ковид-криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 13 Aug 2022 15:50:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид-криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кој ќе одговара за сомнителните јавни набавки сред ковид криза? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-odgovara-za-somnitelnite-javni-nabavki-sred-kovid-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-odgovara-za-somnitelnite-javni-nabavki-sred-kovid-kriza/#respond Sat, 13 Aug 2022 15:50:20 +0000 https://kurir.mk/?p=718086

Обвинителството чека пријава за да реагира за сомнителните набавки за Ковид кризата. Од таму денес рекоа дека внимателно ги следат информациите околу можни злоупотреби на буџетски пари во тендерите, објави ТВ 24. Но нема конкретен одговор зошто ќе чекаат на полицијата и анткорупционерите кога имаат надлежности да реагираат. „Обвинителството очекува институциите во чија надлежност е откривање на кривични дела да постапат согласно своите надлежности и до обвинителството да достават соодветен поднесок по кој обвинителството понатаму ќе преземе дејствија за расчистување на случаите“ се вели во одговорот на ЈОРСМ. Во време на кризата како што вчера објави ТВ 24 тетовскиот Здравствен дом се подновил со опел кросовер, во кој освен додатоците поврзани со безбедноста се барале и кожен волан, вградени звучници и седум инчен екран на допир. „Предмет на постапката за јавната набавка е набавка на стоки - Моторни возила за службите патронажа и вакцинација за потребите на установата“, пишува во тендерската документација за набавка на возилото. Првиот човек на Здравствениот дом во Тетово најави писмено сооопштение за тоа дали автомобилот навистина се користи за намената за која е купен и зошто за луксуз се потрошиле над 20 илјади евра. Од Министерството за здравство се оградија бидејќи тендерите се обврска на секоја здравствена институција посебно и побараа да се истражи случајот. За наодите на ЦГК ќе расправаат наредната недела и анткорупционерите. Во меѓувреме се чека на разврска и на констатацијата на Државниот ревизор дека буџетот е во минус 23 милиони евра поради тоа што фирмите кои земаа помош од државата за време на ковид пандемијата не ја вратиле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-odgovara-za-somnitelnite-javni-nabavki-sred-kovid-kriza/feed/ 0
Се поголем број индустрии бараат помош поради загрозена егзистенција, сметаат дека државата ги заборавила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-pogolem-broj-industrii-baraat-pomosh-poradi-zagrozena-egzistencija-smetaat-deka-drzavata-gi-zaboravila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-pogolem-broj-industrii-baraat-pomosh-poradi-zagrozena-egzistencija-smetaat-deka-drzavata-gi-zaboravila/#respond Tue, 02 Feb 2021 07:20:35 +0000 https://kurir.mk/?p=462907

Во тек разговорите за новиот антикризен пакет, се зголемува бројот на индустрии што бараат помош Интензивно течат разговорите за новиот, петти антикризен пакет мерки што треба да обезбеди финансиска поддршка за граѓаните и стопанството. Според најавите, угостителството, транспортот, туризмот, тутунарите и медиумите ќе бидат во фокусот на петиот сет мерки, како директно најпогодени сектори на кои им е неопходна помош. Но, да бидат вклучени во антикризниот пакет побараа и други индустрии: музичарите, организаторите на настани и претставниците на фото и видео дејностите. Некои дури формираа и комори за здружено да делуваат. За новиот сет мерки вчера седница одржа и Економско-социјалниот совет. На седницата присуствуваа Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати и Организацијата на работодавачи. ССМ побара да продолжи финансиската поддршка за исплата на плати, но искажа и неколку други барања: надоместот на плата за отсуството од работа поради зараза од КОВИД, изолација и самоизолација да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон, спроведување јавни набавки од страна на државните органи исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите, работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години да бидат исплатени во висина на нивната плата, без нејзино намалување и истовремено да се води грижа за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по кој било основ, како и да имаат право на платено на породилно отсуство. – Точно 11 месеци сме соочени со невиден предизвик, 11 месеци сме без можност за работа и без остварување приходи, а не знаеме уште колку ќе трае кризата, реагираа компаниите членки на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП). Тие сметаат дека државата ги заборавила и дека не се третирани соодветно на состојбата во која се наоѓаат. Предупредуваат дека се пред колапс и оти мерките што досега ги понуди Владата не се доволни зашто намалувањето на прометот во нивниот сектор, како што велат, е и до 100 проценти. – Иако нашата работа подразбира гласност и многу врева, одлучивме во оваа криза да делуваме одговорно и тивко, со