri-tretata-podobrena-vaktsina-protiv-kovid/feed/ 0
Истрага во Обединетото Кралство заради одлуките за „затворање“ поврзани со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istraga-vo-obedinetoto-kralstvo-zaradi-odlukite-za-zatvorane-povrzani-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istraga-vo-obedinetoto-kralstvo-zaradi-odlukite-za-zatvorane-povrzani-so-kovid-19/#respond Tue, 03 Oct 2023 07:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=884473

Политичките одлуки околу „заклучувањата, односно т.н. локдаун) ограничувањата за патување и физичкото дистанцирање за време на пандемијата на коронавирус ќе бидат под микроскоп со почетокот на следната фаза од истрагата за Ковид-19 во Велика Британија. Работата на владата на Обединетото Кралство за време на кризата ќе биде под лупа во текот на следните недели, бидејќи истрагата ги испитува клучните одлуки во Вестминстер помеѓу јануари 2020 и февруари 2022 година, кога беа укинати конечните ограничувања поради Ковид-19 во Англија. Истрагата, предводена од бароницата Хедер Халет, ќе ги испита и одлуките зад регионалните ограничувања, работа од дома нарачки; совети за носење маски и гранични контроли, јави ДПА. Ќе ги испита податоците за моделите на научниците, кои дадоа проценки за трансмисијата на вирусот и стапката на смртност. Министрите и другите владини функционери се очекува да дадат докази за време на вториот модул од истрагата, насловен како „основното одлучување во Обединетото Кралство и политичкото управување“. Во улога на сведоци ќе има стручни советници, вклучително и членови на Научната советодавна група за итни случаи (SAGE); државни службеници и здравствени службеници од Националната здравствена служба (NHS), Одделот за здравство и социјална заштита и сега веќе непостоечката јавно здравство Англија. Истрагата соопшти дека „ќе посвети посебно внимание“ на одлуките донесени од тогашниот премиер Борис Џонсон и неговиот кабинет.  Клучниот доказ најверојатно ќе ги вклучи пораките на Џонсон во WhatsApp. Уредот што тој го користел за време на клучните периоди на пандемијата на коронавирус треба да содржи пораки кои се однесуваат на наредбата за три заклучувања во 2020 година, наведува Би-Би-Си. Истрагата ќе одржи и конкретни сослушувања за „стратешките и сеопфатните прашања“ во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Јавните расправи за вториот модул на истрагата ќе започнат денеска во Дорланд Хаус во Лондон. Јавната истрага не е судски случај или кривично судење и нема санкции на крајот од процесот. Претседавачот нема овластување да испрати некого во затвор или да изрече парична казна.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istraga-vo-obedinetoto-kralstvo-zaradi-odlukite-za-zatvorane-povrzani-so-kovid-19/feed/ 0
ВИДЕО: Доделена Нобеловата награда за медицина: добитниците развија вакцина против ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodelena-nobelovata-nagrada-za-meditsina-dobitnitsite-razvija-vaktsina-protiv-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodelena-nobelovata-nagrada-za-meditsina-dobitnitsite-razvija-vaktsina-protiv-kovid/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=884159

Добитници на овогодинешната Нобелова награда за физиологија и медицина се Каталин Карико и Дру Вајсман. Американски научник и унгарски биохемичар добија награда за нивниот придонес во развојот на mRNA вакцина против ковид, објави порталот Н1. Инаку, 113 Нобелови награди се доделени за физиологија и медицина од 1901 година, откако се доделува наградата. Најмладиот лауреат бил Фредерик Г.Бантинг, кој на само 32 години ја добил оваа награда за откривање на инсулин (1923 година), додека најстар бил тогаш 87-годишниот Пејтон Ројс. Тој беше награден во 1966 година за откривање на вируси кои предизвикуваат тумор, пренесува Н1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-dodelena-nobelovata-nagrada-za-meditsina-dobitnitsite-razvija-vaktsina-protiv-kovid/feed/ 0
Албанија: Расте бројот на заразени од Ковид, погодени и новороденчиња https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-raste-brojot-na-zarazeni-od-kovid-pogodeni-i-novorodenchina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-raste-brojot-na-zarazeni-od-kovid-pogodeni-i-novorodenchina/#respond Tue, 05 Sep 2023 10:57:10 +0000 https://kurir.mk/?p=874767

