ковид мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 14:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ковид мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кипар укинува голем дел од Ковид мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kipar-ukinuva-golem-del-od-kovid-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kipar-ukinuva-golem-del-od-kovid-merkite/#respond Fri, 31 Mar 2023 14:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=818556

Укинување на задолжителната маска во јавниот превоз, намалување на плафонот на цените на тестовите, укинување на задолжителниот сертификат за вработените во болниците и центрите за стари лица, укинување на задолжителната изолација од 14 дена за нелегалните мигранти кои пристигнуваат во земјата, се дел од промените што ги воведува Кипар во однос на Ковид-19. Како што пренесуваат кипарските медиуми, со веќе објавениот претседателски декрет, дополнително се олабавуваат или целосно се укинуваат дел од постоечките мерки за заштита од Ковид-19. Поконкретно, за посета на болниците, старечките домови и други затворени структури за грижа и сместување на стари лица и ранливи групи, остануваат задолжителни и негативниот тест за лица над 12-годишна возраст и употребата на заштитна маска. Непроменети остануваат и упатствата за задолжителна изолација од пет до седум дена за позитивните случаи, додека пак се укинува префрлањето на заразените од хотели во специјални простори за изолација. Промени има и во цените на тестовите, односно плафонот за ПЦР од 30 се намалува на 25 евра, а на брзиот тест од десет на пет евра. Во изминатата седмица на Кипар биле регистрирани 950 случаи на Ковид-19 и починале четири лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kipar-ukinuva-golem-del-od-kovid-merkite/feed/ 0
Пендаровски ја потпиша амнестијата: Нема затвор за 280 лица кои биле казнети поради непочитување на ковид мерките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ja-potpisha-amnestijata-nema-zatvor-za-280-litsa-koi-bile-kazneti-poradi-nepochituvane-na-kovid-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ja-potpisha-amnestijata-nema-zatvor-za-280-litsa-koi-bile-kazneti-poradi-nepochituvane-na-kovid-merkite/#respond Thu, 23 Mar 2023 10:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=815415

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда. Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело. По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето на останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело. Во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Согласно законските прописи доколку во рок од 2 години изречените парични казни не се намират, судијата за извршување на санкции со решение ги заменува со казна затвор. Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено заменски решенија со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор. Потребата од уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје. За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор, согласно одредбите од овој закон ќе се замени алтернативна мерка условна осуда. -Со законот не се предвидува амнестија за правни лица и одговорните лица во правни лица осудени со правосилна пресуда на парична казна, за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик. Амнестијата постои и се применува во многу европски држави, а во нашата држава од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестија. Преку амнестијата се овозможува на брз и ефикасен начин во одредени случаи да се исправат судските грешки. Корекцијата на судската одлука можат да ја налагаат и други државно-правни и општествено-политички причини, а не е реткост во една поинаква општествено-економска констелација, довчерашното општествено опасно дејствие да ги изгуби најсуштествените карактеристики и преку амнестијата најбрзо да се поништи осудата, велат од Кабинетот на Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ja-potpisha-amnestijata-nema-zatvor-za-280-litsa-koi-bile-kazneti-poradi-nepochituvane-na-kovid-merkite/feed/ 0
Грција ги укинува Ковид мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-gi-ukinuva-kovid-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-gi-ukinuva-kovid-merkite/#respond Tue, 14 Mar 2023 17:05:08 +0000 https://kurir.mk/?p=811908

По препорака од надлежната комисија на експерти во Министерството за здравство, Грција ги укинува постоечките мерки за заштита од Ковид-19, со исклучок на оние кои важат за болниците и за домовите за стари лица. -Комисијата на експерти во Министерството за здравство на денешната седница предложи укинување на мерките што се во сила за Ковид-19 со исклучок на јавните и приватните здравствени структури и центрите за нега на стари лица, изјави министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис. Додаде дека сепак потребно е да се заштитат ранливите категории и „затоа се препорачува да се преземат мерки за индивидуална заштита, вакцинација и антивирусен третман за заразените“. Меѓу мерките што се актуелни во Грција е задолжителната маска во јавниот превоз, такси возилата, аптеките и болниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-gi-ukinuva-kovid-merkite/feed/ 0
Лунарната Нова година во Кина прославена без мерки против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lunarnata-nova-godina-vo-kina-proslavena-bez-merki-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lunarnata-nova-godina-vo-kina-proslavena-bez-merki-protiv-kovid-19/#respond Sun, 22 Jan 2023 09:43:07 +0000 https://kurir.mk/?p=790282

