ковид центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Apr 2022 12:02:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови 195 позитивни на коронавирус, 29 реинфекции и две починати лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-195-pozitivni-na-koronavirus-29-reinfekcii-i-dve-pochinati-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-195-pozitivni-na-koronavirus-29-reinfekcii-i-dve-pochinati-lica/#respond Wed, 06 Apr 2022 12:02:51 +0000 https://kurir.mk/?p=659187

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.249 тестови, а регистрирани се 195 нови случаи на КОВИД-19. Скопје – 107, Битола – 16, Охрид – 11, Прилеп и Кавадарци – по 9, Велес, Струмица и Делчево – по 4, Гостивар, Кичево, Кочани и Крушево – по 3, Куманово, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 2, Тетово, Струга, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 1. Од вкупниот број на позитивни (195), регистрирани се 29 реинфекции. Регистрирани сe 207 оздравени пациенти од: Скопје – 117, Битола и Кавадарци – по 15, Охрид – 11, Струга – 7, Куманово – 6, Прилеп – 5, Велес – 4, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 3, Делчево, Гостивар, Штип, Валандово и Неготино – по 2, Радовиш и Берово – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од Скопје (71г и 85г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид (83г), починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (3) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети. Направени се 2.249 тестови преку: ИЈЗ-259, ЦЈЗ Скопје-83, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–8, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–176, Жан Митрев (Филип Втори)-36, Авицена-48, Биотек-44, Систина-32, лабораторија Лаор-59, Синлаб-8, Ремедика-22, Плодност-22, Генеа-7, Никоб Лаб-187, ВФВ Медикал-21, Ели Медика Плус-21, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–5, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.010. Досега во земјата се направени вкупно 1.974.520 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.142, бројот на оздравени пациенти е 296.373, на починати е 9.234, а бројот на активни случаи изнесува 1.535]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-195-pozitivni-na-koronavirus-29-reinfekcii-i-dve-pochinati-lica/feed/ 0
Ковид центрите најпогодени од екстремно високите сметки за струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovid-centrite-najpogodeni-od-ekstremno-visokite-smetki-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovid-centrite-najpogodeni-od-ekstremno-visokite-smetki-za-struja/#respond Wed, 23 Mar 2022 17:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=652179

Новите цени за електрична енергија ги зголеми и сметките во болниците во клиничкиот центар Мајка Тереза, ГОБ„8 Септември“ и градската болница „Наум Охридски“, објавува Канал 5. Највисоки сметки за струја добија Инфективната клиника скоро 27 илјади евра за еден месец, а ГОБ „8 Септември“ има долг од 240 илјади евра за струја и гас. Од Инфективната клиника велат за две години се потрошени 730 илјади евра за набавка на кислород кој беше потребен скоро на секој пациент во болницата. Високата бројка на ковид пациенти и нивното лекување донесе екстремно високи сметки во потрошуваката. Од инфективна клиника објаснуваат дека се работи на реорганизација, но наредно за менување и реновирање е и опремата во ковид болниците што беа максимално искористени. Извори за Канал 5 објаснија дека во наредните денови треба да се одржи состанок помеѓу ЕЛЕМ и министерствотро за здравство .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovid-centrite-najpogodeni-od-ekstremno-visokite-smetki-za-struja/feed/ 0
Кардиоваскуларната болница во Охрид станува ковид центар: Расте бројот на заболени, проблеми и со персонал https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kardiovaskularnata-bolnica-vo-ohrid-stanuva-kovid-centar-raste-brojot-na-zaboleni-problemi-i-so-personal/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kardiovaskularnata-bolnica-vo-ohrid-stanuva-kovid-centar-raste-brojot-na-zaboleni-problemi-i-so-personal/#respond Fri, 28 Jan 2022 13:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=623954

Од понеделник Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид повторно ќе работи како ковидцентар, поради зголемениот број лица инфицирани со коронавирусот во градот. Според последните податоци, во Општата болница во Охрид се сместени 43 лица заболени од Ковид-19 така што се пополнети капацитетите на установата за прием и третман на тој вид пациенти. Директорот на Општата болница, Горан Балевски, вели дека притисокот врз установата е голем, со дневно и над 150 амбулантски прегледи, а исполнети се одделенијата за инфективни и интерни болести. Тој појаснува дека установата нема доволно персонал за да ја опслужува модуларната болница, заболени со Ковид-19 има и меѓу вработените, а проблемот со персонал на постоечките одделенија се решава со ротации. Моментално во Охрид се регистрирани 370 активни случаи на лица инфицирани со Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kardiovaskularnata-bolnica-vo-ohrid-stanuva-kovid-centar-raste-brojot-na-zaboleni-problemi-i-so-personal/feed/ 0
Починаа две лица во штипскиот ковид центар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochinaa-dve-lica-vo-shtipskiot-kovid-centar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochinaa-dve-lica-vo-shtipskiot-kovid-centar/#respond Sat, 27 Nov 2021 14:58:52 +0000 https://kurir.mk/?p=600684