Во Албанија случаите на коронавирус секојдневно се зголемуваат, односно се зголемува инциденцата на зараза, при што на некои од заразените им е потребна хоспитализација, потврдуваат стручни лица од Институтот за јавно здравје. -Инциденцата е зголемена од 2,65 на 2,9 во текот на месец август на 100.000 жители. Не сме имале многу сериозни случаи, но во моментов треба да бидеме повнимателни бидејќи случаите почнаа нагло да се зголемуваат, изјави Ровена Даја, специјалист во Институт. Според неа повеќето од засегнатите се бебиња и новороденчиња. -Забележлива е заразата кај деца, бидејќи нивните мајки не примениле вакцина против Ковид-19 во текот на бременоста и се незаштитени, а имаме и бебиња кои првпат доаѓаат во контакт со вирусот, рече Даја. Со доаѓањето на есенската сезона и присуството на нова варијанта во оптек, се очекува да се зголемат и случаите. -Нова варијанта кружи низ сите европски земји, но не знаеме дали оваа варијанта е пристигната во Албанија. Дури и да дојде, тоа е подваријанта на Омикрон и вакцината што ја имаме заштитува. Во ЈЗУ ја добивме опремата и персоналот е обучен во виролошката лабораторија и во октомври верувам дека ќе направиме секвенционирање за да видиме дали новите случаи се од нова варијанта или не, додава таа. Таа апелира да се применат бустер дози, особено за ризичните групи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-raste-brojot-na-zarazeni-od-kovid-pogodeni-i-novorodenchina/feed/ 0
Џил Бајден позитивна на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhil-bajden-pozitivna-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhil-bajden-pozitivna-na-koronavirus/#respond Tue, 05 Sep 2023 07:03:14 +0000 https://kurir.mk/?p=874623

Првата дама на САД, Џил Бајден е позитивна на Ковид-19, објави вчера Белата куќа. -Оваа вечер, првата дама беше позитивна на Ковид-19. Таа моментално има само благи симптоми. Ќе остане во нивниот дом во Рехобот Бич, Делавер, стои во соопштението од Белата куќа, и се додава дека претседателот Џо Бајден не е позитивен. Во овој момент нема промени во протоколите за Ковид во Белата куќа или во распоредот на претседателот, изјави пртеставник на администрацијата за Си-ен-ен. Минатото лето и првата дама и претседателот Бајден беа позитивна на Ковид-19 и двајцата закрепнаа по појава на благи симптоми на болеста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhil-bajden-pozitivna-na-koronavirus/feed/ 0
СЗО: Новиот сој на Ковид е „варијанта од интерес“, полесно се пренесува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-noviot-soj-na-kovid-e-varijanta-od-interes-polesno-se-prenesuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-noviot-soj-na-kovid-e-varijanta-od-interes-polesno-se-prenesuva/#respond Fri, 11 Aug 2023 11:56:07 +0000 https://kurir.mk/?p=865873

Светската здравствена организација новата подваријанта на ковид ЕГ.5, неофицијално наречена Ерис, ја прогласи за „варијанта од интерес“, повикувајќи ги земјите да обрнат внимание во време кога бројот на заразени луѓе во светот се зголемува. „Варијанти од интерес“ се оние соеви за кои е познато дека полесно се пренесуваат, предизвикуваат потешки форми на болести или го заобиколуваат имунолошкиот систем и се шират во неколку различни земји, јави Би-Би-Си. СЗО oбјави дека подваријантата EG.5 не претставува голема закана за јавното здравје и дека нема докази дека предизвикува потешка болест во споредба со другите варијанти кои моментално циркулираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-noviot-soj-na-kovid-e-varijanta-od-interes-polesno-se-prenesuva/feed/ 0
Корона вирусот повторно напаѓа, ни следат ли нови карантини?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/korona-virusot-povtorno-napaga-ni-sledat-li-novi-karantini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/korona-virusot-povtorno-napaga-ni-sledat-li-novi-karantini/#respond Fri, 11 Aug 2023 08:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=865756