По три години и неодамнешното откажување на политиката „нулта ковид“, денеска ширум Кина беше дочекана лунарната нова година. Покрај традиционалните манифестации во рамки на Пролетниот фестивал, кој го означува почетокот на новата лунарна година, имаше и големи семејни собири низ земјата. На јавните прослави во Пекинг и другите големи градови имаше помалку луѓе отколку во годините пред пандемијата. „Експертите не очекуваат големо зголемување на бројот на инфекции со Ковид-19 во следните два или три месеци, бидејќи околу 80 отсто од кинеското население беше заразено за време на неодамнешниот бран“, објави на Веибо, Ву Зунју, главен епидемиолог во кинескиот Центар за контрола на болести. Тој додаде дека „покрај тоа, масовното движење на луѓето може да доведе до ширење на вирусот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lunarnata-nova-godina-vo-kina-proslavena-bez-merki-protiv-kovid-19/feed/ 0
Грција не разгледува можност за воведување ковид мерки во текот на летото https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ne-razgleduva-moznost-za-voveduvanje-kovid-merki-vo-tekot-na-letoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ne-razgleduva-moznost-za-voveduvanje-kovid-merki-vo-tekot-na-letoto/#respond Wed, 27 Jul 2022 13:46:34 +0000 https://kurir.mk/?p=710889

Сметаме дека во моментов бранот е во надолен тренд и веруваме дека ова ќе продолжи околу еден месец. Не покажува карактеристики дека во текот на летото ќе биде потребна промена на моделот што го следиме, истакна министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, уште еднаш потенцирајќи дека не се разгледува можноста за воведување ковид мерки во текот на летото, јави дописничката на МИА од Атина. Плеврис објасни дека конкретниот бран има целосно различни карактеристики од претходните и поради имунизацијата на населението, но и поради мутациите кои се поразлични и не носат тешки хоспитализации, додавајќи дека конкретниот модел што го следат, без мерки, не е поради туризмот, туку е нешто што го следат и другите европски земји. -Во овој момент влегуваме во фазата во која коегзистираме со коронавирусот не како прашање на избор, туку како реалност. Пандемијата влезе во фаза кога луѓето полесно се разболуваат, бидејќи постои голема раширеност, разболувањето, бидејќи имаме вакцинирана популација не се префрла на тешки хоспитализации како што беше во првата фаза, имаме и тешки хоспитализации, но ги немаме тешките што ги имавме со Делта и на почетокот на Омикрон каде имаше страшен притисок, рече Плеврис. Согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција за ситуацијата со пандемијата во земјата објавен вчера, во периодот од 18 до 24 јули, регистрирани се 136.077 случаи на Ковид-19, а за една седмица починало 271 лице. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ne-razgleduva-moznost-za-voveduvanje-kovid-merki-vo-tekot-na-letoto/feed/ 0
Расте бројот на новозаразени случаи, Комисијата за заразни болести децидна дека нема потреба од дополнителни нови ковид мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-novozarazeni-sluchai-komisijata-za-zarazni-bolesti-decidna-deka-nema-potreba-od-dopolnitelni-novi-kovid-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-novozarazeni-sluchai-komisijata-za-zarazni-bolesti-decidna-deka-nema-potreba-od-dopolnitelni-novi-kovid-merki/#respond Sat, 23 Jul 2022 07:32:56 +0000 https://kurir.mk/?p=709171

