ковид болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Dec 2021 08:57:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОЖАР ВО КОВИД БОЛНИЦА ВО РУСИЈА: Се запалил апаратот за довод на кислород, две лица го загубија животот, https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-kovid-bolnica-vo-rusija-se-zapalil-aparatot-za-dovod-na-kislorod-dve-lica-go-zagubija-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-kovid-bolnica-vo-rusija-se-zapalil-aparatot-za-dovod-na-kislorod-dve-lica-go-zagubija-zivotot/#respond Fri, 24 Dec 2021 08:57:38 +0000 https://kurir.mk/?p=612461

Две лица загинаа денеска во пожар во Ковид болницата во Астрахан, на југот на Русија. Пожарот избувнал во одделението за интензивна нега, пренесува РИА Новости. Според првите информации се запалил апаратот за довод на кислород. Персоналот и пациентите се евакуирани од зградата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-kovid-bolnica-vo-rusija-se-zapalil-aparatot-za-dovod-na-kislorod-dve-lica-go-zagubija-zivotot/feed/ 0
Пожар во ковид-одделение во Сливен, загинаа три лица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-vo-kovid-oddelenie-vo-sliven-zaginaa-tri-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-vo-kovid-oddelenie-vo-sliven-zaginaa-tri-lica/#respond Sun, 14 Nov 2021 08:37:18 +0000 https://kurir.mk/?p=595221

Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во болница во Сливен. Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02.39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело, јави дописникот на МИА од Софија. Во болница се испратени две противпожарни екипи. За време на гаснењето на пожарот биле пронајдени две лица кои починале на самото место. Третиот пациент со амбулантно возило бил пренесен во Медицинскиот центар во Сливен со повеќе изгореници, а оттаму во специјализираната клиника за изгореници во Пловдив, но малку подоцна и тој починал. Бугарските медиуми јавуваат дека загинатите се мажи на возраст од 66, 70 и 81 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-vo-kovid-oddelenie-vo-sliven-zaginaa-tri-lica/feed/ 0
Пожар во ковид-болница во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-vo-kovid-bolnica-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-vo-kovid-bolnica-vo-bugarija/#respond Wed, 13 Oct 2021 06:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=578112

Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар. Само поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот брзо е локализиран во Одделот за ковид во болницата Русе. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која веднаш дала сигнал преку алармниот систем во болницата. Опожарени се неколку кревети, sидовите и апаратите со кислород во болничката соба. Четворицата пациенти не биле загрозени и тие веднаш биле префрлени во други простории. Раководството на болницата во Русе размислува да издаде наредба според која на пациентите не треба да им биде дозволено да носат запаливи уреди при влегување во медицинска установа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozar-vo-kovid-bolnica-vo-bugarija/feed/ 0
Скопје: Хоспитализирани нови 34 пациенти поради компликации од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-hospitalizirani-novi-34-pacienti-poradi-komplikacii-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-hospitalizirani-novi-34-pacienti-poradi-komplikacii-od-kovid-19/#respond Fri, 07 May 2021 08:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=506953

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 384 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 49 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекува 131 пациент. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 119 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 110 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 9 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 8 болни. Вкупно 384 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 332 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-hospitalizirani-novi-34-pacienti-poradi-komplikacii-od-kovid-19/feed/ 0
Здравствениот систем оптоварен: Активни 21.265 случаи на коронавирус, Македонија надмина 4.000 починати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveniot-sistem-optovaren-aktivni-21-265-sluchai-na-koronavirus-makedonija-nadmina-4-000-pochinati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveniot-sistem-optovaren-aktivni-21-265-sluchai-na-koronavirus-makedonija-nadmina-4-000-pochinati/#respond Wed, 07 Apr 2021 05:37:52 +0000 https://kurir.mk/?p=493413