Во Британија во последните недели има зголемување на бројот на заразени со Ковид, а се проценува дека повеќе од 800.000 луѓе се заразени со новиот вид. Еден од седум случаи на национално ниво сега се припишува на новиот вид на Ерис, а бројот на инфекции продолжува да расте кај сите возрасни групи. Ерис, која е омикронската подваријанта која е обвинета за скокот на инфекциите, пристигна во Велика Британија на почетокот на мај и Светската здравствена организација ја додаде на својата листа како EG.5.1. Засега тоа не се смета за причина за загриженост, пренесува Нова.рс. „Видовме мало зголемување на стапките на прием во болница кај повеќето возрасни групи, особено кај постарите лица. Целокупните нивоа на прием остануваат екстремно ниски и во моментов не гледаме слично зголемување на приемите во ICU. Ќе продолжиме внимателно да следиме“, рече Мери Ремзи, раководител на имунизација во Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство. Постојат голем број на симптоми на кои лекарите велат дека треба да внимавате со овој вид на вирус. Најчесто се слични на веќе познатите симптоми на омикрон - болки во грлото, течење на носот, затнат нос, кивање, кашлица, главоболка, засипнатост, болки во мускулите и промени во сетилото за мирис. Сепак, отежнато дишење, губење на мирис и треска повеќе не се меѓу главните симптоми. Професорката Кристина Пагел смета дека постои опасност од нови соеви поради слабеењето на имунитетот и лошите временски услови. Зборувајќи за The Independent, таа рече дека мисли дека има „дефинитивно уште еден бран“ во Британија. „Влажното време во последните неколку недели веројатно не помага со тоа што ги задржува луѓето внатре. Ерис веројатно ќе биде доминантна до септември, кога децата ќе се вратат на училиште, а возрасните ќе одат на работа или на факултет, а ние ќе почнеме да поминуваме многу повеќе време внатре“. „Вкупниот број на инфекции е сè уште низок, но ова е повик за будење што нагласува дека не можеме да бидеме самозадоволни кога станува збор за Ковид. Треба да внимаваме на новите варијанти и да бидеме внимателни додека се подготвуваме за неизбежниот пораст на инфекциите во текот на есен/зима“, изјави вирологот Лоренс Јанг за MailOnline. Симптоми на Ерис: Воспалено грло Течење на носот Затнат нос Кивање Сува кашлица Главоболка Влажна кашлица Засипнатост Болка во мускулите Промени во сетилото за мирис]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/korona-virusot-povtorno-napaga-ni-sledat-li-novi-karantini/feed/ 0
Силен ковид бран во Кина: До крајот на јуни во земјата ќе има десетици милиони случаи неделно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-kovid-bran-vo-kina-do-krajot-na-juni-vo-zemjata-ke-ima-desetitsi-milioni-sluchai-nedelno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-kovid-bran-vo-kina-do-krajot-na-juni-vo-zemjata-ke-ima-desetitsi-milioni-sluchai-nedelno/#respond Fri, 26 May 2023 10:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=839021

Кинеските здравствени власти денеска предупредија дека главниот град Пекинг се соочува со нов, силен бран на случаи на Ковид-19, а истото се случува и во голем дел од земјата, јави ДПА. На училиштата во некои делови од земјата им е кажано да преземат мерки на претпазливост. Водечкиот кинески епидемиолог Жонг Наншан очекува околу 65 милиони нови случаи на коронавирус неделно на крајот на јуни, кога очекува бранот да го достигне врвот, јавуваат државните медиуми. Жонг проценува дека сега има околу 40 милиони случаи неделно. Експертите сметаат дека меѓу 80 и 90 отсто од сите 1,4 милијарди Кинези биле заразени во бранот на коронавирус во декември и јануари, но нивото на имунитетот сега се смета дека е намалено. Сè уште нема официјални податоци за бројот на починати од вирусот во текот на зимата. Според проценките на странските експерти оваа бројка изнесува околу еден милион починати. Властите во средата го одложија редовното објавување на бројките за смртност за четвртиот квартал од 2022 година. Крематориумите во тоа време не можеа да се справат со мртвите. После три години, во декември Кина ненадејно се откажа од својата претходно строга стратегија за нулта-Ковид. Болниците беа лошо подготвени за последиците, посочува ДПА. Инфективен бран сличен на минатиот овој пат не се очекува, но здравствените власти предупредуваат дека во особена опасност се старите и болните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-kovid-bran-vo-kina-do-krajot-na-juni-vo-zemjata-ke-ima-desetitsi-milioni-sluchai-nedelno/feed/ 0
СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-proglasi-kraj-na-pandemijata-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-proglasi-kraj-na-pandemijata-na-koronavirusot/#respond Fri, 05 May 2023 14:43:46 +0000 https://kurir.mk/?p=831025