Епидемиолошката состоjба во земјава е стабилна. Засега нема потреба од дополнителни нови ковид-мерки. Има зголемување на бројот на новозаразени случаи, но Комисијата за заразни болести на последниот состанок, констатира оти според бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати се уште се наоѓаме во зелена зона. Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера во гостување во вестите на ТВ Сител изјави дека во овој момент немаме никаков значаен притисок врз здравствениот систем. – Иако бројот на случаи со Ковид-19 рапидно расте, до болница стигнуваат малку луѓе и уште помал процент од нив имаат тежок тек на болеста. Имајќи предвид дека притисокот врз нашиот здравствен систем не е сериозен, не планираме да правиме затегнување на мерките, рече Петличковски. Тој истакна дека веројатно и поради сериозниот удел на веќе стекнатиот имунитет со вакцини и прележана болест, клиничката слика која е поврзана со оваа нова варијанта на Ковид-19 не е тешка и оттука бројот на сериозни случаи, бројот на смртни случаи е многу низок. – Тоа ни дава за право да очекуваме дека во следните месеци ќе треба и ќе можеме да живееме со короната, да ја прифатиме како слични болести сезонски, ендемски и да се обидеме животот да го вратиме во нормала, додаде Петличковски. Бројот на активни случаи вчера изнесуваша 4.136, откако во претходното деноноќие беа регистрирани 779 нови случаи со КОВИД-19, што е петти ден по ред со над 700 нови случаи. Најголемиот број на активните случаи се во Скопје – 1965, а во Дојран нема активни случаи на вирусот. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ завчера изјави дека трансмисијата на вирусот е висока, но во исто време не предизвикува многу често тешка клиничка форма на болеста и не ги преполнува болниците. Тој потенцираше дека очекуваат да има висок број на позитивни случаи, но не очекуваат да има луѓе кои со сериозна симптоматологија ќе завршат во болници. Сепак според него, системот е подготвен и во случај да има зголемување на бројот на вакви случаи. – Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ. Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. Градот Скопје во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено во текот на наредната недела да почнат со работат пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир. – Епидемиолошката состојба, согласно сите параметри кои ги имаме, а најважните се бројот на хоспитализирани, бројот на слободни болнички кревети и бројот на починати, се уште не става во зелената зона. Хоспитализацијата во моментот на Клиниката за инфективни болести е само за 16 пациенти како метода применета, имаме девет пациенти кои се на кислородна поддршка и сметаме дека системот се уште има голем простор за тој дел да се пополни и да се дадат услуги во делот на хоспитална грижа на пациентите. Најважно е да се фокусираме, како што кажав, на примарниот здравствен систем и тоа сега го правиме преку отворање на КОВИД амбулантите, рече Мехмедовиќ. Од Комисијата апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и непроветрени простории, освен кога тоа е неодложно. Во такви случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. Градот Скопје во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти и поради тоа е одлучено во текот на наредната недела да почнат со работат пет нови КОВИД амбуланти на територијата на градот. Поточно, во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир. Досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 322.165, бројот на оздравени пациенти е 308.676, на починати е 9.353. И во некои европски и светски земји, се зголеми бројот на новозаразени со Ковид-19. Нов Зеланд бележи рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, а новиот бран на инфекција со варијантата омикрон се покажа особено тежок за постарата популација. Според Министерството за здравство, за седум дена до 16 јули од Ковид-19 починале 151 лице, повеќе од најлошата седмица од претходниот бран во март кога имаше 115 починати. Во последните 24 час како последица на инфекција на коронавирус починале 26 лица, сите над 60 години. Во новиот бран зарази во Нов Зеланд, земја со население од 5,1 милиони жители, преовладува омикронската подваријанта BA.5. За една недела се регистрирани 64.780 активни случаи, но надлежните тврдат има голем број непријавени заразени. Иако Владата во моментов не наметнува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските откако децата ќе се вратат од распуст следната недела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-brojot-na-novozarazeni-sluchai-komisijata-za-zarazni-bolesti-decidna-deka-nema-potreba-od-dopolnitelni-novi-kovid-merki/feed/ 0
Пекинг ги продолжи рестриктивните анти-ковид мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peking-gi-prodolzi-restriktivnite-anti-kovid-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peking-gi-prodolzi-restriktivnite-anti-kovid-merki/#respond Mon, 23 May 2022 08:27:04 +0000 https://kurir.mk/?p=680360