Дополнителни рестриктивни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид-19 се во сила по огромниот наплив на пациенти во болниците во изминатиот период, каде моментно се хоспитализирани 1744. Надлежните велат дека интервенирале со ангажирање дополнителни одделенија, инсталирање кислород, екстра кадар по системот на ротација за да се одржи здравствениот систем и за секој пациент да се обезбеди болнички кревет. Тековната недела надлежните ја окарактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи во државава достигна 21.265. Во претходното деноноќие, беа регистрирани нови 1259 случаи на коронавирусот од направени 4.555 тестирања. Починаа 45 лица, а оздравени се 751 пациент. Во меѓувреме и вчера продолжи масовната вакцинација против Ковид-19 во салата „Борис Трајковски“ и во сите здравствени домови ширум државата. Од близу 2 800 веќе закажани граѓани, 2 500 се вакцинирале. Министерот за здравство Венко Филипче укажа дека сега сме во период кога е навистина оптоварен здравствениот систем, а пред нас се празници. – Имајќи го предвид искуството од минатата година кога ваквите празници конкретно рамазанските пости и Велигден во истиот период, сериозно ја искомплицираа и ја усложнија епидемиолошката ситуација, сметаме дека доколку тоа сега се случи со веќе оптоварен здравствен систем, тоа ќе биде кризна ситуација што тешко ќе се менаџира. Тоа е причината за воведувањето дополнителни рестриктивни мерки со цел овој трет и досега најсилен бран на Ковид-19 на некој начин забрзано да го завршиме. Верувам дека граѓаните ќе се придржуваат до сите овие мерки. Мора да сме свесни дека со сопственото однесување, одговорност, носењето маска и одржувањето дистанца придонесуваме за што пократко време да заврши и овој бран, изјави Филипче. Тој потенцира дека оптимумот, бројот кој сакаат да се постигне е да имаме околу 7000 вакцинирани граѓани на ден. Филипче информира дека вчера немало никаков проблем околу вакцинирањето и издрази надеж оти така ќе продолжи и во следниот период. Филипче истакна дека близу 13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со завчерашниот ден и освен два случаи на колапс, кои, како што рече, што не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади, тука во салата „Борис Трајковски“, други несакани ефекти нема. Во однос на досега вакцинираните, министерот посочи дека нема препорака дека нешто треба да се прави по добиената вакцина, како превенција или некои контролни прегледи. Над 90 проценти од сите здравствени работници, кои што работат со ковид веќе се вакцинирани и ревакцинирани, а околу 20 проценти на веќе закажани граѓани не се јавуваат на пунктовите за вакцинација. Во однос на вакцинирањето на припадниците на МВР и Армијата, според Филипче, имало голем интерес и согласно расположливите вакцини, а приоритетни групи во Армијата и во полицијата ќе бидат тие коишто се најекспонирани и имаат најмногу контакти во текот на денот. Во останатите институции се пријавуваат вработените над 50 години кои имаат одредени коморбидитети и така се регрутирале пријавените од МТСП, вработените во градинки, од МОН – наставниците од прво до трето одделение. Освен некои од информациите на социјалните мрежи, Филипче рече дека досега не виделе силна антиваксерска кампања. – Апелирам граѓаните да се свесни дека ова е единственото оружје со кое ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Не само кај нас, секаде во светот. Сите вакцини се безбедни. Таму, каде што има сомнежи, сме внимателни и чекаме соодветни препораки и мислења, и ова е единственото нешто кое што можеме да го направиме да го зачуваме сопственото здравје, рече министерот за здравство Филипче. Во болниците низ земјава хоспитализирани се 1744 ковид-пациенти и има околу 230 празни болнички кревети. На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 692 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19. Во ковид центрите во другите градови, пак, се лекуваат вкупно 1052 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, најмногу во Прилеп 145, во Струмица 116, Охрид 105, Велес 103, во Куманово и Штип по 93 и Кавадарци 73 пациенти. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 136.426, на оздравени е 111.139, а на починати 4.022. Досега во земјава се направени вкупно 647.559 тестирања за Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveniot-sistem-optovaren-aktivni-21-265-sluchai-na-koronavirus-makedonija-nadmina-4-000-pochinati/feed/ 0
„Се е под контрола“: Пуштена во употреба модуларната ковид болница во Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-e-pod-kontrola-pushtena-vo-upotreba-modularnata-kovid-bolnica-vo-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-e-pod-kontrola-pushtena-vo-upotreba-modularnata-kovid-bolnica-vo-kochani/#respond Sat, 20 Mar 2021 13:20:15 +0000 https://kurir.mk/?p=485267