намера да покажеме дека сме конструктивен партнер во борбата против пандемијата. Но, тоа не значи дека треба да бидеме заборавени или игнорирани. Затоа, бараме итно и веднаш да бидеме издвоени како една од најзагрозените дејности од пандемијата, а во претстојниот пакет мерки за помош да бидеме вклучени соодветно на состојбата во која се наоѓаме, соопшти ИВАП. Претставниците на фотографската и видео дејноста, пак формираа Комора. Здружени, апелираа дека и тие се погодени од пандемијата, дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила. Затоа, како што нагласија, бараат да бидат опфатени со петтиот пакет антикризни мерки. Според Комората, голем дел од нејзините членки се микро и мали претпријатија со мал број вработени, еден до пет, па само со отпуштање на еден вработен не ги исполуваат условите за користење на владините мерки и условите за поволните кредити од Развојната банка. Поради откажаните настани и намалената работа, повеќето дуќани ги отпуштиле вработените, дел ги ставиле фирмите во мирување, а некои ги затвораат претпријатијата. -Нашите членови се колатерална штета на забраните кои се однесуват на угостителскиот сектор за организирање и одржување семејни веселби, прослави и настани. Ние како дејност која највеќе се занимава со фотографирање и видео снимање на погоре спомнатите настани, поради забраните ги изгубивме сите договорени настани за 2020 година, а овој тренд на откажување ќе продолжи и во 2021-ва ако пандемијата не се стави под контрола, напиша Комората во дописот до медиумите, изнесувајќи повеќе барања. Комората најави и дека деновиве, додека чека средба со надлежните по упатените барања, ќе направи статистика за претрпената штета во овој сектор од почетокот на пандемијата. -Да бидеме опфатени во петтиот пакет економски мерки како една од најзагрозените стопански дејности, да добиеме континуирана финансиска помош за исплата на плати до завршување на пандемијата и до изготвување протоколи за свадби и организирање на настани кај угостителите, со финансиската помош за исплата на плати да бидат опфатени и отпуштените вработени кои на овој начин ќе се вратат на работа, да добиеме директна неповратна финансиска помош – грант за сите чинители во дејноста, достапност на фотографската и видео дејноста до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на ликвидноста на правните субјекти, како и повластена стапка на ДДВ од или на фотографската и видео услуга за правните субјекти кои се ДДВ обрзници, се само дел од барањата на фото студијата, видео продукциите за свадби и настани, самостојните вршители на фотографска дејност и правните лица кои вршат набавка и дистрибуција на добра. Музичарите кои членуваат во вкупно шесте здруженија низ земјава, потпишаа Меморандум за соработка и за заеднички настап пред државните орани и институции. Тие јавно соопштија дека заедно со угостителите се најзагрозената категорија поради што бараат да бидат опфатени со новиот сет мерки. -Ги почитуваме мерките донесени од Комисијата за здравство, имаме разбирање и ги почитуваме владините одлуки, но бараме разбирање за нашето право на егзистенција зашто најголемиот дел од нашите членови заработуваат и живеат од музички настапи во живо кои веќе десет месеци се забранети така што немаат можност да работат и да заработат за основните потреби. Затоа, уште еднаш апелираме до надлежното Министерство и до Владата, музичарите како најоштетени од корона кризата да бидат вклучени во петтиот пакет за финансиска помош, истакнаа музичарите по состанокот во Охрид. Во однос на новиот сет мерки реагираше и месната индустрија. Но, не бараше да биде опфатена со пакетот, туку предупреди да се внимава при неговото конципирање. -Четвртиот и петтиот пакет антикризни мерки нема да имаат ефект зашто не се правилно насочени. Владата повторно треба да ги врати картичките „Купувај домашно“, за да се насочат средствата на граѓаните кон домашните компании, оценија производителите и преработувачите на месо. Викендов, токму за петтиот пакет и планираната поддршка, средба со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, одржаа претставници од Независната угостителска комора кои ги повторија петте барања, а во петокот средба во Владата беше одржана и со четирите стопански комори. -Сметам дека до крајот на месецов ќе бидат оперативни мерките од петтиот пакет за економска помош на стопанството и граѓаните за справување со последиците од ковид кризата за февруари да биде апликативен за евентуалната финансиска поддршка. До крајот на неделава сакаме да ја затвориме дискусијата со нашите партнери за тоа што е прифатливо, а што не. Со нив не преговараме, туку заеднички се консултираме за да донесеме заеднички решенија и заедно да имаме придобивка од нив, информира синоќа во телевизиско гостување вицепремиерот Битиќи. Во петтиот пакет, како што посочи, се планира да се замени мерката државна помош за исплата на плати, со бескаматни кредити за компаниите. Наместо субвенција од 14.500 до 21.770 денари по работник, компаниите ќе имаат на располагање бескаматни кредити со грејс период од 12 месеци и период на отплата од три години со вклучен грант од 30 проценти ако покажат позитивни резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-pogolem-broj-industrii-baraat-pomosh-poradi-zagrozena-egzistencija-smetaat-deka-drzavata-gi-zaboravila/feed/ 0