Пекинг денеска ги продолжи рестриктивните мерки за вработените и студентите да останат во своите домови и нареди дополнителни масовни тестови бидејќи повторно се зголеми бројот на случаи на коронавирус во кинескиот главен град. Бројни станбени населби во градот го ограничија влезот и излезот, иако ситуацијата е многу помалку опасна отколку во Шангај, каде неколку милиони жители се под различни нивоа на блокада веќе два месеци. Пекинг денеска регистрира 99 нови случаи на коронавирус, што е зголемување во однос на претходните денови кога имаше претежно околу 50 случаи. Денеска на целата територија на Кина се регистрирани 802 случаи, што е благ пад, кој беше прекинат со помали локализирани жаришта. И покрај ова, владата воведе строг карантин, затворање и мерки за тестирање како дел од нејзината „нулта ковид“ политика, иако остатокот од светот се отвора се повеќе и повеќе. Шангај објави дека 480.000 луѓе сè уште се изолирани во своите домови, додека 1,6 милиони луѓе можат да се движат низ нивното соседство, а 21,2 милиони се под полесни рестриктивни мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peking-gi-prodolzi-restriktivnite-anti-kovid-merki/feed/ 0
МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЌЕ ЛЕТААТ ЗА ГЕРМАНИЈА ОВА МОРА ДА ГО ЗНААТ – нова КОВИД мерка започнува да се применува во нивната држава https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedoncite-koi-kje-letaat-za-germanija-ova-mora-da-go-znaat-nova-kovid-merka-zapochnuva-da-se-primenuva-vo-nivnata-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedoncite-koi-kje-letaat-za-germanija-ova-mora-da-go-znaat-nova-kovid-merka-zapochnuva-da-se-primenuva-vo-nivnata-drzava/#respond Mon, 16 May 2022 07:29:08 +0000 https://kurir.mk/?p=677176

Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи. Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се носат на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците јадат или пијат за време на летот. Министерството објасни дека правилото за носење маски е во согласност со новите препораки на ЕУ. Инаку, од денеска EASA и Европскиот центар за превенција и контрола на болести повеќе не предлагаат носење маски на аеродромите и воопшто во авионите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedoncite-koi-kje-letaat-za-germanija-ova-mora-da-go-znaat-nova-kovid-merka-zapochnuva-da-se-primenuva-vo-nivnata-drzava/feed/ 0
Се укинуваат ковид протоколите во предучилишните установи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuvaat-kovid-protokolite-vo-preduchilishnite-ustanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuvaat-kovid-protokolite-vo-preduchilishnite-ustanovi/#respond Mon, 09 May 2022 13:11:06 +0000 https://kurir.mk/?p=673986

Владата на Република Македонија на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика,  ја известува јавноста  дека спроведувањето  и  почитувањето  на  општите  и  посебни   мерки   и   протоколи   за  заштита  од  Ковид  19 во предучилишните установи престануваат да важат. ​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-ukinuvaat-kovid-protokolite-vo-preduchilishnite-ustanovi/feed/ 0
Авиокомпаниите бараат укинување на Ковид мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-baraat-ukinuvanje-na-kovid-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-baraat-ukinuvanje-na-kovid-merkite/#respond Fri, 06 May 2022 14:34:16 +0000 https://kurir.mk/?p=672978

Најголемите американски авиокомпании и туристички компании побараа од Белата куќа да го укине задолжителното тестирање за Ковид 19 за вакцинирани патници во меѓународниот сообраќај што влегуваат во Соединетите држави. - Со оглед на бавното закрепнување во секторот за деловни и меѓународни патувања, како и во светлината на новите медицински откритија и подобрената слика за јавното здравје во Соединетите Држави, би сакале да ве охрабриме веднаш да ја укинете обврската за тестирање вакцинирани патници во авионите, Се вели во писмото потпишано од American Airlines, Carnival Corp, Marriott International, Disney Parks на Walt Disney, Американската стопанска комора, Американската асоцијација за патувања и други компании. Раководството на авиокомпаниите тврдат дека многу Американци се откажуваат од патување во странство бидејќи стравуваат дека тестот за ковид може да биде позитивен кога ќе се вратат, па нема да можат да се вратат во земјата. Во писмото до координаторот за коронавирус во Белата куќа, Ашиш Џау, се вели дека трошоците за одржување на мерката ќе бидат многу високи, додавајќи дека трошоците во секторот за меѓународни патувања паднале за 78 отсто од 2019 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aviokompaniite-baraat-ukinuvanje-na-kovid-merkite/feed/ 0