Модуларната ковид болница во Кочани, прва во источниот регион, денеска е пуштена во употреба. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата по што изјави дека веќе од понеделник таа ќе може да ги прими првите пациенти. Објектот, кој е сместен во кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани, има капацитет од 35 болнички кревети, од кои пет за интензивна нега на тешко болни, а располага и со неопходната опрема за дијагностицирање. -Оваа болница е од големо значење со оглед што опслужува пациенти од целиот источен регион, тука доаѓаат пациенти не само од Кочани, туку и од Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица и соседните општини. Во Општа болница беше инвестирано и претходно, независно од овој дел, веќе е набавен нов апарат за анестезија, стигната е и донација од Јапонската амбасада за ехо апарат. Секако, и модуларната болница ќе биде опремена со дополнителен ехо апарат, со сите сонди, подвижен дигитален рендген уред, што ќе служи за потребите не само на ковид – центарот, туку и за другите специјалности, истакна министерот Филипче. Додаде дека Министерството за здравство ќе помогне во обновувањето на дел од возниот парк за потребите на Итната медицинска помош во кочанската болница, со оглед што за краток период таа остана без две возила што беа целосно оштетени во сообраќајни несреќи. Во наредниот период за потребите на Општата болница ќе биде распишан оглас за нови вработувања на 50 лица, стручен и технички кадар. Директорот на Општа болница со проширена дејност, Александар Серафимов нагласи дека новата модуларна болница заедно со болничките легла на другите одделенија, ќе овозможи проширување на капацитетот за прием на шеесетина ковид пациенти од регионот. Освен тоа, се очекува во одделот за интензивна нега наскоро да се инсталира опрема за централна кислородна поддршка. Благодарност до Министерството за здравство за инвестицијата во модуларната ковид болницаупти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој истакна дека нејзината изградба заврши во предвидениот рок, при штоОпштина Кочани ги обезбеди потребните технички услови, платформа со приклучоци за вода и канализација. По предавањето во употреба на модуларната болница, членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани го пречекаа министерот Филипче, при што упатија критики за кадровските, техничките и просторните недостатоци во Општата болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-e-pod-kontrola-pushtena-vo-upotreba-modularnata-kovid-bolnica-vo-kochani/feed/ 0
ЕГИПЕТ ЗАВИЕН ВО ЦРНО -пожар во Ковид болница одзеде најмалку 7 животи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egipet-zavien-vo-crno-pozar-vo-kovid-bolnica-odzede-najmalku-7-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egipet-zavien-vo-crno-pozar-vo-kovid-bolnica-odzede-najmalku-7-zivoti/#respond Sat, 26 Dec 2020 16:06:39 +0000 https://kurir.mk/?p=448803

На одделението за интензивна нега во египетска болница каде се лекуваат пациенти заразени со коронавирус, денеска изби пожар, а во несреќата загинаа најмалку 7 лица. Локалната полиција соопшти дека оваа несреќа се случила во приватна болница во предградие на Каиро, а во пожарот се повредени уште најмалку пет лица. Пожарникарите успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, а според првичните резултати пожарот бил предизвикан од краток спој на електрична инсталација. Инаку, во Египет досега се потврдени 130,126 случаи на коронавирус, а како последица на вирусот починаа 7,309 лица. Меѓутоа, поради малиот број на тестирања, се смета дека бројките во оваа држава која има популација од над 100 милиони жители се далеку поголеми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egipet-zavien-vo-crno-pozar-vo-kovid-bolnica-odzede-najmalku-7-zivoti/feed/ 0
За рекордни четири месеци во Србија изградена ковид болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-rekordni-chetiri-meseci-vo-srbija-izgradena-kovid-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-rekordni-chetiri-meseci-vo-srbija-izgradena-kovid-bolnica/#respond Wed, 02 Dec 2020 22:08:23 +0000 https://kurir.mk/?p=437868