Д-р Пановски: Ковид кризата поттикна милионско профитерство, епидемијата не може да се води со средства на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-kovid-krizata-pottikna-milionsko-profiterstvo-epidemijata-ne-moze-da-se-vodi-so-sredstva-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-kovid-krizata-pottikna-milionsko-profiterstvo-epidemijata-ne-moze-da-se-vodi-so-sredstva-na-gragjanite/#respond Thu, 03 Dec 2020 17:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=438336

Микробиологот Никола Пановски во емисија на Телевизија 24 обвини за воено профитерство на приватните болници. Смета дека во кризна состојба, државата не смеела да дозволи да профитираат на грбот на граѓаните, туки сите заеднички да работат под фондот за здравство. Епидемија не може да се води со средства на граѓаните, вели Пановски. -Веројатно има некој интерес за тоа да се дозволи. Не знам зошто би се дозволило инаку медицинските лица да работат со опасност, да викате дека тоа е нивна работа. Нивна работа е за лична болест на некој човек кога се лекува, да изберекај се лекува. Ова е епидемија, пандемија, ова е општа работа, значи не може да се дозволи на некој да работи со тие цени во време на пандемија - кажа Пановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-panovski-kovid-krizata-pottikna-milionsko-profiterstvo-epidemijata-ne-moze-da-se-vodi-so-sredstva-na-gragjanite/feed/ 0
Светска банка: Ковид пандемијата силно ја погоди Македонија, економската активност ќе се намали 4,1 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-kovid-pandemijata-silno-ja-pogodi-makedonija-ekonomskata-aktivnost-kje-se-namali-4-1-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-kovid-pandemijata-silno-ja-pogodi-makedonija-ekonomskata-aktivnost-kje-se-namali-4-1-otsto/#respond Thu, 22 Oct 2020 10:15:30 +0000 https://kurir.mk/?p=419367

Светска банка во последниот извештај предвидува земјава годинава да ја заврши до пад на БДП од 4,1 отсто, а за наредната и за 2022 година раст од 3,6, односно 3,5 отсто. Ова беше соопштено денеска на онлајн презентацијата на Редовниот економски извештај за Западен Балкан бр. 18 . -КОВИД-19 пандемијата силно ја погоди Македонија, со ограничување на движењето, нарушени синџири на снабдување и продолжена неповолна епидемиолошка состојба, кои влијаат на веќе и онака неповолните економски изгледи во земјата. Како резултат на тоа, земјата се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата, па економската активност се предвидува да се намали за 4,1 процент во 2020 година, истакна Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава на презентацијата на извештајот. Според извештајот, Македонија не е единствената земја погодена, сите држави од Западен Балкан се соочуваат со рецесија, па регионалниот раст се предвидува да се намали за 4,8 проценти во 2020 година, што е за 1,7 процентни поени пониско од априлската проекција. Вториот, посилен бран на пандемијата што почна во средината на јуни, го забави закрепнувањето во регионот. Ограничувањата на патувањата и мерките за социјално дистанцирање, исто така придонесоа за намалувањето на растот во оние земји што се повеќе зависни од туризмот, стои во извештајот. Во регионот најголем пад се предвидува во Црна Гора од 12,4 отсто, Косово 8,8 отсто, Албанија 8,4 отсто, Бих 3,2 отсто и Србија 3 отсто. За сите земји следната година е предвиден раст и тоа 6,9 отсто за Црна Гора, пет отсто за Албанија, 3,7 отсто за Косово, три отсто за БиХ и 2,9 отсто за Србија. Сметаат дека иако со поддршка на Владата, Македонија го ублажи влијанието од кризата врз пазарот на труд, стапката на невработеност се зголеми на 16,7 проценти, првпат од 2011 година, бидејќи во вториот квартал од годината 17 690 лица ги загубија своите работни места. Програмите за поддршка на Владата, исто така, помогнаа во ублажување на влијанието врз работниците и фирмите, но фискалниот простор се стесни бидејќи долгот надмина 60 проценти од БДП. Бидејќи крајот на економската криза е несигурен, наведуваат во извештајот, притисоците врз пазарот на трудот и врз приходите веројатно ќе продолжат уште неколку месеци. -Краткорочните изгледи за Македонија се позитивни, но доминираат надолните ризици. Фазата на сузбивање на пандемијата сé уште не е завршена и продолжената пандемија, заедно со сé уште важечките мерки за социјално дистанцирање може уште повеќе да го одложи закрепнувањето, оцени Паолучи, кој додаде дека понатаму, економските и социјалните мерки за справување со кризата ќе бидат главен приоритет, но исто така, ќе биде важно и да се продолжи со неопходните