Две лица на возраст од 51 и 79 години од Радовиш и селото Подареш заболени од Ковид-19 починаа во ковид центарот во Штип. Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во извештајот наведува дека се намалува бројот на хоспитализирани пациенти. Во инфективното одделение се лекуваат 39, а на Кожното одделени еден пациент, но загрижува тоа што 33 пациенти се на постојана кислородна поддршка. Притисокот за болничко лекување е намален, па во овој ковид центар сега слободни места има за 30 пациенти. Во 11 општини во Брегалничкиот регион има 776 активни случаи, од кои најмногу над 200 има во Штип и Кочани, па следува Делчево, додека во останатите општини бројките се двоцифрени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochinaa-dve-lica-vo-shtipskiot-kovid-centar/feed/ 0
Пациентите оставени сами на себе: Ова се случува во модуларната болница во Скопје! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientite-ostaveni-sami-na-sebe-ova-se-sluchuva-vo-modularnata-bolnica-vo-skopje-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientite-ostaveni-sami-na-sebe-ova-se-sluchuva-vo-modularnata-bolnica-vo-skopje-video/#respond Mon, 13 Sep 2021 15:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=563147

Фејсбук страницата „Duam Çair të pastër“ објавија видео на кое се гледа што навистина се случува во модуларната болница во Скопје. На видеото може да се види како на пациентите во модуларната болница во Скопје нема никој да им помогне.Каде е персоналот? -Ова се случува во модуларната болница во Скопје, напиша страната. Тие пишуваат дека имале некој од нивното семејство во модуларната инфективна болница и дека немало кој да им помогне, персонал или пак медицинска сестра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientite-ostaveni-sami-na-sebe-ova-se-sluchuva-vo-modularnata-bolnica-vo-skopje-video/feed/ 0
Владата прифати: Странски експерти за истраги при експлозии и пожари ќе се вклучат во истрагата за пожарот во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-prifati-stranski-eksperti-za-istragi-pri-eksplozii-i-pozari-kje-se-vkluchat-vo-istragata-za-pozarot-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-prifati-stranski-eksperti-za-istragi-pri-eksplozii-i-pozari-kje-se-vkluchat-vo-istragata-za-pozarot-vo-tetovo/#respond Thu, 09 Sep 2021 10:41:05 +0000 https://kurir.mk/?p=561457

Владата на денешната седница донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, стои во владиното соопштение. Донесен е и заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки. -Владата ги задолжи надлежните институции да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок, се наведува во соопштението. На седницата Владата донесе одлука за прогласување тридневна жалост на територија на цела држава, почнувајќи од денеска. Претходно тридневна жалост прогласи и Општина Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-prifati-stranski-eksperti-za-istragi-pri-eksplozii-i-pozari-kje-se-vkluchat-vo-istragata-za-pozarot-vo-tetovo/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: 14 загинати, 12 повредени во вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-14-zaginati-12-povredeni-vo-vcherashniot-pozar-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-14-zaginati-12-povredeni-vo-vcherashniot-pozar-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/#respond Thu, 09 Sep 2021 08:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=561358

Министерството за здравство информира дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. -Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност, велат од Министерството. Од МЗ посочуваат дека нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. -Министерството за здравство изразува сочувство до семејствата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан, порачаа од Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-14-zaginati-12-povredeni-vo-vcherashniot-pozar-vo-modularnata-bolnica-vo-tetovo/feed/ 0
Социјалните мрежи „вријат“, граѓаните бараат одговорност за пожарот: Очекуваме оставки (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/socijalnite-mrezi-vrijat-gragjanite-baraat-odgovornost-za-pozarot-ochekuvame-ostavki-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/socijalnite-mrezi-vrijat-gragjanite-baraat-odgovornost-za-pozarot-ochekuvame-ostavki-foto/#respond Thu, 09 Sep 2021 07:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=561302