Првите здравствени работници денеска ќе влезат во новата болница „Ковид“ во Батајница, а ќе биде вметнат и најголемиот дел од медицинската опрема. Првите пациенти може да влезат во болницата во следните неколку дена, според Прва телевизија! Изградбата на новата болница Ковид во Батајница, која ќе биде опремена со најсовремена опрема, започна на 1 август. Според најновите податоци, презентирани од претседателот Александар Вучиќ за време на обиколката на работите, ковидниот дел ќе има 200 кревети на интензивна нега, а исто така ќе има и 500 кревети на полуинтензивна нега. Вредноста на работите чини четири милијарди динари, плус уште две милијарди за опрема, или вкупно околу 70 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-rekordni-chetiri-meseci-vo-srbija-izgradena-kovid-bolnica/feed/ 0
Албанија ја отвори четвртата ковид болница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-otvori-chetvrtata-kovid-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-otvori-chetvrtata-kovid-bolnica/#respond Tue, 01 Dec 2020 11:48:53 +0000 https://kurir.mk/?p=436860

Поради трендот на зголемување на бројот на заразените со Ковид-19, посебно на лицата на кои им е потребно болничко лекување, албанските власти ја отворија четвртата ковид болница, каде се хоспитализирани првите пациенти. -Ја отворивме болницата Ковид-4 по интензивна работа во изминатите денови. Опфаќањето на четири болници е дел од нашата стратегија. Ова се случи како последица на зголемувањето на бројот на пациенти и пополнувањето на капацитетите во останатите три болници. Ова е последователна структура што се става на услуга на граѓаните, вели Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјална заштита во видеозапис што го објави на социјалните мрежи. Во оваа болница на располагање има 100 кревети и по нејзиното отворање, според министерката, се подготвуваат и за други сценарија за олеснување на здравствениот систем и во служба на граѓаните. -Работиме на отворање на ковид центри во регионалните болници, како дел од планот од самиот почеток, за справување во периодот есен-зимата. Со посветеност на медицинскиот персонал, со трпеливост и солидарност на сите, заедно ќе ја добиеме оваа војна со невидливиот непријател, порачува министерката. Трите ковид болници, односно Инфективната клиника, болницата „Шефќет Ндроќи“ и онаа во поранешното хируршко одделение во универзитетската клиника „Мајка Тереза“, располагаат со 500 болнички кревети. Од неодамна во континуитет бројот на заразени се зголемува а со тоа и на оние на кои им е потребен болнички третман. Лекари непосредно ангажирани во лекувањето на ковид пациенти бараа отворање на четвртата болница, бидејќи, како што тие тврдеа „болни во тешка форма на болеста, остануваат во амбулантни возила, каде им се дава потребната услуга, до ослободување легло во болниците“. Во последните десетина дена, во зависност од бројот на направените тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 545 до 835, но процентот е константен 30 отсто од тестраните. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ja-otvori-chetvrtata-kovid-bolnica/feed/ 0
Експлозија и пожар во ковид болницата во Ниш, четворица повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-i-pozar-vo-kovid-bolnicata-vo-nish-chetvorica-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-i-pozar-vo-kovid-bolnicata-vo-nish-chetvorica-povredeni/#respond Sun, 22 Nov 2020 14:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=432850

Четири лица се повредени во експлозија и пожар во новата ковид болница во Клиничкиот центар во Ниш. Како што јавува белградска ТВ Н1, повредени се тројца медицински работници и еден пациент. До пожарот е дојдено кога експлодирала боца со кислород и тој бил брзо изгаснат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-i-pozar-vo-kovid-bolnicata-vo-nish-chetvorica-povredeni/feed/ 0