среднорочни фискални реформи, реформи во областа на конкурентноста, животната средина и доброто управување со јавните политики, за да се постигне одржливо закрепнување и пристап во ЕУ. Од Светска банка сметаат дека доколку има порестриктивни мерки тие нема да имаат толкаво влијание како на почетокот на кризата. -Доколку би имало нови рестриктивни мерки наша претпоставка е дека шокот врз потрошувачите и фирмите би бил помал, бидејќи во изминатите месеци имаа време да се присппособат и вкупниот ефект би бил помал од оној во април и мај, рече Бојан Шимбов од Светска банка. Потенцираат дека приватниот сектор во периодот што ќе следува откако би завршила кризата, треба да се насочи на дигитализација и иновации. -Ковид-кризата има влијание на промена на потрошувачките навики, е-трговија, работа од дома, комуникација од дома и сето ова имавлијание на однесувањето на потрошувачите и фирмите кои треба да се прилагодат, рече Шимбов. Тој додаде дека е спроведено истражување од страна на Светска банка за потенцијалот на фирмите за нови производи и процеси и резултаите покажуваат дека од една страна имаме недоволна адаптибилност на фирмите во Западен Бакан. Триесет отсто се изјасниле дека вовеле нови бизнис процеси, но има недоволен број што покажуваат адаптибилност кон новата реалност. Исто така и дигитализацијата што би им овозможило е-трговија во Македонија е 60 проценти, а во останатите земји е понизок. Позитивно, според Светска банка, е што во Македонија, Србија и БиХ добар дел од фирмите се изјасниле дека во последните три години вовеле нови производи и услуги што би им помогнале да се приспособат на новата реалност. Од Светската банка посочуваат дека пандемијата има значителен ефект врз јавните приходи, кои и пред кризата беа пониски во однос на европскиот просек и изнесуваат 30 проценти од БДП. Порачуваат дека во периодт по заздравување, јавните политики треба да се фокусираат кон подобрување на јавните приходи, што би се овозможило со зголемување на даночна база, намалување на даночни ослободувања, што би придонело да се наплати она што останува ненаплатено и изнесува околу 30 проценти. Потоа подобрување на даночната дисциплина и борбата против сивата економија, односно да се труди државата да наплати повеќе даноци и да ги намали дупките што ги користат граѓаните и фирмите. Како пример наведоа дека кај ДДВ потенцијално наплатливото и она што се наплатува е 37 проценти и што енајвисоко во регионот. Потоа меѓу она што сметаат дека треба да се воведе се нови даноци пред се поврзани со животната средина, дигиталното оданочување што би донело екстра приходи во државната каса. Покрај политики на приходната, препорачуваати и на расходната страна кај јавните инвестициии нивно зајакнување, контрола на преземените обврски, реструктуирање на трошењата, фискални правила и воведување фискален совет. Фокусот да се стави на човечкиот капитал, особено врз здравството и образованието кои во иднина би придонеле за развој, да се работи на поригорозна контрола на фискалните ризици, и контрола на трошењата на јавните претпријатија и договорот за јавно-приватно партнерство. Од Светска банка сметаат дека треба да се внимава и на ефикасносста и менаџирањето со јавните инвестиции, да се зајакне конкуреноста, и во делот на државната помош таа да се реструктуира и да се распределува подеднакво, а не како досега во одредени сектори и компании. Како значаен за иден потенцијал за раст го посочуваат и човечкиот капитал кој во земјава е под просекот за Европа и Средна Азија. -Овој резулат е движен од послабите резулатати во образование и пробелмите почнуваат од претшколската каде што имаме мал број деца, потоа продолжуваат во основно и средно, каде резултатите се пониски в споредба со земјите од регионот и потоа продолжуваат во трансферот од обрзовнание на пазарот на труд, рече Шимбов и додаде дека пандемијата ќе го намали оној напредок што е постигнат меѓу тестирањата од 2015 во 2018 година за 20 проценти. Истакнува дека децата во средно образование се функционално неписмени, односно знаат да читаат, но не разбираат што ќе прочитаат, а дека тоа сега пандемиајта ќе го зголемии затоа е потребен посебен фокус на овие политики. На новинарско прашање за тоа дали би имало доволно средства на пазарите за задолжување, беше посочено дека земјата веќе издаде државна обрзница по најниски стапки и имаше поддршка од меѓународните финансиски институции. Но, сметаат дека таа поддршка наредната година нема да биде потребна, а пристапот до средства на пазарите е лесен бидејќи има ликвидност, Македонија се проценува како земја со умерен ризик, а влијание врз намалување на ризикот за инвестирање во државните обврзници ќе имаат и преговорите за пристапување во ЕУ, фискалните планови на среден рок, програмите на реформите што се спроведуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/svetska-banka-kovid-pandemijata-silno-ja-pogodi-makedonija-ekonomskata-aktivnost-kje-se-namali-4-1-otsto/feed/ 0