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на коронавирус, откако денеска соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација. Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради коронавирусот, потсетуваат британските медиуми. Ваквиот статус помогна меѓународното внимание да се фокусира на здравствената закана, како и да се зајакне соработката за вакцини и третмани. Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во оваа област, но коронавирусот сè уште е присутен, соопшти СЗО, иако тоа повеќе не претставува вонредна состојба. Во меѓувреме, над 6,9 милиони лица починаа од последиците на коронавирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-proglasi-kraj-na-pandemijata-na-koronavirusot/feed/ 0
Поголема депресија и анксиозност кај адолесцентите по пандемијата од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogolema-depresija-i-anksioznost-kaj-adolestsentite-po-pandemijata-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogolema-depresija-i-anksioznost-kaj-adolestsentite-po-pandemijata-od-kovid-19/#respond Wed, 03 May 2023 14:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=830197

За време на пандемијата од Ковид-19, адолесцентите се соочиле со драматичен прекин на нивните вообичаени дневни рутини и со поголеми предизвици во однос на менталното здравје во споредба со возрасните. Студиите потврдуваат дека долгата социјална изолација, затворањето на училиштата, прекинот во дневните рутини, несигурноста, грижата за здравјето и добросостојбата на членовите од семејството и блиските луѓе, имаа големо влијание врз менталното здравје на адолесцентите. Како последица на тоа, се зголемило и нивното чувство на депресија и анксиозност. Ова беше потенцирано на денешната конференција „Менталното здравје ги засега сите“, што се одржа во Скопје, а каде беа претставени резултатите од направени истражувања за менталното здравје. Секој трети адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Четириесет и два отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност. И покрај тоа, повеќе од половина од испитаниците што изјавиле дека имаат потреба од услуги за менталното здравје, не побарале такви услуги. Во истражувањето се наведува дека многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата, дури шестпати. Студиите покажуваат и дека повеќе од 54 отсто од младите мајки, кои пријавиле сериозни симптоми на депресија, не успеваат да воспостават емоционална врска со новороденчето што е клучен фактор за здравјето и развојот на детето, но, исто така и за менталното здравје и благосостојба на мајката. На денешната конференција, УНИЦЕФ, заедно со клучните чинители и партнери од земјата, отвори дискусија за системското зајакнување на поддршката на менталното здравје на децата и нивните семејства, со посебен осврт на зголемување на инвестициите во услугите за ментално здравје и психо-социјална поддршка, соодветен пристап кон менталното здравје во училиштата и во заедницата и промена на јавниот дискурс за да се намали стигмата поврзана со менталното здравје. УНИЦЕФ ги претстави клучните резултати од програмите за ментално здравје на децата и адолесцентите, вклучително и главните наоди од двете истражувања за менталното здравје, први од таков вид во земјата, што беа спроведени со финансиска поддршка од УСАИД и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија во текот на третата година од пандемијата со Ковид-19 во средината на 2022 година. Значаен аспект од поддршката на УНИЦЕФ за менталното здравје е децата да учат во училишта што обезбедуваат сигурна и заштитничка околина без насилство. Во тој контекст, УНИЦЕФ со поддршка од УСАИД работел со Бирото за развој на образованието за да им понуди можност на училиштата да промовираат позитивно ментално здравје и добросостојба, да ја зајакнат отпорноста и да градат животни вештини кај учениците, да се борат против стигмата и да го зајакнат пристапот до услуги за поддршка на менталното здравје. Како резултат на овие интервенции, 60 отсто од вработените во училиштата, вклучително и психолози и педагози, посетувале обука за воведување програма за ментално здравје и психо-социјална поддршка. Вкупно 3.000 наставници од одделенска настава биле обучени за примена на модулот за ментално здравје како дел од Националниот концепт за основно образование. Со финансиска поддршка од УСАИД и Европската унија, УНИЦЕФ исто така обезбедил поддршка за практичарите кои работат со најранливите групи деца и семејства. Повеќе од 100 социјални работници се здобиле со алатки за да ја подобрат сопствената психолошка издржливост и за да обезбедат подобар системски одговор на кризни ситуации. За потребите на децата и семејствата била воспоставена телефонска линија за психо-цосијална поддршка и совети за менталното здравје. Како еден од следните чекори по конференцијата за ментално здравје, УНИЦЕФ ќе продолжи со поддршката на унапредување на Националната стратегија за ментално здравје со фокус на четири области што бараат меѓу-секторска соработка. Доколку некој има потреба од психо-социјална помош или поддршка на менталното здравје, може да се јави на 072 912 676 за анонимен и доверлив совет од клинички психолози од Универзитетската клиника за психијатрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogolema-depresija-i-anksioznost-kaj-adolestsentite-po-pandemijata-od-kovid-19/feed/ 0