Граѓаните се револтирани по вчерашниот пожар кој избувна во модуларната болница за ковид пациенти во Тетово, а во кој според досега официјалните информации животот го загубија 14 лица. Премиерот Зоран Заев синоќа на социјалните мрежи изрази сочувство со семејствата на починатите и истакна дека причините за пожарот ќе бидат утврдени. -Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово, објави вчера Заев. Граѓаните во коментари под оваа објава му порачаа дека одговорност за ваквата голема трагедија мора да има и дека очекуваат владата да си поднесе оставка. За денеска во 10 часот е најавена вонредна владина седница за пожарот во Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/socijalnite-mrezi-vrijat-gragjanite-baraat-odgovornost-za-pozarot-ochekuvame-ostavki-foto/feed/ 0
ОБВИНИТЕЛСТВОТО СО ДЕТАЛИ: 14 починати во пожарот, за дел од нив потребна ДНК анализа за утврдување на идентитетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-so-detali-14-pochinati-vo-pozarot-za-del-od-niv-potrebna-dnk-analiza-za-utvrduvanje-na-identitetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-so-detali-14-pochinati-vo-pozarot-za-del-od-niv-potrebna-dnk-analiza-za-utvrduvanje-na-identitetot/#respond Thu, 09 Sep 2021 07:05:06 +0000 https://kurir.mk/?p=561279

За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб, информираат од Обвинителството. Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. -Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал. До раните утрински часови, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот, се вели во соопштението на Обвинителството. Во исто време, издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот. Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а јавните обвинители заедно со експертите на МВР, ќе ги обезбедат доказите за целосно расчистување на трагичниот настан.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinitelstvoto-so-detali-14-pochinati-vo-pozarot-za-del-od-niv-potrebna-dnk-analiza-za-utvrduvanje-na-identitetot/feed/ 0
Најмалку 10 жртви од пожарот во тетовскиот Ковид-центар, најавена детална истрага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmalku-10-zrtvi-od-pozarot-vo-tetovskiot-kovid-centar-najavena-detalna-istraga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmalku-10-zrtvi-od-pozarot-vo-tetovskiot-kovid-centar-najavena-detalna-istraga/#respond Thu, 09 Sep 2021 06:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=561256

Најмалку 10 жртви однесе пожарот што избувна синоќа околу 21 часот во модуларната болница во Тетово. Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари со седум возила. Надлежните најавија детална истрага за утврдување на причините на пожарот, а за денеска е закажана и вонредна седница на Владата. – Во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот. Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените, соопшти доцна синоќа Владата. На терен, како што соопшти вчера Јавното обвинителство, работат тројца обвинители од Тетово и двајца обвинители од Скопје. – Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, информираше Јавното обвинителство на Северна Македонија. Премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче веднаш по несреќата се упати кон Тетово, најави брза и детална истрага. – Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен. Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација, напиша Заев на Фејсбук. Првичните официјални информации од Министерството за здравство се дека има десет починати, но министерот за здравство Венко Филипче во статус на Твитер напиша дека бројката може да порасне. – Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, напиша Филипче. Сочувство до семејствата на починатите изразија и претседателот на државата Стево Пендаровски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. -Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати апел за итна и брза мобилизација на институциите. Тој на својот фејсбук профил напиша дека ВМРО-ДПМНЕ се става на располагање да помогне во надминување на состојбата. Набрзо по локализирање на пожарот, беше формиран Кризен штаб предводен од премиерот Зоран Заев, во кој се и Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Оливер Спасовски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Теута Арифи. Градоначалничката на Тетово, Арифи синоќа во изјава за медиумите посочи дека ќе се чекаат официјални информации за бројот на жртви и за целиот тек на истрагата. Дотогаш, како што рече, нема да се даваат изјави. – За жал, ова е сериозна, голема трагедија. Информациите ќе се чекаат откако обвинителите и сите други ќе си ја завршат својата работа, рече Арифи. Пожарот за речиси половина час го изгаснаа над 30 пожарникари. Според заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски, пламените јазици биле огромни. -Во 21 часот и две минути е пријавено дека гори модуларната болница во Медицински центар – Тетово. Екипите за три-четири минути пристигнаа на лице место со околу седум возила и над 30 пожарникари учествуваме од двете страни. Екипите кога пристигнаа, се беше во пламен. Тоа е внатрешно, не е надворешно. Се што е од наша страна употребено во 21 часот и 30 минути е локализиран пожарот. Во 21 часот и 45 минути е ликвидиран комплетно. Додека се гасеше пожарот, пламените јазици беа огромни, модуларната болница е се со пластика, се вадеа и жртви, изјави синоќа Трајчевски. Модуларната болница во Тетово е целосно изгорена. Имаше капацитет од 35 кревети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmalku-10-zrtvi-od-pozarot-vo-tetovskiot-kovid-centar-najavena-detalna-istraga/feed/ 0