ковид билтен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Mar 2021 14:43:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид билтен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зошто се смени начинот на објавување на починатите од Ковид-19? МЗ ненадлежно, ИЈЗ молчи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-se-smeni-nachinot-na-objavuvanje-na-pochinatite-od-kovid-19-mz-nenadlezno-ijz-molchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-se-smeni-nachinot-na-objavuvanje-na-pochinatite-od-kovid-19-mz-nenadlezno-ijz-molchi/#respond Wed, 24 Mar 2021 10:43:50 +0000 https://kurir.mk/?p=487008

Веќе десетина дена Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје го променија начинот на кој досега информираа во дневниот ковид билтен за починатите лица. Од почеток на епидемијата со коронавирус во Македонија до 12-ти март, односно повеќе од една година дневната статистика која ја добиваа медиумите и објавената на официјалните профили на социјалните мрежи на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче беа исти. Но, од 13-ти март начинот на кој се објавуваат податоците кои се однесуваат на лицата кои починале како последница од коронавирус во изминатото деноноќие е променет. Покрај вкупниот број на починати, заклучно со 12-ти март, се објавуваа и податоци за бројот на починати пациенти по градови и нивната возраст по градови. Веќе следниот ден, 13 март начинот на објавување е променет. Имено, како што во продолжение може да се забележи, покрај вкупниот број на починати лица сега се објавува само најниската и највисоката старосна возраст на починатите пациенти, односно „од-до“. Нема податоци точно на која возраст се сите починати од девните извештаи, ниту пак лицата кои починале од одреден град на која возраст биле.     Во текот на вчерашниот ден Курир се обрати до Министерството за здравство од каде побаравме одговор од кои причини е направена промената. Оттаму одговорија дека МЗ не ја подготвува дневната статистика. -Министерството за здравство не ја подготвува дневната статистика туку објавува извештај што го добива од ИЈЗ. За детали околу извештајот обратете се во Институт за јавно здравје, одговорија од Министерството. Курир вчера се обрати и до ИЈЗ, но до објавување на овој текст одговор не добивме. Според податоците од вчерашниот извештај, најмладиот пациент кој ја загуби битката со коронавирусот имал само 29 години. Пред три дена, 35 годишен пациент беше најмладата жртва на Ковид-19 во дневниот извештај. Вчера Министерството за здравство го објави неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со кронавирусот во Македонија кој се однесува за периодот од 15-21 март. Извештајот за наведениот период регистрира зголемување на бројот на смртни случаи за 22,5 проценти во однос на претходната недела. Регистирани се 158 смртни случаи од 27 градови. ИЈЗ информира дека во однос на возраста, 135 лицa биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години. Од почеток на епидемијата во Македонија регистрирани се 3.528 смртни случаи. Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 27 смртни случаи кај здравствени работници (заклучно со 04.01.2021). Од пријавените случаи 188 починале во вонболнички услови, а 3.315 починале за време на хоспитализација (податоци кои се однесуваат заклучно со 21 март).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-se-smeni-nachinot-na-objavuvanje-na-pochinatite-od-kovid-19-mz-nenadlezno-ijz-molchi/feed/ 0